Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Граѓанската иницијатива Зелен Хуман Град (ЗХГ) посочува дека борбата добива нова форма и тие формираат партија, бидејќи партиите со Изборниот законик нема да им овозможат учество на локалните избори како независен кандидат, без разлика што Уставен суд застана на нивна страна и апелираше за политички плурализам. „Сè ќе направат за да нè снема. Менуваа Изборен законик во 2021 за да мора да собираме 10.000 потписи да добиеме право да се кандидираме ...
Меѓу станбените блокови карактеристични за населбата Железара, Здружението за креативна одржливост „Комбо“ заедно со Јупор хаус започнаа комунална градина. Како што најавија за „Ре-засади“, се работи за градина, простор од каде секој ќе може да земе растение или цвет и да понесе делче зеленило дома. „Собравме земја и гранки, направивме саксии од стаклени и пластични шишиња, а потоа садевме растенија во нив. Покрај убавата дружба, ја препознавме ...
Министерката за образование Весна Јаневска во интервју со Радио Слободна Европа смета дека не може да се исполни барањето на родителите на децата со атипичен развој за трајно вработување на образовните асистенти, затоа што потребите во училиштата се, како што вели, променливи. Специјални едукатори сведочеа како биле одбиени без образложение за позицијата, додека дел од родителите јавно посочуваа дека со честите промени на образовните асистенти ...
Денеска до 8 часот на територијата на Македонија се евидентирани вкупно 22 пожари на отворен простор од кои 4 се активни, 3 се под контрола, а 15 изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен пожар има во Општина Василево – с. Нивичино, каде има нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација. Во Македонски Брод, пак, активни се два пожари – кај с. Грешница и помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Крапа. Активен е ...
Газа го доживеа својот најсмртоносен ден досега за барателите на помош во повеќе од 21 месец војна, бидејќи најмалку 85 Палестинци беа убиени додека се обидуваа да стигнат до храна во неделата, соопшти Министерството за здравство на територијата, пренесува Асошиејтед Прес. Се појави нова тревога откако израелската војска издаде наредби за евакуација за делови од централна Газа, една од ретките области каде што ретко дејствувала со копнени трупи ...
Секторот за внатрешни работи Скопје известува дека поради одржување на Европските младински игри Скопје 2025 во кајак на реката Треска-кањон Матка, ќе биде воведен посебен сообраќаен режим во тој дел од градот Скопје и тоа во понеделник, вторник и среда од 08 до 14 часот, а во четврток од 08 до 16.30 часот. „Апелираме до граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, со цел да се обезбеди безбедно одвивање на сообраќајот“, велат ...
Од Мета соопштија дека отстраниле околу 10 милиони профили за лажно претставување како големи производители на содржини во текот на првата половина од 2025 година, како дел од напорите на компанијата за борба против „спам-содржина“, пренесува Си-Ен-Би-Си. Отпорните мерки се дел од пошироките напори на Мета да го направи фидот на Фејсбук порелевантен и автентичен со преземање мерки против и отстранување на сметки кои се вклучуваат во „спам“ ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска, 20 јули, до 13 часот се евидентирани вкупно седум пожари на отворен простор, меѓу кои пет се активни, еден е под контрола и еден е изгаснат. „Активни пожари се кај Општина Желино – с. Желино према Еребино, планина Жеден (нискостеблеста шума, грмушки и ниска вегетација); Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација); Општина Македонски Брод – ...
Македонската олимписка екипа постигна историски успех на најпрестижниот светски математички натпревар – 66та Интернационална математичка олимпијада (ИМО 2025), што се одржа од 10 до 20 јули во Саншајн Коуст, Австралија. Како што соопшти Сојузот на математичари (СММ), меѓу 630 учесници од 110 држави, Алексиј Тасиќ го освои златниот медал со 35 поени, што претставува само трет златен медал за Македонија во 33-годишното учество на ИМО како ...
„Надзорна комисија кога?“ е прашањето што 125 дена, 3.000 часа и 10.800.000 секунди сите го поставуваме, од Кочани до Скопје и назад. Пратениците се избрани за да ги штитат интересите на граѓаните, а не за да молчат кога треба да се воспостави контрола врз институциите и да бидат соучесници во креирањето систем без контрола и правда, истакнуваат од иницијативата „Кој е следен?“. Тие денеска преку герила акција ова прашање буквално го поставија ...
Летниот процес со огласите за образовни асистенти пак наидува на реакции и контроверзии, откако лани деца со атипичен развој останаа без поддршка во првиот месец од школската година. Сега, по првите одлуки од огласите, специјални едукатори сведочат како биле одбиени без образложение за позицијата, додека повеќе родители се жалат дека нема да го добијат истиот образовен асистент, што за нивното дете може да значи вознемирување и каскање во ...
Составот „The Milk Snatchers“ вечерва (19 јули) од 21 часот ќе настапуваат во „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија. Од независниот издавач „Мртов коњ“ велат дека „The Milk Snatchers“ се можеби најдобро зачуваната тајна на балканската алтернативна сцена. „Доаѓаат од Косово, а звучат како бенд кој Morrissey би го основал кога би слушал модерен пост-панк и прог. Грандиозни, емотивни, но и во точни моменти брутални, не смејат да се пропуштат овие ...
Петок е, пладне, работен ден, надвор „пука“ летното јулско сонце, а на платото пред „До-Ре-Ми“ до скопско МКЦ насобрана голема група луѓе за промоција на книгата „Rock N` Beat“ на музичкиот новинар Михајло Грбевски-Мишко. Грбевски скоро две децении правеше и собираше интервјуа со музичари и бендови додека работеше по македонски медиуми, а сега дојде време тој труд да го претвори во рокенрол четиво од 230 страници. Валоризацијата на трудот дојде ...
Светлана Јовановска Бомбардирањето на Иран од страна на Израел а подоцна и од страна на САД и војната во Газа која станува бескрајна, се показатели на новиот светски поредок кој почнува да се заснова на правото на посилниот да ја наметне својата волја. Може ли ЕУ да го врати правото на правиот пат? Меѓунарoдното право полека исчезнува од хоризонтот пред нашите очи. Војната во Газа како да им даде можност на светските и особено европските лидери, ...
По приклучувањето на Факултетот за информатика од Штип кон институционалните заложби за воведување на вештачката интелигенција во националниот образовен систем во Македонија, од денес соработници на Министерството за образование и наука (МОН) во остварувањето на оваа цел се и приватната високообразовна установа и друштвото за интернет едукација, кои работат под брендот „Бреинстер“. За таа цел се потпиша меморандум за соработка, информираат од ...
Во живописното село Смилево, под падините на планината Бигла, започна едукативната програма на фестивалот „Зрно 2025“ – настан во областа на алтернативната фотографија. Од 17 до 23 јули, велат организаторите, село со богата историја и природна убавина е домаќин на осум интензивни работилници, што ги водат искусни автори и едукатори од различни европски земји. Учесници од цела Европа учат, експериментираат и творат, заедно со локалната заедница. ...
Ректорите на јавните универзитети во Северна Македонија се меѓу најплатените функционери во јавниот сектор, со месечни нето-плати кои достигнуваат и до 4.000 евра, покажа денеска истражувањето на Форумот за образовни промени. Според анализата „Платите и додатоците на јавните универзитети во Северна Македонија: Како се регулираат?“, најголем дел од овие примања доаѓаат преку функционалните додатоци, кои се исплатуваат од сопствените средства на ...
На Споменикот на слободата во Кочани на 1 и 2 август ќе се одвива дводневен хуманитарен музички настан „Расплет фестивал“, организиран од млади луѓе од Кочани. „Четири месеци се поминати, но раната оставена од трагедијата е се’ уште свежа. За жал, вниманието на јавноста сè повеќе и повеќе се губи, а луѓето забораваат. Не смееме да дозволиме таква ситуација да остане незабележана. Тишината во овој момент е гласна, затоа ние треба да сме ...
Книгата со наслов „Rock n` Beat“, на авторот Михајло Грбевски-Мишко, ќе биде промовирана во петок (утре, 18 јули), со почеток во 12 часот. Промоцијата ќе се одвива на платото пред музичкиот салон „До Ре Ми“, во рамките на Младинскиот културен центар во Скопје. Настанот е во склоп на културната манифестација „Скопско лето“. „Rock n’ Beat“ е најавена како „текстуално документирани ликовни перформанси“. Таа содржи 48 интервјуа, што тој ги правеше ...
Во рамките на драмската програма на 65. издание на фестивалот „Охридско лето“, вечерва (17 јули) со почеток во 21 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде изведена претставата „12“, по мотиви од драмата „12 Angry Men“ од Реџиналд Роуз, во режија на Синиша Евтимов. „12“ е моќна приказна за група луѓе – дванаесет поротници – кои носат одлука за судбината на еден млад човек обвинет за убиство. Делото го истражува судирот меѓу ...
На Пелинце, на Меморијалниот центар АСНОМ, на 26 јули ќе се одржи првото издание на „Boiling point festival“. Се работи за гитарски хард-кор DIY фестивал под отворено небо, каде ќе настапуваат „Noviot Pochetok“, „ Yöu“,„Primitive Dread“, „War Engine“, „Shock Troopers“ и „Мариналеда“. Радио МОФ направи краток разговор со Марко Стојковски од „Boiling Point“, кој вели дека идејата за фестот одамна се „крчка“, ама сега дошло време да се направи ...
И оваа академска година студентите остануваат без два клучни дома за сместување. Иако се најавуваше враќање во „реновирани домови“, реалноста е уште една година со ограничени капацитети, несоодветни услови и неисполнети ветувања за студентите, пишува платформата Студентарија. „Иако министерството за образование и наука минатата година најави дека ‘студентите следната академска година би требало да влезат во реновираните домови во Скопје’, ...
Во „Ла Кања“ во Старата скопска чаршија вечер (16 јули) од 21 часот ќе настапуваат „The Planktons“ сурф-рок трио од Скопје, кое по неколку години пауза е назад на сцената. „The Planktons“ имаат и ново издание, EP што носи наслов „No Time For Surf“. „По одличната промоција во ‘Буква’, овие дечки ни доаѓаат во ‘Ла Кања’ и најавуваат уште еден целовечерен концерт, уште една луда и незаборавна вечер пропратена со сурф-рок магијата, која со себе ја ...
Најдобрата говорничка на овогодишното Дебатно првенство Софија Антова, заедно со победничкиот тим – Меланија Петровска, Ивана Блажева и Петар Димов ја претставија Македонија и Младинскиот образовен форум (МОФ) на интернационалниот дебатен турнир „Praguе Debate Spring 2025“ кој се одржува од 8 јули до денеска (15 јули) во Прага, Чешка. Учесниците ги придружуваше Ангела Мијаковска, како тренер и судија. „На овој настан на IDEA, млади луѓе од цела ...
Патиштата кои водат кон Дошница се целосно блокирани и од страната на Кавадарци. Во Гевгелија сме распоредени на неколку клучни локации и блокираме сите патишта кои водат кон нашата река. На сите одговорни им порачуваме: Силата е во народот!, велат од иницијативата Changemakers4all, која заедно со повеќе иницијативи и граѓани од Македонија повеќе од две недели го греваат гласот, протестираат и го блокираат пристапот до Дошница, со цел да се ...
„На вторникот му се заарни да искача у ‘Ла Кања’. Плочи ќе врти еден помеѓу најдобрите, легендата Владимир Муратовски – Диво, а преку визуелна исталација и графика во сито печат, Ви ја претставуваме Трејси, уметница од Кина која беше на ултра краток резиденцијален престој во Партизанска штампа. Кратко, али слатко и доволно да не отвори и втурне накај Азија“, соопштуваат од Партизанска штампа, кои го иницираат вечерашниот настан во „Ла Кања“ во ...
Јубилејното 20. издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ ќе се одржи во Струмица, од 4 до 8 август, под мотото „Филмски крстопати“, со разновидна програмска селекција. Оваа година лауреат на престижната награда „Астер“ за највисоки достигнувања во светскиот и македонскиот филм е режисерот и сценарист Милчо Манчевски. Добитник на почесното признание на „Астерфест“ за особени достигнувања на полето на филмската и ТВ-продукцијата, ...
Министерството за образование и наука денеска распиша конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните и приватните студентски домови во Македонија за студиската 2025/2026 година. Студентите може да аплицираат на конкурсот за сместување во 11 државни и приватни студентски домови. Достапни се вкупно 4.264 легла, од кои 851 се предвидени за студенти од прва година, додека 3.413 легла се предвидени за студенти од втора до ...
Документарниот филм „Ветената земја“ во режија на Чендрим Ријани и во продукција на „Triple S“, на 3 јули ја имаше својата интернационална премиера во рамките на програмата „PriDOX“ на „PriFest – Prishtina International Film Festival“, каде ја освои наградата од публика (Public Award – PriDOX), која што е и единствена награда за документарен филм која се доделува на фестивалот. „Проекцијата се одржа на отворено, во прекрасниот простор на e.dh.e, ...
Новинарот Гоше Николов е добитник на наградата „Гласник на невидливите“ за минатата година, за текстот објавен на Мета со наслов „Револуција во пристапноста: Трансформативната моќ на вештачката интелигенција за лицата со попреченост“, пренесува агенцијата Мета. Во наградениот текст, Николов се осврнува на бројните можности (како што се зголемена пристапност, независност и полесна комуникација) што ги нуди вештачката интелигенција, за лицата со ...