Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
По повод Светски ден на водата, организацијата Новинари за човекови права објави порака во која се нагласува дека пристапот до чиста вода и санитарни услови е основно човеково право, директно поврзано со менструалната хигиена и здравјето на девојчињата и жените. Во објавата се потенцира дека недостатокот од вода, сапун и приватни тоалети има сериозни последици – од пропуштени училишни денови, до зголемен ризик од инфекции и намалена ...
Во Македонија е објавен македонскиот превод на романот „Синевина“ од современата норвешка писателка Маја Лунде, во превод на Искра Бадева. Романот се занимава со темата за реткоста на водата и изборите што човекот ги прави за да ја зачува животната рамнотежа на планетата. Македонската публика го доби на Светскиот ден на водата, 22 март, што дополнително ја потенцира неговата еколошка порака. „Синевина“ ја следи приказната на две генерации: во ...
Македонскиот народен театар (МНТ) ја најавува премиерата на танцовата претстава „Диво месо“, современа сценска адаптација на култното драмско дело од Горан Стефановски. Премиерата ќе се одржи на 27 март, на Светскиот ден на театарот, со почеток во 20 часот на големата сцена на театарот. Режијата ја потпишува Борче Начев, додека кореографијата е дело на Александра Кочовска-Начева и Елена Антонова-Петровиќ. Композитор на музиката е Албин Сопа, ...
Литература за деца и млади во книжарниците се истакнува на посебни катчиња, во рамки на библиотеките постои оддел за деца и млади, а под овој тип на литература обично се подразбираат шарени сликовници, илустрирани приказни или интерактивни сликовници кои вклучуваат боење, цртање или усовршување на техники на пишување и описменување. Иако навидум, литература за деца и млади изгледа шарено, сликовито и визуелно веднаш привлекува внимание, ...
На сцената на Националната опера и балет на 3 април 2026 година, со почеток во 20 часот, ќе биде изведена операта „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини – едно од најпознатите дела од светскиот оперски репертоар, кое со децении ја воодушевува публиката ширум светот. Изведбата ќе се реализира под диригентската палка на Бисера Чадловска, додека режијата е доверена на Урсула Хорнер. Сценографијата ја потпишува Марија Ветероска, а костимографијата ...
Музичка младина на Македонија продолжува со концертниот циклус „Слободна среда“, во рамки на програмата „Млад музички албум“, со нов концерт што ќе се одржи на 25 март во 20 часот во Музејот на македонската борба во Скопје. Влезот за публиката е слободен. Станува збор за платформа која од 2020 година им овозможува на младите музичари – ученици од основни и средни музички училишта, како и студенти од музичките факултети – да стекнат значајно ...
Експресија, создавање убавина, додавање на дополнителна вредност, смисла и знаење на светот, авторство, уметност, чист облик на творечки имулс кој се еманира преку стиховите, се само дел од асоцијациите кои се врзуваат со поетското творештво. Поезијата е една од најстарите форми на уметност, која успеала да ги преживее сите „премрежја“ и кризи, вклучително и алегориското протерување на Хомер од „Идеалната држава“ на Платон. Тоа покажува дека ...
Повеќе од 50 уметници ќе настапат на сцената на Македонскиот народен театар во новото издание на „Глумците Пеат“, кое ќе се одржи на 24 и 25 март, со почеток во 20:00 часот. Оваа година програмата е посветена на македонската музика — песни што публиката добро ги знае, но ќе ги слушне поинаку. Форматот го става актерот во поинаква улога, каде музиката станува личен израз, а препознатливите композиции добиваат нов живот низ соло изведби, дуети ...
Корупцијата во здравството е нормализирана појава, пациентите често не ја препознаваат и речиси никој не пријавува, се главните заклучоци од истражувањето за искуствата, перцепциите и ставовите на граѓаните за коруптивните практики во здравствениот систем. Иако мнозинството испитаници ја перцепираат како сериозен проблем, само мал дел потврдуваат дека се соочиле со корупција во пракса. Во истражувачкиот извештај се наведува дека речиси 90% од ...
Нова студија укажува на обратна поврзаност помеѓу резултатите LE8 и LC9 и смртноста кај жени во постменопауза, како и на делумно посредничко влијание на дебелината и воспалителните процеси. LE8 и LC9 на Американското здружение за срце се прифатени мерки за процена на вкупното кардиоваскуларно здравје. Истражувањето покажува дека повисоките вредности на овие индикатори се поврзани со понизок ризик од вкупна и кардиоваскуларна смртност кај жени ...
Апликациите за подобар сон можат да го зголемат стресот кај луѓето со несоница, покажува истражување објавено во Frontiers in Psychology, пренесено од SciMEx. Како што расте свеста за мааната на квалитетниот сон, сè повеќе луѓе користат апликации и паметни уреди за негово следење. Сепак, оваа технологија е релативно нова, а нејзината точност и ефекти не се целосно разјаснети. Истражување од Универзитетот во Берген покажува дека, иако кај ...
Кинотеката на Македонија ја најави програмата за следните денови, која ќе понуди две значајни премиерни проекции. Норвешкиот филм „Сентиментална вредност“ (Sentimental Value) од 2025 година, во режија на Јоаким Триер, со времетраење од 133 минути, раскажува интимна приказна за татко и две ќерки кои повторно се среќаваат по години емоционална дистанца. Преку тивки моменти и недоречени разговори, филмот истражува вина, љубов и потреба од ...
Советот на Струшките вечери на поезијата ја додели престижната награда „Златен венец“ за 2026 година на холандската поетеса Анеке Брасинга, за нејзиното севкупно поетско творештво и значајниот придонес во современата европска и светска поезија. Анеке Брасинга се истакнува со исклучителна јазична инвентивност, богата метафоричност и силна имагинативна енергија. Нејзиниот поетски јазик е густ, барокно разигран, полн со неочекувани зборовни ...
Финска повторно е најсреќна земја во светот, покажува најновиот извештај за среќа, кој истовремено предупредува на пад на благосостојбата кај младите поради прекумерна употреба на социјалните мрежи. Извештајот, изработен од „University of Oxford Wellbeing Research Centre“ во соработка со Галуп и ОН, се базира на анкети со околу 100.000 луѓе во 140 земји. Според резултатите, задоволството од животот кај младите под 25 години значително ...
Европската мрежа за современа драма и превод „Еуродрам“ го соопшти изборот на најдобри нови драмски дела на европско ниво за 2026 година. Меѓу нив се и три драми на македонски јазик: „Џинови и џуџиња“ од Владимир Јанковски, „Кој сум јас“ од Митко Чешларов и „104“ од Драгана Лукан Николоски. Во конкуренција на 1430 пријавени дела од автори што пишуваат на некој од европските јазици се најдоа и 8 текстови напишани на македонски јазик. Изборот ...
Во културно-едукативниот центар „Лабораториум“ во Скопје, вчера се одржа поетско-музичкиот настан „Светот ја слави поезијата, градот ја слуша“, со кој беше одбележан Светскиот ден на поезијата. Просторот беше исполнет со љубители на пишаниот збор и современата уметност, кои низ стих и музика сведочеа за живоста и актуелноста на поезијата денес. На сцената настапија околу 30 домашни поетеси и поети, од различни генерации и со различни поетски ...
Триесет уметнички дела денеска беа предадени како подарок за Клиниката за гастроентерохепатологија од неколкумина уметници. Во амфитеатарот на Интерните клиники денеска се одржа свеченост на која беа примопредадени делата, а на авторите им беа доделени благодарници. Реномираните, како и младите уметници со својата хуманост и креативност придонеле за разубавување на болничкиот простор и создавање попријатен и поинспиративен амбиент за ...
Денеска од печат излегува новата збирка раскази „Ништо нормално“ од Симона Јованоска, во издание на Или-Или. Станува збор за книга број 244 во популарната едиција ПРОаЗА, со дизајн на корицата од Соња Станковска. По два романа и една книга за деца, Јованоска повторно се враќа на жанрот што мајсторски го владее – расказите, велат од ИЛИ-ИЛИ. Во фокусот на дваесетината раскази е „малиот човек“, а книгата нуди специфично книжевно патување низ ...
Филмот Малдорор на режисерот Фабрис ди Велц ја освои наградата на публиката на Adriatic Audience Award, која беше доделена на 31. издание на Фестивал на авторски филм Белград. Ова признание, доделено од Јадранска мрежа на фестивали, има за цел да ја зголеми видливоста на европските филмови. Благодарение на наградата, „Малдорор“ ќе се прикажува од 19 март до 9 април во повеќе градови низ регионот, меѓу кои Белград, Сараево, Љубљана, Загреб, ...
Откако го публикуваше својот дебиталнски роман „Денот на црвот“ кој беше прогласен за „Роман на годината“ за 2021 година, читателската публика со нетрпение очекува нова книга од писателката Симона Јованоска. Токму денеска, од печат излезе новата збирка раскази „Ништо нормално“ во издание на издавачката куќа Или-Или, која ги проблематизира дуалностите во светот, особено кога се во прашање класификации како „големи и мали луѓе“, „нормалност и ...
Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) објави дека трошоците за живот значително пораснале во првите три месеци од 2026 година, додека најавеното усогласување на минималната плата, според нив, не го следи тој раст. Според податоците на Сојуз на синдикати на Македонија, вредноста на синдикалната минимална кошница за периодот јануари–март 2026 година се зголемила за 2.326 денари. Само во март, минималната кошница достигнала 67.818 денари, ...
Во соработка со Францускиот институт во Скопје, годинашниот Конкурс за најдобар фил(м)ософски есеј ќе биде посветен на култниот филм „Омраза“ (1995), во режија на Матe Касовиц. Темата на конкурсот гласи: „Анатомија на еден пад: ‘Засега е добро…’ или зошто одбиваме да го гледаме распадот околу нас?“ Во рамките на активностите, на 9 април 2025 година во КИЦ – Скопје ќе се одржи проекција на филмот (17:30 часот), наменета за ученици од средните ...
Населението во Европска Унија живее во просек, шест години подолго од населението во Македонија, потврдува новиот извештај на Евростат во кој е измерена просечната должина на животниот век во рамките на ЕУ државите. Во 2024 година, очекуваниот животен век при раѓање во ЕУ изнесуваше 81,5 години, што претставува зголемување од 0,1 година во однос на 2023 година, стои во извештајот. Очекуваниот животен век се намали во 2020 година (80,4 години) ...
Скопје беше домаќин на Регионална програма за мобилност на млади лидери во периодот од 9-13 Март. Програмата обединува млади истражувачи од три различни држави при регионот и тоа Македонија, Србија и Албанија, кои притоа работат на развивање истражувања и иницијативи за застапување на теми како што се: регионална соработка, миграција, младинско учество, вработување и дигитална и зелена транзиција. Во рамки на програмата тие ги посетија ...
Под слоганот „Светот ја слави поезијата. Градот ја слуша“, ќе биде одбележан Светскиот ден на поезијата, со настан на кој ќе читаат 30-тина современи и афирмирани македонски поети и поетеси од сите генерации и со музичка програма од современи македонски музичари. Поетско-музичката вечер, тематски посветена на поезијата за патот, ќе се одржи на 18 март (среда), со почеток од 19 часот, во едукативниот културен центар „Лабораториум“ во Скопје. ...
Приватните пензиски фондови, осигурителните компании и банкарите – остануваат најголеми финансиери на државата. Заемите што и ги дале на Владата по основ на државни хартии од вредност се “бројат“ во неколку милијарди евра. На крајот на февруари годинава долгот на државата по основ на државни хартии од вредност изнесувал 4 310 000 000 евра, со тенденција на континуиран пораст во изминатиот период , пишува Порталб. Дури 52,3% од заемите од ...
Двојната победа на анимираниот филм KPop Demon Hunters на годинашните Оскари предизвика голема еуфорија во Јужна Кореја. Филмот освои награди за најдобар анимиран филм и најдобра оригинална песна со песната „Голден“. Според коментарите на медиумите, ова комбинација на перформанси при прогласувањето е показател на корејското влијание на глобалната културна сцена. Филмот е ко-режиран од Маги Канг според критичарите се потпира на корејската ...
Во големата сала на галерискиот простор Чифте амам, на 17 март 2026 во 19:00, ќе биде отворена самостојната изложба „А“ на уметницата Олгица Антовска. Поставката е конципирана како долг полиптих од триесет платна, поставени на бела позадина и продолжени во нишите на просторот. Делата, инспирирани од водата и светлината, уметницата ги претвора во симбол на живот и духовност. Меѓу делата се „Капка живот“, „Бран“, „Дождовен џез“, „Стаклени ...
Од како знае за себе пее, музиката е составен дел од нејзиниот идентитет, школо за живот и дел од нејзиниот развој. Иако има 14 години, Нела Манческа има освоено голем број престижни награди на меѓународни натпреватувања и музички шоуа, а македонската јавност за неа дозна кога се појави во едно регионално шоу за таленти кое се одржа во Хрватска. Со тој настап го воодушеви жирито, а регионалната публика го потврди впечатокот дека во Македонија ...
96-тата церемонија на доделување на „Оскарите“, најпрестижните награди во филмската индустрија, ќе се одржи вечерва на полноќ. Меѓу главните фаворити за најдобар филм се „Грешници“ на Рајан Куглер со рекордни 16 номинации и „Една битка по друга“ на Пол Томас Андерсон со 13 номинации. Двата филма се истакнуваат со силна социјална критика и впечатливи актерски остварувања. Иако „Една битка по друга“ важеше за фаворит на почетокот од сезоната ...