Белград
11ᴼ /
10ᴼ
На програмата во Сули ан на 26 август, со почеток во 19 часот, се отвора фотоизложба и проекција на филм од мултимедијалниот уметник Киро Урдин. Проекцијата на документарниот филм „Вода и оган“ (Белгија, Македонија / 2009 / 52 мин.) ќе почне во 20:30 часот. „На своите патувања, Киро Урдин го доловува духот на местата каде животот сè уште тече со реката, сонцето и чистиот воздух – како во етиопската Долина Омо, каде насмевките светат посилно од ...
Во рамки на второто издание на фестивалот за алтернативна, младинска и критичка култура „Ре-култура“ што го организира здружението за афирмација на младинската култура „Култура Бета“ во соработка со кафе-книжарниците „Илика“ и „Буква“, по вторпат се отвора донаторската акција за стари книги, плочи и цедеа. „Ги повикуваме сите пријатели, поддржувачи, издавачи, музичари, фанатични колекционери и сите кои сакаат да им олеснат на своите библиотеки, ...
Вториот дел од импровизирачкиот серијал „Џез за чудаци“ што се одржува во скопската кафе-книжарница „Буква“ ќе се одржи утре (вторник, 26 август) од 21:30 часот. Музичари што ќе свират се Васко Бојаџиски – алт саксофон, Мартин Џорлев – бас, Филип Букршлиев — гитара и Дарио Циевски — тапани. „Музика за тие што за време на нивниот студенски престој во Улицата како Образовна Институција од Витално Значење немале баш добри оцени и затоа сега сѐ уште ...
Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата“, во режија на Гоце Цветановски, ќе ја има својата австралиска премиера на „Sydney Science Fiction Film Festival“ – најголемиот филмски фестивал во Австралија посветен на научната фантастика. Шестото издание на фестивалот ќе се одржи од 3 до 5 октомври во центарот на Сиднеј во престижниот комплекс Event Cinemas George Street. Филмот на Цветановски е во трка за наградата ...
Кинотеката на Македонија ја најавува септемвриската програма, за која велат дека ќе донесе вистински филмски празник за љубителите на седмата уметност. „Овој месец е посветен на антологиските филмови од историјата на светската кинематографија, како и на значајни македонски играни и краткометражни остварувања. На репертоарот ќе се најдат ремек-дела што го обележале златното време на филмот“, раскажуваат од Кинотека. Како што додаваат оттаму, ...
Првиот блок премиери на документарни филмови продуцирани во Македонија или реализирани во копродукција со регионални партнери се одржа на 22 август. На платото пред Музеј на Македонија беа прикажани филмовите „Антигона“ на Ибер Деари и Мирсад Абази, „Печурки од минатото“ на Ханис Багашов и „Земја и крилја“ на Стефан Малешевиќ, реализиран во копродукција помеѓу Србија и Македонија. „Краткиот документарен филм ‘Антигона’ на Ибер Деари и Мирсад ...
Скулпторот Озбек Ајваз ќе ја претстави својата втора самостојна изложба „Гласот на минатото“ – скулптурална инсталација поставена во јавен простор, утре, вторник, во 20 часот во Мобилна/монтажна галерија во Паркот на франкофонијата. „Делото претставува уметнички потсетник на едно време кога читањето весници беше секојдневен ритуал, а вестите се примаа со трпение, внимание и доверба во изворите. Со својата форма и порака, скулптурата ја оживува ...
Вчера напладне, во предворјето на манастирот Св. Наум Охридски, на најјужниот брег од Охридското езеро, пред самиот почеток на поетското читање на интернационалните поети гости на Струшките вечери на поезијата (СВП), на Иван Штрпка, овогодишен лауреат на златниот венец на СВП, му беше врачена плакета со почесно членство во Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). При врачувањето на признанието, претседателот на ДПМ, Живко Грозданоски, изјави ...
Во четвртокот, 21 август, започна 16. издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ под мотото „Кому му е гајле за реалноста?“. Фестивалот трае осум дена, на пет различни локации, прикажува повеќе од 75 филмови, организира бројни дискусии со авторите по проекциите, два мастер класа, две изложби, пет дискусии, три денови со документарна индустрија. „Живееме во време во кое вистината се менува побрзо отколку што можеме да ја ...
Фестивалот „БОШ“ и годинава во Гевгелија го отвора својот „слободен терен“ за урбана креативност преку мултимедијална програма – спој на изложби, филмови, видео-арт, инсталации и музика. „На 29ти и 30ти август со настани во Домот на културата, Амамот и стариот пазар, ќе завибрираме со ритамот на гевгелиското лето“, посочуваат организаторите. Тие потсетуваат дека „БОШ“ е повеќе од мултимедијален фестивал и платформа посветена на креативното ...
Тричлената комисија за доделувањето на наградата за најдобар превод на македонски јазик „Драги“, во состав: д-р Анастасија Ѓурчинова (претседател), д-р Јана Михајловска и Иван Шопов на својот работен состанок одржан на 20 август во просториите на издавачката куќа „Антолог“ одлучи во првиот круг на селекција да влезат 22 изданија од 13 издавачки куќи, во превод на 23 преведувачи и од 13 различни јазици. „Жири-комисијата низ долга и многуслојна ...
Радио МОФ бара родители и вработени во училишта за да му помогнеме на инклузивното образование да застане на цврсти нозе. Како медиум долги години работиме на анализи од јавен интерес, а сега повторно сакаме да ги чуеме Вашите искуства, кои ќе бидат од голема важност за подобрување на инклузијата во основните школи, со цел да има еднакви можности и пристап до образование на сите деца, без разлика на нивната состојба / попреченост. Овој Прашалник ...
Групата „Next to Silence“ ќе одржи концерт на археолошкиот локалитет Врбјанска Чука во Пелагонија на 24 август, недела, со почеток од 18 часот, во рамки на „Prilep Jazz Weekend“. „Овој концерт ќе биде ретка прилика да се слушне групата во анплагд издание, а на кого ќе бидат изведени повеќе композиции од нивните албуми. Концертот се одржува во рамки на ‘Prilep Jazz Weekend’, со што се афирмираат алтернативни простори за концертни настани, а ...
Ретроспективната изложба „Бојата на мојата душа“, посветена на животот и делото на еден од најзначајните македонски сликари, Ангел Петров, на 25 август, понеделник, од 19:30 часот во просториите на Ликовниот салон во Велес. „Изложбата претставува патување низ неговото богато творештво на 87 неизложувани дела: пејзажи, актови и коњи, што ја отсликуваат длабочината на емоцијата, јазикот на боите и искреноста на уметничкиот израз“, се вели во ...
Националниот парк Шар Планина постави шест нови дрвени објекти кои треба да им послужат сите планинари и љубители на природата како засолниште од лошо време и да придонесат за поголема сигурност. Новата инфраструктура е поставена на локации на Долна Лешница, патот кон планинарски дом Љуботен, под Титов Врв, кон Три Воде, на Рамен Камен и на Долна Локва. Сите засилништа се направени од дрво и имаат клупи за седнување, а од Националниот парк ...
Од 5 до 8 септември, во паркот „Авионче“, општина Аеродром ќе се одржи првиот „AERO Street Food Festival“, настан кој ќе ги обедини уличните гастрономски брендови со урбана музичка програма и забавни активности за сите генерации, а влезот ќе биде бесплатен. „Гастрономската понуда ќе опфати храна од 4 кујни, А-американска, Е-европска, Р-регионална и О-ориентална. Посетителите ќе можат да дегустираат богат избор на специјалитети – од ...
Донесен во 2020 година, Законот за младинско учество и младински политики, или познат како Закон за млади, требаше младите да ги направи поактивни и поангажирани во своите средини на живеење. Преку обврски на институциите, да им понуди сервиси и простори за да се собираат и одлучуваат за своите потреби, било да се тоа за култура, образование или социјализација. Сепак, пет години подоцна, не само што Законот за млади бавно се спроведува, туку во ...
Отворањето на 16. „МакеДокс“ ќе се одржи на 21 август (четврток), од 20:30 часот, во Куршумли-ан. На програмата се краткиот документарен филм „Бардо“ на чешката авторка Вјера Чакањова и долгометражниот документарен филм „Само на земјата“ на Робин Петре. Како што објаснуваат од фестивалот, филмот „Бардо“ (Чешка, Словачка / 2025 / 27 мин.) носи длабок здив со искуства што навлегуваат уште подлабоко и темна амбиентална музика како придружник. ...
Англискиот дистрибутерски гигант „Dogwoof“ од Лондон ги откупи светските права за интернационална продажба на „Сиљан“ [The Tale of Silyan] – најновиот документарен филм на Тамара Котевска. Филмот за една недела ќе ја има својата светска премиера во Венеција, во селекцијата „Out of Competition“, а потоа и северноамериканска премиера во Торонто, каде е во официјалната натпреварувачка програма. „’Dogwoof’ е компанија позната по современи ...
На 30 август, со почеток во 12 часот во Офицерскиот дом во Битола ќе се одржи авторски концерт „Сфера“ на композиторката Ана Пандевска во изведба на пијанистката Дуња Иванова. „Музиката на Пандевска за првпат со целовечерен концерт ќе се промовира во Битола, градот на конзулите“, се вели во соопштението. На програмата ќе се најдат пет композиции за пијано и електроника (Фиксен медиум): „Пејзажни атмосфери“ (Ѕвона на моето пијано, Кристални ...
Вечерва во Европската куќа во Велес ќе се отвори 22 издание на Меѓународниот салон за стрип „Велес 2025“. На манифестацијата ќе се доделат награди, дипломи и признанија за годинашниот меѓународен стрип-конкурс и ќе се отвори изложбата од избрани дела по истиот конкурс. Ќе бидат претставени и стрипови по повод 15 години од издавањето на балканскиот стрип серијал „Вековници“, чиј промотер ќе биде Марко Стојановиќ од Лесковац, Србија. Како што ...
Во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје утре (19 мај, вторник) ќе се одржи „Васил фест“, односно музичка вечер со „IVL“, „Дивоградба“ и „О, Убавче“. „IVL“ се Васил , Лила и Ива. „Музиката на овој бенд, како што велат тие, доаѓа од таму кај шумат шумите, буките. Буката што ја прави ‘IVL’ би ја опишале како едно истражување на иднината на industrial и noise музиката, со желба да продолжат таму каде што ‘Throbbing Gristle’ застанаа“, стои во ...
Групната ликовна изложба „По материјата“, која ги поврзуваат уметниците од Македонија, Грција и Албанија – трите земји што се среќаваат на трограничие на Преспа – во заедничка уметничка потрага: истражување на циклусот на материјата, ќе се одржи од 28 до 31 август во просториите на Земјоделската Задруга на производителите на грав „Пелеканос“, во Лемо, Преспа. „Во фокусот на оваа уметничка траекторија е регионот на Преспа, место со симболична ...
Авторката Капка Касабова, најпозната по врвната документаристичко-патеписна проза, доаѓа во Македонија. Кафе-книжарницата „Буква“ организира книжевна вечер со Капка на 20 август, каде пред присутните своите импресии низ разговор со авторката ќе ги искажат Ана Витанова Рингачева и Александар Маџаровски. „Секако, ќе учествува и извонредниот преведувач на нејзините книги Бранислав Мирчевски. Ќе се зборува за балканската тетралогија на Капка ...
Организацијата „ShanghaiRanking Consultancy“ го објави Академското рангирање на светските универзитети за 2025 година, познато како „Шангајска листа“. И годинава, меѓу најдобрите илјада универзитети во светот, нема ниту една високообразовна установа од Македонија, пренесува агенцијата Мета. На врвот на листата повторно доминираат американските универзитети. Харвард е рангиран на првото место, Стенфорд на второто, а Институтот за технологија ...
Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план (ГУП) 2022–2032 година организира jавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот. Јавната дискусија за просторот во урбаниот опфат на Генералниот урбанистички план на град Скопје за територијата на Општина Центар ќе се одржи на 18 август 2025 (понеделник) во салата на Советот на Град Скопје (барака број 13), во ...
Министерството за образование и наука (МОН) информира дека од денеска (15 август) започнува аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година. Повикот со условите и начинот на аплицирање е објавен на следниот линк. Рокот за пријавување за тековните и студентите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2025/2026 година е до 5 септември 2025 година. Аплицирањето се спроведува ...
„Сето ова се случува во сегашноста. Додека ние го живееме животот во некоја своја фантазија, тие ја уништуваат нашата земја, природата, Македонија. Со години се водат погубни политики и профитерски проекти каде што бенефит имаат само политичарите и тие поврзани со нов. Еден од тие проблеми е и изградбата на 2 мали хидроцентрали на реката Дошница“, пишува за својот мини документарец Мето, кој го објави своето видео преку Јутјуб. Како што ...
Независни за Карпош сепак нема да бидат дел од новата партија „Независни заедно“ со останатите иницијативи, туку одлучија за претстојните локални избори да излезат со граѓанска листа. „Остануваме на принципот дека самостојното делување ни овозможува да се прилагодуваме на секојдневните барања и приоритети на граѓаните во нашата општина. Таа флексибилност, која ја сметаме за клучна за нашата ефикасност, е многу потешко остварлива во рамки на ...
Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ годинава ќе го одржи своето 16-то издание под мотото „Кому му е гајле за реалноста?“ . „МакеДокс“ ќе се одвива од 21 до 28 август со програма распоредена во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и „Лабораториум“ во Скопје. На фестивалот ќе бидат прикажани 75 документарни филмски остварувања, а се очекува присуство на околу 100 гости од странство. „Бидејќи живееме во свет каде ...