Еднодневна креативна работилница за жени посветена на креативното пишување, личниот развој и истражувањето на сопствениот глас ќе се одржи на 27 мај 2026 година со почеток во 17 часот во Салон „Империјал 2“, во организација на авторката и менторка Ксенија Николова. Работилницата е наменета за жени кои сакаат преку практични вежби за креативно пишување подобро да се запознаат себеси, да го истражат сопствениот наратив и да ја препознаат ...

Национална установа Центар за култура „Григор Прличев“ и Охридски театар на 24 мај премиерно ќе ја изведат детската претстава „Кловн“, во режија на Ѓорги Ризески. Претставата е работена по текст на Кристина Тодороска Петреска, инспириран од делото „Се бара стар Кловн“ на Матеј Висниек. Во актерската екипа се Андријана Тодороска Билаловиќ, Павел Маслов и Билјана Велјаноска Билаловиќ, додека костимографијата и дизајнот се дело на Моника Гачева. ...

Бројот на луѓе кои живеат со ментални нарушувања речиси се удвоил во последните 30 години, главно поради наглиот пораст на анксиозноста и депресијата ширум светот, покажува нова студија објавена во медицинското списание Лансет, како дел од Истражувањето за глобалниот товар на болести за 2023 година. Според анализата, околу 1,2 милијарди луѓе живееле со некаква ментална состојба во 2023 година. Тоа претставува зголемување од 95 проценти во ...

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје денеска во Ректоратот ќе одбележи 77 години од своето основање и патрониот празник – 24 Мај, Денот на светите Кирил и Методиј, со свечена пригода на која ќе присуствуваат претставници на академската заедница, институции и гости. На свеченоста е најавено присуство и на министерката за образование и наука Весна Јаневска. Со настанот ќе биде одбележано значењето на светите браќа Кирил и Методиј за ...

Издавачката куќа Антолог го објави македонскиот превод на романот „Колач со лимон и афион“ од современата шпанска писателка Кристина Кампос, во превод од шпански јазик на Виолета Јагев. Од издавачката куќа велат дека романот претставува емотивна приказна за семејството, сестринската поврзаност, простувањето и вторите шанси. Дејството е сместено на островот Мајорка и ги следи сестрите Анна и Марина, кои повторно се среќаваат по долгогодишна ...

Вечерва во Младински културен центар официјално ќе биде отворено 16. издание на Филозофски филмски фестивал. Настанот ќе започне со проекција на филмот „Друг крај“ (2024) на италијанскиот режисер Пјеро Месина, а по проекцијата ќе следува концерт на составот Галактик ефенди. Проекцијата ќе започне во 20 часот во МКЦ, а филмот е дел од Официјалната селекција на долгометражни филмови. „Друг крај“ претставува дистописка приказна која замислува ...

Вредноста на минималната синдикална кошничка за мај 2026 година во Македонија достигнува 68.743 денари, објави Сојузот на синдикати на Македонија. Ова претставува мало намалување од 54,00 денари во споредба со минатиот месец. Според објавените податоци, структурата на месечните трошоци за едно семејство вклучува најголемо учество за храна и пијалоци односно 25.475 денари или 37 отсто. Кога станува збор за трошоците за изнајмен стан од 60 ...

Годишната инфлација во еврозоната во април 2026 година достигнала 3,0 отсто, што претставува раст во однос на март кога изнесувала 2,6 проценти, покажуваат најновите податоци на Евростат. Во истиот период минатата година, инфлацијата во еврозоната била 2,2 проценти. На ниво на Европската Унија, годишната инфлација во април изнесувала 3,2 проценти, додека во март била 2,8 проценти. Во април 2025 година, стапката на инфлација во ЕУ изнесувала ...

Издавачката куќа Или-Или деновиве го објави македонскиот превод на романот „Мистеријата на обезглавената жена“ од белгиската писателка и новинарка Миријам Лероа. Како и претходниот нејзин роман „Црвените очи“, и ова издание е преведено од француски јазик од Светлана Јовановска. Според фабулата романот започнува со случајно откривање на гробот на жена по име Марина Шафров, на кој е запишано дека била обезглавена во 1942 година. Овој настан ја ...

Во среда, на 20 мај со почеток во 20 часот, во КСП Центар-Јадро ќе се одржи промоција и критичка дискусија по повод објавувањето на антологијата „Contemporary Art in the Post-Yugoslav Space: Case Studies in Hauntology“, издадена од Routledge Books во Њујорк и Лондон во 2025 година. Уредена од Џон Блеквуд и Јасмина Тумбас, книгата се занимава со културните и материјалните наследства на југословенскиот социјалистички период и нивните ...

Во Братислава на 27 мај ќе биде отворена мултимедијалната изложба „Од глаголица до светлина: Визуелна ода за Св. Кирил и Методиј“, инспирирана од духовното и културното наследство на светите браќа Кирил и Методиј, глаголицата и словенската писменост. Изложбата преку современ визуелен израз воспоставува дијалог меѓу традицијата и современата уметност, обединувајќи различни медиуми и авторски пристапи. Пред посетителите ќе бидат претставени ...

Нина Ангеловска Станков ќе ја објави книгата „Ништо случајно“ во издание на Издавачки центар ТРИ. Книгата е веќе достапна во претпродажба, а официјалната промоција е најавена за 3 јуни. Ангеловска Станков е коосновач на платформата „Grouper.mk“, доктор на науки и поранешна министерка за финансии. Во книгата таа пишува за својот професионален и личен пат, од развојот на бизнисот и работата во јавниот сектор, до искуствата поврзани со ...

Свеченото врачување на наградата Роман на годината за 2025 година ќе се одржи на 20 мај во просториите на Друштво на писателите на Македонија, со почеток во 19 часот. Добитничка на годинашното признание, кое го доделува Фондација „Славко Јаневски“, е писателката Оливера Ќорвезироска за романот Три Марии, објавен од Арс Либрис. Одлуката ја донесе петчлено жири во состав: Калина Малеска, Ивана Трајаноска, Иван Антоновски, Иван Шопов и Катерина ...

Во четвртокот вечер, во Сули Ан, официјално беше отворена изложбата „Декада на трансформации“ на уметникот Бојан Ковски и фотографот Бојан Стоилковски, проект што се одбележа десет години творештво на Ковски во областа на body-art уметноста и визуелната трансформација. Настанот привлече голем број посетители, уметници, јавни личности и љубители на современата уметност, а атмосферата беше исполнета со позитивни реакции, емоции и ...

Иницијативата „#СподелиАвторка“ годинава одбележува пет години постоење, период во кој преку промоција на женското авторство, феминистичката и квир литературата, создава простор за поддршка, солидарност и заедничарење. По повод јубилејот, на 19 мај со почеток во 18 часот, во Лабораториум ќе се одржи роденденски настан отворен за јавноста. Програмата ќе вклучува собирање донации на книги, разговор посветен на феминистичката мисла и потребата ...

Здружението за поттикнување на развојот на книжевноста и другите уметности „Креативна верига“ го објави новиот, дванаесетти број на електронското списание „(е)Лит“, кое и овојпат носи богата литературна и уметничка содржина. Како што информираат од здружението, покрај редовните рубрики, новиот број е збогатен и со нови содржини кои ќе продолжат да се развиваат како серијали и во следните изданија. Акцентот, меѓу другото, е ставен на ...

Од 14 мај, во кината низ земјава (cineplexx, итн) ќе започне да се прикажува францускиот анимиран филм „Малата Амели“ („Little Amelia“), топла и поетична семејна приказна инспирирана од детството на познатата писателка Amélie Nothomb. Филмот е во режија на Maïlys Vallade и Liane-Cho Han Jin Kuang, фабулата е во Јапонија низ очите на малата Амели – белгиско девојче кое го открива светот околу себе со помош на својата придружничка Нишио-сан. ...

Ова е последна шанса за проектот за регионалната депонија во Свети Николе да успее, бидејќи, како што поминува времето се губат средствата од ИПА, а се зголемува националното учество што значи дека овојпат мора да се склучи договорот, велат од Министерството за животна средина. Во моментов во тек е постапката за евалуација на компаниите кои се пријавиле на јавниот повик за избор на фирма што ќе треба да ја гради првата регионална депонија по ...

Албертина неодамна го претстави првиот онлајн каталог во светот посветен на цртежите на Густав Климт, со што јавноста доби дигитален пристап до илјадници дела на еден од најзначајните австриски уметници. Покрај каталогот за Климт, музејот ги претстави и дигиталните каталози на делата на Флорентина Пакоста и Макс Вајлер. Од Албертина велат дека дигиталната стратегија на музејот има цел трајно да го прошири пристапот до колекциите. Во ...

Анета Атанасовски е историчарка на уметност и археолог, која работи на создавање свој дизајнерски бренд наречен „Акреа“. Идејата на Атанасовски е да направи спој помеѓу македонските традиционални мотиви, кои се среќаваат на историските артефакти и истите да ги презентира со современ уметнички јазик и прагматизирајќи ги низ нивната употреба да ги направи подостапни и поразбирливи особено за младите. Дизајните, како што посочува Атанасовски се ...

Факултет за електротехника и информациски технологии Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Данијела Ефнушева Дом на култура „Кочо Рацин“ Во соопштението се наведува дека изложбата претставува визуелно истражување на човековото доживување и е составена од циклуси дела што обработуваат теми како внатрешна трансформација, блискост, љубов и емоционална перцепција. Посебен сегмент на поставката е вклучувањето текстови и поеми создадени со помош на ...

Недостигот од медицински сестри со години е сериозен проблем во македонското здравство кој е посебно изразен во помалите градови и во селата каде што амбуланти и болници сè потешко успеваат да задржат кадар. По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на медицинските сестри, во изјава за Мета, претставници на здруженијата на медицински сестри предупредуваат дека ниските плати и лошите услови за работа ги приморуваат сестрите да ја напуштаат ...

Програмата Еразмус+, една од најголемите иницијативи на Европската Унија за образование, обука, млади и спорт, во изминатите четири децении им овозможи нови можности на повеќе од 16 милиони луѓе ширум Европа и светот. Во моментов се подготвува новата генерација на програмата за периодот 2028–2034 година, која треба да биде поголема, посилно поврзана со другите европски иницијативи за млади и образование и со поизразена политичка координација. ...

„Конфликтот не е нужно негативен, доколку тој се решава преку дебата и демократска распава, може да донесе конечни разрешувања“, заклучија младите кои викендов беа дел од Националното дебатно првенство кое се одржа во Скопје. Младински образовен форум (МОФ) го организираше Националното дебатно првенство 2026 во рамки на проектот „Премостување на разлики: младински дијалог за мир“, поддржан од Програмата за развој на Обединетите нации (UNDP). ...

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска најави лиценцирање на училишните психолози со цел навремено препознавање и спречување проблеми меѓу учениците, додека паралелно дел од училиштата веќе применуваат мерки за ограничување на користењето мобилни телефони за време на наставата. За утврдување на проблемите во училиштата и спроведување соодветни мерки ќе има лиценцирање на психолози, најави Министерката за образование и наука, ...

Општина Крива Паланка и годинава обезбеди финансиска поддршка за сите матуранти од СОУ „Ѓорче Петров“, при што информираат дека на сметките на учениците се исплатени по 3.000 денари во пресрет на матурските прослави и завршувањето на средното образование. Како што информираат од Општина Крива Паланка, мерката се реализира четврта година по ред и претставува дел од локалните политики насочени кон поддршка и мотивирање на младите. „Матурата ...

Музичка младина на Македонија продолжува со концертната серија „Млади за млади“ во рамки на програмата „Млад музички албум“, поддржана од Министерството за култура и туризам, ќе се претстави со со уште два концерти оваа недела во Скопје. На 12 мај (вторник) со почеток во 19:00 часот, во Салон 19:19 при КИЦ – Скопје, ќе настапат младите музичари Лука Костовски – тромбон (класа доц. м-р Димче Белчовски) и Војдан Алексовски – фагот (класа проф. ...

Осмиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2026 година ќе трае до 1 јуни. Добитникот на наградата, востановена од издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, ќе биде прогласен на 2 септември оваа година. За наградата „Пегаз“ можат да конкурираат необјавени романи (ракописи) за возрасни, напишани на македонски јазик и со кирилско писмо, ...

Неколку недели пред пожарот во Кочани, Горан Тонев ја снимил песната „Да си со мене“. Иако планирал да ја објави наскоро по снимањето, поради фокус на својата рехабилитација, песната беше претставена пред македонската публика повеќе од една година од нејзиното снимање. Со издавањето на новата песна, Тонев, гитарист на некогашната група ДНК, до јавноста испрати порака, дека музиката е дел од неговиот живот, но и од неговото лекување. Во ...

Во Јуроп Хаус – Скопје (Europe House) на 13 и 14 мај ќе се одржи Меѓународната конференција „Траумата во литературата“, во организација на Институт за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Конференцијата е дел од научно-истражувачки проект поддржан од Министерството за образование и наука. Настанот ќе биде отворен на 13 мај во 9:30 часот со обраќања на директорката на Институтот, Наташа Аврамовска, ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
0.89
58%
1024
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
3.13
67%
1022
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
1.09
85%
1023
weather icon

Софија

16ᴼ / 16ᴼ
0.47
72%
1025
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
1.79
56%
1022
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 17ᴼ
0.58
91%
1024
weather icon

Атина

25ᴼ / 23ᴼ
2.24
37%
1020
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
1.64
50%
1022
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
2.91
57%
1023
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
0.45
81%
1022
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
0.89
66%
1022
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 18ᴼ
2.46
100%
1021
Currency

61.6417

Currency

53.73

Currency

71.1705

Currency

37.656

Currency

37.9349

Currency

66.5663

Currency

7.93737

Currency

0.73503

Currency

0.33311

Currency

0.52522

Currency

1.15679

Currency

0.56962

Паладиум

39866.93

Родиум

257205.97

Злато

133769.08

Иридиум

253540.09

Калај

53.45

Сребро

2087.39

Алуминиум

3.40

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Бакар

12.73

Рутениум

48965.59

Платина

53498.84