Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Полската авторка за деца неделава ќе престојува во Скопје, каде ќе одржи серија креативни работилници инспирирани од сликовницата „Три желби“, современа еколошка приказна што на поинаков начин ја обработува познатата бајка за златната рипка. Работилниците, насловени „Совршениот дом за златната рипка“, се наменети за деца од рана училишна возраст и ќе се одржат на 12 и 13 мај во соработка со основните училишта „Коле Неделковски“, „Јохан ...
„Повторно почнаа да циркулираат истите зборови: пандемија, контрола, депопулација, mRNA, „1984“. Како да постои готов шаблон што се активира секогаш кога во медиумите ќе се појави името на некој вирус. Во меѓувреме, јавноста постепено престанува да прави разлика меѓу епидемиологија и алгоритамски произведен страв. Посебно загрижува фактот што во таквата атмосфера понекогаш активно учествуваат и здравствени професионалци, чиј јавно изговорен ...
Денес во Мобилната/Монтажна галерија во Скопје, ќе биде отвотена самостојната изложба „Македонска Златна Азбука“ на уметницата Мaја Танева, проект кој ја истражува македонската азбука како простор на идентитет, културна меморија и современ визуелен израз. Изложбата опфаќа 31 дело, по едно за секоја буква од македонската азбука, изработени во акрилна техника со златна фолија на акрилен хамер. Дел од буквите се врамени, додека други излегуваат ...
Објавен е дигиталниот прирачник „Жените во музичката уметност низ вековите: од невидливост до глас“, посветен на улогата и придонесот на жените во создавањето, изведувањето и развојот на класичната музика. Прирачникот содржи над 60 одредници на композиторки, изведувачки, диригентки и други значајни личности кои оставиле трага во музичката уметност. Материјалот е организиран хронолошки, со цел читателите јасно и прегледно да го следат ...
Македонскиот уметник и дизајнер Лазе Трипков минатиот месец беше дел од изложбата „Проширено присуство“ во Стокхолм, Шведска, каде беше претставен проектот „Глаголски еха“. Настанот, реализиран во соработка со уметниците Михал Поустка и Исмаил де Анде, под кураторство на Ленка Сикорка од Алтан Кламовка, е предвиден како простор за културен дијалог и уметничка размена преку современи интерпретации на глаголското наследство. Во разговор за ...
Младите имаат мало познавање за правилното аплицирање за работна позиција и не поседуваат доволно дигитални вештини, вели Андреа Дарабашиќ, експертка од областа на човечки ресурси во Белград. Според неа, услов за добивање на добра работна позиција е правилно презентирање на своите вештини преку CV. -CV е првото нешто што доаѓа кај работодавачот на маса и има информации за вас, вели Дарабашиќ и токму поради тоа, треба да ги поседува сите ...
Со поетското читање THE VERSE CITY / DIVERSITY („Диверсити“) вечерва ќе заврши годинашниот Скопски поетски фестивал. Настанот ќе се одржи во културниот центар „Буква“, со почеток од 21:00 часот, а ќе настапат: Кристина Шпиранец (Хрватска), Гонџа Озмен (Турција), Хајри Хамадан (Палестина), Јоргос Писанис (Грција), Хелена Земљич (Словенија), Дијана Петкова, Светла Јакшиќ, Емељ Туна, Стефан Костовски, Ана Пејчинова, Дејан Трајкоски, Александра ...
Во втората епизода од првата сезона на подкастот „Новинарски мубаети“ во продукција на Радио МОФ, гостува младата новинарка Деница Чадиковска. Деница говореше за своите почетоци во новинарството. Поради желба да го разбере човековото однесување, Чадиковска, студира психологија како свој прв образовен избор. Потоа, носи одлука да замине од Македонија. Нејзиното заминување во Америка ја поттикнало да размислува на промени кои може да ги направи ...
Во Културно-информативниот центар во Скопје, ќе се одржи промоција на книгата „Кој ти дозволи да шеташ низ туѓи соништа во ниедно време “ од Владимир Лукаш. Промоцијата ќе се одржи на 12. мај 2026 год. во 19:19 часот Салон Империјал 2. Владимир Лукаш е визуелен уметник, писател и музичар од Скопје. Има реализирано десетина самостојни изложби во Македонија, Србија и Германија, и бил дел од стотина групни изложби, перформанси и филмски ...
Советот на Синдикатот за култура на Република Македонија најави протестен собир што ќе се одржи на 9 мај, пред почетокот на отворањето на Мајските оперски вечери во Скопје. Собирот е закажан за 19:15 часот на платото пред Национална опера и балет, а од Синдикатот информираат дека протестот ќе биде мирен и ќе има цел да се изрази незадоволство поради, како што наведуваат, загрозувањето на Колективниот договор за култура. Од СКРМ велат дека ...
По решението за поништување на дипломите на студенти на постдипломски студии на Филозофскиот факултет во Скопје, со своја реакција се огласи проф. д-р Горан Ајдински, поранешен декан на Филозофскиот факултет и актуелен професор на Институтот за специјална едукација и рехабилитација. Според неговите наводи, студент на постдипломски студии на институтот на кој предава Ајдински, му е поништена магистерската диплома, иако станува збор за ...
Прашањето за забрана на мобилните телефони во училиштата е актуелно веќе неколку години, а околу него и понатаму се судираат различни мислења. Одредени држави, со цел да ги заштитат најмладите од штетното влијание, започнаа процес на воведување старосни ограничувања за користење на социјалните мрежи, додека некои отидоа чекор понатаму и ги забранија паметните телефони во училиштата. Сепак, неодамна објавена студија покажала дека тоа не било ...
Студентско собрание на УКИМ (УСС-УКИМ) вчера соопшти дека студентите сместени во студентскиот дом „Пелагонија“ сè уште не ги добиле парите што им следуваат како ослободување од плаќање партиципација. Тие додаваат дека, и покрај обидите решението да се најде преку дијалог, досега не е постигнат напредок. „Сметаме дека е крајно некоректно и потценувачки студентите да бидат третирани на ваков начин и да се доведуваат во подредена положба“ ...
Државниот завод за ревизија утврдил слабости во работењето на Министерството за европски прашања, меѓу кои недоволна ефикасност во спроведувањето на реформските активности, проблеми со планирањето и следењето на европските политики, како и слабости во координацијата и мерењето на резултатите. Во ревизорскиот извештај на ДЗР се наведува дека Министерството не воспоставило целосно функционален систем за следење на реализацијата на реформите ...
Од МЕД велат дека Македонија претставува жешка точка на биодиверзитет бидејќи на релативно мала површина од 25.713 km² растат повеќе од 3700 различни видови на растенија (вклучувајќи ги и мововите). Токму тоа е поводот за организирање на вакво онлајн предавање. Ова значи дека имаме многу примери за начините на кои растенијата може да се адаптираат и распространуваат, велат од МЕД. Дел од најспецифичните приказни за опстанок ќе бидат дел од ...
На 7 мај 2026 година, во студиото Приватен принт во Скопје, е закажано отворањето на просторната инсталација „Уште еден чекор, и оживуваме“ Клелија Живковиќ. Програмата за отворање вклучува разговор на Душица Лазова со уметницата со почеток од 18 часот и отворање на изложбата од 19 часот. Изложбата ќе може да се погледне до 28 мај. „Уште еден чекор, и оживуваме“, просторната инсталација на Клелија Живковиќ, го истражува оживувањето како ...
Пулицеровите награди за 2026 година беа доделени, при што наградата за фикција ја освои Даниел Краус за романот „Ангел долу“, необично дело за Првата светска војна раскажано како една долга, непрекината реченица. Книгата беше пофалена како исклучително стилско достигнување што комбинира повеќе жанрови, пренесува EuroNews. Во категоријата драма, наградата ја доби Бес Вол за делото „Ослободување“, кое ги обработува темите на феминизмот, ...
По повод 5 Мај – Денот на македонската азбука и македонскиот јазик, во рамки на нашата рубрика „Старо-Нова Македонија” споделуваме службен документ објавен на денешен ден 1945 година во весникот „Нова Македонија“. Станува збор за решение издадено од страна на Народната влада на Федерална Македонија со кое официјално била усвоена азбуката на македонскиот јазик. Азбуката била утврдена два дена порано, на 3 мај, по предлог на комисијата за јазик ...
Во Кафе и филм КОТУР на 7 мај со почеток во 20 часот ќе се одржи проекција на кратки анимирани филмови на македонскиот режисер Крсте Господиновски, проследена со разговор со авторот. Настанот е дел од промотивната програма за осмото издание на фестивалот на филм и музика Ѕирни, кој ќе се одржи од 28 септември до 5 октомври на повеќе локации во Скопје. Организаторите информираат дека повикот за пријавување филмови е отворен до 31 август. ...
Транспаренси Интернешнл Македонија во најновото издание на месечниот мониторинг „Бистро Матно“ за април 2026 година нотира сериозни слабости во функционирањето на институциите, недоволна транспарентност во правосудството и ризици од корупција во јавните набавки, особено во здравствениот сектор. Мониторингот, кој веќе подолг период се спроведува како алтернативен барометар за состојбите со корупцијата, има за цел да ја следи работата на ...
Со буџетски приходи пониски од планот а буџетски трошења во рамки на планираното, завршија првите три месеци од оваа економска година. Од Владата веќе најавија дека ќе има ребаланс на Буџетот 2026 та. Според економистите и досегашните статистички мерења, веќе под знак прашалник се сегашните проценки за инфлација од 2,5% и раст на БДП од 3,9% , пишува Порталб. За четири месеци се потрошени над 72% од планираниот буџетскиот дефицит за целата ...
Денеска се одбележува Денот на македонскиот јазик. Македонскиот јазик за прв пат се идентификува во материјалните историски списи во IX век, по што се бележи неговиот историски развој, до конечната кодификација во 1945 година. Оттогаш голем број на писатели и поети, творејќи на македонски јазик се заслужни за негово конечно етаблирање, развој и унапредување. Кога говориме за чување и унапредување на македонскиот јазик, предвид ги имаме, ...
Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ продолжува да бележи меѓународни успеси, со најново учество на FIXION Fest, фестивал за фантастичен и хорор филм што се одржува во Чиле. Филмот е избран меѓу десетте долгометражни остварувања во официјалната селекција, во рамки на јубилејното десетто издание на фестивалот, кој обединува продукции од различни делови на светот со фокус на современата жанровска сцена. ...
Македонскиот уметнички тим пристигна во Венеција, каде ќе ја претставува државата на 61. Биенале за уметност во Венеција. Отворањето на македонскиот национален павилјон е закажано за 8 мај во 18.30 часот, кога ќе биде претставен проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ на мултимедијалниот уметник Велимир Жерновски. Претставувањето го организира Музеј на современа уметност Скопје, а павилјонот е поставен на локацијата Спацио Кастело 77, ...
Во Куманово на 7 мај ќе биде отворена традиционалната изложба „Мајски салон 2026“, во организација на Фото кино клубот „Козјак“. Настанот ќе се одржи во Занаетчискиот дом со почеток во 18 часот. Публиката ќе има можност да погледне разновидна селекција на уметнички фотографии, кои претставуваат лични интерпретации на реалноста, емоции и моменти забележани низ објективот на авторите. Од клубот истакнуваат дека изложбата е доказ за посветеноста ...
Во рамки на проектот ACT4PRESPA, во Преспанскиот регион се реализираше неколкудневно архитектонско снимање и документирање на значајни објекти од културното наследство. Активноста беше спроведена во соработка меѓу НУ Завод и музеј Битола и Архитектонскиот факултет Скопје, преку Институтот за заштита на градителско наследство, историја на архитектура и уметност. Во текот на теренската работа, студентите извршија архитектонско снимање на три ...
Новинарството е убава професија, но е вистински предизвик да се преживее во неа, е заедничкиот заклучок на младите новинари. Според Калина Трпева, ученичка од Скопје, во рамките на училиштата постојат новинарски клубови во кои се зачленети голем број ученици, а со менторство од наставниците, новинарството се доживува како посакувана професија. Состојбата се менува во студентскиот период. На катедрата по новинарство при Правниот факултет во ...
Форумот за образовни промени (ФОП) реагираше на, како што наведуваат, незаконито унапредување на Арбреша Беџети Ферати во академско звање на Медицинскиот факултет, која е и сопруга на претседателот на Сенатот на Универзитетот во Тетово. „Случајот што денес го пријавуваме јасно покажува како постојаното мобилизирање на синџирот; на роднини по крв и оние по интерес, надвладеа над Законот, Статутот и секое друго пишано правило. Овој случај е ...
Во рамките на Саемот на книгата, на 27 април, на штандот на „Арс Ламина“ беа промовирани трите најнови сликовници од едицијата „Големи зборови за мали уши“, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за насловите „Бонтон“ од Ванчо Полазаревски (илустрации: Александра Филипоска), „Емпатија“ од Биљана Стојановска (илустрации: Орце Нинески) и „Иницијатива“ од Рената Јосифовска. Промоцијата се одржа во присуство на ...
Балканскиот рис живее на територија на Западна Македонија и според проценките на Македонското еколошко друштво брои популација од околу 40 единки. Станува збор за заштитен подвид на евроазискиот рис кој има свои специфики. Поради своите специфики е заштитен подвид во Македонија и се третира како еден од националните карактеристики токму на ова подрачје. Станува збор за територијално животно, кое има претензии да живее само, се храни од лов и ...