Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Мексиканската сликарка Фрида Кало, родена на 6 јули 1907 година во Мексико Сити, и неколку децении по нејзината смрт останува една од највлијателните уметнички фигури на 20 век. Позната по своите силни и симболични автопортрети, Кало денес се смета за културна икона која ги надминува границите на уметноста. Нејзиниот живот бил обележан со тешки здравствени предизвици и лични трагедии, почнувајќи од детска парализа, па сè до тешка автобуска ...
Во книжарницата Литература.мк во трговскиот центар Дајмонд се одржа четвртата средба на offline book клубот на издавачката куќа Арс Ламина, на која повторно се собраа љубителите на литературата и заедничкото читање. Клубот, кој од месец во месец привлекува сè поголем број членови, прераснува во редовна заедница на читатели кои ги поврзува љубовта кон книгите, но и пријателските односи што се развиваат надвор од самите дискусии. Иако на ...
Здружението Икуалити ја реализираше арт работилницата „Вдиши уметност“ во рамки на проектот „Магијата на Преспа“, на која учествуваа 10 учесници. Работилницата, водена од уметницата Сандра Беговиќ, им овозможи на учесниците преку различни ликовни техники да создаваат дела инспирирани од природните убавини и културното наследство на Преспанскиот регион. Целта беше да се поттикне креативното изразување, слободното творење и поврзувањето со ...
Траумата, менталното здравје, поддршката од околината и притисокот што го чувствуваат младите беа дел од темите за кои Радио МОФ разговараше со средношколката и младинска активистка Сања Шоповска. Повод за разговорот беше нејзината матурска работа посветена на психолошката траума, но и нејзиниот ангажман во младинскиот активизам. Шоповска смета дека младите сè уште тешко зборуваат за своите емоции, дека промените во животот можат да бидат ...
Цените на становите во Европската Унија продолжија да растат и во првиот квартал од 2026 година. Според најновите податоци на Евростат, во споредба со истиот период лани, цените на станбените недвижности се зголемиле за 5,1 отсто, додека кириите пораснале за 3 отсто. Во однос на последниот квартал од 2025 година, цените на становите се зголемиле за 1,2 отсто, а кириите за 0,7 отсто. Податоците покажуваат дека и на квартално ниво продолжува ...
Агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР) проценува дека во 2026 година околу 2,5 милиони бегалци ширум светот ќе имаат потреба од преселување во трети земји, според најновиот извештај за глобалните потреби за ресетлмент. Иако бројката останува висока, таа е намалена во однос на 2025 година, кога потребата изнесувала 2,9 милиони лица, што делумно се должи на променетата ситуација во Сирија и зголемениот број доброволни враќања. ...
Давид Маневски е млад автор и креативец кој се занимава со роботика, 3D моделирање и дигитални технологии, но истовремено создава и авторски филмови со силна социјална порака. Во интервју за Радио МОФ тој зборува за својата мотивација, за улогата на младите во современото дигитално општество, како и за влијанието на технологијата врз емоциите, комуникацијата и човечката поврзаност. Разговорот опфаќа теми како младинска креативност, дигитална ...
Во академската 2025/2026 година се запишале 55 036 студенти, што претставува зголемување за 2.8 % во однос на претходната 2024/2025 година. Запишани студентки се 32 957 или 59.9 %. Најголем број студенти, 77.8 %, се запишале на државните високообразовни установи, додека 22.2 % се запишале на приватните високообразовни установи. Во прва година на студии, во оваа академска година, се запишале 16 212 студенти или 29.5 % од вкупниот број (тука се ...
Првата добитничка на националната награда „Роксан Стојанов“, младата балетска уметница Виола Имери, од 3 до 12 јули ќе престојува во Париз, каде ќе учествува во професионална програма подготвена од светски познатата балерина Роксан Стојанов и нејзиниот тим. Во Франција ќе ја придружува нејзината менторка Дафина Данилоска Кочевска. Престојот е организиран од Интерарт културниот центар, Францускиот институт и Амбасадата на Франција во Скопје, ...
Летната сцена на градскиот плоштад во Крива Паланка синоќа беше исполнета со детска смеа, насмевки и радост, благодарение на жонглерската претстава на „Fuzz Bubble“, која привлече голем број деца и нивните семејства. Со атрактивната програма, исполнета со жонглерски точки, музика, балони и интерактивна анимација, најмладите имаа можност да уживаат во незаборавна летна вечер, додека родителите, бабите и дедовците беа дел од атмосферата ...
Поплавата што го зафати магацинскиот простор на издавачката куќа „Антолог“ предизвика огромна материјална штета, уништувајќи илјадници книги. Од „Антолог“ претходно соопштија дека се соочуваат со една од најтешките ситуации во нивното постоење и упатија благодарност до сите кои веќе понудиле помош и поддршка. Во разговор за Радио МОФ, сопственикот и главниот уредник на „Антолог“, Жарко Кујунџиски, вели дека првите моменти по поплавата биле ...
Никола Коџабашија, еден од најистакнатите претставници на македонската музичка авангарда, го претставува новиот проект ТЕГЕТ со издание за Филтер Лабел. Коџабашија подолго време живее и работи во Велика Британија, каде што неговите албумски изданија и музика за театарски претстави постојано добиваат одлични рецензии во најреномираните медиуми. Сепак и покрај редовните ангажмани, повремено изненадува со паралелни проекти за македонската ...
Врсничкото насилство може да запре само ако сите, и институции и наставници и целата заедницата, се ангажираме со целосна сериозност. Но, посебно важна е улогата на родителите. Недостасува поголема грижа и посветеност од многу семејства кон своите деца. Не од сите, но од многу семејства недостасува токму таа воспитна компонента, што е основа за здраво растење. Ова го нагласи министерката за образование и наука Весна Јаневска на едукативниот ...
Универзитетот Американ Колеџ Скопје (УАКС) воведе нова, интегрирана, современа и целосно дигитализирана универзитетска платформа, со што стана првиот целосно дигитализиран универзитет во државата. Новата платформа овозможува сите клучни административни процеси важни за студентите во текот на образованието да бидат достапни онлајн, преку едно централизирано дигитално решение, со што платформата претставува значаен исчекор во дигиталната ...
Во издание на „Или-Или“ излезе од печат книгата „Пустинско срце: Петнаесет години во Авганистан“ од Ана Пејчинова. Станува збор за книга на сеќавања, заснована врз вистинити настани, во која авторката го раскажува своето искуство од петнаесетгодишниот живот и работа во Авганистан. Низ лична, динамична и книжевно обликувана проза, Пејчинова го води читателот низ Кабул, Кандахар, Лашкар Гах и други места обележани од војна, пустина, древна ...
Стотројка го објави „Дома“, најновиот малбум (EP) на Тодор Караколев, пејач- песнописец и продуцент кој создава композиции со силен емотивен набој и луцидна лирика, движејќи се лесно и непредвидливо помеѓу различни стилови на електронската музика. Како што пишува Џо Јанглав (Joe Younglove) од Канал 103, „Дома“ отвора простор во кој се преплетуваат кошмарни и фантазмагорични визии. По инструменталната „103“, која упатува кон едно посебно ...
Под водство на маестро Сашо Татарчевски, Женскиот младински хор при МКЦ во месец јуни оствари учества на два реномирани меѓународни фестивали. На веќе традиционалниот фестивал ,,Vox Lychnidos” во Охрид, во безвременската катедрална црква „Света Софија“ нашиот хор настапи на 20ти јуни со интересна програма составена од квалитетни хорски аранжмани на џез и популарна музика. Освен Женскиот младински хор при МКЦ, на фестивалот учествуваа уште два ...
Петтото издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“, кој годинава за првпат се одржува во три града: Дојран, Струмица и Гевгелија носи исклучително филмско доживување. Иранската кинематографија е во фокус на фестивалот, а публиката ќе има ретка можност да проследи и ексклузивна светска премиера. Овие пет филма заедно ја илустрираат огромноста, ширината и амбицијата на современото иранско кино, секој од нив нудејќи ...
Полициски службеници од СВР Штип ја лишиле од слобода 39-годишната Т.А. од Штип, под сомнение дека побарала и примила 300 евра поткуп од студент за да му овозможи положување испит, соопшти МВР Полициски службеници од СВР Штип на 29 јуни 2026 година ја лишиле од слобода 39-годишната Т.А. од Штип, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Според МВР, случајот бил пријавен ...
Во образложението за наградата за главна женска улога, жирито наведува: „Актерката Маја Љутков една од најтешките улоги на класичното писмо, Толстоевата Ана Каренина, ја изнесе суверено, модерно и длабоко промислено, претворајќи ја Анна во икона на модерното општество со која не е тешко да се поистоветиме. Лакот од несреќна, но цврсто вкоренета жена, до жена која губи сè поради љубовта, Маја Љутков го поминува навидум без напор, исцртувајќи ...
Во четврток 2.7 во Младинскиот културен центар во Скопје со почеток од 20 часот ќе се случи премиерата на претставата „Теорема, леме“ според филмот и романот на Пјер Паоло Пазолини кој за прв пат се поставува на театарска сцена во државава, во режија и адаптација на режисерот Мирко Радоњиќ од Црна Гора а во продукција на независниот театар „Златен Елец“ кој има над 20 продукции вклучувајќи ја и најновата претстава. Доколку Господ ви се јави ...
Традиционалната изложба „Поместени граници“, во организација на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), ќе биде отворена на 30 јуни со почеток во 20:30 часот во Уметничката резиденција „Македонида“, сместена во семејна куќа на улицата „Атинска“ бр. 2 во скопската населба Тафталиџе. Годинашното издание се реализира како резиденцијален престој во текот на мај и јуни, а изложбата, која е дел од програмата на „Скопско лето“, ќе може ...
Со врачување на највисоките фестивалски признанија, „Златен венец“ и „Браќа Миладиновци“, и меѓународното поетско читање „Мостови“ вечерва на Мостот на поезијата во Струга заврши 65-тото издание на Струшките вечери на поезијата. Наградата „Златен венец“ на холандската поетеса Анеке Брасинга ѝ ја врачи в.д. директорот на НУМ Струшки вечери на поезијата, Никола Кукунеш. Претседателката на жири-комисијата за доделување на наградата „Браќа ...
Програмата на Кинотеката на Македонија за јули 2026 претставува внимателно осмислена филмска целина која ги обединува највредните аспекти на македонската кинематографија: почитта кон авторите што оставиле длабока трага во националната култура, афирмацијата на современото филмско творештво и грижата за зачувување на богатото филмско наследство. Во текот на целиот месец, публиката ќе има можност да проследи разновидна програма составена од ...
Три децении по својот прв концерт, Фолтин ја најавува најобемната јубилејна програма во својата историја. Под насловот „Фолтин 30 – три децении музичка слобода и жива врска со публиката“, во текот на 2026 година ќе бидат реализирани повеќе концертни, издавачки и мултимедијални активности кои го одбележуваат патувањето на еден од најавтентичните музички состави на овие простори. Централниот настан ќе биде големиот јубилеен концерт во Хераклеа ...
По првите две пријавувања, во средните училишта низ државата се пријавиле вкупно 18.002 ученици, од кои 13.423 се веќе запишани по првото пријавување, а резултатите од второто пријавување ќе бидат целосно финализирани откако ќе заврши процесот на селекција во уметничкото образование Во гимназиско образование, во двата рока за упис во средно училиште, се запишале 4.653 ученици, а во средно стручно се запишале 10.823 ученици, инфрмираат во ...
Секој полнолетен граѓанин ќе може кај својот матичен лекар јасно да се произнесе дали сака да биде органодарител, со што ќе се овозможи создавање појасна слика за ставовите на граѓаните и дополнително ќе се зајакнат довербата и информираноста за органодарителството. Ова е предвидено со новите законски измени кои ги најави министерот за здравство Азир Алиу на панел дискусија за органодарителство што се одржа во Гостивар. Измените предвидуваат ...
Тони Наумовски е овогодинешниот добитник на престижната награда „Мето Јовановски“ за високо уметничко достигнување во уметноста на филмот за 2026 година, на петтото јубилејно издание на Фестивалот на балкански и медитерански филм „Преку езерото“ во Дојран. Македонскиот актер со меѓународна кариера Тони Наумовски е добитник на признанието „Мето Јовановски“, кое му беше врачено како признание за неговиот исклучителен придонес во филмската ...
Збирката „Во куќата“ на Николина Андова Шопова во издание на „Бегемот 2026“ е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година што ја доделуваат Струшките вечери на поезијата за најдобра поетска збирка меѓу две фестивалски изданија. Одлуката ја донесе комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“ 2026 во состав: Наташа Аврамовска, претседател и членови Весна Ацевска, Весна Мојсова-Чепишевска, Владимир Илиевски и Виолета ...
Поетски читања, авторски портрети и промоции на книги беа дел од програмата на вториот фестивалски ден на Струшките вечери на поезијата. Во рамки на програмата, своја поезија читаа авторите кои влегоа во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2026 година, што се доделува за најдобра поетска книга објавена на македонски јазик меѓу две фестивалски изданија. Поетски портрети имаа и минатогодишната добитничка на признанието, Јулијана ...