„Силјан“, новиот документарен филм на двојно оскар-номинираната режисерка Тамара Котевска, ја освои една од најретките награди на Биеналето – „Cinema and Arts Award“, позната и како „Наградата на Музата“, која е дел од официјалната натпреварувачка програма на најстариот и најпрестижен филмски фестивал во светот во Венеција. Во конкуренција од 20 филмови за ова признание, „Силјан“ го освои првото место и беше прогласен за најинспиративен филм на ...

Психоделичниот собир ,,Free Earth” и годинава се одржа во Аспровалта, Грција. Беа пуштени во промет 5.000 билети за да дојдат најразлични фестивалџии, трансери, технаџии, спиритуалисти, хипици, но и луѓе што едноставно сакаа да тераат музика + плажа, со оглед што организаторот го именуваше како ,,единствениот европски псајтранс фестивал на плажа”. ,,Free Earth” понуди три стејџови: Enlightment како главен псајтранс подиум, Oxygen како спореден ...

„Обезбедени се учебници за сите ученици, а за прв пат по седум години ќе има и учебници по странските јазици“. Ова го изјави министерката за образование и наука (МОН), Весна Јаневска на 31 август, еден ден пред стартот на новата учебна година. Сепак, Јаневска денеска, одговарајќи на новинарско прашање, призна дека учебници за сите ученици нема, објави агенцијата Мета.мк. „Од прво до трето одделение нема никакви поплаки. Во четврто одделение има ...

Кино на отворено Кочани е иницијатива посветена на заедницата и младите во Кочани, како гест на поддршка и солидарност по трагичниот настан во март 2025 година. „Со скромна, но внимателно избрана програма и проекции под отворено небо, оваа иницијатива е замислена како простор за заедничко собирање, сеќавање и надеж, потсетувајќи дека културата има моќ да лекува и обединува“, посочуваат организаторите. Киното ќе се одржи на 12 и 13 септември пред ...

Љубица Шопова Ако размислиме логично, постоењето на Светот низ сите негови фази е во состојба на постојана транзиција – од еден кон друг систем, од една кон друга сфера, од една кон друга парадигма со цел да се постигне нешто подобро, нешто повеќе за сите битија во однос на претходното. Но, низ тој процес на континуирана транзиција се прашувам дали навистина како луѓе променивме нешто? Односно, дали сакаме навистина да промениме или само наоѓаме ...

На планината Плачковица се одржа четвртото издание на ВИА – Вртешка Интердисциплинарни Активности, интердисциплинарна резиденција и фестивал на млади уметници и креативци од Македонија. „Програмата започна со резиденција, каде младите уметници разменуваа искуства, истражуваа нови форми на креативно изразување и работeа на подготовка на своите изложби и изведби. Централен проект беше современата адаптација на ‘Сон на летната ноќ’ од Шекспир, која ...

Националното студентско тело, претставничко тело на сите студенти во државата, испрати барање до Министерството за образование и наука (МОН) за зголемување на сумата за субвенциониран студентски оброк од почетокот на 2026 година. „Согласно Законот за субвенциониран студентски оброк, износот на субвенциониран студентски оброк се усогласува со согласност со инфлациската стапка после секоја фискална година, а пред донесување на републичкиот Буџет ...

Почнувајќи од септември, па се до крајот на годината, „Јуроп хаус“ ќе реализира низа активности во Кочани кои ќе бидат посветени на учениците од основните и средните училишта. Активностите започнуваат на 4 септември со настапот на „Биби и Боби“ на градскиот плоштад, пред Домот на култура. „Настанот се организира по повод почетокот на учебната година, со посебен акцент на најмладите, првачињата“, велат од „Јуроп хаус“. Следната активност, под ...

Самостојната изложба насловена „En Plein Air“ од архитектката и визуелната уметничка Симона Мирчевска се отвора денеска, 3 септември, со почеток во 20 часот во Културен центар „Магазата“ во Битола. „Изложбата опфаќа апстрактни пејзажи од Пелистер, настанати in situ, на лице место под отворено небо, како обид да се долови вистинитоста и автентичноста на природата и моментот. Со овој проект во Битола, под Пелистер, се залагам за развој и ...

Целовечерен самостоен концерт на „Фолтин“ ќе се одржи во сабота, 6 септември, на летната сцена на ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, со почеток во 21:30 часот. „Оваа и следната година ‘Фолтин’ ја одбележуваат својата 30-годишнина од формирањето и првиот самостоен концерт. Основана во 1995 година во Битола, групата е препознатлива по својот уметнички и експериментален израз. Текстовите често се фонетска имитација на неколку медитерански јазици – ...

Сестрите Ивана и Анастасија Павловски од креативното студио за редизајн на стари работи „Комбо“ објавија дека веќе некое време реновираат мал простор кој се наоѓа веднаш до нивниот во Железара и го подготвуваат да стане Јавна мини библиотека наречена „Невенка“. Ќе го отворат утре, 3 септември, со почеток од 18 часот на адреса „Коце Металец“ 1ѓ. „Невенка е дом на стари книги и простор инициран и ко-финансиран од Наум и Невенка Пановски, а ...

Ракописот со наслов „Кривата Дијана (роман за верижната вина)“ од Фросина Пармаковска, е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2025 година. Во најтесниот избор беа разгледани и романите: „Пацер“ од Коста Бојчески, „Изгубени низ дупки во џебовите“ од Ники Борас и „Солдат 1882“ од Добре Тодоровски. На седмиот конкурс за наградата „Пегаз“, што ја доделува издавачката куќа „Арс Ламина“ во соработка со Фондацијата за ...

Кинотеката на Македонија од 13 септември ја започнува новата Филмска училница – едукативна програма наменета за ученици од основното образование (11 до 14 години) кои сакаат да ја откријат магијата на филмот и да ги совладаат првите чекори во создавањето на сопствени кратки филмови. „Филмската училница ќе се одвива секоја сабота, во текот на десетина последователни викенди, до почетокот на декември. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со ...

На 4 септември со почеток во 20 часот во продажниот ликовен салон на Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје ќе се отвори изложбата на цртежи „Ликовни одрази: Линија, форма и простор“ од академскиот уметник Филип Перески. „Перески ликовно ги истражува бескрајните можности и начини со коишто инвентивно ги реконтекстуализира – линијата врз дводимензионалната површина и формата во тродимензионалниот простор. Неговиот цртеж и сликарство се ...

На југот од Македонија, во селото Фурка кое за жал, брои сè помалку детски чекори, денеска учебната година започна само за едно прваче – малата Антонија. Таа е единственото новозапишано детенце во подрачното училиште „Кочо Рацин“ во ова населено место. За неа, 1 септември значеше почеток на училишниот пат, но и сознание дека таа е буквално единствена во својата генерација, пишува агенцијата Мета. Во малите рурални места во земјава во кои животот ...

Денеска, 1 септември, започнува новата учебна година за 245 илјади ученици во Македонија. 177.800 од нив се основци, а 67.200 средношколци. Според министерката за образование и наука Весна Јаневска обезбедени се учебници за сите ученици, условите за настава во повеќе училишта се значително подобрени, а инклузијата е „подигната“ со ангажирање на зголемен број образовни асистенти во основното, но и средното образование. „Со нов Закон за учебници ...

Независниот театар „Штрих“ го организира „Under 600“ – фестивал што ќе ги обедини независните театри од Западен Балкан, од 25 до 28 септември на различни локации во Скопје, каде ќе се одиграат репрезентативни претстави од независната сцена од регионот. „Преку овој ревијален фестивал, публиката ќе има можност да се запознае со моменталните трендови и естетички тенденции во современиот независен театар, како и предизвиците со кои тој се соочува“, ...

Најмалку 622 лица загинаа, а повеќе од 1.500 се повредени по разорниот земјотрес со јачина од 6 степени што го погоди Авганистан соопшти утринава талибанското Министерство за внатрешни работи Земјотресот се случил во неделата пред полноќ во планинската провинција Кунар, со епицентар 27 километри североисточно од градот Џалалабад во соседната провинција Нангархар, соопшти Американската геолошка служба (USGS). Дваесет минути подоцна, во истата ...

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје го започнува четвртиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ со романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска како книга на месецот, а разговорот со авторката ќе се одржи во среда (3 септември) во 19 часот во спомен-собата „Т’га за југ“. „Кампањата започна во септември 2022 година и досега беа претставени вкупно 24 современи македонски автори и исто толку дела. Проектот, низ ...

Премиерата на претставата „Ангели во Америка“ од Тони Кушнер ќе се одигра утревечер, 1 септември, со почеток во 20 часот во Македонскиот народен театар. Режисер е Филип Петковски, а играат Јордан Симонов, Александар Стоименовски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска. „Кога зборуваме за големите американски драмски текстови, најчесто ги спомнуваме великаните како Тенеси Вилијамс, ...

Ретроспективната изложба „Живот посветен на архитектурата“ е прва сеопфатна презентација на делото на еден од највлијателните македонски архитекти – Живко Поповски, ќе се отвори на 3 септември, среда, со почеток од 20 часот во Музеј на современа уметност во Скопје. „Темелена врз повеќегодишно истражување на проф. д-р Анета Христова – Поповска и проф. д-р Мери Батакоја, изложбата го осветлува неговиот проектантски опус, претставен со ексклузивни ...

„Овој 1 септември не го означуваме почетокот на учебната година, туку 10 месеци од падот на настрешницата. Се сеќаваме на трагедијата, бараме одговорност, се бориме за подобра земја. Не ги вртиме главите. Заедно до крај“, напишаа студентите во блокада на факултетите во Србија на својот Инстаграм профил, најавувајќи го протестот на 1 септември, со цел да ги поддржат средношколците кои најавија голем протест пред неколку дена. Тие објавија и мапа ...

Синоќа заврши 16. издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“, што се одржа од 21 до 28 август во Куршумли ан, плато пред Музеј на Македонија, Сули ан, МКЦ и „Лабораториум“ во Скопје со мото „Кому му е гајле за реалноста?“. Традиционално на „МакеДокс“ се доделуваат пет награди, „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Награда за најдобри етички идеи, а во комисиите за наградите членуваа 15 интернационални ...

„Маските како лице на денешницата“ од Бојана Мандевска и „Моќ во боја“ на Филип Матевски се двете самостојни изложби кои ќе се отворат на 2 септември со почеток во 19 часот во Галерија 2 во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. „Изложбата на Бојана Мандевска претставува колекција од рачно изработени глинени маски, кои ја отсликуваат внатрешната приказна на авторката – емоции, мисли и искуства, преточени во ликови инспирирани од ...

Ви ја претставуваме втората епизода од новиот серијал видео подкасти „Балкански перспективи“, во соработка со ProPeace. Професионалци од различни области во општеството ќе говорат за нивните искуства и како последиците од конфликтот во 2001, Охридскиот рамковен договор и помирувањето се отсликуваат во нивните професии. Во епизодата „Млади против поделби“ Ристо Савески и Ана Наумоска разговараат за тоа како последиците од конфликтот во 2001, ...

Независниот театар „Златен Елец“ од Скопје во сабота, 30 август, ќе гостува во Народниот театар во Тузла на фестивалот „Позориште без граница“ во организација на „Драфт театар“, со дуодрамата „Добри луѓе“ во режија и адаптација на Тамара Стојаноска. Со оваа изведба ќе заврши и летната турнеја со оваа претстава, која претходно гостуваше во Крушево, Радовиш, Демир Капија, Велес, Скопје и во планинарскиот дом „Вртешка“ на ВИА 2025 (Вртешка ...

Денеска завршува 16. издание на фестивалот на документарен филм „МакеДокс“. На последниот фестивалски ден, традиционално, со почеток од 20 часот во Куршумли ан ќе се доделат наградите „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Награда за најдобри етички идеи. Во комисиите за наградите членуваат 15 интернационални професионалци од документарниот филмски свет. Членови на комисијата за наградата „Кромид“ за најдобар долгометражен ...

Со долг аплауз и стоечки овации, филмот за Мајка Тереза – „Мајка“ на режисерката Теона Стругар Митевска беше премиерно прикажан на 81. Венецискиот филмски фестивал во преполната „Sala Darsena“, отворајќи ја престижната селекција „Хоризонти“. „Филмот раскажува интимната и драматична приказна за младата Тереза во Калкута, 1948 година – во мигот кога таа чека одобрение од Ватикан да го напушти манастирот и да основа нов ред. Во главната улога ...

Премиерата на документарецот „Време, вода, наследство: Охрид“ од Илија Пиперкоски за 70 години Охридски пливачки маратон ќе се случи денеска, 18 август, со почеток во 21:15 часот во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид. „’Време, вода, наследство: Охрид’ е динамичен документарец за 70 години Охридски пливачки маратон – спорт што ја мери човечката издржливост, волја и амбиција. По сценарио и режија на Илија Пиперкоски, филмот преку ретки ...

Четвртиот долгометражен документарен филм на Тамара Котевска кој се снима во Сибир е селектиран на престижниот копродукциски маркет на Венеција и оваа година авторката ќе се претстави со два документарни филмови на фестивалот. „Нема многу режисери во светот кои се впуштаат во толку ризични и храбри подвизи како нашата Тамара Котевска. На Сибир ретко кој на планетава може да се пофали дека бил а уште помалку дека снимал авторски филм. Котевска е ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
7.2
74%
1008
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
93%
1010
weather icon

Софија

9ᴼ / 6ᴼ
6.69
81%
1011
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
4.33
89%
1012
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
96%
1010
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
3.58
91%
999
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
82%
1003
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
100%
1005
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 11ᴼ
8.23
87%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
3.6
86%
1011
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
4.12
51%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.5874

Никел

471972.96

Рутениум

29192.88

Кобалт

55.67

Иридиум

145787.60

Сребро

1837.41

Злато

135322.28

Алуминиум

2.89

Цинк

3.24

Бакар

10.76

Платина

53106.37

Паладиум

45879.12

Калај

40.11