„Ги следиме случувањата и трендовите во светот и поставуваме соодветни профили на ризици. Во изминатите две недели на граничен премин Меѓународен Аеродром Скопје беа откриени три обиди за криумчарење на злато со тежина од 285 грама и со вредност од 23 илјади евра“. Ова го истакна директорот на Царинската Управа, Бобан Николовски во вчерашното гостување на Централниот Дневник на МРТ 1. Царинска управа, претходно, информираше и за спречен обид ...

Поранешен градоначалник на Сарај и овластено службено лице од Град Скопје добија кривични пријави за „злоупотреба на службената положба и овластување“. Од МВР информираат дека денеска Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО Скопје поднела кривична пријава против З.Д. (61) од Скопје, поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело ...

Филипче се однесува како Алиса во земјата на чудата, СДС е партија на лагите и конструкциите, живеат во свој свет полн со апсурд и фантазија. СДС и Филипче, по поразот на локалните избори на кои дојдоа до 130 илјади гласови, најмалку во нивната историја, излегоа на прес-конференција и велеа дека тоа било одличен резултат, изјави Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -СДС и Филипче, по стратешкиот договор со Велика Британија, со кој ...

Во израелски напад врз јужниот либански крајбрежен град Тир загинаа најмалку 13 луѓе. Нападот е извршен кратко време пред стапи во сила 10-дневното примирје помеѓу Израел и Либан, соопшти либанската Цивилна одбрана. При нападот погодени се четири згради во центарот на Тир. Досега пронајдовме 13 тела и веруваме дека повеќе од 20 лица сè уште се заробени под урнатините. Повеќе од 35 лица се повредени, а операциите за пребарување и спасување се ...

Шефот на словачката дипломатија Јурај Бланар изјави дека Словачка ќе ги блокира новите санкции на Европската Унија против Русија доколку не добие гаранции за испорака на нафта преку нафтоводот „Дружба“, што беше оштетен во руските напади врз Украина на 27 јануари. Словачка и Унгарија, кои се во голема мера зависни од руската нафта, ја обвинија Украина дека се обидува да ја одложи поправката на нафтоводот. Доколку нафтоводот „Дружба“ не биде ...

СДСМ поднесе кривична пријава против премиерот Христијан Мицкоски за рушење на Уставот и кршење на законите, соопшти денеска Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар на партијата. Од позиција на премиер, Мицкоски јавно најавува кривични прогони, таргетира конкретни луѓе од опозицијата и нивните семејства со однапред напишани обвиненија. Неговото „имам чувство“ го диктира стравот затоа што знае дека ќе мора да се соочи со одговорноста. ...

Со голем концерт во арената „Борис Трајковски“ на 3 октомври 2026 година, Тамара Тодевска ќе одбележи 25 години музичка кариера, но и ќе најави нова ера со албумот „Кукла жива“. Станува збор за уникатно музичко доживување, реализирано во соработка со македонскиот диригент, композитор и аранжер Емин Џијан и неговиот оркестар. Картите за овој концерт се веќе пуштени во продажба и можат да се купат преку продажната мрежа на WayIn. Концертот е во ...

Од 23 до 29 април, во Битола ќе се одржи 27. издание на Интернационален фестивал на монодрама. „Битола повторно ќе стане светска театарска сцена каде еден актер е доволен за да создаде цел универзум од емоции, приказни и трансформации. Официјалната програма е со внимателно избрани претстави од различни земји, уникатни актерски интерпретации и силни сценски исповеди кои го слават најчистиот облик на театарот – монодрамата. Во текот на седум ...

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ф.Ѓ. (58) од Ресен поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Според информациите, во текот на 2026 година, пријавената во својство на в.д. директор на Јавната установа – Национален парк „Галичица“ – Охрид, со пропуштање на должен надзор дозволила изведување активности и склучила договор за соработка со приватно претпријатие од Охрид за тампонирање на ...

Корпусот на иранската револуционерна гарда (ИРЦГ) денеска издаде остро предупредување до САД и Израел да очекуваат итна одмазда доколку го прекршат сегашниот прекин на огнот, јави ДПА. Во соопштението објавено од агенција Тасним пред Денот на националната армија на Иран, што ќе се одбележи утре, ИРЦГ ја нагласи својата подготвеност да одговори на каква било воена закана со „разорни и смртоносни напади“. Иранските елитни сили соопштија дека се ...

Понова, пософистицирана терапија за третманот на лицата со хемофилија побара денеска Цветанка Наќеска од Здружението на лица со хемофилија, Фон Вилебранд и ретки коагулопатии – „Хемолог“. Таа рече дека вторпат во државата не се прославува 17 април – Светскиот ден на лицата со хемофилија и сите ретки коагулопатии. Немаме ниедна причина за прослава. Прво и основно, ние немаме доволно терапија за да функционираме и да можеме да прославуваме. ...

Повеќе од кога било на светот му се потребни одговорни лидери, рано предупредување на ризиците, како и превентивна наместо реактивна дипломатија – истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето на „Панелот на лидери“ на тема „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите“, што се одржа во рамките на 5. Дипломатски форум во Анталија. Говорејќи за глобалните неизвесности, таа предупреди на растечката опасност од ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, во своето поздравно обраќање на 18. Европски конгрес на абдоминални хирурзи истакна дека денешната агенда отвора суштински теми за иднината на здравството, меѓу кои медицината заснована на докази и трансплантацијата. Науката не е само стратегија и систем, туку и човечка приказна. Таа се одвива во операционите сали, во рацете на лекарите и во одлуките што спасуваат живот. Токму трансплантацијата е најсилниот ...

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, оствари работна посета на Општина Вевчани, каде одржа средба со градоначалникот Спасе Кочовски, како и со членовите на Советот и општинската администрација. На средбата се разговараше за имплементацијата на проектите одобрени во 2025 година, како и за најитните потреби за поддршка од централната власт. Посебен акцент беше ставен на потребата од ...

Свеченото отворање на 22. издание на „Танц фест“ ќе се одржи на 18 април (сабота) во Македонскиот народен театар (МНТ) во 20 часот, со гала вечер која ќе го одбележи почетокот на фестивалската програма. На отворањето ќе настапи ѕвездата на Париската опера, балерината Роксан Стојанов, заедно со Антонио Конфорти, уметник од Париската опера, со специјален настап подготвен за ова издание на фестивалот. Во рамки на вечерта ќе се одржи и финалето ...

Според статистиката, веќе имаме прилив на иселеници, не е голем, но луѓе почнаа да се враќаат во Македонија. Тоа е резултат на политиките што ги спроведува оваа Влада – изјави денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска. Прашана за коментар на податоците од Државниот завод за статистика во однос на намалувањето на бројот на основци во училиштата во земјата, Јаневска од настан за почеток на доградба на училници во основно ...

Со инвестиција на Министерството за образование и наука од 36,7 милиони денари се проширува капацитетот на основното училиште „Страшо Пинџур“ во општина Ѓорче Петров. Се доградува нов објект со површина од 700 квадратни метри кој ќе има 6 училници и тоалети и со тоа ќе се создадат услови за воведување на едносменска настава во следната календарска година. Денес на поставувањето камен темелник присуствуваа претседателот на Владата проф. д-р ...

Музичкиот фестивал „Сепак се врти“ отвори кампања за онлајн донации за финансирање на овогодишното издание на манифестацијата. Организаторите на фестивалот, колективот „Гола планина“, беа принудени на ваков модел на финансирање, откако не добија поддршка од Министерството за култура и туризам, и покрај тоа што Министерството го поддржа успешното ланско издание на фестивалот. Кампањата се спроведува преку македонската „crowdfunding“ платформа ...

Неколку книжевни настани ќе се одржат во рамки на „Булевар Ослободување бр. 2026“, на 17 и 18 април, во организација на издавачката куќа „Булевар Ослободување“ од Скопје. Првиот од настаните е насловен „Отпор, бунт: ослободување на стихот“ и ќе опфати читање перформативна и слем поезија, со настап на дванаесет автори: Живко Грозданоски, Марија Грубор, Ива Дамјановски, Ѓоко Здравески, Александра Јуруковска, Владимир Лукаш, Матеј Петров, Елена ...

Колективниот договор во културата бил усвоен без позитивно мислење од Министерството за финансии, вели премиерот Мицкоски и додава дека за еден колективен договор да биде применлив, неопходно е претходно да постои согласност од Министерството за финансии, што, според него, во овој случај недостигало. Нагласува дека доколку сакаме да имаме функционална држава треба да има ред и да се почитуваат законите. На владината седница на 31 декември ...

А, вистината е таа! Драги есдесовци, за никаде сте. На сите им е јасно дека не вредите ништо, дека сте долу, најдолу запечатени и оцрнети на вашиот празен казан, а вие уште упорно и понатака го држите на оган додека ви изгоре и самиот казан, за вие неколкумина, казанџии недоветни, неспособни, самобендисани тврдите дека вадите лута ракија, а производот ви е препир за бришење стакло и прашливи прозори. “Мајстори“ сте за производство на БРЛЈА. А ...

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против судијата Ѓоко Ристов од Апелациониот суд Скопје, откако во домот на неговите родители во Неготино беа пронајдени 350.000 евра скриени во ѕид. Обвинението следи по веќе завршената постапка против адвокат, ексдржавен правобранител, кој призна вина дека побарал 100.000 евра и примил 20.000 евра за да посредува со влијание врз апелациски судија за ...

Археолошкиот локалитет Стоби претставува едно од најзначајните културни богатства на Република Македонија и важен столб на нашиот културен идентитет – изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков при денешната посета на локалитетот. Тој нагласи дека државата континуирано ја поддржува Националната установа Стоби обезбедувајќи значителни буџетски средства за заштита, конзервација и презентација на овој уникатен археолошки комплекс. Оваа ...

Откога е во примена Законот за високо образование од 2018 година, нашите универзитрти ги нема на меѓународните ранг-листи. Професорите бараат и имаат повисоки плати, а не пишуваат ниту еден научен труд во годината. Така повеќе не може да биде, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарски прашања тој рече дека „импровизираат и манипулираат сите оние политички шпекуланти кои велат дека со законот за високото ...

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски присуствуваше на поставување на камен темелник за доградба на ООУ „Страшо Пинџур“ во населено место Даме Груев, Општина Ѓорче Петров. Би сакал, исто така, и јас да ја изразам својата благодарност, најпрвин на Министерството за образование и наука што во делот од капиталните инвестиции, вклучува ваков тип на инвестиции, односно во образованието, нешто коешто е многу важно за ...

Секој има право да си се допишува и да праќа писма, но моите чувства се се посилни, рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање за став на информацијата дека лидерот на СДСМ Венко Филипче испратил писма до сите официјални институции во ЕУ, но и до сите амбасадори во земјава по изјавата на премиерот дека има чувство оти можеби ќе има прогон на поранешни функциониери од сегашната опозиција. СДСМ претходно денеска соопшти ...

Капиталното дело „Македонски етимолошки речник“ (А-Ж) од проф. д-р Гоце Цветановски не е само лексикографски збир, туку длабок приказ на идентитетскиот код на јазикот, кажа на промоцијата проректорката на УКИМ, проф. д-р Соња Топузовска. Промоцијата на изданието беше во свечената сала на Ректоратот на УКИМ и претставува историски исчекор за македонската лингвистика пополнувајќи ја повеќедецениската празнина во словенската етимолошка наука. ...

На 18 април (сабота) од 20.00 часот на Сцена 105 во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде изведена претставата „Лидија, или сè што знам за жените“. Се работи за експериментална документарна монодрама во развој, според истоимениот прв поетски роман од Тихомир Јанчовски. Адаптацијата, режијата и актерската игра е на Игор Трпчески. Музиктаа на акустична гитара е на Тони Миќевиќ, а тонот е на Томе Темелкоски. „Лидија, или сè што ...

На 17 април (петок) од 19.00 часот во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата „Дозимери“ од Драган Верговски -Алпи. Ќе бидат изложени 30 дела работени на картон и на алуминиумски лим, на кои се пренесени најразлични мотиви ; крстови, пејзажи, кочанско поле…. Циклусот го работев оддеднаш како да претчуствував голема трагедија. И потоа се случи трагедијата во Кочани. По 20 часа дневно ...

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека растот на прометот во индустријата е солиден и оти ниедна земја во регионот нема таков раст. Вели дека има предизвици во индустријата, особено во делот на слабата активност на дел од рудниците, но нагласува дека оваа власт ќе направи сè постојните да се поактивни и да се отворат нови. Во таа намера, како што истакна, нема да ги спречат оние што не ѝ мислат добро на државата и кои би сакале сите рудници ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
77%
1017
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
3.13
67%
1014
weather icon

Загреб

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
94%
1014
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
77%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.41
77%
1015
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
2.57
80%
1014
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
0.89
46%
1017
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
55%
1016
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
0.0
67%
1016
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.57
68%
1015
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.54
85%
1014
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
63%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9534

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Злато

152465.86

Платина

66744.95

Калај

52.70

Бакар

12.46

Родиум

319899.93

Сребро

2534.46

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Паладиум

49351.40

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.53