Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека осамна голем ден за светскиот мир, кој, како што изјави, го сакаше и Иран затоа што „му беше доста“ како и сите други, и рече дека САД ќе помогнат во развојот на сообраќајот во Ормуската Теснина и дека може да следи „златна ера на Блискиот Исток“. „Ќе има многу позитивни акции. Ќе се акумулираат големи пари. Иран може да го започне процесот на реконструкција. Ќе испорачуваме залихи од сите ...

Во рамки на работната посета на Вашингтон министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски остварил средба со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау, на која ја реафирмирале заедничката определба за силно и долгорочно партнерство. -Остварив билатерална средба со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау. Ја реафирмиравме заедничката определба за силно и долгорочно партнерство, засновано на ...

Специјалниот суд против корупција и организиран криминал денеска во отсуство му изрече казна затвор во траење од 11 години на Резарт Тачи, познат албански бизнисмен, сопственик на рафинеријата “ОИЛ тачи”(претходно “АРМО”). – Тачи беше прогласен за виновен за вмешаност во обид за перење 18,3 милиони евра, средства на италијанската мафија Коза Ностра, наводно за инвестирање во нафтената индустрија. Судењето против бизнисменот првично беше ...

Францускиот тим Монпеље ќе биде противник на ракометарите на Вардар во четвртфиналето од Лига Европа. Монпеље вечерва го загуби реваншот од осминафиналето со норвешки Елверум со 35:31, но благодарение на победа од 36:24 во првиот натпревар обезбеди пласман меѓу осумте најдобри во ова натпреварување. Првиот натпревар се игра во Франција на 28.април, а реваншот е 5.мај во Скопје. Од другите реванш осминафинални дуели вечерва Флензбург и Архус ...

Претставникот на Иран во Обединети нации, Амир-Сајед Иравани изјави дека Техеран „моментално ќе преземе пропорционални мерки“ ако американскиот претседател Доналд Трамп вечерва ги исполни своите закани за уништување на иранската цивилизација. Иравани наведе дека изјавата на Трамп дека „цела цивилизација ќе умре“ ако Иран до крајот на денот не се согласи на договор со САД „претставуваат поттикнување на воени злосторства, а потенцијално и на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски учествува во Стратешки дијалог Македонија – САД, којшто се одржува во Вашингтон, каде што се одржува втората сесија од овој важен билатерален процес. Како што соопшти Министерството, Стратешкиот дијалог претставува значајна платформа за продлабочување на соработката меѓу Македонија и САД, со фокус на безбедноста, владеењето на правото и институционалниот развој. Во рамки на дијалогот, ...

Во организација на здружението „Производители на млеко“ земјоделци од повеќе делови на Албанија, протестираа денеска во Тирана, во знак на незадоволство од владината „национална шема за земјоделство“. Протестот беше одржан пред Министерството за земјоделство и рурален развој, на кој земјоделците тврдеа дека Националната шема за поддршка на земјоделството за 2026 година не обезбедува поддршка за нив. -Трошоците за земјоделски и сточарски ...

– Во рамки на Стратешкиот дијалог со САД кој се реализира во Вашингтон, министерот за одбрана Владо Мисајловски ја предводеше првата сесија од разговорите посветена на одбранбените и безбедносни прашања при што укажа на долготрајното партнерство помеѓу двете сојузнички земји кое „ги зајакнува одбранбените капацитети и ги зацврстува мирот и безбедноста“. Пред претставниците на американскиот Стејт департмент, Мисајловски истакна дека ...

Македонскиот претставник во АБА 2 лигата ТФТ утре го игра првиот натпревар од полуфиналето од плејофот против Сутјеска на гости во Никшиќ. ТФТ со победа во мајсторката успеа во претходната рунда да го елиминира тимот на Златибор и на тој начин ги продолжи натпреварите во регионалното натпреварување. – Не очекува тежок натпревар против Сутјеска, екипа која според самата организациска структура, квалитет и игра покажува амбиции за пласман во ...

Владата денеска го усвои законот за правична и соодветна застапеност, со којшто, како што информира министерот за европски прашања Беким Сали, се воспоставува баланс и истовремено се поставуваат темелите на професионална, транспарентна, модерна и силна мултиетничка администрација. – Посебно внимание се посветува на подобрување на застапеноста на граѓаните кои припаѓаат на заедниците што се подзастапени во органите на државната власт и другите ...

Портпаролката на владата на Иран, Фатемех Мохаџерани, по заканата на американскиот претседател Доналд Трамп за уништување на иранската цивилизација, изјави дека тоа е „знак на незнаење“, кој нема да придонесе за можен дијалог. – Зачувувањето на мирот и безбедноста на граѓаните е наш врвен приоритет, а заканите нема да ја вознемират јавноста. Вратата за дијалог се отвора со почит; патот на заканите, ситничавоста и понижувањето не е пат кон ...

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска одржал средба со досегашните претседатели на законодавниот дом Тито Петковски, Трајко Вељаноски и Јован Митрески кои информирал за процесите на донесување на нов етички кодекс за пратениците и на дигитализација на целокупното работење на Собранието, што почна да се применува од 1 јануари оваа година. Укажал на значењето на дигитализацијата на видео записите од седниците на Собранието почнувајќи ...

Фудбалерите на Силекс постигнаа гостинска победа од 3:0 против Тиквеш во Кавадарци, додека во Куманово Башкими и Брера одиграа без голови 0:0 во првите два дуела од 26.коло од Првата фудбалска лига. Силекс поведе во 17.минута со голот на Пиреш, а во финишот на првиот дел на 2:0 зголеми Алиќ. Конечните 3:0 за кратовчани ги постави резервистот Велиновски во финишот на натпреварот. Со трите бодови Силекс се зацврсти на четвртото место на ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба во канцеларијата на Chevron Corporation во Вашингтон, посветена на унапредување на енергетската соработка и обезбедување стабилно и диверзифицирано снабдување со нафта и течен природен гас (LNG). Разговорите, како што информираат од Кабинетот на Божиновска, биле фокусирани на клучни теми за енергетската иднина на државата, вклучително и ...

Поранешните НБА играчи кои оставија белег во лигата Трејси Мекгрејди и Кармело Ентони сметаат дека играчот на ЛА Лејкерс Лука Дончиќ би требало да добие индивидуални награди и покрај тоа што има помал број на одиграни натпревари (65 е минимум). Дончиќ во моментов е најдобар стрелец на лигата со 33,5 поени по натпревар и има одиграни 64 натпревари, но за него сезоната е завршена поради повреда. Словенечкиот репрезентативец во моментов е на ...

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против 10 лица, како и обвинителен предлог против уште 11 физички и 4 правни лица, по спроведена обемна истражна постапка. Според соопштението, десеттемина обвинети се товарат за кривично дело „злосторничко здружување“, додека тројца од нив, како организатори, се обвинети и за „даночно затајување“ и „перење пари“. Останатите се гонат за „даночна ...

Министерот за дигитална трансформација, кој е дел од Владината делегација на Стратешкиот дијалог помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави во Вашингтон, изјави дека во рамки на партнерството се разгледуваат можности за поддршка во развој на напредни сајбер-капацитети и зајакнување на заштитата на клучните државни системи, преку обука, опрема и размена на експертиза. -Стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави ...

Пред членовите на собраниската Комисија за надворешна политика и надворешна трговија денеска новите тројца амбасадори ги претставија своите платформи за дипломатските активности. Во Кралството Данска ќе нè претставува Фадил Зендели, во Украина – Димитар Блажевски и во Република Албанија – Веле Трпевски. Во однос на соработката меѓу Република Македонија и Кралството Данска, Зандели истакна дека таа се реализира врз основа на заеднички ...

Претседателот на Иран Масуд Пезешкијан денеска изјави дека повеќе од 14 милиони Иранци изразиле подготвеност да ги жртвуваат своите животи во одбрана на Иран. „Повеќе од 14 милиони горди Иранци досега изразија подготвеност да ги жртвуваат своите животи во одбрана на Иран. И јас бев, сум и ќе бидам подготвен да го жртвувам својот живот за Иран“, напиша Пезешкијан на платформата Икс. Претходно денеска, иранскиот заменик-министер за млади и ...

Официјални претставници на Европската Унија ги повикуваат владите на државите-членки да избегнуваат прекумерна потрошувачка за ублажување на растот на цените на енергенсите и предупредуваат дека шокот предизвикан од војната на Блискиот Исток би можел да прерасне во фискална криза. Европската комисија во разговорите со членките инсистира предложените субвенции за енергенти, намалувањето на даноците и ограничувањето на цените да бидат временски ...

Министерот за одбрана на Италија Гвидо Крозето денеска изјави дека светот се соочува со „најтешката криза досега“ и предупреди дека нуклеарната закана и ескалацијата на судирите претставуваат ризик што тој го опишува како „лудило“. Крозето истакна дека ситуацијата во Иран и Украина ги покажува слабостите на мултилатерализмот и недостигот на поуки од минатите конфликти, вклучувајќи ги Хирошима и Нагасаки, пренесува „Кориере дела сера“. – Се ...

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, кој е во официјална посета на Будимпешта, изјави дека Вашингтон ќе соработува со секој кој ќе победи на изборите во Унгарија. – Премиерот Виктор Орбан го отвори патот за енергетска безбедност и независност, а европските лидери кои се борат со енергетската криза едноставно мораа да го следат примерот што го постави унгарскиот премиер, наведе Венс за време на заедничката прес-конференција со унгарскиот ...

Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија ББ- со стабилен изглед, согласно најновиот извештај објавен денеска, информираат од Министерството за финансии. Во извештајот се наведува дека економскиот раст во 2026 година се проектира на околу 3,4%, поддржан од силната домашна побарувачка, континуирано високото ниво на јавни инвестиции, особено во клучни инфраструктурни проекти. Агенцијата оценува ...

Ви благодарам претседателе Трамп и потпретседателе Венс што стоите покрај Унгарија! Најмоќната земја во светот денес е сојузник на унгарскиот народ. Мирот и безбедноста на Унгарија се загарантирани, напиша унгарскиот престедател Виктор Орбан на социјалните медиуми по средбата со потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј Ди Венс, кој допатува денеска во дводневна посета на Унгарија. Ви благодарам претседателе Трамп и ...

Вработените во Клиничка болница-Штип денеска го одбележа Светскиот ден на здравјето, 7 април. На свечената седница се прочита пораката од Светската здравствена организација (СЗО), а пред лекарите, медицинскиот и техничкиот персонал свое обраќање имаше директорот Владко Захариев. -Најнапред да ви го честитам денот на здравството, ден кој не посетува на благодарноста, хуманоста и одговорноста на нашата професија. Ова е ден кога со гордост се ...

Македонскиот ракометен репрезентативец следните две години ќе биде играч на Еурофарм Пелистер. – Нашиот клуб секогаш бил асоцијација за македонската репрезентација и во секој успех вградил многу свои членови и протагонисти. Затоа секој потпис на македонски репрезентативец многу ни значи. Денес го официјализираме како наш нов член Мартин Серафимов, десниот бек на националниот тим. Тој потпиша двегодишен договор со Еурофарм Пелистер и од ...

По спроведена темелна истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК до Основниот кривичен суд Скопје достави Обвинителен акт против 10 лица и Обвинителен предлог против уште 11 физички и 4 правни лица. Со Обвинителниот акт сите десет лица се обвинети за сторено кривично дело Злосторничко здружување, на тројцата организатори им се ставаат на товар дека сториле продолжено кривично дело Даночно затајување и кривично дело – Перење пари и други ...

– Тренерот на Наполи, Антонио Конте, одговори на прашање за евентуално назначување во италијанската репрезентација. Во март, Италијанците загубија од Босна во плејофот за Светското првенство во 2026 година. Италијанската репрезентација ќе го пропушти своето трето Светско првенство по ред. На почетокот на април беше објавено дека Џенаро Гатузо поднесе оставка од функцијата селектор на репрезентацијата. – Ми останува уште една година од ...

Израелските воздушни сили ја нападнале и уништиле синагогата Рафија Ниа во Техеран, соопштија ирански медиуми. По нападот, иранските медиуми објавија фотографија од водачот на иранските Евреи, Хамами Лалех Зар, кој ги проверува урнатините на неговата синагога по израелското бомбардирање. Сос вој став се огласи и претставникот на еврејската заедница во Иран во парламентот, Хомајун Самех Јах Наџафабади, кој изјави дека нападот на Израел врз ...

Од утринава, американските и израелските воздухопловни сили вршат интензивно таргетирање на транспортната логистика на Иран. Тие се обидуваат да уништат стратешки важни мостови и железнички јазли. Го таргетираат и островот Харг… Токму ова треба да се случи пред копнена инвазија. Ваквите напади покажуваат дека, очигледно, одлуката е веќе донесена. Дадено е зелено светло за нејзино спроведување. Тешко е да се одреди точниот датум, но врз основа ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
4.12
68%
1015
weather icon

Белград

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
54%
1015
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
1.03
48%
1016
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
49%
1016
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
1.63
49%
1014
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
2.06
52%
1017
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
2.24
51%
1017
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
4.63
49%
1013
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
45%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
2.24
46%
1015
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
2.06
48%
1015
weather icon

Истанбул

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
52%
1018
Currency

61.6317

Currency

52.5532

Currency

71.2398

Currency

38.0157

Currency

38.4742

Currency

67.3374

Currency

7.72826

Currency

0.70417

Currency

0.335

Currency

0.5252

Currency

1.16067

Currency

0.55767

Цинк

0.00

Алуминиум

3.50

Бакар

12.64

Платина

66101.93

Паладиум

48065.37

Иридиум

253540.09

Злато

151875.00

Сребро

2583.47

Рутениум

51376.89

Кобалт

45.39

Калај

54.78

Родиум

319899.93