Ендру Маунтбатен Виндзор, поранешниот британски принц, беше уапсен утрово на имотот Сандрингам, а беа објавени првите фотографии и видеа од апсењето. Поранешниот принц Ендру беше уапсен од полицијата на неговиот 66 роденден роденден. Полицијата објави дека поранешниот принц Ендру е уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција. Портпаролот изјави дека полицајците ја претресуваат куќата во Норфолк, како и онаа во која живеел со години. ...

Општина Гази Баба објави јавен повик за субвенционирање на стерилизацијата на домашни миленици. Локалната самоуправа целосно ќе ги надомести трошоците, но тие најмногу треба да изнесуваат 6.000 денари по миленик, а право на учество имаат жители на општина Гази Баба кои ќе достават комплетна документација. За да аплицираат, жителите треба да поднесат документација дека миленикот да е регистриран и чипиран, со валиден пасош, стерилизацијата да ...

Од суштинско значење за евроинтеграцијата на државата, особено во контекст на новата геополитичка реалност, е сите политички актери, особено Владата, да даваат опипливи резултати во клучните области, а во исто време ЕУ и нејзините држави членки мора ги исполнат своите обврски, целосно да ја поддржат земјата, вклучително и преку активен дипломатски ангажман, за да ѝ помогнат да напредува во исполнувањето на сопствените обврски – нагласува ...

Сакаме да имаме активна комуникација и активен ангажман со Софија, а доказ дека можеме да соработуваме е изградбата на Коридорот 8, рече денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Вчера, додаде тој, присуствував во Тирана на настан посветен на Коридорот 8, каде што опипливи мерки се преземаат и од двете страни за реализација на овој проект. – Но, исто така кажавме дека и западниот сегмент од Коридорот 8, во ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека ако се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, нема да води историски дебати, туку ќе разговара за брзо завршување на војната. Постои безбедносен проблем. Против нас се води голема војна. Тоа се нашите животи. Единственото за што сакам да разговарам со него, според моето мислење, е дека мораме успешно да го решиме ова. Мислам дека бргу ќе ја завршиме оваа војна. Затоа сакам да ...

Го поздравуваме интересот на СДС во однос на темата со владиниот авион, бидејќи самата тема покрај ситно политичките поени кои сака да ги добие СДС што секако ги занемаруваме, отвора и други значајни аспекти, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешното соопштение на СДСМ. Треба СДС пред да влезе во материјална и теснограда расправа за владиниот авион да биде свесна дека ние сме држава врз која има еден нерасветлен атентат врз ...

По одигрувањето на четвртфиналните натпревари на машкиот хокеарски турнир на Олимписките игри во 2026 година, репрезентациите на САД, Канада, Словачка и Финска се пласираа во полуфиналето. Според принципот на рангирање, полуфиналните парови ќе бидат: Канада – Финска САД – Словачка. Полуфиналните натпревари ќе се одржат утре, 20 февруари. Термините се 16:40 и 21:10 часот. Финалето е закажано за 22 февруари, а натпреварот за третото место е ден ...

Сакаме да имаме активна комуникација и активен ангажман со Софија, доказ дека можеме да соработуваме е Коридорот 8. Имаме и конкретна комуникација со Европската Унија. Една од темите за кои дискутиравме со претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, во Минхен беше процесот на потенцијално изнаоѓање решение со соседна Бугарија и тоа е нешто на што ние ќе работиме, но во рамките на принципите кои ни се јасни – изјави министерот за ...

Во четврток во Велес: проекции на „Свадба“ и „Оркански височини“, информираат од Киноверзум / Во периодот од 19 до 25 февруари, нема да бидеме во можност да прифаќаме резервации преку телефон и порака. Ве замолуваме билетите да ги купувате онлајн преку нашата веб-страница. Продажбата на билети на каса ќе се одвива по принципот: прв дојден – прв услужен. Купете билети онлајн: https://tickets.kinoverzum.mk/ Во четврток во Велес: проекции на ...

Милован Здравковиќ, познат како Тег, кум на Радој Звицер, кој вчера е екстрадиран од Хрватска во Србија. Тој во живо во Атина во 2020 година ја следел ликвидациите на Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ!, објави „Курир.рс“. Српското обвинителство го товари за голем број кривични дела, вклучувајќи организирање тешко убиство, заговор за извршување кривични дела и нелегално производство и дистрибуција на наркотични дроги. Особено сериозните ...

Еден од балетските бисери на класичниот репертоар – „Жизел“ од Адолф Адам ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари со почеток во 19.30 часот. Диригент е Едуард Амбарцумјан (Ерменија), кореографијата е по Жан Корали, Жил Перо, Мариус Петипа и Леонид Лавровски, во адаптација на Ирена Пасариќ (Хрватска). Костимограф е Александар Ношпал, сценографијата е на Александар Ношпал и Михајло Стојановски, концерт-мајстор е ...

На 28 февруари 2026 (сабота) со почеток во 21:00 часот, во ноќниот клуб „Пјур“ во Градски парк – Скопје, ќе настапи „Фред Весли трио“, предводено од фанк грув тромбонистот – легендарниот Фред Весли. Скопје ќе има ретка можност да биде домаќин на еден од највлијателните архитекти на фанк музиката – човекот кој повеќе од шест децении го обликува звукот на светската сцена. Со 67 години активно музичко творење зад себе, Фред Весли е името што ...

Денес во Берлин, Германија го посетив македонскиот штанд на Европскиот филмски маркет во рамките на Берлинале, заедно со амбасадорот Илбер Села, напиша на својот фесјбук профил министерот за култура Зоран Љутков. Директорот на Агенцијата за филм, Сашко Мицевски, ме запозна со активностите на нашата делегација. Штандот во престижниот Gropius Bau успешно ја промовира Македонија како атрактивна дестинација за снимање филмови со уникатни локации, ...

Многу сме блиску до склучување договор. Заедничката изјава е потврда за тоа. И со тие неколку држави со кои САД веќе склучија договор, така одеше процесот – прво имаше заедничка изјава, па потоа доаѓаше до склучување договор кој и од меѓународно-правна гледна точка значи дополнителни внатрешни процедури. Засега можам да кажам дека највисоката тарифа ќе ни биде 15 отсто што е пониско од огромен број држави не само во светот, туку и во ...

Ова се денари. Официјална валута на Република Македонија. Ги гледам да видам дали се наменети за Македонци, Албанци, Турци, нигде не пишува. Ноо, така не мисли Aрбен Таравари. Откако политички веќе не вреди ни пет пари, го употреби стариот добар рецепт, подгревање на национализам и етнички теми, коментира авторот на ТВ Колумната „5 минути со Чавез“. Е тој Тараваари најави дека ќе побара фискална конфедерација. Во превод сакал да се знае кои ...

На вчерашната расправа во Црногорското собрание, пратеникот Никола Зиројевиќ од Социјалдемократи на Црна Гора, со пофални зборови ја посочи нашата држава како позитивен пример во регионот. Тој ја пофали работата на Владата и на премиерот Христијан Мицкоски, потенцирајќи го фактот дека Македонија иако користи сопствена валута, ја одржува инфлацијата под 3%. Во говорот се додава и тоа што 93% од граѓаните на Македонија не работат во недела. ...

Судскиот совет на Република Македонија, денеска, на одржаната седница разгледуваше и оценуваше извештаи за работата на судовите за четвртиот квартал од 2025 година и постапуваше по точки за формирање комисии по објавени огласи, како и по предлог за привремено упатување судии. Во рамките на расправата беше ставен предлог судиите од Апелацискиот суд Гостивар, Емине Мурати, Даут Рустеми, Ханиф Зендели од кривичната област, како и Африм Јакупи, ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) апелира до сопствениците на домашни миленици – кучиња за исполнување на законската обврска за идентификација на миленикот со микрочип и негова регистрација во модулот за домашни миленици на Информативниот систем на Агенцијата за храна и ветеринарство, за што се издава и пасош за домашен миленик. Апликацијата на микрочипот е еднократна, односно, миленикот чипот го носи до крајот на животот. ...

Големиот одрон кој што синоќа се случи на автопатот Скопје – Велес е расчистен, а сообраќајот е нормализиран и се одвива по двете сообраќајни ленти, информираат утрово од Јавното претпријатие „Македонија пат“ откако нивните екипи цела вечер работеа на терен на овој патен правец. Синоќа сообраќајот се одвиваше по една коловозна лента поради поголем одрон во должина од 80 метри, па поради тоа од претпријатието апелираа на зголемена внимателност ...

Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, го откажа воведниот говор што требаше да го одржи на самитот за вештачка интелигенција во Индија, неколку часа пред неговото закажано појавување, пренесува Хинду. Фондацијата „Гејтс“, филантропската гранка на милијардерот, соопшти дека одлуката е обид да се осигура дека фокусот ќе остане на конференцијата, без да образложува повеќе. Повлекувањето доаѓа по обновените критики за неговата врска со ...

Овен Овни, ќе успеете да ја стабилизирате финансиската подлога за развој на работите. Поради тоа ќе ви порасне самодовербата, а со тоа и ќе добиете елан и мотив. Не споредувајте се со другите. Ќе се поврзете со необични личности или со луѓе кои не се од вашата средина. Така ќе го збогатите својот емоционален свет. Бик Многу сте снаодливи и брзо ги надминувате работните проблеми кои на другите би можеле да им создадат вистинска мака и ...

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера ги пофали црнците во неговата администрација, ги отфрли обвинувањата за расизам и вети „нов век“ на успех за Афроамериканците на 100-годишнината од Месецот на историјата на Црнците во Белата куќа. Неговите коментари им противречат на критичарите кои го обвинија за отфрлање на политиките за различност, еднаквост и инклузија и следеа кратко откако на профилот на претседателот на социјалните мрежи ...

Мерка притвор му е одредена на сопственикот на фабриката за бисквити „Виоланда“ во грчкиот град Трикала за експлозијата на крајот на јануари во која загинаа пет работнички, јави дописничката на МИА од Атина. По вчерашниот маратонски исказ пред истражен судија и обвинител во Трикала, сопственикот Константинос Ѕиорѕиотис е пренесен во затвор, а според грчките медиуми, во одбраната се обидел да објасни дека како човек кој управува и раководи со ...

Во галерискиот простор на Македонскиот културно-информативен центар во Софија, на 17 февруари 2026 година, свечено беше отворена изложбата „Графички белешки“ од македонскиот ликовен уметник Иво Пецов. Овој настан не претставува само уште едно претставување на современа македонска уметност во странство, туку и внимателно конципирана средба со едно зрело, духовно продлабочено и технички прецизно творештво, кое во континуитет се градело во ...

Во просториите на Порта Македонија беше одржана јавна промоција на Предлог Национална Стратегија за заштита и користење на културното наследство за периодот 2026-2030 година. На настанот присуствуваа десетици стручни лица од јавните установи за заштита на културното наследство, претставници од Министерството за култура и туризам како и представници од интернационални здруженија за заштита на културното наследство. На настанот се обратија ...

Оваа сабота, на 21 февруари, со почеток во 18 часот, во книжарницата „Литература“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи промоција на втората од петте книги за деца од серијалот „Музичка кутија“, на авторката Тина Иванова. На настанот ќе биде промовирана книгата „Магичната флејта на Вулфи“, по што ќе следува камерна претстава за деца. Промоцијата ќе започне со кус разговор помеѓу уредничката на изданијата, Бисера Бендевска, и авторката Тина Иванова, ...

Од изборот на Владата до денес имаме нови 23 директни летови, охридскиот и скопскиот аеродром поминаа 3,5 милиони патници, оваа година скопскиот аеродром очекувам да биде лидер во регионот со раст и да надминеме 4 милиони патници, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, коментирајќи ги владините политики во авиосообраќајот. -Почнавме сериозна политика на привлекување на нови авиолинии и авиокомпании, имајќи предвид ...

Во текот на ноќта денеска и утре особено претпладнето под влијание на нов поголем влажен бран од Медитеранот во Македонија ќе има нови врнежи од дожд, а на планините и повисоките места со надморска височина од над 1.000 метри и особено во западните предели ќе има врнежи од снег со што ќе дојде до зголемување на снежната покривка на планините и на Скијачките центри. Пообилни врнежите ќе бидат повторно во западните предели каде локално ќе ...

Канал 103 започнува со активностите за прослава на 35 години од своето постоење. Јубилејната година ќе биде одбележана со настани во и вон радиото, кои ја нагласуваат улогата на Стотројка како радио дом на заедницата, јавен простор за современа музика, слободна мисла и независна културна продукција. Првиот настан насловен, „Стотројка: Нова пролет“, ќе се одржи на 21 февруари 2026 година во Котур, со почеток во 20 часот. Програма: BNELETI ...

Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со УНЕСКО, го најавуваат конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ 2026 за најдобра дебитантска книга од млад автор. Наградата „Мостови на Струга“ беше востановена во 2003 година, како дел од опсежната соработка со УНЕСКО, а по повод прославата на Светскиот ден на поезијата – 21 март, со цел да се стимулира, промовира и афирмира поетското творештво како еден од ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
4.12
66%
1015
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
66%
1018
weather icon

Загреб

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
64%
1019
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
58%
1018
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
0.83
94%
1018
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
2.57
82%
1019
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1012
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
81%
1014
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
71%
1015
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
79%
1015
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
1.79
56%
1017
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
100%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Сребро

2840.84

Кобалт

66.14

Бакар

10.68

Рутениум

56199.51

Цинк

3.07

Калај

43.90

Паладиум

45911.27

Родиум

350443.14

Злато

166450.52

Иридиум

258288.78

Платина

60154.05

Алуминиум

3.18