Македонската одбојкарска репрезентација не ја оствари својата зацртаната цел и ја пропушти првата „меч-топка“ за пласман на Европско првнество, бидејќи вечерва прерпе пораз на домашен терен од селекцијата на Грција. Соседското дерби во „Јане Сандански“ почна со изразена доминација на македонските одбојкари кои го добија првиот сет со 25:15, но за жал избраниците на Хари Наковски застанаа тука и дозволија пресврт на Грците во продолжение. ...

Главниот извршен директор и основач на Телеграм, Павел Дуров, е уапсен од француската полиција на аеродром северно од Париз, пренесоа светските медиуми. Дуров беше приведен откако неговиот приватен авион слета на аеродромот Ле Бурже, објавија француските медиуми. Според официјални лица, 39-годишниот милијардер бил уапсен по налог за прекршоци поврзани со популарната апликација Телеграм, при што Дуров е обвинет дека не презел чекори за ...

Македонскиот футсал шампион, тимот на Форца успеа да се пласира во елиминациската фаза во Лигата на Шампионите. Форца до овој историски успех за клубот дојде откако со максимални три победи од три дуели го освои првото мест од А групата во претелеминациите. Синоќе во последниот меч од групата која се играше во Скопје го совлада црногорскиот шампион Титоград и тоа убедливо со резултат од 8-2. За потсетување Форца во првиот меч успеа да слави со ...

Германската полиција синоќа уапси 26-годишен Сириец, кој денеска признал дека го извршил завчерашниот напад со нож во градот Солинген во кој три лица се убиени, а осум се ранети. Осомничениот се предал и го признал делото, се вели во заедничката изјава на полицијата и обвинителството во Дизелдорф. Нападот, за кој одговорноста ја презеде групата Исламска држава, се случи завчера вечер на фестивал по повод одбележувањето на 650-годишната од ...

Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ ќе игра во нов клуб во новата сезона затоа што од Уникс Казан се пресели во Олимпија Милано. Пред почетокот на сезоната, клубот од Италија ги потврди новите бројки кои ќе ги носат играчите. Димитријевиќ во тимот од „чизмата“ ќе го носи дресот со број еден. Плејмејкерот доаѓа од Уникс со завидни бројки зад себе и со МВП-титула во тамошната ВТБ-лига, па очекувањата затоа се и високи. За првпат во ...

Денеска во утринските часови е уапсено едно лице за кое сведок тврди дека е наводниот извршител на нападот што се случи синоќа во германскиот град Солинген. Синоќа на фестивалот во овој град, маж по случаен избор со нож избодел неколку посетители. Во нападот загинаа три лица, а пет се тешко повредени. Очевидци велат дека сторителот бил маж со арапски изглед, а тој беше во бегство. Како што дознава германскиот портал Билд, СЕК наводно во раните ...

Едно лице загина, а повеќе од 15 се повредени во тешка сообраќајна незгода што се случила утрово во Белград, Србија. Српските медиуми пренесуваат страшни слики од местото на несреќата на кои се гледа како задниот дел од камионот го пробил автобусот кој од силината на ударот бил целосно уништен. Според првичните информации, едно лице го загуби животот, пет се во животна опасност, додека најмалку 15 се повредени. Шест лица се пренесени во ...

Три лица загинаа ноќеска откако маж синоќа нападна случајни минувачи на градскиот фестивал во германскиот град Солинген, објави весникот „Билд“. Сторителот побегнал од местото на злосторството. Полицијата презеде голема акција за негово апсење. Во нападот во петокот вечерта загинаа најмалку три лица – една жена и двајца мажи, а осум се повредени, од кои пет потешко, соопштија властите. Не беа дадени информации за идентитетот на повредените или ...

Од почетокот на следната година Унгарија ќе ги лансира т.н. златни унгарски визи одобрени од владата на премиерот Орбан. Со ова Програма им се возможува на инвеститорите да стекнат десетгодишно право на престој во Унгарија и унгарски пасош – условот е да купат недвижен имот во вредност од најмалку 500.000 евра. Друга опција е да се инвестираат најмалку 250.000 евра во инвестициски фондови за недвижности издадени од Унгарската народна банка. ...

Одличниот фудбалер, македонски репрезентативец Бојан Миовски, викендов ќе го има дебито во дресот на шпанскиот клуб Џирона. Клубот од Каталонија го регистрираше напаѓачот за чии трансфер од Абердин издвои 8.500.000 евра. Миовски ќе го носи бројот 19 на дресот. Весникот „Ас“, пишува дека Миовски веројатно во недела ќе биде стартер во дербито на колото против Атлетико Мадрид. Според овој извор, Миовски против Атлетико ќе добие „квалитетна ...

Канадската компанија „Лукара“ објави дека ископала дијамант од 2.492 карати, најголемиот дијамант некогаш откриен во Боцвана и втор по големина во светот. Дијамантот е пронајден и ископан во рудникот за дијаманти Карове во северно-централна Боцвана. – Ова откритие не само што го покажува исклучителниот потенцијал на нашиот рудник Карова, туку ја поддржува и нашата стратешка инвестиција во најсовремената технологија КСРТ – изјави претседателот и ...

Голем пожар во семејна куќа во Нови Сад. Шест луѓе загинаа, меѓу кои и четири деца. -Во пожар што избувна утрово околу 3 часот, во куќа на улица „Ѓорѓа Дера“, загинаа шест лица, меѓу кои четири деца на возраст од две до седум години, посочија од српската полиција. Починатите се од едно семејство. Родители и деца од кои највозрасното имало 7 години. Пожарот бил голем и брзо се ширел па таткото на жена која изгоре иако живеел веднаш до нивната ...

Улицата „Македонија“ во Скопје со години чека да биде средена. Иако тоа е најрепрезентативната пешачка зона во главниот град надлежните ги запоставуваат расклатените плочки, нефункционалните фонтани пред куќата на Мајка Тереза, недоволната чистота, многуте недовршени градби, возила иако е забрането… Дали за да подобро се види таа површност и неодговорност уличните светилки работат и кога жешкото сонце силно ја осветлува улицата? Или пак тоа е ...

Гиорги Мамардашвили по се изгледа ќе остане уште една година на „Месталја“, сценарио кое е навистина поволно за фановите на Валенсија, но не и за Столе Димитриевски кој пристигна во овој клуб со цел да го наследи грузискиот чувар на мрежата. На крајот, Валенсија ќе го продаде Мамардашвили на Ливерпул за 35 милиони евра, но бидејќи „црвените“ во моментов имаат прв голман во Алисон Бекер, Грузиецот ќе биде вратен кај „лилјаците“ на едногодишна ...

Првиот лек во историјата за кој е утврдено дека ја забавува Алцхајмеровата болест ќе добие зелено светло во Британија. Утврдено е дека Леканемаб, за кој експертите велат дека може да биде „почеток на крајот“ на болеста, го забавува когнитивниот пад кај заболените за 27 отсто. Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи (МХРА) се очекува да даде одобрение за лекување на раната Алцхајмерова болест, пишува британски Телеграф. Ова ќе ...

Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, повторно ја воодушевува публиката. Овој пат во егзебициски натпревар пред почетокот на тенискиот грен-слем Ју-Ес Опен. Имено, вчера Ѓоковиќ одиграл егзибициски дубл меч, во кој му бил партнер на легендарниот Џон Мекинро, а од другата страна на мрежата биле други две легенди – Карлос Алкарас и Андре Агаси. Публиката уживала во одличните потези на извонредните тенисери. Во еден момент Агаси го ...

Верував во спас на Југославија, истакна познатиот американски економист и професор на Универзитетот Колумбија, Џефри Сакс. Тој беше советник на југословенскиот премиер Анте Марковиќ во 1990-тите. Сакс во интервју за НИН изјави дека „премногу политичари во Југославија и во Европа сакаа да и стават крај на Југославија, а не да ја спасат“. -Главната работа што ја препорачав во 1989 година во поранешна Југославија, Полска, Советскиот Сојуз, а ...

Во текот на ноќта на Дрина, на границата меѓу Србија и Босна и Херцеговина, се превртел чамец со мигранти, кои се обиделе да ја преминат реката од Србија меѓу местото Дрлача во општина Љубовија и Орлица во општина Зворник. -Утринава, околу 5 часот, Граничната полиција на Љубовија била известена од Граничните власти на Босна и Херцеговина, како и од локален жител, дека чамец на Дрина во текот на ноќта се превртел со нерегуларни мигранти кои се ...

Осум лица осомничени дека шверцувале мигранти во Европа се уапсени во Бугарија. Тие, како што се наведува, делувале по балканската рута. -Четворицата уапсени имале статус на цели со висока вредност поради високата улога што ја имале во извршувањето на криминалните активности, се вели во соопштението на Европол додавајќи дека еден од главните водачи на групата претходно бил под истрага во Австрија за шверцување мигранти. Оваа група наплатувала ...

Жители од квартот Бронкс, во градот Њујорк, забележале зголемување на бројот на којоти ова лето, па затоа некои посетители на познатиот парк Клермонт, на пример, стравуваат за својата и за безбедноста на нивните миленици. Сепак, Одделот за паркови и рекреација на Њујорк вели дека којотите се вообичаени низ целата сојузна држава Њујорк, вклучително и во урбаните области. Според надлежните, при средба со којот, не треба да се паничи. -Повеќето од ...

Руските противвоздушни сили синоќа уништија 45 украински беспилотни летала, од кои 11 над московскиот регион, соопшти руското Министерство за одбрана. Уште 23 биле соборени над регионот Брјанск, шест биле уништени над регионот Белгород, три над регионот Калушка и два над Курск, пренесува РИА Новости. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека тоа е еден од најголемите обиди за напад на главниот град на Русија со беспилотни летала ...

Дождот виде дека надлежните во Македонија тешко се справуваат со пожарите и реши да помогне. И за два – три дена ја реши загрижувачката ситуацијата. Само во првите двасетина дена од овој месец имаше 667 пожари, односно по триесетина дневно и во текот на кои изгореа илјадници хектари шума, полиња… Страдаа и куќи, друг имот на населението… Она што го направи дождот им добредојде на сите. Оти состојбата беше неиздржлива. Пожарникарите беа доведени ...

Дивите депонии никако да си заминат од Скопје. Те ги молевме да си отидат, те ги чистеа од време на време, те апели имаше, те… ама секој ден купиштата на ѓубре си се враќаат на своите места, едноставно си сакаат да си се „дома“. Пример за таква „идими – дојдими“ дива депонија има на паркингот кај градските гробишта „Бутел“. Во неделата нашиот објектив пак ја улови сликата која беше со години присутна. Расфрлано многу ѓубре насекаде. А само пред ...

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја заврши својата деветта посета на Блискиот Исток од почетокот на војната во Газа, предупредувајќи дека „времето е од суштинско значење“ кога станува збор за постигнување договор за прекин на огнот. Последната посета на Блинкен, која заврши во вторникот, не резултираше со напредок во разговорите, а Израел и Хамас сигнализираа дека клучните прашања остануваат нерешени, пренесува АП. По состаноците ...

Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација, Никола Ѓорѓиев верува дека во недела во Скопје може да падне Грција, а тоа значи и пласман на Македонија на уште еден континентален собир. Македонија со победа од 3-0 над Грузија ги почна квалификациите за Европското првенство 2026, следува меч со Грција во Скопје која е многу посериозна селекција од Грузијците. Ако македонските одбојкари слават на овој меч, практично ќе бидат пласирани на ...

Министерот за спорт Борко Ристовски денеска оствари средба со македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова и со тимот што ќе ја придружува на претстојните Параолимписки игри во Париз што ќе се одржат од 28 август до 8 септември. Наковска Бикова ќе биде единствената македонска спортистка на Параолимпијадата во Париз. Министерот Ристовски на средбата пред заминувањето за Париз, на Наковска Бикова и посака успешен настап и медали на ...

Марија Брањас, Шпанка родена во Америка, која важеше за најстариот човек на светот, почина на 117-годишна возраст, соопшти денеска нејзиното семејство. Геронтолошка истражувачка група, која проверува детали за луѓе за кои се смета дека имаат 110 или повеќе години, ја прогласи Брањас за најстариот човек на светот, откако минатата година почина француската калуѓерка Лусил Рендон на 118-годишна возраст, пренесуваат светските агенции. Последните ...

Пред два дена се одбележуваше денот на АРМ. Како е дојдено до тоа да биде избран токму 18 август за ден за прослава? На тој ден во 1943 година (периодот на Втората Светска војна) во стројот на падините на Славеј планина во подрачјето на Дебарца се нашле околу 200 македонски партизани. Повеќето веќе искусни и докажани борци против фашистичките окупатори на Македонија. Ги имало од Преспанско-битолскиот партизански одред „Дамјан Груев“, од делови ...

Полиција во Босна застрела мигрант кој отвори оган врз полицајци од напуштена куќа во близина на градот Требиње кој се наоѓа во Република Српска. Од тамошната полиција посочија дека лицето е убиено околу 23 часот по локално време. Полицијата и жандармеријата вчера го опколија селото Зови До, каде засега непознато лице пукало од огнено оружје. Нема повредени полицајци, пренесе БТА. Жителите на селото изјавиле дека лицето вчера рано утрото фрлило ...

Аеродром има дрворед од исушени зимзелени садници. „Убаво“ изгледа. Се зборува дека наскоро ќе доаѓаат и туристи од странство да го видат новиот еколошки и естетски зафат во „најурбанизираната“ скопска општина. А пред десетина месеци беше најавено дека ќе биде зелено долж новореконструираната улица „Васко Карангелески“. Многу фалби стигнаа и од Град Скопје и од Општина Аеродром. Сепак, сега голем дел од вкупно 825 садници кои што минатата ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
6.69
72%
1013
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
90%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
93%
1010
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
9.3
80%
1014
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
96%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 11ᴼ
1.54
89%
1002
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
87%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
0.51
100%
1006
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
12.35
87%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
4.12
95%
1014
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
67%
1009
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Калај

40.48

Родиум

255598.44

Бакар

10.95

Иридиум

145787.60

Паладиум

46425.68

Злато

135056.24

Кобалт

58.42

Никел

473339.37

Рутениум

29192.88

Платина

52952.77

Цинк

3.23

Алуминиум

2.91