Дизајнот и карактеристиките на наредната генерација од iPhone се веќе завршени во Apple, со оглед на останатиот број на месеци до нивното претставување, а се очекува дека веќе се започнува со производствениот процес. Минг-Чи Куо, познат по информациите поврзани со Apple, најавува дека најскапиот модел од серијата оваа година ќе има различна батерија од досегашните. Батеријата наводно ќе овозможи поголема густина на енергијата која се чува, а тоа ...

Главната верзија на Windows која ја користат корисниците во светот останува да биде Windows 10. Овој оперативен систем не само што не покажува знаци на намалување, тој изминатиот месец повторно врати дел од својот изгубен пазарен удел. Скоро 70% од корисниците работат на Windows 10, додека тој процент кај Windows 11 изнесува 26%. Windows 11 едно време успеа да стигне до 30%, меѓутоа пазарниот удел повторно му е намален на сметка на постариот ...

Најавен пред една година, официјално започна да функционира системот за заштита од несакано следење развиен во соработка помеѓу Apple и Google. Овој систем требаше да биде пуштен уште минатата година, но беше одложен поради Apple, но еве сега конечно е пуштен со најновата верзија од iOS, односно iOS 17.5. Google поддршката за системот ја додава на уредите кои функционираат со Android 6.0 и понови, што значи дека ќе бидат покриени повеќето ...

Microsoft веќе одамна овозможува најава на корисниците на нивните сметки без користење на лозинка, со добивање на известување за најава преку Microsoft Authenticator апликацијата. Сепак, иднина на тргањето на лозинките како начин на најава ќе биде во форма на веќе познатите и широко достапни „passkeys“. Поддршката за најава со овие „клучеви“ Microsoft ја додаде кај Windows 11 минатата година, а сега оваа поддршка доаѓа кај Microsoft сметките за ...

VMWare, кои веќе неколку години се во сопственост на Broadcom, во процесот на интеграција на нивните сервиси во новата компанија, направија промена кај видот на лиценци. Двете доста познати апликации, Workstation Pro и Fusion Pro, добиваат и бесплатна лиценца, односно ќе може да се користат бесплатно од приватните корисници. Од компанијата истакнуваат дека го поедноставуваат процесот на лиценцирање, па сега ќе постојат две лиценци, бесплатна за ...

Процесот на префрлување на основните системи од Twitter.com на X.com конечно е завршен, објави Елон Маск преку неговиот X профил. Со ова може да се каже дека официјално е ставен крајот на Twitter брендот кој се’ уште постоеше преку домените кои се користеа, иако стариот домен е тука да пренасочи кон новиот. Од корисничка страна оваа новина не прави некоја разлика, а апликациите и страните продолжуваат да функционираат исто како и досега. За ...

Котор, 16.05.2024 – Денес, во Котор се одржа Регионалната средба на лидерите од Западен Балкан под слоганот „Еден регион, заедничка визија“. Овој настан ги собра лидерите од Западен Балкан, како и претставниците на бројни организации и клучни актери во процесите на пристапување кон Европската унија. Средбата беше фокусирана на разговори и имплементација на двата главни столба од Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан. На средбата домаќин беше ...

Отворен настан во Градски Парк за децата, младите, родителите и за сите што сакаат да се спротивстават на врсничкото насилство в сабота (18 мај) ќе се одржи во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Со почеток од 11 часот, на зеленилото популарно познато како „Вембли“ (до езерцето спроти стадионот), позитивната енергија ќе биде одговор на горливиот проблем со булингот. Диџеј Боно, Сашко Коцев, „Биби и Боби“, Лозано, Пајак, ...

Во рамките на Google I/O 2024 оваа недела, конференција која очекувано е во главно насочена кон вештачката интелигенција, беше најавена и наредната верзија од Wear OS, оперативниот систем на којшто работат паметните часовници. Wear OS 5 уште сега е достапен за програмерите, а останатите корисници можат да ја очекуваат надградбата подоцна во годината, секако доколку нивниот часовник ја поддржува. Од Google најавија дека минатата година бројот на ...

Средношколци од десет средни училишта за техничко образование од Македонија, вчера на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) се натпреваруваа во практична примена на знаењата преку употреба на развојни микропроцесорски системи. Натпреварот е во рамките на проектот „Технологија за тебе“ организиран од Логинг Електроникс со ФАБЛАБ, кој вклучува и работилници, каде средношколците претставуваат проекти на кои работеле во текот ...

Google вчера ја одржа нивната позната Google I/O конференција и како што можеше да се претпостави и очекува, истата беше целосно насочена кон напредокот во развојот на вештачката интелигенција. Од компанијата истакнаа дека тие инвестираат во оваа област повеќе од 10 години, но сепак новиот правец и развој на генеративната вештачка интелигенција и големите јазични модели може да се каже дека се на почетокот. На конференцијата беа презентирани ...

Скопје, 15 мај 2024 г. – Најновата линија на телевизори Neo QLED 8K и 4K на Samsung, на телевизори OLED и soundbar-звучници, која првпат беше претставена на настанот Unbox & Discover на крајот на април, сега е достапна во редовна продажба во Македонија. Samsung, компанијата со 18 последователни години лидерство на глобалниот пазар на телевизори, ја подигнува домашната забава на уште повисоко ниво со својата најнова линија на уреди засилени ...

Македонски Телеком ја организираше втората Т Бизнис конференција под мотото – „За нови дигитални перспективи“. Конференцијата се одржа во Велес, со фокус на мали и средни компании од источна, централна и западна Македонија, како и на институционални корисници. Целта останува иста: да се промовира помасовно користење на дигиталните решенија, што ќе придонесе за забрзување на дигиталната трансформација на општеството. Експерти од Македонски ...

Скопје, 15.05.2024 – Доколку сте веќе подготвени за следниот чекор од вашето професионално патување, па сакате да дознаете кој е најдобриот избор за вас, тогаш треба да издвоите еден дел од вашето слободно време за да истражите што точно се нуди на пазарот, кои се предностите и недостатоците на решението што ви се чини како најпаметно и да го направите вистинскиот избор. Без разлика дали сте почетник или искусен познавач во некоја од областите ...

По користењето на моментално најдоброто од Samsung, Galaxy S24 Ultra, сега решив да пробам нешто од компанијата кое е од пониските класи. Изминатиот период го поминав користејќи го Galaxy A55 5G, новиот телефон за оваа година од средната класа од Samsung. Телефонот се продава по цена од околу 28.000 денари за 8GB RAM со 128GB простор за податоци, односно околу 31.000 доколку се избере моделот со 256GB простор за податоци. Од цената се гледа дека ...

Android Authority ексклузивно објави информација со која најавува можна нова функција на која работи Google. Според информацијата, Google експериментира, односно ја тестира можноста нивниот ChromeOS да може да работи од Android смартфон. Целта на една ваква функција, која би била достапна на Pixel смартфоните од компанијата, е ChromeOS да може да се користи кога телефонот е поврзан на монитор. Ако оваа можност ви е веќе позната, тоа е така ...

Скопје, 14 мај 2024 г. – Нашите мобилни уреди ни се постојано во рацете и се потпираме на нив до таа мера што ретко излегуваме без нив од дома. Тие се нашето продолжение, а експлозивните нови технологии, како Вештачката интелигенција и генеративната вештачка интелигенција, нудат огромни возбудливи можности за тоа што може да направите со Вашиот уред – или подобро речено, што Вашиот уред ќе Ви овозможи да направите. Но, додека технологијата се ...

Microsoft оваа година пушти нова апликација, која првично беше развиена за азискиот пазар, директен конкурент на познатата CCleaner. Ова беше одлична вест, а посебно поради паднатиот углед на оваа едно време најдобра апликација. Microsoft PC Manager е достапна преку Microsoft Store, а сепак на почеток не можеше да се каже дека е баш целосна алтернатива на CCleaner и сличните апликации. Најновата верзија од Microsoft PC Manager треба да го ...

Македонски Телеком ја носи на пазарот новата генерација 5G паметни телефони на Дојче Телеком: T Phone 2 и T Phone 2 Pro. Уште со првите верзии на T Phone идејата беше да се овозможат 5G телефони за сите со одлична цена и перформанси, што ќе биде основа на дигиталната инклузија ширум Европа. Секој треба да има можност со максимална брзина да се поврзе со сè она што му е важно во животот – во духот на нашиот слоган „Connecting Your World“. T Phone ...

ФОРТОНМКА и оваа година ја најави втората годишна Конференција за недвижности која ќе се одржи на 22 мај во Скопје. Настанот ветува дека ќе биде епицентар на знаења, современи стратегии и иновации кои ќе го формираат пазарот на комерцијални недвижности во иднина. На оваа конференција ќе присуствуваат врвни професионалци од локалната и меѓународната сцена, вклучувајќи искусни менаџери, инвеститори, аналитичари и архитекти, кои ќе споделат свои ...

OpenAI покажа мал дел од тоа што можеме да очекуваме во иднина од нив, по најавата на нивниот директор дека наредната генерација од јазичните модели ќе биде многу, многу понапредна. Во текот на вчерашниот ден не беше претставена таа наредна генерација, односно беше претставена подобрена верзија од GPT-4 моделот наречена GPT-4o. Буквата О во името значи „омни“, а логиката зад тоа може да се види во зголемувањето на начинот на кој може да се ...

Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ, како највисоко рангирани каратисти од Македонија, ќе се натпреваруваат на турнирот од светската младинска лига во Шпанија. Постарите јуниори (У21) и членови на скопски „Макпетрол“ во Ла Коруња ќе бидат предводени од тренерот Петар Заборски. Трајковски (-84 кг.) и Стојановиќ (+84 кг.) викендов се вратија од Европскиот Шампионат во Хрватска. На собирот од светската младинска карате лига во Шпанија, што ќе се ...

Оваа година ќе се чисти во сите 81 општина и во Националните паркови Шар Планина и Галичица. Повеќе од 16 000 волонтери од над 200 организации, граѓански, спортски и пензионерски здруженија и од повеќе од 300 образовни институции се очекува да излезат и да чистат на над 300 локации. Волонтерите од Пивара Скопје во петок, на 17 мај, ќе собираат отпад на археолошкиот локалитет Кале заедно со сите партнери и волонтери од Град Скопје. „Партнерската ...

Директорот на OpenAI Сем Алтман, во рамки на семинар во Stanford University, разговараше за иднината на компанијата, поточно главниот производ на кој работат, вештачката интелигенција и GPT големиот јазичен модел. Алтман беше доста актуелен минатата година по краткото губење на позицијата во компанијата од се’ уште непознати причини, а Елон Маск дури најави тужба против него за менување на правецот на компанијата. Според Алтман, во иднина можеме ...

Наредната главната надградба на Windows 11, која стандардно ќе биде достапна во есен, можно е да донесе една новина замислена да ја подобри безбедноста и приватноста на корисниците. Според информациите, при процесот на надградба на Windows 11 2024, кој ќе биде променет, на корисниците автоматски ќе им биде вклучена BitLocker функцијата која обично е опционална. BitLocker е решение од Microsoft кое е вградено во Windows уште од Vista, а ...

Се ближи WWDC 2024 конференцијата на која конечно ќе го видиме резултатот од работата на Apple со генеративна вештачка интелигенција изминатиот период. Тие ќе се приклучат на трендот на воведување на функции со ГВИ подоцна од другите, а iOS 18 и macOS 15 ќе бидат верзиите кои треба да им ги донесат овие нови функции на корисниците. Од тоа што досега можевме да прочитаме се верува дека Apple големо значење ќе даде на приватноста при воведувањето ...

По долго време на активно развивање и наметнување на нови функции секаде каде што е можно, Microsoft најави мала пауза на пуштањето на новини кај нивниот Copilot во Windows 11. Ова е резултат на мислењата од корисниците кои ги добиваат од компанијата и тие истакнаа дека ќе го подобрат корисничкото искуство врз основа на нив. Во меѓувреме, Copilot ќе продолжи да функционира во Windows 11 како што беше и досега. Дел од новините кои ги тестираат од ...

Passkeys се новиот начин за најавување на онлајн сервисите кој полека добива се поголема популарност, односно се поголем број на корисниците почнуваат да ги користат. Безбедноста, а и приватноста, доаѓаат од фактот што корисниците не мора да имаат и да внесуваат лозинка, па најавувањето се прави преку овој „клуч“ кој е зачуван на уредот на корисникот. Искористувањето на клучот, а и потврдата на идентитетот се прават преку биометриската ...

Скопје, 12.05.2024 – Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“. Овогодинешното издание имаше масовна посетеност, односно 1650 натпреварувачи застанаа на стартната линија. Во периодот од 09:00 до 11:00 часот во Скопје владееше одлична атмосфера, со голема доза позитивна енергија, пропратена со популарни музички хитови, кои дополнително ги мотивираа учесниците во текот на трката. Благодарение на учесниците на трката, како и на ...

Во бета верзиите од Windows 11, достапна е новина поврзана со Старт менито, нешто што одамна немаме видено, а последна новина која ја доби ова мени беше можноста за избор колку апликации или предлози ќе се прикажуваат. Новата можност која се тестира е наречена „Start Companions“, односно придружници на старт менито, а во основа се работи за додавање на „виџети“. Овие „виџети“ може да се додадат од едната или другата страна на менито, а се во ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 10ᴼ
9.26
72%
1012
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
1.03
90%
1014
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
80%
1010
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
9.73
79%
1013
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
96%
1015
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
88%
1002
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
87%
1005
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
100%
1006
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 4ᴼ
9.77
86%
1016
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
2.06
95%
1015
weather icon

Истанбул

15ᴼ / 15ᴼ
4.63
63%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
0.0
93%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Платина

52952.77

Алуминиум

2.91

Паладиум

46425.68

Цинк

3.23

Кобалт

58.42

Сребро

1878.05

Никел

473339.37

Родиум

255598.44

Иридиум

145787.60

Калај

40.48

Бакар

10.95

Злато

135056.24