Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
На 24 септември во 19:30 часот, во скопското кафуле „Излет“ ќе се отвори изложбата „Жените зад насловите: 80 години медиумска историја“, која ја организираат Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и женската медиумска мрежа „Еднаква“. Изложбата е посветена на жените кои оставиле силен печат во македонската медиумска историја. Ќе бидат изложени 30 фотографии кои сведочат за нивната улога во зачувувањето и развојот на ...
На 25 септември од 17 часот, кустосот Бојана Јанева ќе води тура низ трите новоотворени изложби во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје: „Живко Поповски, живот посветен на архитектурата“, „Желбата можеби е, би можела да биде, како што секогаш е, блиску до љубовта“ – архивски асемблаж и интервенција на Кумјана Новакова и „Музеј отворен до понатамошно известување“, самостојна изложба на Џем А. Кураторки на изложбата за Поповски се ...
На 23 ноември во Националната опера и балет ќе гостува претставата „Детски повреди“ на Народно позориште од Белград со Слобода Миќаловиќ и Вук Костиќ во главните улоги, објави продукцијата „Прагма“. Претставата е работена според сценариото на американскиот писател Џозеф Раџив, кое го напишал во 2011. Режисер е Иван Вуковиќ. „‘Детски повреди’ не е класична љубовна приказна. Уште од првата сцена во училишната амбуланта ги следиме Кејлин со ...
Три филмови на Милчо Манчевски деновиве играат на разни меридијани. На 9 септември „Кајмак“ играше во Калкута, Индија, како дел од Европскиот филмски фестивал. „Прашина“ се прикажува овој месец и идниот месец во повеќе градови низ Хрватска во организација на македонската Кинотека. „Пред дождот“ ќе биде прикажан во Париз на Универзитетот Сорбона Нувел во соработка со Астер фестивалот на 3 октомври. Сите три филмови се македонски копродукции ...
Тапанарот Михаил Парушев го издаде новиот албум „Атер“ со неговата група „Парусион“. Дел од гостите на албумот е и познатиот саксофонист и кларинетист Ферус Мустафов, кој почина во 2023. „Легендарниот Ферус со нас ги свиреше ‘Во наше село’, ‘Дебар добар дабар’ и ‘Лулка’. Ова е ретроспективен албум на мои, досега неиздадени композиции и драго ми е што и снимките со Ферус, како и со трубачот Александар Николовски се дел од него“, вели Парушев. ...
Концерт посветен на Влада Дивљан ќе се одржи во Филхармонијата на 17 ноември, објави „Пасворд продукција“. Насловен „Имам само една љубов“, на концертот ќе настапат пријателите на Дивљан од неговата „Невладина организација“, при што ќе ги изведат хитовите од сите фази на неговата кариера. Оваа година се одбележуваат десет години од смртта на Дивљан, еден од најхаризматичните рок музичари во поранешна Југославија, што беше повод за ваква ...
Писателот Блаже Миневски ја доби наградата „Букстар“ за најзначајна книга меѓу двете изданија на истоимениот фестивал. Миневски е награден за збирката раскази „Опаш во устата“, во издание на „Антолог“. „Во книгата како во магионичарски перформанс се преплетуваат традицијата и современоста, хуморот и горчината, реалното и фантастичното, историското и личното. Кај Миневски се особено уочливи виртуозното поигрување со нарацијата, оригиналноста ...
„Бункер“ го издаде графичкиот роман „ЛОУ – Берлинските години на Дејвид Боуви“ од германскиот автор и цртач Рајнхард Клајст, кој е дел од едицијата „Апсолутни почетници“. Ова дело се надоврзува на „Стармен – Годините на Дејвид Боуви како Зиги Стардаст“, што „Бункер“ го објави во 2023 и со него Клајст ја заокружува дводелната биографија на Дејвид Боуви. Во 1976 Дејвид Боуви повлече драстичен потег и се пресели во Берлин, каде што повторно ги ...
„Некст тајм“ и „2Бона“ ќе бидат гости на концертот на Слаткаристика и Тони Зен, кој ќе се одржи на 11 октомври во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, објави продукцијата „Прагма“. Концертот е насловен „Спушти се доле“, според дуетот што Слаткар и Тони Зен го објавија во 2009. Синглот „Еуфорија“, кој излезе во февруари, го снимија како најава за концертот, а претходно излезе уште еден нивни дует, „Жими сè“. Концертот ќе биде прослава на ...
„Јон Вардар против галаксијата“ ја освои наградата за најдобар долгометражен анимиран филм на шестото издание на филмскиот фестивал Galactic Imaginarium во Романија, кој ги спојува филмот, литературата и новите технологии во областа на фантастиката. Ова е трето фестивалско признание за филмот на Гоце Цветановски, кој претходно беше прогласен за најдобар анимиран филм на фестивалите во Портовјехо во Еквадор и Аријано во Италија. „Наградата ја ...
Младата македонска пејачка Елена Васова е годинашната добитничка на регионалната музичка награда „Милан Младеновиќ“, повторувајќи го успехот на Дина Јашари од 2022. Васова ја доби наградата за песната „Љубов“, а ѝ беше доделена во Макарска вчера (21 септември), на денот на раѓањето на легендарниот фронтмен на „Екатарина Велика“. Наградата, што ја доделува фондацијата „Милан Младеновиќ“, се состои од плакета и 3.000 евра. Добитникот исто така ...
Што имаат заедничко унгарската филмска легенда Иштван Сабо и славните канадски режисери Дејвид Кроненберг и Атом Егојан? „Ништо, токму затоа и решив да го продуцирам нивните филмови“, рече во Будимпешта прочуениот унгарско-канадски продуцент Роберт Лантош, чија „Алајанс комјуникејшнс корпорејшн“ 25 години беше најголемата продукциско-дистрибуциска куќа за филм и телевизија во Канада, а во 1998 ја создаде „Серендипити поинт филмс“. Четири од ...
„Една битка по друга“, филмот во кој глумат Леонардо ДиКаприо, Бенисио дел Торо и Шон Пен, се снимал 20 години, според режисерот Пол Томас Андерсон. ДиКаприо го игра Боб, параноичен поранешен револуционер кој живее изолирано, но повторно се здружува со своите бивши соработници откако неговата ќерка исчезнува. Андерсон вели дека го осмислил филмот, во кој глумат и Тејана Тејлор и Реџина Хол, пред повеќе од две децении, делумно инспириран од ...
На 23 септември од 20 часот, во камерната сала на Филхармонијата концерт ќе одржи гудачкиот камерен оркестар „Арко“, со кој диригира Ерхан Шукри. Концертот е насловен „Музички пејзаж“. Ќе гостуват три музичарки: Сихана Бадивуку на виолина, Мерсиха Шукри на харфа и Жана Актурк од Турција на мандолина. На репертоарот се Вивалди, Хачатуријан, Хумел, Корет, Буалдие, Петровиќ и други и неколку дела што за првпат ќе се свират пред македонската ...
Скопскиот емо/скримо бенд „Ју“ (YÖU) го најави својот прв соло концерт во Скопје, со кој ќе одбележи десет години постоење. Концертот ќе се одржи во Младински културен центар на 24 октомври. „Ју“ почна како трио и во тоа издание го сними првиот албум „We Sing the Blues…“ во 2017. Минатата година го објави своето второ студиско издание, миниалбумот „River of Sadness“, сега веќе како четворка. Оваа година, „Ју“ настапи на фестивалот Егзит во ...
„Масив атак“ ја повлече својата музика од „Спотифај“ во знак на протест против одлуката на шефот на платформата Даниел Ек да инвестира 600 милиони евра во воената компанија „Хелсинг“. Софтверот на „Хелсинг“, чиј претседател е Ек, користи вештачка интелигенција за анализа на податоци од бојно поле за да информира за воени одлуки во реално време. Фирмата произведува и воен дрон. Британскиот бенд го објави ова во исто време кога се приклучи на ...
Масивна пирамида, тобоган и храм што личи на џиновски фрагментиран камен беа меѓу уметничките инсталации на годинашниот фестивал Брнинг мен во Невада, САД. Десетици илјади посетители кампуваа во пустината во Невада, создавајќи го привремениот град Блек Рок Сити. Волонтери, уметници и дизајнери се собраа за да создадат големи дела, во кои се уживаше заедно со музиката, културните активности и другите понуди на фестивалот, кој е познат по ...
На 24 септември во 20 часот, во Културно-информативниот центар во Скопје ќе се отвори самостојната изложба на академската сликарка Јана Јакимовска насловена „Везилка“. „Проектот ‘Везилка‘ е замислен како визуелен и теоретски премостувач меѓу традицијата и современоста, меѓу културната меморија и дигиталниот сегашен момент, меѓу ‘женската рака‘ и ‘машката историја‘. Со него, Јакимовска се надоврзува врз силната метафора од истоимената песна на ...
Мадона најави нов албум за следната година откако ја обнови соработката со „Ворнер рекордс“, издавачката куќа која ѝ помогна да стане суперѕвезда. Како што објави „Ролинг стоун“, поп-кралицата му се враќа на денс звукот, па новиот албум е замислен како продолжение на „Confessions on a Dancefloor“ од 2005. Кон крајот на минатата година, Мадона откри дека се вратила во студио за да работи на нов албум. Ова ќе биде прв албум на Мадона од „Madame ...
Друштвото на ликовни уметници на Македонија ја носи групната изложба „Цртеж, експериментален цртеж“ во Софија, каде што ќе се отвори вечерва (19 септември) во Културно-информативниот центар. „На оваа традиционална изложба ќе се претстават цртежи кои претставуваат концепт и длабока рефлексија и отстапуваат од воспоставените норми. Оваа година уметниците презентираат цртање со нетрадиционални материјали: чад, конец, метална жица, силиконски ...
Меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“ ќе се одржи денеска (19 септември) на „Школка“ во скопскиот Градски парк од 19 часот. Фестивалот како и секоја година ќе започне со македонски ора што ќе ги играат членовите на фолклорната секција на ДКЦ „Карпош“. Фестивалот се одржува по 34. пат и неговата цел е да обединува деца од разни вери и националности преку раскошни костими и традиционални ора.о „Детскиот културен центар ...
Пејачката и диригентка во женскиот хор „Фрида“, Сузана Турунџиева, почна професионално да се занимава со музикотерапија, метод на третман со музика во кој звуците се користат за да се постигне подобра физичка и емоционална состојба. Вели дека музиката цел живот е лек за неа, а сега почнала професионално да го изучува овој метод. Турунџиева работи со мали групи кои учат да свират на хендпен, инструмент што го купила во Турција, а свират ...
Новата сезона во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ започнува вечерва (18 септември) со најдолговечната претстава на оваа институција, „Синиот портокал“, која се игра седум и пол години. Ова ќе биде 103. изведба. Билетите и овојпат се распродадени. Во договор со режисерот Александар Ивановски, Благојче Стојанов беше избран како замена за Самоил Стојановски, кој почина на почетокот на годинава. На 20 септември ќе се игра ...
Утре (19 септември) од 21 часот во „Јавна соба“ во Скопје концерт ќе одржи српскиот пејач и композитор Зоран Кики Лесендриќ, основачот на групата „Пилоти“. „Пилоти“ се основани во 1980, а првиот албум го снимија под истото име во 1981. Најголемата популарност бендот ја доживеал во средината на 1980-тите. Лесендриќ ја започнал соло кариерата во 2008 со албумот „Месечината на врата“ (Месец на врата), по кој сними уште три албум, од кои ...
Со концертот насловен „Бајка“, оркестарот на Филхармонијата денеска (18 септември) од 20 часот ќе гостува во Домот на културата во Гевгелија. Како солистка ќе настапи виолинистката Анна Кондратенко, концерт-мајстор во Филхармонијата. Таа ќе го води оркестарот во изведбата на композициите „Come in! (Чукни и влези)“ од Владимир Мартинов и „Писма до пријателите“ од Гија Канчели. Кондратенко е родена во Новосибирск, Русија, каде што почнала да ...
Државните посети често се вежба во модната дипломатија, па така имаше што да се види кога американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија пристигнаа во Велика Британија. Меланија е позната по импресивните капи – нејзината бела шапка со широк обод беше тема на разговор на инаугурацијата на нејзиниот сопруг оваа година. Првата дама на САД избра сличен драматичен изглед и за првиот ден од посетата. Таа пристигна во замокот ...
Македонските филмови „Бунт на куклите“ на Димитрије Османли и „Хај-Фај“ (фото) на Владимир Блажевски ќе се прикажат на 21 септември од 19:30 часот во реонскиот парк во Ѓорче Петров како дел од манифестацијата Културно лето Ѓорче Петров. Во рамките на истата манифестација, утре (18 септември) започнува тридневниот фестивал на пивото „Октобарфест“, кога ќе настапат женскиот хор „Фрида“, кој го води Сузана Турунџиева, „Контра план“, „Куку леле“ ...
Роберт Редфорд играше со најпознатите холивудски актерки, како Џејн Фонда, Деми Мур, Мишел Фајфер и Барбра Стрејсенд (фото) и повеќето рекле дека биле вљубени во него. Мерил Стрип рече дека имала „огромна симпатија“ кон Редфорд додека го снимале филмот „Моја Африка“. Редфорд почина на 16 септември на 89 години во својот дом во Јута. Стрејсенд изјави дека самата си зела задача да го убеди Редфорд да глуми со неа во класикот од 1973 „The Way We ...
Шпанија е уште една држава која објави дека нема да настапи на следната Евровизија во Виена ако учествува Израел. Шпанската државна телевизија РТВЕ ја донесе оваа одлука на денешниот состанок на управниот одбор во Мадрид. Претходно ваков став зазедоа и Холандија, Ирска и Словенија. Односите помеѓу Шпанија и Израел се заострија во изминатите денови. Шпанија побара исклучување на Израел од меѓународните спортски натпреварувања откако имаше ...
Четвртата сезона на хит-серијата „Белиот лотус“ ќе се снима во јужна Франција, изјавија ѕвездите на третата сезона Џејсон Ајзак и Паркер Пози. Пози (56) и Ајзак (62) глумеа богат брачен пар во третата сезона на серијата. „Креаторот Мајк Вајт е во јужна Франција токму сега. Таму ќе биде четвртата сезона“, изјави Пози на црвениот тепих на наградите Еми на 14 септември. Претходните сезони на серијата во продукција на Ејч-Би-О се снимаа во хотели ...