Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Ирската актерка Сурша Ронан ќе ја глуми Линда Макартни, првата сопруга на Пол Макартни, во новата колекција филмови на Сем Мендес за „Битлс“, објавија холивудските медиуми. Мендес ќе снима четири филма за славната група, по еден за секој од членовите. Во март, Мендес гостуваше на годишниот филмски настан СинемаКон во Лас Вегас, при што на бината излезе со четворицата актери кои ќе бидат ѕвездите на филмовите, претставувајќи ги Харис Дикинсон ...
Центарот за култура во Битола слави 45 години постоење денеска (10 октомври) со концерт на пејачот на народна музика Ефто Пупиновски (фото). На сцената ќе биде придружуван од битолскиот состав „Милениум“. Концертот ќе се одржи во Големата сала од 20 часот. Центарот за култура беше пуштен во употреба на 11 октомври 1980 и до денес остана храм на културата во градот. „Јубилејот на Центарот за култура не е само прослава на една институција, туку ...
Десетина поголеми текстилни компании од Штип и исто толку помали конфекции вечерва и утре (9 и 10 октомври) ќе учествуваат со свои модни ревии на вториот моден саем „Фешн Штип“, на кој ќе ги прикажат најновите модни креации. „На втората модна манифестација, покрај познатите конфекции од Штип, кои се водечки во земјата, ќе учествуваат и студенти на технолошките и модните факултети во Македонија, кои ќе ги презентираат своите најнови ...
Вечерва (9 октомври) од 19 часот, во Ликовниот салон во Велес ќе се одржи годишен концерт на хорот „Св. Кирил и Методиј“ од Велес. Насловен е „Децата низ боите на музиката“. „Бидејќи музиката може да изрази толку многу од нашите чувства и има толку моќен ефект врз нашите срца, умови и тела, треба длабоко да го цениме овој совршен дар од Бога“, рече диригентката Веселинка Маџарова, која работи со децата членови. Повеќето од членовите се од ОУ ...
Од 16 до 18 октомври во Скопје ќе се одржи фестивалот на современата музичка сцена ПМГ рекордингс фестивал во чест на роденденот на неговиот основач Мирко Попов. Настаните ќе се одржуваат во „Јавна соба“ и на малата сцена на Македонскиот народен театар. На 18 октомври во „Јавна соба“ ќе гостува хрватскиот состав „Менгрув“ (фото), кој има шест студиски албуми и соработувал со многу музичари, меѓу кои и џез оркестарот на Хрватската ...
„Забрането“ е новата песна на младата поп-пејачката Марија Спасовска, која ја промовираше на 5 октомври, кога е нејзиниот роденден. Автор на музиката и стиховите е таа, а аранжманот е на Иван Јованов-Ивајо. За песната е снимен и видеоспот во режија на Томислав Живковиќ. Спасовска, која студира во Солун, летоска ја преработи македонската народна песна „Ја излезе стара мајко“ во рамките на проектот „Македонијо, во срце те носиме“. Автор на ...
Од 29 октомври до 5 ноември, по 31. пат ќе се одржува Моден викенд Скопје. Годинава, модните ревии, работилници и дискусии се под слоганот „Одржлива мода и креативна традиција – развој на иновативни практики на македонската модна сцена“. Настанот започнува со едукативни активности и креативни работилници на 29 октомври во 12 часот. Во Центарот за поправки „Ништо ново“ (АРНО), дизајнерката Ирина Тошева и тимот на „Ништо ново“ ќе ја водат ...
Во Македонскиот културен центар во Загреб се одржа концерт посветен на македонско-хрватскиот композитор Тома Прошев по повод 30-годишнината од неговата смрт. На концертот насловен „Од класицизам до македонизам“ настапи квартетот „Стригендо“. Во квартетот свират Љубица Делева-Поповска и Олгица Шундиќ на виолина, Љупка Каевиќ на виолончело и Наташа Лазаревска на обоа. За композиторот Тома Прошев зборуваа неговата ќерка, професорката Борјана ...
Пијанистката Дуња Иванова денеска (8 октомври) од 20 часот ќе одржи концерт во Културно-информативниот центар во Скопје насловен „Кругови“. Централен дел од програмата се четирите истоимени пиеси чиј автор е пијанистот и композитор Дино Имери. Иванова премиерно ќе ги изведе неговите „Ни ваму ни таму“, „Валцерот на Миро“, „Мајка“ и „Дрво“. На програмата ќе бидат и дела од македонскиот композитор и аранжер Давор Јордановски и од современата ...
Претставата „Франкенштајн“ на Театарот за деца и младинци, во режија на Кокан Младеновиќ, денеска (8 октомври) ќе се изведе во Сараево во рамките на детската програма на Интернационалниот театарски фестивал МЕСС. Во претставата играат Ангела Димитрова, Матеа Јанковска, Бојан Кирковски, Ненад Митевски, Никола Наковски, Наташа Петровиќ и Симона Спировска, а текстот е на Кокан Младеновиќ, Драгана Лукан-Николоски, Димитрије Коканов и на ...
Џенифер Лопез и Бен Афлек се сретнаа повторно на црвениот тепих на промоцијата на филмот „Бакнежот на жената пајак“. Лопез и Афлек, кои се разведоа минатата година, се појавија заедно прегрнати и насмеани пред камерите. Лопез глуми во најновата адаптација на познатиот мјузикл, а Афлек е еден од извршните продуценти. Нивното заедничко појавување предизвика коментари со оглед на нивната бурна историја. Среде интервју на црвениот тепих се гледа ...
Ламбе Алабаковски ќе одржи концерт во Скопје, во „Јавна соба“ на 10 октомври. Поп-пејачот вели дека е среќен што по десет години некој го поканил да пее во Скопје. „Конечно, по десет години на некој му текна да го викне Ламбе Алабаковски во Скопје, да ги испеам моите најголеми хитови и општо хитови кои останале запишани во историјата, а верувам дека ќе останат и по 10 октомври“, вели Алабаковски. Билетите се продаваат преку мрежата на ...
Новиот албум на Тејлор Свифт „The Life of a Showgirl“ го сруши американскиот рекорд, продавајќи 1,2 милиони плочи за една недела. Албумот се продаде во вкупно 2,7 милиони примероци на 3 октомври кога излезе, што е нејзин личен рекорд. Само албумот „25“ на Адел оствари подобар резултат, со продадени 3,3 милиони примероци во првата недела во 2015. И досегашниот рекорд за најмногу продадени плочи во една недела го држеше Свифт, откако нејзиниот ...
Женскиот младински хор при Младински културен центар (МКЦ), под водство на маестро Сашо Татарчевски, освои прва награда на Интернационалниот хорски натпревар во Херцег Нови, Црна Гора. Во јуни годинава, хорот освои Гран при награда во Бугарија. На фестивалот во Херцег Нови настапија 29 хорови од повеќе европски земји, од кои 24 беа во натпреварувачкиот дел. Македонскиот хор се претстави на три фестивалски сцени. Освен првата награда за хорот, ...
По Гевгелија, оркестарот на Македонската филхармонија вечерва (7 октомври) од 20 часот ќе гостува во Центарот за култура во Битола. Како солистка на концертот „Бајка“ ќе настапи виолинистката Анна Кондратенко, концертмајстор во Филхармонијата. Таа воедно ќе го води оркестарот во изведбата на композициите „Come in!” („Чукни и влези”) од Владимир Мартинов и „Писма до пријателите” од Гија Канчели. Пред две години, Кондратенко го основа квартетот ...
Бојана Скендеровски ќе го одржи првиот солистички концерт во Скопје, на 13 декември од 20 часот во Филхармонијата. Поп-пејачката го нарече концертот „Бесмртна“ и со него ќе прослави 23 години кариера. Бојана Скендеровски, претходно Атанасовска, започна да пее во проектот за млади таленти „М2, потрага по ѕвезда“, а во 2003 победи на Макфест со песната „Немам одбрана“. „Овој концерт е мојата благодарност кон публиката, музиката и кон сите ...
Симон Трпчески одржа три успешни концерти во центарот „Кенеди“ во Вашингтон на 2, 3 и 4 октомври како солист на Националниот симфониски оркестар на Вашингтон, заедно со неговиот шеф-диригент Џанандреа Нозеда. Трпчески го свиреше Концертот за пијано и оркестар бр. 2 од Камиј Сен-Санс. Следниот настан за македонскиот пијано виртуоз е рецитал во Филхармонијата на Монте Карло, каде што ќе го изведе Пијано концертот број 1 на Чајковски. Потоа со ...
Поп-пејачката Симона Поповска ја сними песната „Бели ноќи“. Текстот го напиша Робин Зимбаков, а музиката и аранжманот се на Панче Касапски. Поповска за оваа песна сними и спот кој го режираа Крсте Шупев и Стефан Петровски. „Бели ноќи“ е достапна на сите дигитални платформи. Во 2023, на Макфест во Штип Симона Попоска ја испеа песната „Бакни ме за крај“, која ја посвети на жените кои се жртви на семејно насилство. Автор на песната е Горјан ...
„Пики Блајндерс“ се враќа со две нови сезони кои ќе се фокусираат на новата генерација на семејството Шелби по Втората светска војна. Шестата сезона, која се емитуваше во 2022, беше опишана како „крај на епска приказна“, иако продуцентите најавија дека серијата би можела да продолжи во некоја форма. Претстојниот филм „The Immortal Man“ е сместен на почетокот на војната, а Килијан Марфи ќе ја репризира улогата на Томи Шелби. „Филмот ќе биде ...
Националниот џез оркестар ќе одржи концерт со студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и од Џез академијата во Штип утре (7 октомври) од 20 часот во малата сала на Филхармонијата. „Ова е концерт посветен на креативноста, енергијата и талентот на новата генерација џез музичари. Заедно да ја откриеме иднината на македонската џез сцена и да ги поддржиме младите уметници на нивниот творечки пат“, велат од Националниот џез оркестар. ...
Вечерва (3 октомври) во 19:30 часот во Центарот за култура „Ацо Шопов“ во Штип започнува осмиот Интернационален фестивал на камерни хорови Астибо фест. На дводневниот фестивал ќе настапат камерни хорови и вокални ансамбли од Македонија, Србија и Бугарија и интернационалниот хор „Сингерс јунајтед“ со членови од САД, Велика Британија, Јапонија, Канада, Русија, Белгија, Костарика и други земји. Влезот за сите настани е слободен. Т. ЈОВАНОВСКИ ...
Вечерва (3 октомври) од 20 часот, Националната опера и балет ќе ја отвори новата сезона 2025/26 со „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт. „Реквием“ е последното и недовршено дело на Моцарт, создадено во последните месеци од неговиот живот. Солисти ќе бидат Биљана Јосифов (сопран), Николина Јаневска (мецосопран), Јане Дунимаглоски (тенор) и Владимир Саздовски (бас). Сценографијата е на Марија Ветероска. „Заедно со оркестарот и хорот на ...
Филмот „Паноптикон“ на режисерот Ѓеорѓи Сикарулиѕе, копродукција на Грузија, Франција и Италија, доби Гран при на 10. издание на меѓународниот филмски фестивал Киненова во Скопје. Наградата за најдобра режија ја доби српскиот режисер Вук Ршумовиќ за филмот „Помеѓу боговите“, а наградата за најдобро сценарио ја добија Момир Турудиќ и Вук Ршумовиќ за истиот филм. За најдобар краток филм е награден „Пиратска земја“ на Ставрос Петрополус. ...
Новиот студиски албум на суперѕвездата Тејлор Свифт, „The Life of a Showgirl“, пристигна денеска (3 септември) со силна промоција, што вклучува полноќна продажба во продавници, забава во киносалите низ целиот свет и изненадувачки настани во Њујорк и Лос Анџелес. Албумот следува по „The Tortured Poets Department“, 11. студиски албум на Свифт, кој дебитираше на првото место на американската топ-листата и се продаде во осум милиони примероци во ...
По повод 25 години од албумот „Врати на имагинација“, рок бендот „Ареа“ ќе одржи концерт во салата „Јане Сандански“ во Скопје на 8 ноември. Ова исто така се совпаѓа со 25-годишнината на големиот концерт на „Ареа“ на тогашниот Скопски саем. „Иако беше одамна, концертот во 2000 на Саем ми остави големи впечатоци во сеќавањата, кои и сега ми се свежи. Знам дека имаше многу публика, а ние не го очекувавме тоа, некои од дојдените останаа пред ...
Лидија Танушевска ја доби наградата „Драги“ за најдобар книжевен превод на македонски јазик за 2025, за преводот од полски јазик на делото „Емпусион“ од авторката Олга Токарчук, во издание на „Антолог“. Комисијата за доделување на наградата во состав проф. д-р Анастасија Ѓурчинова – претставник од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, д-р Јана Михајловска – член на семејството на Драги Михајловски и Иван Шопов – претставник одбран од ...
Вечерва во 20 часот, во Народниот театар во Битола ќе започне фестивалот на класична музика Интерфест. На отворањето, Битолскиот камерен оркестар (фото) ќе го свири делото „Катули Кармина“ од Карл Орф, а диригент е Владимир Димовски. Притоа ќе настапат и мешаниот хор на КУД „Стив Наумов“ од Битола, со кој ќе диригира Лилјана Трајковска-Димевски и солистите Билјана Талевска – сопран и Саша Арсенков – тенор од Србија. „Иако првично напишано за ...
Вечерва (2 октомври) во 19:30 часот, во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се отвори изложбата „Откривање и ритам“ на Мартин Џепароски. Изложбата е замислена како поетска видеоинсталација што се состои од две поврзани видеа, „Откривање“ и „Ритам“ и како просторна инсталација која преку визуелно прикажување и дијалог со просторот нуди уникатно сензорно доживување. „Преку симболичка нарација, визуелна естетика и динамички ритам ...
„Прекрасно, многу убаво организиран настан, треба да се земе за пример“, вели младата македонска пејачка Елена Васова, која е годинашната добитничка на регионалната музичка награда „Милан Младеновиќ“, која ја прими во Макарска на 21 септември. Васова ја доби наградата за песната „Љубов“, а ѝ беше доделена на денот на раѓањето на легендарниот фронтмен на „Екатарина Велика“. „Се изненадив од доста позитивни коментари за песната, некои ја ...
„Господарот на танцот“, глобалната танцова сензација од Ирска, се враќа во Скопје на 7 април 2026 со ново шоу за прослава на својата 30-годишнина. Настанот ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“, во организација на „Пасворд проукција“. „Скопје ќе биде домаќин на овој значаен настан, грандиозна прослава на културниот феномен, кој плени над 60 милиони обожаватели и поставува нови стандарди во креативноста и сценската продукција. За ...