Крис Нот се врати на глумата по четиригодишна неформална пауза по неколку обвинувања за сексуален напад. „Блок“, хорор филм за блокадата на еден писател, е неговата прва филмска улога од „Божиќна свадба во Њујорк“ од 2020 и негова прва улога воопшто откако последен пат го повтори својот препознатлив лик на Господин Биг во продолжението на „Сексот и градот“, „И едноставно така“. На својот фејсбук профил, Нот напиша: „Холивуд се обиде да ми го ...

Ѕвездата на „Игра на тронови“, Софи Тарнер, ќе ја игра Лара Крофт во новата ТВ-серија „Томб рајдер“. Серијата е создадена и напишана од креаторката и ѕвезда на „Флибег“, Фиби Волер-Бриџ. „Томб рајдер“ е базирана на компјутерската игра за фиктивната авантуристка и археолог Лара Крофт, која претходно ја глумеа Анџелина Џоли и Алисија Викандер. „Неизмерно сум возбудена што ја прифатив улогата. Лара е легендарен лик, кој им значи толку многу на ...

Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес обезбеди и испорача детска литература од македонски автори за децата од училиште во Мелбурн. Собрани се стотина наслови. „Се спроведе активност за обезбедување детска литература од велешки и македонски автори за потребите на наставниците кои работат со дечињата кои го изучуваат македонскиот јазик во саботното училиште во Килор Деонс во Мелбурн. Во акцијата ни се приклучија деца со родители и ...

Кога Дејвид Боуви почина во 2016, неговиот подарок за збогум беше албумот „Blackstar“, инспириран од неговата дијагноза за рак и прифаќањето на смртноста. Но, во последните месеци од животот, тој започнал и друг проект, опишан во неговите белешки како „мјузикл од 18. век“. Наречен „The Spectator“, постоењето на делото не им било познато дури и на неговите најблиски соработници, сè додека белешките не биле откриени заклучени во неговиот ...

Диригираше маестра Ѓурѓица Дашиќ, а оркестарот, заедно со виолинистката Ирина Мурезану од Романија, ги свиреше „Годишните времиња“ на Вивалди, „Романската рапсодија“ од Енеску и свитата „Свети Пол“ од Холст. „ Навистина е голема чест и огромно задоволство што сме први кои го донесоа ова концертно искуство во Босна и Херцеговина. За нас оваа турнеја е инспирација, но и потврда дека музиката навистина нема граници“, рече Дашиќ. Турнејата ...

Вчера (4 септември) во преполната киносала во Валандово, ансамблот „Распеани валандовчани“ го промовираше новото винил издание, второ во својата 50-годишна историја. „Настанот во организација на Општина Валандово и во соработка со ансамблот беше повеќе од промоција. Беше ретроспектива, концерт, почит кон корените и спомен на луѓето кои оставија траен белег на македонската музичка сцена. Настанот беше осмислен како наративно и визуелно ...

„Редиохед“ најави европска турнеја од 20 датуми во ноември и декември, што ќе бидат првите настапи во живо на рок-групата по седум години пауза. „Минатата година се собравме на проба, чисто од зезање. По седумгодишна пауза се чувствувавме навистина добро што повторно ги свириме песните и што можевме повторно да се поврземе со музичкиот идентитет што се вгнездил длабоко во сите нас петмина“, напиша тапанарот Филип Селвеј на Инстаграм. На ...

На Лондонскиот филмски фестивал во октомври ќе играат и „Мајка“, првиот филм на режисерката Теона Стругар Митевска на англиски јазик, и „Диџеј Ахмет“, дебито на режисерот Георги Унковски. Ќе играат во фестивалската програма Тематски насоки, во која филмовите се организирани според теми за да се поттикне откривањето нови автори и да се отвори Фестивалот за нова публика. „Мајка“ е во темата Дебати и ќе има две проекции, на 14 и 16 октомври, а ...

Петгодишната реставрација на кулата Биг Бен во Лондон вредна 80 милиони фунти е номинирана за водечката награда за архитектура во Велика Британија. Реновираниот Биг Бен, официјално познат како кулата Елизабета, е меѓу шесте номинирани за наградата „Стирлинг“ на Кралскиот институт на британски архитекти. На листата се наоѓаат и кампусот на Лондонскиот колеџ за мода во поранешниот Олимписки парк и медицинскиот истражувачки центар на ...

Модна ревија со креации на дизајнерката Фросина Кулакова од Неготино која беше прегазена на пешачки премин во Скопје во јануари, ќе се одржи во Белград, на 26 октомври во хотелот „Москва“. Несреќата се случи 29 јануари, кога на „Партизанска“ во Скопје беше прегазена 22-годишната Кулакова од страна на 20-годишниот Васил Јованов. Ревијата е во рамките на финалето на изборот за убавина „Топ модел Европа Балкан“, на кој ќе се натпреваруваат 20 ...

Кинотеката на Македонија на 13 септември ја започнува новата Филмска училница, едукативна програма наменета за ученици од 11 до 14 години кои сакаат да ја откријат магијата на филмот и да ги совладаат првите чекори во создавањето на сопствени кратки филмови. Филмската училница ќе се одржува секоја сабота до почетокот на декември. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со процесот на создавање филм, од идеја и сценарио, преку снимање и ...

Групата „Фолтин“ ќе одржи концерт во Прилеп на 6 септември, на летната сцена на ЦК „Марко Цепенков“ од 21:30 часот. „Фолтин“ ја одбележува 30-годишнината од формирањето и првиот самостоен концерт. Основана во 1995 во Битола, групата е препознатлива по својот уметнички и експериментален израз. Текстовите често се фонетска имитација на неколку медитерански јазици, „спонтан есперанто“, како што самите го нарекуваат. Нивниот музички стил наречен ...

На 4 септември од 20 часот, во обновената кино-сала во Валандово ќе се одржи промоција на винил изданието на ансамблот„Распеани валандовчани“. Промоцијата е во организација на Општина Валандово и во соработка со ансамблот. Ансамблот притоа во живо ќе изведе дел од својот репертоар. Ќе се прикажат и аудио-визуелени документарни материјали за историјата на ансамблот од основањето до денес. Иницијативата за ова издание произлезе од музичарот ...

Стриминг гигантот „Нетфликс“ промовира колекции во кои корисниците ќе можат да истражуваат стотици наслови на филмови и серии низ призмата на хороскопот, што значи дека за секој хороскопски знак ќе има наслови што ги одразуваат нивните уникатни особини. Манси Пател, една од директорите на „Нетфликс“, рече дека секогаш бараат нови начини за курирање филмови и серии на платформата. „Мислам дека овој специфичен начин е навистина забавен за да ...

Ворвик Дејвис ќе ја повтори својата улога на професорот Филиус Флитвик во претстојната телевизиска серија за Хари Потер, потврди „Ејч-Би-О“. Добитникот на БАФТА го играше популарниот професор во серијалот филмови за Хари Потер базиран на книгите на Џеј Кеј Роулинг. Тој е првиот актер од филмската франшиза кој ќе ја повтори својата улога во новата серија. Дополнителни членови на екипата на ТВ-серијата беа објавени како дел од прославата ...

Ворвик Дејвис ќе ја повтори својата улога како професор Филиус Флитвик во претстојната телевизиска серија за Хари Потер, потврди „Ејч-Би-О“. Актерот, добитник на БАФТА, ја играше улогата на популарниот професор во серијалот филмови за Хари Потер за познатиот волшебник, базиран на книгите на Џ.К. Роулинг. Тој е првиот актер од филмската франшиза за Хари Потер што ја повтори својата улога во претстојната ТВ серија. Тој се појави и на големото ...

Од 5 до 8 септември, во паркот „Авионче“, во скопската населба Аеродром ќе се одржи првиот „Аеро уличен фестивал на храна“. Организаторите најавуваат урбана музичка програма и забавни активности за сите генерации, а влезот ќе биде бесплатен. Настапуваат бендовите „Рингтонс“ (фото), „Саутпарк“ и „Брејкдаун бенд“ и диџеите Гоце Саф, Александар Јорданов, Марко, Мицов, Шиме, Моно, Фудимен, Гардијан и Фичо. Гастрономската понуда ќе биде од 4 ...

Српскиот евровизиски претставник Принц вели дека Евровизија е најголемата реклама за еден музичар. Стефан Здравковиќ познат како Принц беше ревијален гостин на фестивалот Охрид фест-Охридски трубадури. „Ова ми е трета година по ред да доаѓам на фестивалот. Претходно се натпреварував, сега дојдов како ревијален гостин. Охрид ми сѐ гледа се поубав секоја година. Првпат бев овде со пријатели на одмор во 2010 и оттогаш често доаѓам. За мене, ова ...

Со концертот „Кондензиран воздив по тебе” во Амфитеатарот во Велес, вчера (31 август) заврши „Велешко лето 2025″. На настанот се пееја и свиреа десетина современи преработки на традиционални велешки песни и ора, изведени од локални музичари и солисти. Меѓу учесниците беа Мики Секуловски со „Налеј, налеј“, Охридеја Дукова (фото) со „Се посврши сербез Донка“, Тони Андреев со „Елено ќерко“ и други. На програмата беа и велешките ора „Калајџиско” ...

На 3 септември од 19 часот, во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје ќе се одржи разговор со писателката Оливера Ќорвезироска како дел од четвртиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“. Разговорот ќе се одржи во спомен-собата „Т’га за југ“, ќе го води книжевната критичарка Александра Јуруковска, а фрагменти ќе чита актерот Андреј Серафимовски. Во четвртиот циклус се предвидени осум автори и дела. Книгата за ...

Џуд Ло се трансформираше во Владимир Путин во новиот филм на Оливие Асајас, „Волшебникот од Кремљ“, кој имаше премиера вчера на Венецискиот филмски фестивал. Ло претходно кажа дека не влегол наивно во овој проект и дека не стравува од последици поради портретирањето на рускиот лидер. „Се чувствував безбедно во рацете на Оливие. Ова е приказна што требаше да биде раскажана интелигентно, со нијанси и внимание. Не баравме контроверзи само заради ...

Поп-пејачот Горан Наумовски вели дека му е драго што ја преработил неговата омилена песна „Прости ми“ од Маја Оџаклиевска. Наумовски беше ревијален гостин на фестивалот Охрид фест-Охридски трубадури и ја испеа оваа песна со која претходно настапи на концертот „Најдоброто од Копров“ во јули 2024 во рамките на Скопско лето. Григор Копров е автор на музиката на оваа песна, Оџаклиевска го напиша текстот, а оригиналниот аранжман е на Живоин ...

Филмот „Франкенштајн“ на Гиљермо дел Торо доби 13-минутни стоечки овации на филмскиот фестивал во Венеција, најдолгите досега на фестивалот. Оскар Исак, кој го игра лудиот научник, и Џејкоб Елорди, кој го отелотворува неговото монструозно создание, се расплакаа додека публиката продолжи да аплаудира. За време на долгите овации, дел Торо ги прегрнуваше Елорди и Исак. Научно-фантастичниот филм кој се натпреварува за престижниот Златен лав на ...

Лејди Гага која ја продолжува својата доминација на овогодинешните Ем-Ти-Ви видео музички награди, ќе настапи на шоуто кое ќе се одржи во Њујорк на 7 септември, објавија организаторите. Гага која е добитничка на Греми, има најмногу номинации, вкупно 12, вклучувајќи ги и оние за пејачка на годината и за најдобар албум. Гага има долгогодишна историја со наградите, со вкупно 57 номинации во текот на нејзината кариера. Таа се придружува на ...

Aмериканската актерка Џулија Робертс за првпат беше гостинка на Филмскиот фестивал во Венеција, за премиерата на својот најнов филм „По ловот“. Режисер на филмот е Италијанецот Лука Гвадањино, а глумат и Ајо Едебири и Ендру Гарфилд. Филмот за првпат во кариерата ја донесе Робертс на познатиот црвен тепих во Лидо. Робертс ја игра Алма Олсон, професорка по филозофија на Универзитетот „Јеил“ чиј живот се менува кога нејзината долгогодишна ...

Со хитот „Принцеза“ кој го испеа во дует со хрватскиот рокер Дадо Топиќ, фестивалот Охрид фест- Охридски трубадури се сети на српската аванградна уметница и пејачка Слаѓана Милошевиќ, која почина во март во 2024 во Белград. Во чест на Милошевиќ, водителката на фестивалот Марјана Станојковска испеа дел од песната, и со неа го најави гостинот Дадо Топиќ. Хрватскиот рокер со песната „Македонија“ го затвори фестивалот кој го по 32. пат се одржа ...

Фотографирањето додека патувате е можност да создадете траен спомен од незаборавни искуства, знаменитости и активности, но има места во светот каде што фотографирањето е забрането со закон, Во 17 век, царот Шах Џахан наредил изградба на мавзолеј во чест на неговата сопруга Мумтаз Махал. Денес, Таџ Махал во Агра е најпознатата туристичка атракција во Индија, која прима 7 до 8 милиони посетители секоја година. При посета, постојат голем број ...

Македонско- словенечката музичарка Жаклина Крстевска- Петек со етно групата „Калина“ често настапува во Словенија со македонски изворни песни. Крстевска е родена и живее во Љубљана, по мајка е Словенка а по татко Македонка. Сношти (29 август) таа настапи во на фестивалот Охрид фест на сцената на „Долни Сарај“ и испеа песна за нејзиното македонско потекло, во дует со Благица Павловска. „Во 2010 ја основавме етно групата ‘Калина’ во која сме ...

На 5 септември во камерната сала на Филхармонија од 20 часот, концерт ќе одржи оркестарот „Ноу бордерс“ во кој членуваат музичари од поранешните југословенски републики. Концертот е во рамките на нивната регионална турнеја „Turning Point“. Од ансамблот, кој постои десет години, велат дека неговата цел е преку музиката да ги надмине етничките, религиозните и националните разлики. Во 2023 ја доби наградата „Шампион на регионална соработка“, ...

Во септември, претставите на Народниот театар Битола ќе се одиграат на повеќе фестивали низ Македонија. „Фетишист“ на 9 септември ќе гостува на фестивалот „Ристо Шишков“ во Струмица, а на истиот фестивал на 12 септември ќе се игра претставата „Ричард Трети“. „Снежана и седумте џуџиња“ на 13 септември гостува на театарскиот фестивал за деца „Малиот принц“ во Штип, а на 16 септември на театарскиот фестивал „Силјан штркот“ во Прилеп. „Рибарски ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
81%
1008
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
9.26
65%
1005
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
5.14
92%
999
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
7.72
80%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.71
95%
1014
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.79
97%
999
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
5.66
80%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
39%
1000
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
87%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
4.12
92%
1014
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
4.12
97%
1005
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
66%
1015
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Платина

83354.78

Кобалт

64.04

Цинк

3.37

Сребро

3663.67

Бакар

12.10

Калај

49.78

Родиум

339190.38

Злато

159322.70

Паладиум

56617.46

Рутениум

45750.51

Алуминиум

3.06

Иридиум

221848.72