„Молитва“ е новата песна на Ивона Јо. Темелко Андреев ги напиша текстот, музиката и аранжманот, а тој е и режисер на спотот. За „Молитва“ вели дека е нејзина автобиографска песна. „Ова не е само музичко издание, туку огледало на внатрешната борба, болка и победа над најтешкиот противник, себеси. Испеав универзална приказна за сите кои некогаш биле заробени во мрежата на негативни коментари, осуди и сомнежи, оние невидливи, но тешки товари што ...

Околу 600 автори од над 80 држави учествуваат со 800 дела на второто Меѓународно биенале на минијатурна уметност (МБМБ) во Битола, кое се отвори синоќа (12 август) во Културно-информативниот центар – Офицерски дом. Биеналето е организирано и реализирано од неговиот раководител Владо Ѓорески, кустос и графичар, кој е и раководител на Меѓународното графичко триенале во Битола. После Битола, биеналето ќе биде презентирано во Грција, Србија и ...

Елена Васова со песната „Љубов“ е македонски претставник меѓу суперфиналистите за регионалната музичка награда „Милан Младеновиќ“ за 2025. Доделувањето ќе се одржи во Макарска на 21 септември. Фондацијата „Милан Младеновиќ“, која го носи името на култниот фронтмен на групата „Екатарина велика“, кој почина во 1994, секоја година доделува награди на млади музичари од регионот. Во 2022, наградата ја доби македонската кантавторка Дина Јашари за ...

Дуото Тоби и Дејан ја сними новата рок песна „На зајдисонце“. Ја напиша пејачот Деан Коцевски, а приказната за песната е инспирирана од една негова фотографија направена на зајдисонце во Виена. „Ова музичко патување започна со една фотографија. Еден сончев декемвриски ден, возејќи низ виенските улици со велосипед, овековечив еден кадар со мојот телефон, момент кој беше искра за создавање на оваа песна. Инспириран од шармот на Виена, добив ...

На 21 август од 21 часот, на летната сцена на Домот на млади во Штип ќе се одржи концерт посветен на Тоше Проески. Неговите најголеми хитови ќе ги пеат Дани Димитровска (фото), Антониа Гиговска, Бени и „Нон стоп“, Мартинијан Кириловски, Огнен Здравковски, Зоран Илиев, Марија Данева, Мики Секуловски, Лили Чили, дуо „Брајт“, Андријана Петрушовска, Наташа Малинкова, Вики и Мана и „Д Хаундс“. Од 10 до 16 часот во Домот на млади е крводарителската ...

Принцот Хари и Меган Маркл објавија дека го продолжуваат договорот за снимање филмови и ТВ-емисии со „Нетфликс“, што ќе трае повеќе години. Меган рече дека таа и Хари биле инспирирани од партнерството со „Нетфликс“ да „создадат промислена содржина што резонира глобално и ја слави заедничката визија“. Не е објавено колку чини договорот. Претходниот договор од 2020 наводно имал вредност од околу 100 милиони долари. Најавата доаѓа пред втората ...

Најдобар филм на 9. издание на фестивалот „Дрим шорт“ во Струга, е „О“ на Рунар Рунарсон, одлучи жирито во состав Никола Ристановски, Јелена Јованова, Гуидо Казале и Бранко Ристовски. За најдобар филм во студентската програма e прогласен „Невидлива сестра“ на Нели Рајала, а најдобар во регионалната програма е филмот „Треба да зборуваме за Дилан“ на Умут Шилан Огурлу. Во категоријата најдобар филм од македонската програма специјално признание ...

„Жал ми е што со честите преработки на македонски народни песни некои пејачи ја расипуваат нашата традиционална музика“, вели композиторот Григор Копров. Последниве години, тој слушал многу преработки на традиционални песни од пејачи за кои вели дека „не можат да ги износат“. „Не мислам тука на преработките на патриотските песни, туку на изворните. Ако преработиш песна, треба да внесеш некоја иновативност. Ова што го слушам се многу лоши ...

„Зошто“ е новата песна на сестрите Илина и Јована Николовски. Автор на песната е Сашо Николовски, а миксот и мастерингот се на Дарко Јовановски. За песната е снимен и спот во режија на Дарко Јовановски. Илина и Јована се сестри на возраст од 15 и 13 години. Потекнуваат од музичко семејство и од рана возраст изучуваат музика. Покрај музиката, Илина и Јована осум години посетуваат часови по глума во драмско студио. „Досега имаме снимено 16 свои ...

Тејлор Свифт го најави својот 12. студиски албум насловен „The Life of a Showgirl“ по бројни шпекулации од фановите во изминатите 24 часа, поттикнати од нејзиниот маркетиншки тим. Претходниот албум на Свифт, објавен минатата година, го собори рекордот на Спотифај за најмногу стримувања во еден ден. Засега не е потврдено кога точно излегува албумот. Фановите кои веќе го нарачале албумот добиле порака дека нема да им биде испратен пред 13 ...

Публиката на Охридско лето синоќа (10 август) пулсираше во духот на афробит ритамот, на концертот на Националниот џез оркестар и познатиот нигериски музичар, текстописец, пејач и саксофонист Шеон Кути, под диригентство на Џијан Емин. Познат по своите атрактивни изведби и социјално ангажирана музика, Кути е најмладиот син на пионерот на афробитот Фела Кути и поголемиот дел од својот живот го поминал зачувувајќи го и продолжувајќи го ...

„Специјалиста“ е новата песна на поп-пејачката Антониа Гиговска од авторскиот тандем Лазар и Магдалена Цветкоски, со кои таа долго соработува. За новата песна е снимен и спот во режија на Даниел Јовески. „‘Специјалиста’ е песна која дојде многу случајно и е женска приказна. Ова е можеби најтешката песна за мене досега од причина што се снимаше набрзина, со многу статисти, многу непредвидливи работи на сетот (двапати ни заврна дожд и не ...

Од 14 до 30 август, во Братиславскиот замок во Словачка ќе се одржи третото издание на меѓународната изложба „Пеперутки во душата“ (Butterflies in the Soul). Македонија годинава ќе биде претставена од двајца уметници: Филип Фидановски со седум скулптури во керамика од изложбата „Пикасо можеби јас 2“ и Ана Митевска со четири слики од циклусот „Надеж“. Настанот е под мотото „Уметноста поврзува“ и ќе се претстават уметници од повеќе земји од ...

Лиам Галагер го опиша градскиот совет на Единбург како „група змии“ на првата вечер од долгоочекуваните шкотски концерти на „Оејзис“ на стадионот Марејфилд. Пејачот рече дека дуото „сè уште чека извинување“ од локалните власти поради извештајот во кој се сугерираше дека фановите на бендот ќе бидат „гласни“ и „пијани“. Галагер го даде коментарот за време на концертот во петокот пред околу 70.000 фанови на националниот рагби стадион. Тие ќе ...

Оваа година, неколку европски земји воведоа високи казни за лошото однесување на туристите. Замислете ја сцената: вашиот лет штотуку слета во Анталија, Турција, и едвај чекате да излезете од авионот. Се откопчувате, скокате од седиштето и ја земате торбата од горното шкафче, желни да го започнете вашиот одмор. Но, стјуардесата ве трга настрана и ви издава брза казна од 62 евра затоа што сте прекршиле ново правило: од оваа година, ...

Вечерва, (10 август) од 21 часот, на сцената на „Долни Сарај“ во Охрид, Националниот џез оркестар ќе одржи концерт во рамките на Охридско лето. Гостин солист е саксофонистот и пејач Шеун Кути од Нигерија, кој се смета за музички наследник на легендарниот Фела Кути. Диригент на концертот е Џијан Емин. „Се очекува коцерт полн со енергија, слобода и автентичен звук кој ги надминува сите граници. Афро-џез експлозија која го слави животот и ...

Метју Лоренс, кој беше тинејџер кога глумеше покрај Робин Вилијамс во блокбастер комедијата од 1993, „Госпоѓа Даутфаер“, изјави за „Ентертејнмент Викли“ дека е заинтересиран да го воскресне гласот на починатиот Вилијамс користејќи вештачка интелигенција. Вилијамс почина во август 2014 година на 63 години. Лоренс го глумеше Крис, синот на Вилијамс во филмот. „Би сакал, со почит и со одобрение од неговото семејство да направам нешто навистина ...

Рок бендот „Ареа“ ќе одржи концерт во Велес вечерва, (9 август) од 21 часот во рамките на Велешко лето 2025. Концертот на гостиварската група е кај плочата позади ООУ “Блаже Конески”, а пред нив ќе настапи диџеј Зорбитал. . Групата „Ареа“ е формирана во 1991. Наредната година на скопскиот Поп-рок фест ја освои првата награда и доби можност за снимање деби албум. Албумот наречен „Случајно тука”, продуциран од музичката продукција на ...

Владо Јаневски ѝ посвети песна на Сара Пројковска, професорка по пијано и придружен вокал која загина во пожарот на 16 март во кочанската дискотека „Пулс“, на неговиот концерт сношти (8 август) во Античкиот театар во Охрид. Јаневски се расплака додека се сеќаваше на Пројковска која долго пееше како негов придружен вокал. „Морам да го кажам ова. Лани на оваа сцена бевме 10, сега сме 9, Сара отиде. На концертите во Филхармонија во Скопје ми ...

Нов документарец за Ози Озборн ќе го прикаже „последното поглавје“ од неговиот живот, вклучувајќи ги и неговите подготовки за настапот на прошталниот концерт на „Блек Сабат“ во Бирмингем во јули. Сниман во текот на три години, „Ози Озборн: Враќање дома“ ја раскажува приказната за животот на пејачот и неговата сопруга Шерон (фото) додека се обидуваат да го остварат својот долгогодишен сон за враќање во Велика Британија. Филмот ќе ги покаже и ...

„Романсата сѐ уште не е мртва“ беше насловен концертот што се одржа синоќа (7 август) на Британската вечер на 65. издание на Охридско лето, а настапија виолинистот Џек Либек и пијанистката Катја Апекишева во црквата „Св. Софија“. Романтичната вечер започна со Соната за виолина и пијано од Франц Шуберт, а продолжи со дела од Шопен, Изаи, Менделсон и Крајслер. За виолинистот Либек, специјализираното списание „Би-Би-Си мјузик“ напиша дека ...

Сашо Гигов-Гиш ќе добие награда за безвременски хит на Охрид фест-Охридски трубадури за песната „Самовилска свадба“, која ја испеа на Скопскиот фестивал во 1998. Таа година, на Скопскиот фестивал се избираше првиот македонски претставник за Евровизија, која се одржа во Бирмингем, Англија. „Самовилска свадба“, чии автори се Григор Копров и Јордан Данаиловски, го освои второто место. Победи Владо Јаневски со „Не зори зоро“, исто така песна на ...

Џереми Стронг е фаворит за улогата на Марк Закерберг во продолжението на филмот „Социјалната мрежа“. Според сајтовите „Дедлајн“ и „Вараети“, во филмот би требало да играат и оскаровката Мајки Медисон и Џереми Ален Вајт, ѕвездата на серијата „Мечка“. Арон Соркин, кој доби Оскар за најдобро адаптирано сценарио за „Социјалната мрежа“ од 2010, ќе биде режисер и сценарист на новиот филм. Во филмот на Дејвид Финчер, Закерберг го глумеше Џеси ...

Вечерва во 19:30 часот, во Паркот на поезијата во Струга се отвора деветтото издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“ под мотото „Гледајте филмови, нема каде да се бега“. Фестивалот ќе трае до 10 август на повеќе локации во Струга. Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и на страницата www.dsff.mk. Влезот за сите настани е бесплатен. По церемонијата на отворањето на фестивалот, проекции на филмовите почнуваат во ...

Виолинистката Пламенка Трајковска го објави својот најнов сингл „Балканска песна број 11“ (Balkan song No.11) , за која сними и спот. „Овој бисер, сниман со гудачки квартет, е вистински музички омаж на балканската традиција, инспириран од македонската народна песна ‘Билјана платно белеше“, вели Пламенка Трајковска, која е авторка и изведувачка на песната, заедно со Милена Гиевска-Андоновска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра ...

Во полниот Антички театар во Охрид Јелена Томашевиќ ја испеа македонската народна песна „Македонско девојче“ на концертот кој го одржа сношти (6 август) и цела публика запеа заедно со неа. „Кога првпат го видов овој театар, знаев дека еден ден ќе пеам овде. Овој концерт е доказ дека желбите и соништата се остваруваат“, рече српската поп-пејачка. Пеејќи ги нејзините најголеми хитови, таа не пропушти да каже дека му е благодарна на македонскиот ...

Култниот рок бенд „Зијан” ќе одржи концерт вечерва (7 август) на градскиот плоштад во нивната родна Гевгелија (21 часот). „Благодарни сме што сме дел од Гевгелија-Град на културата 2025“, велат од „Зијан“. Бендот одржа концерт во ноември во Младински културен центар (МКЦ), прв во Скопје по 30 години пауза. Со тој концерт, бендот прослави 42 години постоење и свиреше во оригиналниот состав. Од победата на Гитаријадата во Зајечар до настапите ...

Младиот музичар Андреј Јовановиќ-Дре и едни од пионерите на македонскиот рап „Пука козметика“ промовираа нова песна со наслов „Бољи живот”. Музиката и аранжманот се на Јовановиќ, а текстот е на „Пука козметика“. „На песната гостува и диџеј Славе, кој ги остави скречовите за да ја надополни оваа рап дружба. Снимана е во студиото ‘Алшар’ кај Ивица Јанкуловски, кој се погрижи за миксот и мастерингот. Мелодична музика со тврди рими кои ја ...

На 7 август во Културно-информативниот центар (КИЦ) на Македонија во Софија ќе се отвори изложбата „Простори на конјункција – Картографија на фрагментот: Наративи, граници, меморија“ на кураторскит тим од Националната галерија на Македонија Ана Франговска, Горанчо Ѓорѓиевски, Маја Неделкоска-Брзанова и Маја Чанкуловска-Михајловска. „Оваа изложба ја истражува кревката граница меѓу малите приказни од интимниот свет на индивидуата и големите ...

Лејди Гага (фото), Бруно Марс и Кендрик Ламар ги предводат номинациите за овогодинешните Ем-Ти-Ви видео музички награди (ВМА). Сабрина Карпентер и Аријана Гранде се исто така меѓу најноминираните. Бијонсе и Тејлор Свифт, кои се изедначени во најмногу добиени награди, имаат само по една номинација оваа година – и двете во категоријата уметник на годината. Ниедна од нив не издаде албум во изминатата година, но имаа успешни турнеи. Свифт беше ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
3.09
81%
1008
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
9.26
65%
1005
weather icon

Загреб

5ᴼ / 3ᴼ
5.14
92%
999
weather icon

Софија

1ᴼ / 1ᴼ
7.72
80%
1011
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
1.71
95%
1014
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.79
97%
999
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
5.66
80%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
6.17
39%
1000
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.51
87%
1000
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
4.12
92%
1014
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 2ᴼ
4.12
97%
1005
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
66%
1015
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Паладиум

56617.46

Иридиум

221848.72

Родиум

339190.38

Рутениум

45750.51

Калај

49.78

Цинк

3.37

Платина

83354.78

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.06

Сребро

3663.67

Злато

159322.70

Бакар

12.10