
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Македонскиот филм за деца „Стела“ ќе биде дел од образовните програми во Шведска. Филмот ќе се користи како средство за учење на македонскиот јазик и за запознавање со културата и природата на Македонија. Филмот ја раскажува емотивната приказна за Никола, младо момче кое заедно со својот дедо и шарпланинката Стела се соочува со предизвици како врсничкото насилство и семејните потешкотии. Иницијатори на проекот се професорките по македонски јазик ...
За еден ден се распродадени билетите за трите концерти од предновогодишната традиционална програма на Музичкото училиште „Сергеј Михајлов“ од Штип. За денес (25 декември) се предвидени два концерта од 17 и од 20 часот, а првиот се одржа синоќа (24 декември) на големата сцена на Домот на културата во Штип. „Секоја година во овој период, Штип станува Виена во мало. Ако во Виена се одржуваат новогодишните концерти на 1 јануари, ние традиционално ...
Целодневна забава за Нова година најави скопската општина Кисела вода на 31 декември пред платото на спортската сала „Расадник“. Настанот наречен „Скопска Новогодишна приказна“, започнува во 10:30 часот со настап на Балетското студио „Лебед“, а ќе продолжи со Бисера Мојаноска и театарската група „Театар за тебе“. За децата, следи настап на речекот на Новата година ќе го означи настапот на Влатко Лозаноски- Лозано. Ова е наш подарок не само за ...
Порнографија се сите слики и видеа кои се произведени за да предизвикаат сексуална возбуда. Најголемиот дел од порнографските производи се создадени за машкaта популација и затоа ги покажуваат машките фантазии. Исто така во порнографските видеа, најчесто никој не носи кондом. Притоа, актерите во порнографските филмови обично имаат поголеми мускули и пенис, додека актерките се многу послаби и имаат поголеми гради на кои обично имаат хируршки ...
Здравата исхрана е важен фактор кој влијае на намалување на ризикот од зараза од ковид-19. Истражувачки медицински тим во Индонезија вели дека со медитеранската исхрана може да се намали ризикот од добивање на ковид. За да истражи дали ризикот од инфекција и сериозноста може да се ублажат со медитеранската исхрана, тимот прегледа шест студии со повеќе од 55.400 учесници вкупно во пет земји и беа објавени помеѓу 2020 и 2023. Учесниците пријавија ...
Се смета дека вафлите се еден од најстарите десерти во Европа. Често прелиени со мед, шлаг, сируп или џем, тие се идеални за појадок или ужина и се многу популарни во северозападна Европа, САД и Азија. Во Белгија, каде што се познати како гауфри, има разни варијации на вафли. Според експертите, современите вафли потекнуваат од крустули, деликатес што го сакале старите Римјани. „Многу веројатно е дека вафлите потекнуваат од крустули, слатки ...
Слаткарницата „Минимал“ во градот Таичунг на Тајван е единствениот угостителски објект во светот чиј сладолед има добиено ѕвезда „мишелин“. „Фокусирајќи се на мраз и сладолед, ресторанот вешто ги обложува вкусовите и текстурите преку температурни варијации и креативни комбинации, користејќи уникатни локални состојки од Тајван. Прецизните вкусови, деликатноста и зрелите, вешти техники нѐ импресионираа и достигнаа повисоко ниво, гарантирајќи ја ...
Уметникот Бојан Ковски во живо демонстрираше цртање на тело, на изложбата „Кара“ (Carra) која се одржа на 1 ноември во Националната опера и балет (НОБ). Ковски ја најави моделката и неколку минути црташе пред гостите. Изложбата е инспирирана од познатата италијанската пејачка, актерка и модел Рафаела Кара, која почина во 2021. Беа поставени 12 body-art инсталации, секоја со уникатен визуелен идентитет. На Ковски претходно му позираа 15 модели, ...
Светски познатиот дизајнер Мирко Илиќ денеска (5 декември) од 20:30 часот на Архитектонскиот факултет во Скопје ќе одржи предавање на тема „Дизајн активизам“, а утре во 19:30 часот ќе се отвори изложбата на постери „Толеранција“. Проектот „Tolerance“ е најмасовната изложба на постери во светот која досега е видена од преку 600.000 луѓе во САД, Бразил, Јапонија, Кина, Германија, Словенија, Аргентина, БиХ, Италија, Хрватска и Португалија. Илиќ се ...
Триесет и петтото издание на Ледениот хотел во Шведска и официјално се отвори за сезоната 2024/25. Содржи 12 привремени уметнички апартмани кои гарантираат леден сон за посетителите. Новиот хотел го градеа 26 уметници од 13 држави. Изградбата траела шест недели, при што биле потрошени 550 тони мраз и десет олимписки базени со мешавина од снег и мраз. Покрај 12-те апартмани, хотелот има и 20 ледени соби и сала долга 30 метри, во која виси лустер ...
Арктичките лисици своевремено биле ловени речиси до истребување во Шведска, Норвешка и Финска, но тоа беше спречено со проект за нивно размножување и хранење. Триста километри северно од Осло, Норвешкиот институт за истражување на природата одгледува арктички лисици од 2005. Финансирана од норвешката влада, оваа програма беше столб на напорите да се спасат овие животни во Феноскандија, полуостров кој ги зафаќа Финска, Норвешка, Шведска и дел од ...
Центарот за изучување на шпанскиот јазик „Каста дива“ од Скопје на традиционалната новогодишна забава ја додели стипендијата „Марко Кабранов“ на две свои ученички. Шпански јазик во училиштето бесплатно ќе учат Звезданка Тортевска и Марија Милкова. Наградата им ја доделија Јасмина Никуљски и Ненад Велковски, сопствениците и професори во училиштето. „Марко Кабранов беше хуманитарец и активист и затоа во негова чест пред 13 години, кога физички си ...
Летало на НАСА се обидува да го изведе најблиското пристапување до Сонцето во историјата. Сондата „Паркер“ денеска навлезе во неговата надворешна атмосфера, каде што ќе треба да издржи брутални температури и екстремна радијација. Комуникацијата со сондата ќе биде во прекин неколку дена и научниците очекуваат сигнал на 28 декември за да се види дали преживеала. Целта на мисијата е подобро да се разбере како работи Сонцето. „Луѓето со векови го ...
Дванаесет песни се испеаја на детскиот фестивал „Соната“ кој се одржа во Домот на култура во скопската општина Ѓорче Петров. Фестивалот во 2009 го основа наставникот по музичко образование Александар Китевски и во последниве 15 години го води со Розета Дулевска, наставничка по македонски јазик, кои се и автори на детските песнички. Се одржува со поддршка на Општината и градоначалникот Александар Стојкоски. „На фестивалот се претставија деца со ...
Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вчера (23 декември) премиерно ја изведе претставата за деца „Новогодишна збрка“. Работена е според текст на Катерина Момева, во режија на Деан Дамјановски. Претставата ќе се игра по двапати на ден до 30 декември. „Со цел збогатување на културната понуда во градот со содржини наменети за најмладата публика, а во пресрет на новогодишните празници, Велешкиот театар подготви новогодишна претстава ...
Следниот филм на Кристофер Нолан ќе биде адаптација на старогрчката епска поема на Хомер, „Одисеја“, објави филмското студио „Јуниверзал“. Тој ќе има премиера во кината на 17 јули 2026. „Новиот проект на Кристофер Нолан ‘Одисеја‘ е митски акционен еп снимен низ целиот свет со помош на сосема нова филмска технологија ајмакс. Филмот ја носи сагата на Хомер за првпат на филмските екрани ајмакс“, соопшти „Јуниверзал“ на Икс. Веќе е познато дека ...
Два весели концерта со наслов „Виена во Битола“ одржа битолскиот Камерен оркестар изминатиов викенд (21 и 22 декември) во Центарот за култура во Битола, изведувајќи популарни класични дела во духот на новогодишните празници. Настапија сопраните Биљана Јосифов и Елеонора Џоџоска-Младенова, балетските играчи Марија Кичевска, Мими Поп-Алексова и Франсиско Хименез Руиз од Шпанија и истакнати солисти од Националната опера и балет. Со оркестарот пееше ...
Светски познатата фонтана Треви во Рим се отвори по три месеци реновирање. Меѓу 10.000 и 12.000 туристи ја посетуваа фонтаната секој ден, но сега е воведен нов систем на чекање за да се избегнат преголеми гужви кај едно од најпознатите обележја на градот. Фонтаната била нарачана од папата Клемент Дванаесетти во 1730 година. „Воведувањето на ограничувањето ќе им овозможи на сите подобро да уживаат во фонтаната, без гужви и конфузија“, изјави ...
Жени кои го победиле ракот беа модели на модната ревија која сношти (22 декември) се одржа во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје. Дамите носеа модели на модната куќа „Елена Лука“, која ја организираше ревијата заедно со здружението „ХЕМА-ОНКО“, со поддршка од Словачката амбасада во Скопје. „Ова е ваша вечер. Кога ќе ги извадите сликите од вашиот албум, ќе знаете дека сте биле доминантни, дека сте ја раскажале сопствената приказна и дека ...
Владетелот на Дубаи, Мохамед бин Рашид ал-Мактум, ги одобри плановите за Dubai Walk, мрежа од 6.500 километри пешачки патеки низ градот, што вклучува и издигната климатизирана кружна патека. Во обид да го трансформира Дубаи во пешачки настроен град до 2040, мастерпланот содржи мрежа од континуирани патеки дизајнирани да дадат приоритет на пристапноста, безбедноста и удобното пешачење. Кружна патека наречена The Future Loop ќе има 30.000 ...
Јадењето неколку парчиња темно чоколадо петпати неделно може да помогне да се намали ризикот од развој на дијабетес тип 2, покажа ново истражување. Студијата опфатила 192.000 возрасни кои не биле дијабетичари, кои пополниле серија прашалници за нивните навики во исхраната, вклучувајќи колку и каков вид чоколадо јадат. Приближно 19.000 луѓе до 34 години развиле дијабетес тип 2. Луѓето кои јаделе 28 грама каков било вид чоколадо најмалку петпати ...
Анимираните ликови Попај и Тинтин стануваат јавно добро во САД од 1 јануари следната година и ќе можат слободно да се користат без нарушување на авторските права. Имајќи предвид дека тие првпат се појавија во 1929 година, тоа значи дека измина временскиот период во кој требаше да им се плаќа надомест на сопствениците на авторските права. Морнарот Попај бил креиран од американскиот цртач И Си Сигар и првпат се појавил во стрип во 1929. „Зарем ...
На 24 декември во 12:30 часот, во Мала станица, објект на Националната галерија на Македонија, ќе се отвори изложбата „Инсекти“. Станува збор за инклузивен проект по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. „Како и изминативе години, така и оваа, создаваме креативни проекти каде младите од повеќе скопски училишта, ученици со или без хендикеп, работеа заедно, односно создаваа уметност“, вели Маја Димитрова, едукаторка на проектот. Во ...
Во 1947 година, Горица ненадејно беше поделена меѓу Италија и Југославија. Во 2025, двата града ќе се обединат како прва транснационална Европска престолнина на културата. Нова Горица е скромен, но убаво испланиран модернистички град во Словенија со 30.000 жители. Но, потребни се само неколку чекори за да се премине невидлива граница со Италија и да се влезе во средновековниот град Горица, без да се покаже пасош. Нова Горица и Горица своевремено ...
Популарното анимирано куче Блуи се сели на големото платно и ќе ја добие својата прва долгометражна верзија. Филмот прво ќе игра во кината во 2027, а потоа ќе може да се гледа на стриминг платформата „Дизни+“, кој ќе го работи проектот заедно со Би-Би-Си. Блуи е сино куче кое живее со мајка му, татко му и помалата сестра Бинго, а секојдневните настани ги претвора во авантури. „Отсекогаш мислев дека Блуи заслужува да има филм. Сакам тоа да биде ...
„Крилестата дружина во Музеј“ е новата џиновска едукативно-музејска сликовница во која преку различни видови на пеперутки, искористени како метафора за различностите кај децата, се раскажува за експонатите во Завод и музеј Битола. Оваа инклузивна алатка содржи читлив текст со илустрации, исто така напишан на Брајово писмо и тактилни слики и елементи, со цел сликовницата да биде достапна за оние со оштетен вид, како и кјуар кодови и тагови кои ...
Од „Танцот на цвеќињата“, преку „Аве Марија“, „Турски марш“, „Сербез Донка“, па до Френк Синатра, пијанистот со светска кариера Симон Трпчески и пријателите ѝ приредија на македонската публика ретка привилегија да се ужива во празнична атмосфера, на синоќешниот (20 декември) новогодишен концерт во скопскиот спортски центар „Борис Трајковски“. „Вечерва сме во еден простор во кој сме биле сведоци на многу успеси на Македонија и за Македонија и ...
Првото издание на фестивалот Урбан леџендс (Urban LegendS) посветен на хип-хоп културата ќе се одржи вечерва (21 декември) во „Лабораториум“ во Скопје. Како главни ѕвезди се најавени „Бед копи“ од Србија (фото), големо име на балканската хип-хоп сцена, кои ќе ги придружуваат Гоце САФ и Страјк. Настанот е замислен како завршница на првата година од работата на „44 ЕвентМК“, кој летово го организираше фестивалот „Скопје се лади” со „С.А.Р.С.“, ...
Првата есеистичка книга на Никола Маџиров на македонски јазик „Дом во тишина“ е објавена од издавачката куќа „Арс Ламина“. Новата книга, што е дел од едицијата „Македонски книжевни класици“, на едно место ги собира сите есеи објавувани најчесто во превод, на други јазици, но не и на оригиналниот, на јазикот на кој се напишани. Изданието содржи триесетина есеи распоредени во три тематизирани циклуси: Бездомни, Севремени и Епистоларни. „Речиси сè ...
В недела (22 декември) од 18 часот, во Младинскиот културен центар во Скопје ќе се одржи модна ревија посветена на жените кои го победиле ракот. Ја организираат здружението „ХЕМА-ОНКО“ и Елена Лука, со поддршка од Словачката амбасада во Скопје. „Ревијата ја организираме за да ги славиме храброста, духот и вистинската убавина на жената која го победила ракот. Овој настан е искренo признание за храброста и истрајноста на овие неверојатни жени. Да ...