Првата стихозбирка на Ана Тодоровска насловена „Антисвет“ ќе биде промовирана на 14 септември во кафе-книжарницата „Буква“ во Скопје, со почеток во 19 часот. Промоцијата ќе се одржи во рамките на деветтото издание на фестивалот „Артерија“. Книгата е во издание на „Илика“, од каде што велат дека „песните се поделени во два циклуса, при што Тодоровска со едноставен и благо саркастичен израз најпрвин го истражува внатрешното поврзување со себе, за ...

Ед Ширан го најави својот осми албум, насловен „Play“. Неговите последни два албума беа комерцијално неуспешни, продавајќи помалку од половина милион примероци од секој. Неговиот најуспешен албум е „Divide“ од 2017, кој се продаде во 8,4 милиони примероци само во Велика Британија. Овие албуми се занимаваа со тешки теми, како смртта на неговиот пријател Џамал Едвардс и дијагнозата и закрепнувањето од рак на неговата сопруга Чери. Песните беа ...

„Четири страни“ е новата песна на дуото Александар и Дац, која продуцентот Александар Митевски и актерот Драган Спасов-Дац ја снимија по две години пауза. „Ова е динамична љубовна приказна, обоена со препознатливиот боемски звук, создадена заедно со поголема екипа на музичари и соработници. Иако официјалната премиера беше пред една недела, песната веќе живее меѓу публиката и веќе се пее на настапите ширум земјата“, велат Спасов и Митевски. ...

Поранешната главна уредничка на „Вог“, Ана Винтур, рече дека филмот „Ѓаволот носи Прада“ ѝ се допаднал зашто има многу хумор. Гостувајќи во подкастот на водителот Дејвид Ремник, Винтур се пошегува дека „отишла на премиерата облечена во ‘прада* без никаква идеја за што ќе биде филмот“. „Филмот ми се допадна многу. Беше многу смешен. Модната индустрија беше многу загрижена за мене во филмот, дека ќе ме прикажат во некакво лошо светло. На крајот ...

Етно-групата „Љубојна“ и поп-рок пејачката Дани Димитровска ќе одржат концерти во Гевгелија на 12 септември во рамките на манифестацијата „Вкуси го југот’, што ќе се одржува од 12 до 14 септември на Градскиот плоштад. Заедно со „Љубојна“, на првата вечер настапуваат и КУД „Танец“, Емилија Николовска, Димитар Ангов, „Панта реи“ и „Гевгелиски мелос“. Антониа Гиговска, Андријана Јаневска и Огнен Здравковски ќе имаат настап на втората вечер на 13 ...

Музичарот, писател, актер и режисер д-р Неле Каралиќ од Сараево ќе гостува сo свое шоу во Скопје, во Филхармонијата на 9 октомври од 20 часот, објави „Авалон“. Шоуто на Неле Карајлиќ, чие вистинско име е Ненад Јанковиќ, е наречено „Надреална вечер“, слично како култната хумористична серија „Топ листа на надреалистите“, која беше хит во поранешна Југославија, а репликите од неа се повторуваат и денес. „Првоборецот на новиот примитивизам, новиот ...

Од вечерва (11 септември) до 13 септември, во просториите на „Европска куќа“ и во Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ во Тетово по осми пат ќе се одржува фестивалот на џез музика, Џез-фест. Го отвораат тетовските музичари Вулнет Незири на обоа, Шкељзен Бафтиари на пијано, Фатон Стафаи на гитара, Александра Чуруковска на контрабас (фото) и Кораб Хајдари на перкусии од составот „Антисвинг“. Утре ќе настапат Елина Дуни како вокал и Роб Луфт на ...

Кантавторот Дарио ќе настапи на 13 септември во скопскиот Парк на франкофонијата во рамките на настанот „Нешто што ќе остане“, а влезот ќе биде слободен. Истата вечер настапуваат и други познати македонски пејачи: Кристина Арнаудова, Викторија Лоба, Барбара Поповиќ, Елена Ристеска и групата „2 бона“. Дарио ќе пее со својот бенд „МИГ-21“, а вечерта ќе ја води Вера Јанковиќ. „Би сакал да ве известам дека на 13 септември ќе се видиме во Градски ...

„Разиграно и меланхолично, нежно ама и со боцки, така би ја опишал програмата“, вели пејачот Крсте Роџевски за претстојниот концерт во виолончелистата Томика Рид во Скопје, на 13 септември (20.30ч) во Филхармонија. Специјални гостинки на концертот се пејачките Дина Јашари и Вера Милошевска-Јосифовска од „Љубојна“. „Ова ќе биде акустичен, интимен концерт – гитара, чело и глас. Ќе изведуваме авторски композиции на македонски јазик, од албумите ...

Леонардо ДиКаприо кажа дека чекал 28 години да работи со режисерот Пол Томас Андерсон, уште откако ја одбил главната улога во неговиот, сега култен филм „Ноќи исполнети со буги“. Двајцата конечно се споија во филмот „Една битка по друга“ (One Battle After Another), кој имаше премиера во Кинескиот театар во Холивуд, но ДиКаприо призна дека сега би прифатил секаква понуда за снимање од Андерсон. „Би глумел во секој филм за кој би ме повикал, но ...

Вечерва (9 септември) од 20 часот, во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица ќе се игра претставата „Народен пратеник“ (фото) на Македонскиот народен театар (МНТ), што е во рамките на 33. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“. Од 22 часот е уште една претстава на МНТ, „Бели ноќи“. Фестивалот се отвори на 8 септември и ќе се играат претстави од Македонија, Србија, Бугарија и Италија. Првата претстава на МНТ, „Народен ...

Во организација на националната установа „Ацо Шопов“ во Штип, од 10 до 15 септември ќе трае 13. издание на театарскиот фестивал за деца и младинци „Малиот принц“. „Фестивалот ќе биде отворен со едночасовен концерт на бендот ‘Петко 5+‘, a во текот на фестивалските денови публиката ќе има можност да проследи претстави од врвни македонски театарски куќи и да учествува на специјална театарска работилница за деца и младинци“, вели директорот на ...

Фестивалот Егзит објави дека нема да се пресели во Скопје или Египет, но и дека во овој момент нема можности за негово одржување во Србија зашто му е ускратено државното финансирање. „Во овој момент не постои можност за одржување на Егзит во Србија следната година, зашто поради нашата поддршка на студентските протести ускратено ни е целокупното државно кофинансирање на локално, покраинско и републичко ниво. Од истите причини, Егзит остана и без ...

Издавачката куќа „Мртов коњ“ најави серија настани во Скопје оваа недела, при што од денеска до 12 септември ќе се одржат неколку концерти и една работилница. Ќе има и гости од Хрватска, САД, Италија и Виетнам. Стражар (Мартин Џорлев) денеска ќе одржи концерт во Канал 103 од 20 часот, а утре во „Паб Ѕе“ од 21 часот настапуваат хрватското гараж-панк трио „Дед џоук“ и „Кајзер Созе“. На 10 септември, во „Буква“ ќе има работилница за теремин и ...

Српската рок група „Канда, коџа и Небојша“ се враќа во Скопје по повеќе од десет години пауза. Таа ќе одржи концерт во „Јавна соба“ на 27 септември со почеток во 21 часот. Предводен од пејачот Оливер Нектаријевиќ, бендот беше формиран во 1990 во Белград, а првиот албум го објави шест години подоцна. Досега има издадено девет студиски албуми. Музиката на „Канда, коџа и Небојша“ претставува мешавина од алтернативен рок, даб и реге, но вистински ...

Македонија, како и големи делови од Европа, Азија, Африка и Австралија, ноќеска можеа да уживаат во феноменот на „крвава месечина“ за време на затемнувањето на Месечината. Кога Сонцето, Земјата и Месечината се порамнуваат, сенката што ја фрла планетата врз нејзиниот сателит ја прави да изгледа морничаво црвена. Луѓето во Азија, особено во Кина и Индија, имаа најдобар поглед на целосното затемнување, додека над Европа беше делумно. Последното ...

На 8 септември во Македонскиот културен центар во Загреб почнува Фестивалот на македонски филм, со кој Амбасадата на Македонија во Хрватска и КИЦ во Загреб, во соработка со Кинотеката на Македонија, Советот за македонско национално малцинство на Град Загреб и Македонската православна црква во Хрватска ќе го одбележат Денот на независноста. Фестивалот трае до 30 септември. Отворањето е посветено на почетоците на македонската кинематографија со ...

На 14 март 2026, во салата „Борис Трајковски“ заеднички концерт ќе одржат хрватските пејачи Петар Грашо и Дорис Драговиќ. Грашо е чест гостин во Македонија, а Драговиќ одамна немала концерт во Скопје. Во екот на најголемата популарност, Драговиќ во 1987 одржа седум последователни концерти во Универзална сала во Скопје. Тие следеа по нејзиниот настап на Евровизија во Берген во 1986, кога ја претставуваше Југославија со песната „Желбо моја“ (Жељо ...

Сценаристот и режисер Џејмс Ган, кој сега претседава со „Ди-Си студиос“ заедно со продуцентот Питер Сафран, сподели на Инстаграм дека новиот филм за Супермен наречен „Man of Tomorrow“ ќе пристигне во кината на 9 јули 2027. „Супермен“ излезе во јули и имаше уникатен пристап кон популарниот суперхерој, при што е приказна за имигранти. Неговиот Човек од Челик, портретиран од Дејвид Коренсвет, ги избегнуваше клишеата. Коренсвет и британскиот актер ...

Крис Нот се врати на глумата по четиригодишна неформална пауза по неколку обвинувања за сексуален напад. „Блок“, хорор филм за блокадата на еден писател, е неговата прва филмска улога од „Божиќна свадба во Њујорк“ од 2020 и негова прва улога воопшто откако последен пат го повтори својот препознатлив лик на Господин Биг во продолжението на „Сексот и градот“, „И едноставно така“. На својот фејсбук профил, Нот напиша: „Холивуд се обиде да ми го ...

Ѕвездата на „Игра на тронови“, Софи Тарнер, ќе ја игра Лара Крофт во новата ТВ-серија „Томб рајдер“. Серијата е создадена и напишана од креаторката и ѕвезда на „Флибег“, Фиби Волер-Бриџ. „Томб рајдер“ е базирана на компјутерската игра за фиктивната авантуристка и археолог Лара Крофт, која претходно ја глумеа Анџелина Џоли и Алисија Викандер. „Неизмерно сум возбудена што ја прифатив улогата. Лара е легендарен лик, кој им значи толку многу на ...

Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес обезбеди и испорача детска литература од македонски автори за децата од училиште во Мелбурн. Собрани се стотина наслови. „Се спроведе активност за обезбедување детска литература од велешки и македонски автори за потребите на наставниците кои работат со дечињата кои го изучуваат македонскиот јазик во саботното училиште во Килор Деонс во Мелбурн. Во акцијата ни се приклучија деца со родители и ...

Кога Дејвид Боуви почина во 2016, неговиот подарок за збогум беше албумот „Blackstar“, инспириран од неговата дијагноза за рак и прифаќањето на смртноста. Но, во последните месеци од животот, тој започнал и друг проект, опишан во неговите белешки како „мјузикл од 18. век“. Наречен „The Spectator“, постоењето на делото не им било познато дури и на неговите најблиски соработници, сè додека белешките не биле откриени заклучени во неговиот кабинет ...

Диригираше маестра Ѓурѓица Дашиќ, а оркестарот, заедно со виолинистката Ирина Мурезану од Романија, ги свиреше „Годишните времиња“ на Вивалди, „Романската рапсодија“ од Енеску и свитата „Свети Пол“ од Холст. „ Навистина е голема чест и огромно задоволство што сме први кои го донесоа ова концертно искуство во Босна и Херцеговина. За нас оваа турнеја е инспирација, но и потврда дека музиката навистина нема граници“, рече Дашиќ. Турнејата ...

Вчера (4 септември) во преполната киносала во Валандово, ансамблот „Распеани валандовчани“ го промовираше новото винил издание, второ во својата 50-годишна историја. „Настанот во организација на Општина Валандово и во соработка со ансамблот беше повеќе од промоција. Беше ретроспектива, концерт, почит кон корените и спомен на луѓето кои оставија траен белег на македонската музичка сцена. Настанот беше осмислен како наративно и визуелно патување ...

„Редиохед“ најави европска турнеја од 20 датуми во ноември и декември, што ќе бидат првите настапи во живо на рок-групата по седум години пауза. „Минатата година се собравме на проба, чисто од зезање. По седумгодишна пауза се чувствувавме навистина добро што повторно ги свириме песните и што можевме повторно да се поврземе со музичкиот идентитет што се вгнездил длабоко во сите нас петмина“, напиша тапанарот Филип Селвеј на Инстаграм. На ...

На Лондонскиот филмски фестивал во октомври ќе играат и „Мајка“, првиот филм на режисерката Теона Стругар Митевска на англиски јазик, и „Диџеј Ахмет“, дебито на режисерот Георги Унковски. Ќе играат во фестивалската програма Тематски насоки, во која филмовите се организирани според теми за да се поттикне откривањето нови автори и да се отвори Фестивалот за нова публика. „Мајка“ е во темата Дебати и ќе има две проекции, на 14 и 16 октомври, а ...

Петгодишната реставрација на кулата Биг Бен во Лондон вредна 80 милиони фунти е номинирана за водечката награда за архитектура во Велика Британија. Реновираниот Биг Бен, официјално познат како кулата Елизабета, е меѓу шесте номинирани за наградата „Стирлинг“ на Кралскиот институт на британски архитекти. На листата се наоѓаат и кампусот на Лондонскиот колеџ за мода во поранешниот Олимписки парк и медицинскиот истражувачки центар на „АстраЗенека“ ...

Модна ревија со креации на дизајнерката Фросина Кулакова од Неготино која беше прегазена на пешачки премин во Скопје во јануари, ќе се одржи во Белград, на 26 октомври во хотелот „Москва“. Несреќата се случи 29 јануари, кога на „Партизанска“ во Скопје беше прегазена 22-годишната Кулакова од страна на 20-годишниот Васил Јованов. Ревијата е во рамките на финалето на изборот за убавина „Топ модел Европа Балкан“, на кој ќе се натпреваруваат 20 ...

Кинотеката на Македонија на 13 септември ја започнува новата Филмска училница, едукативна програма наменета за ученици од 11 до 14 години кои сакаат да ја откријат магијата на филмот и да ги совладаат првите чекори во создавањето на сопствени кратки филмови. Филмската училница ќе се одржува секоја сабота до почетокот на декември. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со процесот на создавање филм, од идеја и сценарио, преку снимање и ...

weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
5.14
73%
1009
weather icon

Загреб

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1011
weather icon

Софија

9ᴼ / 7ᴼ
1.54
82%
1009
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
8.27
88%
1011
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
93%
1012
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
5.81
93%
997
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1003
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
100%
1005
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
7.72
80%
1013
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
89%
1012
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
3.6
67%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1006
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Калај

40.11

Злато

135322.28

Паладиум

45879.12

Сребро

1837.41

Цинк

3.24

Рутениум

29192.88

Алуминиум

2.89

Бакар

10.76

Платина

53106.37

Кобалт

55.67

Иридиум

145787.60

Никел

471972.96