Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Рап дуото „Пука козметика“ ќе прослави 30 години со концерт и документарен филм на 13 декември во Младински културен центар (МКЦ) од 19:30 часот. Браќата Дарко и Жарко Масларковски велат дека нивната музичка приказна почнала на училишна приредба во „ОУ Лазо Ангеловски“, кога биле осмо одделение. „Заедно со нашите другари Мартин и Видо се договоривме да направиме рап група. Ние веќе имавме рап група со Зоки Шуиц од одделението која се викаше ...
Фантастичен концерт насловен „Рокенрол во џез“, на кој на крајот публиката беше на нозе, одржа Националниот џез оркестар вчера (8 декември) во Филхармонијата. Тројца легендарни музичари во една вечер беше полн погодок: Рамбо Амадеус, Дарко Рундек и Влатко Стефановски. Концертот еуфорично почна, кога Рамбо Амадеус се појави на сцената како прв гостин. Еуфорично и заврши, кога црногорскиот музичар, заедно со Рундек и неговите придружни вокали, ...
Хуманитарна оперска гала-вечер во Велес, ќе се одржи на сцената на Велешкиот театар на 20 декември од 19 часот. Цената на билетот е 1.000 денари, а приходот од влезниците од концертот е наменет за поддршка на лицата со попреченост, корисници на социјалната сервисна услуга „Живеење со поддршка“. Гостите ќе настапат со популарни оперски арии, новогодишна програма и Божикни песни. Најавени се: Полина Тасева – сопран, Вариса Хајдарпашиќ – сопран, ...
Денес (8 декември) на 24. издание на Фестивалот на европски филм Синедејс, во киното Фросина (Младински културен центар), во 20 часот ќе биде прикажан филмот „Бело се пере на деведесет” на словенечкиот режисер Марко Набершник, во кој главната улога ја има легендарната српска актерка Аница Добра, која е и гостинка на вечерашната проекција. Филмот е македонска копродукција, каде учесник е продукцијата „Црна мачка“ од Скопје и продуцентот Томи ...
На 13 декември во скопскиот хотел Континентал, од 11 до 20 часот, ќе се одржи четвртото издание на Саемот за храна Слоу Фуд салон 2025. Оваа година, настанот се одржува под мотото „Заедно со природата“, инспирирано од мислата на Алберт Ајнштајн. „На Саемот на производи на храна ќе може да се истражуваат и вкусуваат локалните и регионалните производители од цела Македонија кои ја негуваат традицијата. Тука е и Салонот на природни пијалоци. На ...
Програмата на Фестивалот на европски филм Синедејс, за денес и утре (6 и 7 декември) носи две значајни македонски копродукции, последниот филм на легендарниот македонски глумец Мето Јовановски (кој почина во 2023) во „Павилјон“, на Дино Мустафиќ, копродукција со „Круг филм“ од Скопје и детскиот филм „Бумбарово лето“ на Даниел Кушан, повторно во копродукција со „Круг филм“ од Скопје. „Имам огромна чест што мојот филм ќе биде прикажан на ...
Првото дводневно издание на Таксират ќе се одржи викендов (6 и 7 декември) во арената „Борис Трајковски“ во Скопје, а продолжениот формат се должи на тоа што организаторот „Пасворд“ одлучи да издвои посебен ден за електронската музика. Традиционалното шаренило на музички стилови ќе може да се слушне на денешната прва вечер, кога ќе има метал, хип-хоп и балкански мелос. Програмата на главната бина почнува во 20 часот со настапот на популарниот ...
Оскаровката Кејт Винслет го имаше своето режисерско деби со „Goodbye June“, празнична драма за семејство кое се соочува со загуба и се обединува. Винслет, која исто така глуми во филмот, работеше според сценариото на нејзиниот син Џо Андерс. Приказната е делумно инспирирана од нивното лично искуство со смртта на мајката на Винслет од рак во 2017 година. „Само сакав да направам филм што ќе изгледа автентично и реално“, рече Винслет на ...
Програмата на 24. Фестивал на европски филм Синедејс денеска (5 декември) почнува со кратки филмови. Од 19 часот во МКЦ ќе се прикажат „Антипод“ на Бојан Секуловски, „Ел Дорадо“ на Матија Јовановиќ, „Нурнување во рапсодија“ на Елдан Аломеровиќ и „Мојот Њујорк“ на Алрик Браун. Во програмата МК/ЕУ игра словенечко-македонската копродукција „Фантази“ (фото), долгометражно деби на словенечката режисерка Кукла, позната и како Кукла Кешеровиќ или ...
Сара Мејс и нејзиниот женски квартет со Ана Петановска, Калина Велковска-Кали и Теа Богатинова ќе одржат четири концерти со новогодишни и божиќни песни во Битола, Штип, Скопје и Крива Паланка. Битолскиот концерт е на 21 декември како дел од манифестацијата „Зимска приказна“. На 28 декември е закажан концерт во Штип, во Домот на култура „Ацо Шопов“, следниот ден е предновогодишниот концерт во Филхармонијата во Скопје, а минитурнејата завршува ...
Дуото „Некст тајм“ го објави својот најнов проект „Македониум“, снимен на истоимениот споменик во Крушево, едно од највпечатливите културно-историски обележја во земјава. Во „Македониум“, браќата Мартин и Стефан Филиповски ги снимија своите најголеми хитови, а како бонус песна ја преработија „Нема друга Македонија“ од Војо Стојаноски. Со Стефан и Мартин Филиповски свират и Владимир Крстев на виолина и Николче Мицевски на клавијатури. Проектот ...
Хрватскиот состав „Балкан Зу“ со пејачката Нина Ќориќ одржа концерт во Битола со песни од Есма Реџепова. Публиката уживаше во концерт со фламенко и балкански ритми како дел од 17. Фестивал на музика од светот. Не сокривајќи ја радоста што настапува во Македонија, Нина Ќориќ рече дека тие се првиот хрватски бенд на оваа сцена во Битола и дека особено ѝ значи што ги пее песните на Есма Реџепова пред битолската публика. Вечерта беше навистина ...
Македонскиот пејач Ристе Ристески беше гостин на концертите на хрватскиот поп-пејач Тони Цетински во „Сава центар“ во Белград. Цетински одржа три последователни концерти во Белград, а Ристески беше изненадувачки гостин. Македонскиот пејач го испеа хитот на Тоше Проески „Сѐ уште сонувам дека сме заедно“ (Још увијек сањам да смо заједно), а публиката го пречека со голем аплауз, велат од тимот на Ристевски. Тој заедно со хрватскиот пејач го ...
Дина Јашари е избрана да ја претставува Македонија на најголемиот европски шоукејс фестивал Eurosonic Noorderslag, чие 40. издание ќе се одржува од 15 до 18 јануари 2026 во Гронинген, Холандија. „Дина ќе има уникатна прилика да ја претстави својата музика пред меѓународна публика и врвни музички професионалци од светската индустрија. Eurosonic Noorderslag е препознатлив како фестивал кој открива нови музички ѕвезди и претставува платформа низ ...
Новата, петта сезона на хит-серијата „Емили во Париз“ ќе се емитува од 18 декември, објави „Нетфликс“. Како што покажа новиот трејлер, главниот лик Емили Купер (Лили Колинс) се оддалечува од својот сакан француски град и заминува во Рим. Минатата сезона, шефицата на Емили, Силви, која ја игра Филипин Лерој-Болие, ја замоли да ја води новата канцеларија на агенцијата „Грате“ во Рим. Трејлерот открива дека Емили има нов партнер. „Таа е ...
Пред првиот солистички концерт на 13 декември во Филхармонијата, поп-пејачката Бојана Скендеровси вели дека се чувствува еуфорично и има мала трема. Јавноста ја запозна Бојана, тогаш Атанасовска, како дел од музичкото талент шоу „М2 – потрага по ѕвезда“, но популарна стана откако како дебитант победи на Макфест во 2003 со песната „Немам одбрана“. Бојана со таа песна настапи на јубилејниот 40. Макфест во Штип годинава, на последната вечер, ...
Пејачката и авторка Сара Мејс ја објави својата нова празнична песна „Нека трепка“, заедно со вокалниот квартет „Sarah Mace and The Girlzz“, кој го сочинуваат и Ана Петановска, Калина Велковска и Теа Богатинова. Песната ги носи топлината и празничната магија на декември, музиката и текстот се на Сара Мејс, а аранжманот на Роберт Билбилов. За новата песна е снимен и видеоспот, изработен од продукцијата „Стедифлоу“, кој премиерно е промовиран ...
Легендарното англиско електронско дуо „Отекр“ (Autechre) ќе го има својот прв настап во Македонија следната година, што ќе се одржи во Младински културен центар во Скопје на 2 октомври. Настапот е дел од есенската европска турнеја на дуото. Дуото „Отекр“, зад кое стојат Роб Браун и Шон Бут, е основано во 1987 година, во раната фаза на создавањето на современата електронска сцена. Музиката на „Отекр“ еволуирала во текот на нивната кариера, од ...
Само шест и пол месеци откако излезе неговиот албум „Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш“, Слаткаристика денеска (3 декември) во 15 часот на дигиталните платформи ќе го промовира новиот миниалбум со пет песни. Музичарот вели дека животот за него е инспирација и периодов има доста нови песни. Новиот албум е со ист наслов како и претходниот, поточно е негово продолжување. Интересна насловна страна има албумот, која симболично одговара со ...
Скарлет Јохансон ќе глуми во новата верзија на „Егзорцист“, што ќе ја снима режисерот Мајк Фланаган. „Блумхаус“ и „Јуниверзал“ стојат зад најновиот обид за оживување на хорор франшизата по неуспешниот обид од 2023. Фланаган го напиша сценариото и ќе го режира и продуцира новиот филм. Оригиналниот „Егзорцист“, базиран на романот на Вилијам Питер Блати, беше режиран од Вилијам Фридкин и доби два оскара од 10 номинации. „‘Егзорцист’ е една од ...
Со илјадници свеќи на сцената, камерниот оркестар „Профундис“ ќе одржи концерт во Центарот за култура во Битола на 6 декември од 20 часот. Ќе диригира маестра Ѓурѓица Дашиќ, а како солист ќе настапи виолинистот Владимир Костов, концерт-мајстор во оркестарот на Филхармонијата. На програмата се „Свитата за Свети Павле“ од Густав Холст, „Четири годишни времиња“ од Антонио Вивалди и „Македонско капричо бр.1“ од Драган Шуплевски. „Овој концерт е ...
Анимираниот филм „Јон Вардар против галаксијата“ на Гоце Цветановски неделава ќе ја има својата африканска премиера, а за првпат ќе се прикаже и во Португалија. Африканската проекција ќе се одржи на меѓународниот филмски фестивал „Зума“ во Абуџа, главниот град на Нигерија. Фестивалот е организиран од Нигериската филмска корпорација, а ова е неговото 15. издание, кое се одржува под мотото: „Раскажувањето приказни и глобалното влијание: Филмот ...
Влатко Стефановски ги сними сите инструментални верзии на песните од проектот „Хитмејкер – Ѓорѓе Новковиќ“, посветен на познатиот хрватски композитор, кој напиша дел од најголемите поп хитови во поранешна Југославија за повеќе пејачи. Албумот е снимен во соработка со Лондонската филхармонија. Албумот насловен „Гитарата пее“ (Guitar Sings) е колекција од десет безвременски хитови на Новковиќ во инструментална верзија и е достапен како ново ...
На 3 декември на малата сцена на Театар Комедија премиерно ќе се изведе претставата „Анна“, според истоимениот драмски текст на Драгана Лукан Николоски, во режија на Нина Николиќ. Станува збор за праизведба на текстот што е дел од проектот „Трилогија за љубовта“ на авторката, во кој се содржани и драмите „Марта Верина“ и „104“. Претставата е копродукција на „Перипетија продукција“ и Театар Комедија. Драмата е инспирирана од „Ана Каренина“, ...
Владо Јаневски и Бајага со неговиот бенд „Инструктори“ ќе одржат заеднички концерт во салата „Борис Трајковски“ во Скопје за денот на љубовта и виното на 14 февруари, објави „Авалон“. Од продукцијата велат дека концертот ќе трае четири часа и ќе се пеат само хитови. „Би сакале да нагласиме дека и Бајага и Владо веднаш ја прифатија оваа идеја, со големо задоволство и почит за другиот. Вечерта ќе ја отвори Владо Јаневски со целовечерен настап ...
Дваесет и четвртото издание на Фестивалот на европски филм Синедејс почнува на 3 декември и ќе трае до 10 декември. Мотото годинава е „Се гледаме на другата страна“. Ќе се прикажат над 60 филмови во осум програми, а ќе има и работилница „Маркетинг на филм“. „Оваа година публиката не ја водиме на филмско патување, туку ја водиме низ премин. Типично за Дејвид Линч, на кого му го посветуваме ова издание, надреално, сонувачки, убаво и контрастно. ...
„Рацете на традицијата“ е насловена изложбата од Елизабета Марковска која ќе се отвори денеска (1 декември) во 19 часот во Музејот на македонската борба за самостојност. Во соработка со Најмалиот етнолошки музеј во светот во село Џепчиште, изложбата е посветена на традиционалните занаети и нивниот пат од минатото кон современоста. „Преку изложените предмети и фотографии посетителите ќе имаат можност да ги откријат приказните зад секој рачно ...
Оригинален концерт наречен „Цветна симфонија“ одржа „Битолски оркестар Дива“ вчера (30 ноември) во Филхармонијата, по кој заслужено трипати беше вратен на бис. Популарни класици пееја сопранистките Јаворка Витанова, Виолета Арсовска и Зана Абази, во придружба на оркестарот, со кој диригираше Владимир Димовски. Концертот почна и заврши со „О, sole mio“, познатата наполитанска песна напишана во 1898, кој најмногу ја прослави славниот тенор ...
„Сиел Дубаи марина“, највисокиот хотел во светот, беше отворен на 15 ноември и ги пречека своите први гости. Висок 377 метри, хотелот има 82 катови, а го дизајнираше наградуваната архитектонска фирма „НОРР“. Хотелот располага со 1.004 луксузно опремени соби и апартмани, сите со стаклени прозорци, кои нудат панорамски поглед на Палм Џумеира, Арапскиот Залив и целиот град. Цените на собите се движат од 310 евра за ноќевање. Во хотелот ќе има и ...
На 12 декември во Младинскиот културен центар (МКЦ) концерт ќе одржи рок гитаристот Сеад Хаџиќ-Сецко, со кој ќе прослави 40-годишен јубилеј на сцената. Хаџиќ свиреше во бендовите „Ласт експедишн“, „Ексик“ и „Мугер фугер“, а најновиот проект му е „Карла Левински“. „Со своите пријатели, некогашни и сегашни музички партнери, Сецко ќе нѐ прошета низ најзначајните моменти од опусот на неговите бендови. И тоа нема да биде само приказна од и за ...