Култниот швајцарски индустријал рок бенд „Јанг гадс“ се враќа во Македонија по долга пауза и ќе одржи концерт во Младински културен центар во Скопје на 14 март следната година, објави „Пасворд продукција“. „Јанг гадс“ е еден од првите позвучни странски бендови кој настапил во Македонија. Триото предводено од фронтменот Франц Трајхлер оваа година објави нов албум, прв по шест години пауза и истовремено прослави четири децении постоење. Концертот ...

Слаткаристика најави нов концерт во Скопје, што го нарече „Интимно со Слаткаристика“, а ќе се одржи на 29 ноември во клубот „Станица 26“. „По големиот концерт во арената ‘Борис Трајковски’, Слаткаристика подготвува концерт ‘лице во лице’ со публиката, сосема поинакво искуство. Публиката ќе биде на чекор од него, со можност за директен контакт и незаборавна енергија. Вие можете да си резервирате место буквално до него“, велат организаторите. ...

Драмскиот театар од Скопје ќе учествува на 17. Меѓународен театарски фестивал ЕТХОС во Анкара со монодрамата „Кармен“. Фестивалот се одржува од 16 до 26 октомври под мотото „Градот и театарот“. Учествуваат театарски уметници, амбасадори на културата, претставници на центри за култура и членови на граѓански и невладини организации од над 20 земји. Во монодрамата „Кармен“ игра Биљана Драгичевиќ-Пројковска, режијата е на Дејан Пројковски. ...

Влатко Стефановски ќе одржи турнеја низ Босна и Херцеговина, која почнува на 23 октомври во Бијељина. Легендарниот гитарист следниот ден ќе свири во Тузла, на 25 октомври во Сараево, на 26 октомври во Мостар, а на 27 октомври во Зеница. Сите концерти ќе се одржат во културни центри, а Стефановски ќе го придружуваат Иван Кукиќ на бас, Јан Стефановски на тапани и Дамир Имери на клавијатури. Организатор на турнејата е продукцијата „Мјузик тајм“. ...

Стеван Феди од Црна Гора ја доби Гран при наградата на фестивалот „Песните на Тоше Проески“, кој годинава се одржа во Културниот центар во Битола. Феди го пееше хитот на Тоше на англиски јазик „Најтешкото нешто“ (The Hardest Thing) и победи во конкуренција на пејачи од Словенија, Хрватска, Украина, Црна Гора, Македонија, Казахстан и други земји, кои ги пееја песните на оригиналнот јазик на кој се снимени. Минатата година, овој фестивал се одржа ...

Три претстави ќе се играат во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани во организација на „Европска куќа“, како дел од есенската културна и едукативна програма во градот. На 25 октомври (20 часот) игра „Синиот портокал“ на театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ од Велес. На 27 октомври од 13 часот на програмата е детската претстава „Црвенкапа“ на Театарот за деца и младинци од Скопје, а на 29 октомври од 20 часот ќе се изведе „Сите ...

Легендарниот германски диџеј и продуцент Свен Фет ќе настапи на годинашниот Таксират, кој првпат воведува втора вечер посветена на електронската музика. Таа ќе се одржи на 7 декември во арената „Борис Трајковски“, ден по традиционалниот Таксират. Шеесетгодишниот Фет е една од најважните и највлијателни личности во светот на современата електронска музика. Како еден од пионерите на сцената, Фет придонесол таа да се развие и во Германија и на ...

Швајцарскиот бенд „Тут блу“ (Tout Blue) ќе одржи концерт во Скопје на 22 октомври, во кино Фросина во Младински културен центар, со почеток во 21 часот. „Тут блу“ започнал како проект на мултиинструменталистката Симон Обер, а денес е квартет во кој уште членуваат Лучано Турела (виола), Беатриз Раимундо (виолончело и ефекти) и ПОЛ (електроника и семплирање). „‘Тут блу‘ ја слават слободата на звукот и просторот без ограничувања и компромиси. Се ...

Најстариот македонски детски фестивал Златно славејче слави 55 години и како и минатата година, ќе се одржи во Македонскиот народен театар на 15 и 22 ноември. Планирани се шест претстави двата дена, од 10, 14 и од 17 часот и неколку изненадувања по повод јубилејот на фестивалот со кој израснаа многу генерации. „Водителка ќе биде Марија Јанчевска, која е поранешно ‘славејче‘. И годинава ќе се испеат 15 нови детски песни и ќе имаме гости од ...

„Остани“ е новата песна на поп-пејачот Горан Наумовски, која ја сними по пауза од седум години. Автор на музиката и на текстот е Митко Чешларов, а аранжманот е на Кристијан Габроски. „Песната е дел од поголем проект наречен ‘Лицата на љубовта’, во кој учествувавме повеќе пејачи. Проектот ги разработува темите за љубовта, страста и осаменоста од различна перспектива и кој како индивидуално ги доживува. Проектот треба да се промовира во ноември, ...

На годинашниов јубилеен 40. Макфест, кој ќе се одржи на 23, 24 и 25 октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, со свои интерпретации ќе продефилираат над 40 познати и помалку познати пејачи, од кои дел ќе бидат дебитанти, а ќе настапат и поранешни победници. Еден од повозрасните е и штипјанецот Никола Јанков-Коки (фото), кој во 1996 година заедно со Душан Љубисављевиќ-Дуле ја испеаја победничката песна „Виолина и гитара“. „Вечно ќе се ...

13 декември во салата „Борис Трајковски“. Арги, чие вистинско име е Аргирис Теофилис, е познат по своите енергични сетови и уникатен стил, а соработувал со музичари како Соломун и Мартинез брадрс. Музичката кариера ја започнал на почетокот на 2000-тите во клубови на Ибица и Миконос. „Во арената ‘Борис Трајковски’ ќе биде поставена продукција со највисоки светски стандарди, со с Арги гостува во Скопје по настапите во Атина, Париз, Берлин и други ...

Двајца врвни американски музичари вечерва го затвораат 44. Скопски џез фестивал. Двата концерта се во Националната опера и балет. Директорот на СЏФ, Оливер Белопета, го најави Вадада Лио Смит како најдобриот жив американски џезер. На концертот кој почнува во 20 часот, 83-годишниот трубач ќе настапи во тандем со швајцарската пијанистка Силви Курвоазје (фото). Тие се на европска турнеја на која го промовираат нивниот прв заеднички албум „Angel ...

Германското село Етелн е избрано на меѓународен конкурс за најдобро дигитализирано населено место во светот. Етелн, кој има 2.000 жители, изгледа како типично германско село, само што не е такво. Ова село во сојузната покраина Рајна-Вестфалија е целосно дигитализирано. Жителите можат преку селска апликација бесплатно да користат градски електрични автомобили „EttCar“, да купуваат и продаваат и да се информираат за сите активности во својата ...

„Адидас“ ја претстави официјалната топка за Светското фудбалско првенство во 2026. Таа содржи мотиви на јаворов лист, ѕвезда и орел, кои ги симболизираат трите држави-домаќини, Канада, Мексико и САД. „За првпат ќе гледаме светско првенство во три земји, а со тоа доаѓа и топка достојна за таа пригода. Штом беа објавени домаќините на првенството, знаевме дека мора да направиме нешто посебно – топка што може да се игра насекаде, од двор до ...

Меѓу две американски, на 44. Скопски џез фестивал е вметната специјална скандинавска вечер, која е на програмата денеска во Националната опера и балет. Од 20 часот е концертот на норвешкиот квартет „Афтер д вајлдфајр“, именуван според делото што Јан Банг и Арве Хенриксен го напишаа специјално за Скопски џез фестивал, каде што имаше светска премиера во 2023. Со издавањето на албумот „После пожарот“ (After the Wildfire), Банг и Хенриксен се ...

На 21 октомври од 19 часот, во фоајето на Националната опера и балет ќе се одржи мултимедијалниот настан „Дон Кихот во Скопје“, што ќе опфати концерт со премиера на македонско дело, изложба на слики и скулптури и промоција на книга во чест на славниот витез Дон Кихот. Настанот е организиран од Амбасадата на Шпанија во Скопје по повод Националниот ден на Шпанија, 12 октомври. Автори на концертот за пијано, гитара и камерен оркестар со наслов „Дон ...

Првата од двете американски вечери на 44. Скопски џез фестивал е денеска во Националната опера и балет. Од 20 часот настапува гитаристот Марк Рибо, кој во кариерата долга неколку децении соработувал со музичари како Том Вејтс, Роберт Плант, Алисон Краус, Елвис Костело, Арто Линдзи и други, појавувајќи се на речиси 600 изданија. Тој во Скопје ќе го претстави својот последен соло проект „Map of a Blue City“, на кој спојува традиционална ...

На 6 ноември во Националната опера и балет, Националниот џез оркестар ќе одржи концерт со пионерите на џез-фјужн жанрот „Јелоуџекетс“ од САД (фото). Диригент ќе биде Боб Минтцер, долгогодишен член на составот и еден од најистакнатите современи џез музичари. Во текот на својата богата и повеќедецениска кариера, „Јелоуџекетс“ се етаблираа како еден од најзначајните состави во џез-фјужн жанрот. Со 25 издадени албуми, две Греми награди и безброј ...

Американската кошаркарка Ејнџел Рис стана првата професионална спортистка која прошетала на пистата на ревија на „Викторијас сикрет“. Таа настапи на вчерашното шоу на славниот моден бренд во Њујорк, кој ги обедини некои од најпознатите светски манекенки, вклучувајќи ги Адријана Лима, Алесандра Амброзио, Емили Ратајковски (фото), Бела и Џиџи Хадид и Ешли Грем. Историја испиша и Џасмин Тукс како првата бремена манекенка на ревија на „Викторијас ...

омпозиторката Ана Пандевска ќе ја прими наградата „Панче Пешев“ за композицијата „Куклици“. И двете награди ги доделува Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ). Ансамблот „Алтус НЗ“ минатата година имаше низа концерти во земјава и странство, свирејќи дела од македонските композитори Томислав Зографски, Благој Цанев, Јана Андреевска, Панде Шахов, Михајло Трандафиловски, Валентина Велковска-Трајановска, Горан Начевски, Дарија Андовска, Ана ...

Со настапот на полскиот пијанист Анджеј Јагоѓински вечерва (20 часот) започнува 44. издание на Скопскиот џез фестивал. Целата четиридневна програма ќе се одвива во Националната опера и балет зашто оваа година нема да има полноќни концерти во Младински културен центар, кои беа своевиден „афтер парти“. Јагоѓински (72), кој првпат е на СЏФ, ќе настапи со своето трио основано во 1993 година. Најавено е дека тие ќе свират дела од класичните ...

Денеска (16 октомври) во Крушево пристигнуваат маратонците од Нова Градишка, Хрватска, кои секоја година трчаат маратон во чест на Тоше Проески на денот кога почина. Тоше загина во сообраќајка кај Нова Градишка пред 18 години. „Денеска околу пладне, сите ученици од основно и средно училиште ќе ги пречекаат маратонците со ружи на улицата Тоше Проески“, ни рече Стерули Штерјоски, член на Управниот одбор на Спомен-куќата „Тодор Проески“. Тој и уште ...

„Ако музиката е една голема галаксија, Кире Костов е најголемата ѕвезда во неа“, рече музикологот Марко Коловски на промоцијата на монографијата за познатиот композитор „Летај низ солзи мој, галебе мој тажен“, која се одржа вчера (15 октомври) во „Арс Ламина“ во Скопје. Монографијата со 246 страници ја напишаа професорката по пијано и музичка публицистика Снежана Чадиковска-Анастасова и Марко Коловски, а ја издаде сопругата на композиторот, ...

Најголемите хитови на Макфест ќе се испеат на последната вечер од јубуилејното издание на фестивалот, кој ќе се одржи на 23, 24 и на 25 октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. „Макфест четири децении е успешна приказна која годинава се враќа со три фестивалски вечери“, рече уметничкиот директор на Роберт Саздов на прес-конференција во Штип. На првата фестивалска вечер ќе настапат 13 млади пејачи, а на втората ќе има 14 песни од ...

Музичари од земји-членки на ЕУ и од Западен Балкан првпат се сретнаа во Филхармонијата во Скопје за да снимат нова верзија на „Ода на радоста“, збогатена со уникатни звуци од нивните земји. На настанот „Една песна, една Европа“ настапија музичари од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Чешка, Франција, Германија, Косово, Црна Гора, Холандија, Македонија, Србија и Словенија. „Со нивните традиционални, класични и ретки инструменти, 12 музичари ...

Проектот за долгометражниот анимиран филм „Златната пеперутка“, базиран на ликовите од популарната анимирана серија „Светот на Биби“, ја освои престижната Награда за развој за извонреден анимациски проект на филмскиот и телевизиски пазар „МИА маркет 2025“ во Рим. Наградата во вредност од 5.000 евра е добиена во силна меѓународна конкуренција, а ја додели стручно жири составено од истакнати професионалци од европската и светската анимациска ...

На 18 октомври од 20 часот, во Народниот театар во Штип ќе се одржи меморијален концерт посветен на музичарот Филип Стевановски, кој загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март, објави „Макбрас асоцијација“ и Скопскиот брас фестивал. Концертот се одржува во чест на неговиот роденден. Ќе настапат квартетот тромбони „Макбрас“ и истоимениот ансамбл составен од 12 тромбонисти, меѓу кои и легендарниот тромбонист Кирил Рибарски, во ...

На 29 и 30 октомври, во киното „Фросина“ во МКЦ ќе се одржи 11. издание на фестивалот на музички документарни филмови Скопје синема сити, со фокус на Холандија. Свеченото отворање ќе биде со филмот „Контрола“ на Антон Корбајн (фото), легендарен холандски режисер и фотограф, познат по своите впечатливи портрети на светски музички ѕвезди и влијателни музички видеа. Фестивалот ќе му ја додели наградата за животно дело за неговите достигнувања во ...

Женската група „Фрајле“ од Нови Сад ќе одржи два концерта во Скопје, на 18 октомври и на 16 ноември во Филхармонијата, и двата од 21 часот. „Фрајле“ одржаа весел концерт на 15 март во истата сала и ја разиграа публиката со нивните хитови и со песни од Тоше, „Леб и сол“ и народни песни од Македонија и Војводина. Највпечатлива беше изведбата на нивната верзија на „Јовано, Јованке“, која ја пеат насекаде низ регионот, а беше своевидно шоу од шест ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.0
93%
1023
weather icon

Белград

5ᴼ / 3ᴼ
2.06
89%
1021
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
93%
1023
weather icon

Софија

2ᴼ / -2ᴼ
0.51
68%
1023
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.31
97%
1024
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1022
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.34
83%
1019
weather icon

Тирана

2ᴼ / 2ᴼ
1.03
93%
1019
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
1020
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 0ᴼ
1.54
87%
1024
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
0.89
94%
1023
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
82%
1022
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Родиум

258813.51

Кобалт

58.42

Калај

43.93

Сребро

2159.01

Цинк

3.04

Злато

139515.92

Платина

64479.52

Бакар

11.07

Иридиум

145787.60

Рутениум

29192.88

Паладиум

54591.97

Алуминиум

2.95