„Ворнер брос“ го објави враќањето на гремлините, кои доаѓаат во кината во ноември 2027. Извршниот директор на компанијата Дејвид Заслав изјави дека „Гремлини 3“ ќе има светска премиера на 19 ноември 2027. Тој потврди дека Стивен Спилберг ќе биде извршен продуцент, а филмот ќе го режира Крис Колумбус. Други детали засега не се познати, вклучувајќи ги дејството и актерската екипа. Оригиналната хорор комедија излезе во 1984 година и следеше момче ...

Вечерва (9 ноември) од 20 часот, Битолскиот камерен оркестар ќе настапи во Велес со неколкумина македонски поп пејачи. Тој од пред некој ден го носи името „Битолски оркестар Дива“. На репертоарот ќе бидат македонски шлагери, кои ќе ги пеат Андријана Јаневска, Никола Перевски-Пере од „Нокаут“, Ана Петановска, Димитар Андоновски и Полина Тасева. Концертот е дел од содржините на одбележувањето на 9 Ноември, Денот на ослободувањето на Велес. Ќе се ...

Оскаровците Брендан Фрејзер и Рејчел Вајс ќе се обединат во нов филм од серијалот „Мумија“. Филмот ќе го режираат Мет Бетинели-Олпин и Тајлер Гилет, кои ја обновија хорор франшизата „Вресок“ во 2022. „Мумија“ од 1999 со Фрејзер и Вајс беше голем хит во киносалите низ светот и беше следен од две продолженија во 2001 и 2008, од кои двајцата глумеа заедно само во првото. Обидот на „Јуниверзал“ да го обнови серијалот со Том Круз во 2017 беше ...

Култниот кумановски рокенрол бенд „Т.Б. Трачери“ го доби своето прво винилно издание во повеќе од 30-годишното постоење. Албумот насловен „Грејтест шитс“ е компилација на некои од најпознатите песни на групата предводена од Кирчо Арсовски. Во издание на „Корпус деликти рекордс“ на Тошо Филиповски, на албумот се најдоа 12 песни избрани од четирите студиски албуми на „Трачери“, снимени во периодот од 2001 до 2011 година. Извршен продуцент на ...

Денеска (8 ноември) во Националната опера и балет ќе се одржува седмото издание на Интернационалниот танцов натпревар „Стејџ“, што ќе трае од 9 до 22 часот. На големата и на малата сцена ќе настапат над 1.600 деца и млади танчари од 12 држави, кои ќе играат класичен и современ балет и џез и ќе изведат акробатски и шоу танци. „Со секое издание, настанот станува мост што ги поврзува младите генерации преку уметноста, промовирајќи ја Македонија ...

Вечерва ќе се промовира песната „Чудо“ (Miracle), со која Нела Манчевска ќе ја претставува Македонија на Детската Евровизија, која ќе се одржи на 13 декември во Тбилиси, Грузија. Песната на Манчевска, која има 13 години премиерно, ќе се пушти и на јутјуб каналот на јуниорскиот Евросонг. Песната ја напишаа Лазар Цветкоски (музика) и Магдалена Цветкоска (текст). „Песната е приказна за храброст, надеж и верба во себе, за тој момент кога ја ...

Битолската група „Фонтана“, позната по изведби кои се спој на традиционалната македонска музика со елементи на светска музика и џез, ќе настапи со турската пејачка Гамзе Метраџи на 17. Фестивал на музика од светот, што на 27 ноември ќе се одржи во Битола. Концертот е од 20 часот во Центарот за култура во Битола. Метраџи е турска пејачка со македонски корени, која со голема љубов ја негува и пее и македонската традиционална музика. Таа го ...

„Лајонсгејт“ го објави трејлерот за „Мајкл“, биографскиот филм на режисерот Антоан Фукуа за животот на „кралот на поп-музиката“, Мајкл Џексон. Филмот во кината низ светот ќе игра од 24 април 2026. Светската ѕвезда почина на 50 години во 2009. Џексон го игра неговиот внук Џафар Џексон, син на постариот брат на Мајкл, Џермејн Џексон. Трејлерот започнува со пејачот во студио со Квинси Џонс (Кендрик Сампсон), кој вели: „Знам дека долго го чекавте ...

Најпознатите домашни пејачи ќе ги испеат најголемите хитови на легендарниот композитор Кире Костов на концертот во негова чест насловен „Летај галебе“, кој ќе се одржи на 11 ноември од 20 часот во Националната опера и балет. На концертот ќе настапат Драган Мијалковски, Андријана Јаневска, Ѓоко Таневски, Биба Додева, Елена Ристеска, Лидија Кочовска, Бојана Скендеровски, Ламбе Алабаковски, Влатко Лозановски, Сефедин Бајрамов, Мустафа Имери, ...

Ревија во чест на починатата модна дизајнерка Фросина Кулакова се одржа во Белград, во рамките на изборот за „Топ модел на Европа од Балканот“. На изборот, награди освоија моделите Андреа Стојмановска, Дарио Крумевски и Харис Реџепи од Скопје, а свои ревии одржаа и дизајнерките Душица Шалева и Ирина Тошева. „Ревијата организирана во чест на Фросина ја затвори програмата, славејќи ги нејзините талент и креативност. Од дваесетте македонски модели ...

Битолскиот камерен оркестар одржа концерт по повод Денот на ослободувањето на Битола и го промовираше новото име „Битолски оркестар ДИВА“. На концертот настапија Елена Ристеска, Влатко Стефановски, Петар Младеновски-Пеце од „Суперхикс“, Ристо Самарџиев и Јелена Томашевиќ. Гостин беше и Ранко Петровиќ, сопственикот на радио „Бубамара“ и сценарист на „Златна бубамара на популарноста“, кој ја потсети публиката дека токму Битолскиот камерен оркестар ...

Хуманитарен концерт со песни на групата „ДНК“ посветен на семејствата на настраданите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе се одржи на 29 февруари во Диселдорф, Германија. Песни од „ДНК“ ќе пеат Ламбе Алабаковски (фото), Андријана Јаневска, Елена Андоновска и Тина Русева. „Лани во февруари го прославивме Свети Трифун со ‘ДНК’ и Андријана Јаневска и ја имавме најдобрата урбана забава што можевме да ја посакаме во нашава дијаспора, ...

Седмото издание на рок фестивалот Андерфест ќе се одржи на 7 ноември во Младински културен центар во Скопје. Најавени се настапите на седум бендови и музичари од современата македонска алтернативна музичка сцена. Оваа година, на Андерфест ќе можат да се слушнат „Лост ин ревери“, „Аудиоцигла“, Димиш, „Занаду“, „Деменси“, „Големата вода“ и „Новиот почеток“ (фото), со што ќе бидат опфатени повеќе музички стилови. Организаторите најавуваат уште ...

Мешаниот градски хор „Вардар“ слави 25-годишен јубилеј со завршен концерт на 16 ноември во Музејот на македонската борба од 19 часот. „Тоа е последен од низата концерти по повод јубилејот што ги одржавме низ градовите по течението на реката Вардар, како што е насловот на самиот проект ‘Од Вардар за Вардар’. Гостувавме во Гостивар, Градско, Велес и Гевгелија“, вели диригентката на хорот Јасмина Ѓорѓеска-Каро. По добивањето на наградата „Георги ...

Вечерва (4 ноември) со претставата „Ифигенија за ништо“ на Драмски театар од Скопје завршува натпреварувачкиот дел од 22. Фестивал на античка драма „Стоби“. Претставата се игра во велешкиот театар „Јордан Хаџи Констатнинов-Џинот“ од 20 часот. „Ифигенија за ништо“ е работена по текстот „Ифигенија во Авлида“ на Еврипид. Тоа е современа адаптација на античката трагедија која се фокусира на личните и семејните конфликти што произлегуваат од ...

„Има ли пилот во песната“ е новата песна на „Нокаут“, за која бендот сними анимиран спот изработен со вештачка интелигенција. „Инспирацијата за ‘Има ли пилот во песната’ се роди сосема спонтано, по еден разговор со мојот пријател, научникот Никола Стиков, за вештачката интелигенција, што може машината, што може човекот и што можат заедно да создадат кога ќе се сретнат во истата креативна точка, било тоа да е музика, уметност или инспирација за ...

Мадрид ќе инвестира 1,5 милиони евра во новиот филм на Вуди Ален под еден услов: мора да се снима во шпанскиот главен град и насловот да го содржи зборот Мадрид. Според договорот што го објавија општинските власти, фондот од 1,5 милиони евра треба да се исплати во три фази: 150.000 во 2025, 600.000 во 2026 и 750.000 долари во 2027. Филмот сѐ уште има работен наслов „Wasp 2026“, што се смета за акроним за „Летниот проект на Вуди Ален“ (Woody ...

Под мотото „Модна слобода: Стоп за задевање“, млади модели настапија на модната ревија со постара, редизајнирана облека на 31. Моден викенд Скопје. Пред ревијата, организацијата за социјална интеграција СИЕЦ одржа дискусија на тема „Модна слобода: Стоп за малтретирањето“. Младите да не се плашат да го покажат својот личен стил и да не бидат малтретирани од врсниците ако не носат брендови, истакнаа повеќе говорници на дискусијата. „Најголема вина ...

Мандолинскиот оркестар „Скопје“ ќе го одржи својот годишен концерт на 11 номеври во малата сала на Филхармонијата од 20 часот. Ќе диригираат Рамадан Шукри и Ерхан Шукри, кои велат дека тоа ќе биде вечер полна со музичка топлина, енергија и пријателство. На репертоарот се дела од Мандонико, Кувахара, Шиндиловски, Хачатуријан, Цанев, Вивалди и Вилијамс, а премиерно ќе се изведат и композиции напишани специјално за ансамблот. Диригентот Ерхан Шукри ...

„Оваа песна му ја посветувам на нашиот град кој уште се вика Скопје“, рече Влатко Стефановски на фестивалот Скрим кој се одржа вчера (1 ноември) во салата „Борис Трајковски“. Стефановски со бендот ја испеа „Скопје“ на крајот од нивниот настап, песната која со култната група „Леб и сол“ ја сними во 1987. Познатиот гитарист настапи со стандардната постава: Иван Кукиќ на бас, Јан Стефановски на тапани, плус Дамир Имери на клавијатури, екипа со која ...

Битолскиот камерен оркестар ќе одржи концерт во Скопје на 30 ноември во Филхармонијата од 20 часот наречен „Цветна симфонија“. Ќе настапат сопранистките Јаворка Витанова, Виолета Арсовска и Зана Абази Рамадани а ќе диригира Владимир Димовски. Претходно, овој концерт се одржа во Херклеја во Битола на 30 јули. Како солистки настапија истите сопранистки како и мецосопранот Марина Коруновска и хрватската виолончелистка Ана Руцнер. „По летната ...

„Ведро е“ новата песна на поп-пејачката Тамара Волческа која ја испеа на јубилејниот 40. Макфест во Штип. Текстот за песната го напиша Весна Малинова, а музиката и аранжманот се на Дарко Тасев. „Беше љубов на прво слушање. Не претпоставував дека токму оваа песна ќе ја најде својата светлина и ќе оживее на јубилејното издание на Макфест“, вели Волческа. „Во моментот кога ја снимав песната, почувствував дека ова сум вистински јас“, додаде ...

Српската рок група „С.А.Р.С“ ќе одржи концерт во Скопје на 22 ноември, во „Јавна соба“ од 22 часот. Групата е основана во март 2006 во Белград од Александар Луковиќ-Лукац и Драган Ковачевиќ-Жабац кои се и денешни членови заедно со Борис Тасев, Ненад Ѓорѓевиќ, Сања Лалиќ, Тихомир Хиниќ и Жарко Ковачевиќ. Бендот стана регионално популарен по синглот „Мувлосан леб“ (Buđav lebac), кој е снимен во скромни услови и објавен на нивниот тогашен „Мај ...

„Добровечер и лека ноќ“ е новата песна на Калиопи која ја промовираше во Белград. Автор на музиката, текстот, аранжманот и продукцијата е Ромео Грил, постојаниот соработник на Калиопи. Песната која е снимена на српски јазик е достапна на сите дигитални платформи. Видеото го изработи Александар Ристовски-Принц. Грил и Калиопи лани прославија 40 години соработка со промоција на новиот албум наречен „Албум“ и со концерт во салата „Борис Трајковски“ ...

Со весел концерт во Националната опера и балет на кој на крајот целата публика танцуваше, „Тумбао салса бенд“ прослави 20 години од постоењето. Петар Ренџов, еден од најпозитивните музичари на нашата сцена 20 години го спојува кубанскиот ритам со македонска мелодија и тоа звучи уникатно. „Дваесет години се обидуваме да ја споиме Куба со Македонија. Тоа што сте сите овде ни вели дека не било залудно“, рече Ренџов кој прв се појави на сцената, ...

Вечерва од 20 часот во Велешкиот театар ќе се изведе претставата „Нешто големо“ на „Академија Италијана“ од Лече, дел од програмата на 22. издание на Фестивалот на античка драма „Стоби“. Претставата е мјузикл и стендап комедија на италијански јазик. На сцената се шестмина актери кои ја изведуваат преработката на песната „Qualcosa di Grande“. Таа раскажува приказна за потребата цела една генерација да биде сослушана. „Наративот дека ‘работите беа ...

Големиот египетски музеј во Каиро, најголемата археолошка установа на светот посветена на една цивилизација, конечно ќе се отвори утре (1 ноември) откако во негова изградба биле вложени една милијарда долари. Сместен близу пирамидите во Гиза, музејот зафаќа површина од 470.000 квадратни метри. Комплексот беше најавен во 1992, но изградбата започна дури во 2005 година. Некои делови од музејот беа отворени минатата година. Во музејот ќе се најдат ...

Во Скопје започна 31. издание на Моден викенд Скопје, кој годинава се одржува под слоганот „Одржлива мода и креативна традиција – развој на иновативни практики во македонската модна сцена“. „Се одржаа два настана што ја претвораат теоријата на одржливост во вистинско искуство“, велат организаторите Во Центарот за поправки „Ништо ново“, Ирина Тошева ја водеше работилницата „Од стара облека до уникатен моден додаток“. Под нејзино менторство, ...

Младата македонска пејачка Лара Иванова ја сними новата песна „Доминантен“, која ја испеа на јубилејниот 40. Макфест. „Песната има заразен ритам и сценска енергија што потсетува на најголемите имиња од новата генерација на светски поп-ѕвезди. Настапот на Макфест за мене беше продолжение на она што се случува во видеоспотот. Сакав публиката да ја почувствува истата енергија што ја пренесувам на екранот, силна, но и емотивна. Да пееш и танцуваш на ...

Денеска и утре (30 и 31 октомври) во Велес се одржува вториот фестивал на сатирата „Џинот“. Освен од Македонија, учествуваат и сатиричари од Србија и БиХ. Организатор е Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“ од Велес, а настаните ќе се одржуваат во Велешката библиотека и Ликовниот салон. Од содржините, ќе има промоција на книга на афоризми и издание за афоризми и ќе се читаат афоризми од Јордан Хаџи Константинов-Џинот, кој се смета за прв ...

Повик

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.0
93%
1023
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
2.06
89%
1022
weather icon

Загреб

3ᴼ / 2ᴼ
1.54
93%
1023
weather icon

Софија

2ᴼ / -2ᴼ
0.51
68%
1023
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.64
95%
1024
weather icon

Љубљана

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
100%
1023
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
1.34
83%
1019
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
1.54
87%
1019
weather icon

Подгорица

3ᴼ / 3ᴼ
0.51
93%
1020
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 0ᴼ
1.54
87%
1025
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
0.45
94%
1023
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
82%
1022
Currency

61.545

Currency

52.5545

Currency

70.2721

Currency

34.7087

Currency

38.105

Currency

66.036

Currency

7.46434

Currency

0.65313

Currency

0.33427

Currency

0.52444

Currency

1.22773

Currency

0.5864

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.95

Родиум

258813.51

Калај

43.93

Бакар

11.07

Рутениум

29192.88

Иридиум

145787.60

Платина

64479.52

Цинк

3.04

Паладиум

54591.97

Злато

139515.92

Сребро

2159.01