Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Норвешкото архитектонско студио „Хелен и Хард“ ја заврши дрвената „Кабина Санде“ на карпестиот атлантски брег во Рандаберг, Норвешка. Објектот од 112 квадратни метри е изграден на местото на викендичка од 1970-тите, а поради строгите правила за заштита на пределот морал да ги задржи нејзините димензии и висина. Највпечатлив дел од кабината се 18 столбови направени од цели смреки, ископани заедно со корењата. Потоа биле дигитално скенирани и ...
Пијан славеј на вечерва (19 август) ќе одржи концерт во Велешкиот театар, од 21 часот. Пијан Славеј е алтер-егото на фронтменот на „Фолтин“, Бранислав Николов. Влезот е бесплатен. На концертот Николов ќе настапи со Пеце Брада Трајковски и Славчо Јовев, а ќе го изведат вториот албум „Нудист“, објавен во 2024 година. Идејата на Пијан славеј е создавање нова македонска шансона, која со современ звук се надоврзува на музичката поезија од ...
Полскиот квартет „Глам“ и американскиот пијанист Стен Брекенриџ вечерва (19 август) од 21 часот ќе одржат одржат во црквата Св. Софија во Охрид, во рамките на програмата на фестивалот Охридско лето. Квартетот „Глам“ го сочинуваат полските инструменталистки Барбара Шелчаејевич која свири прва виолина, Доминика Пјечовјак-Должинска, втора виолина, Каролина Вашчинска-Лукановска на виола и Агњешка Ковалчук на виолончело. Музичарките настапуваат ...
Мадона е предводничка според бројот на номинации за видео музичките награди на Ем-Ти-Ви (ВМА), со вкупно 11 номинации. Меѓу нив се оние за видео, изведувач и песна на годината, како и за најдобра соработка, танц, режија, сценографија, кинематографија, монтажа, кореографија и визуелни ефекти. Зад неа е Тејлор Свифт со девет номинации, додека Аријана Гранде и Сабрина Карпентер имаат по седум. Бруно Марс, „Пинк Пантерес“ и Зара Ларсон се ...
Продолжението на филмскиот хит „Барби“ од 2023 година е доведено во прашање поради застој во преговорите меѓу „Ворнер брос.“ и главниот креативен тим. Режисерката и косценаристка Грета Гервиг, косценаристот Ноа Баумбах, Марго Роби, која е продуцентка и главна актерка, и Рајан Гослинг веќе три години преговараат со студиото за втор филм. Според извори на „Варајети“, „Ворнер брос“, досега доставил повеќе од шест понуди, но ниту една не била ...
Четирите џез вечери на Охридско лето поминаа во знакот на врвни музичари, разновидни музички изрази и полни гледалишта, велат од фестивалот. Џез-програмата на сцената „Долни Сарај“ ја затвори британскиот бенд „Киото“, кој го сочинуваат наградуваниот пијанист и автор Рохан Хит и Лу Роудс. Нивниот настап донесе музика инспирирана од заедничките искуства и значајни животни теми. На 15 август настапи Питер Сомуа со својот состав, спојувајќи го ...
Групата „Фолтин“, која годинава одбележува триесет години, во Охрид го промовираше двојниот винил „Фолтин во живо“, во пресрет на јубилејниот концерт на 29 август во Хераклеја во Битола. Во Културниот центар „Култ“ во Охрид се одржа слушачка промоција на изданието. Промоцијата продолжи и на винил саемот „Охрид 33/45“, каде посетителите можеа да го набават лимитираното издание. Од винилот се изработени 150 рачно нумерирани и потпишани ...
Американската поп-ѕвезда Аријана Гранде се врати на британската сцена првпат по 2019 година, со два концерта во лондонската „О2 арена“ во рамките на турнејата „Вечна сончева светлина“ (Eternal Sunshine). Пред илјадници обожаватели, 33-годишната пејачка приреди двочасовно шоу со голема сценографија, интересни кореографии и визуелни ефекти. На репертоарот се најдоа песни од новиот албум по кој е насловена турнејата, како и некои од нејзините ...
Ана Петановска ќе биде единствената претставничка од Македонија на фестивалот Далматинската шансона во Шибеник, Хрватска, кој ќе се одржи на 22 август. Таа ќе ја испее новата песна „Твоја сум јас“. Музиката и текстот се на Григор Копров, а аранжманот е на Стефан Петановски. На фестивалската вечер ќе бидат промовирани 25 нови песни, а меѓу учесниците се и Ибрица Јусиќ, Ѓани Стипаничев, Иво Патиера, Марко Кутлиќ и Дино Петриќ. Настапот во ...
Битолскиот камерен оркестар „Дива“ ќе одржи два концерта насловени „Цветна симфонија“ во Охрид и во Битола, со повеќе од сто учесници на сцената. Концертите ќе се одржат вечерва (17 август) во Пациото на НУ Завод и Музеј во Битола и утре (18 август) во Долни Сарај во Охрид, од 21 часот. На програмата се италијански канцони, оперски арии и култни филмски теми. Публиката ќе слуша музика од филмските композитори Енио Мориконе, Џон Вилијамс и ...
Третиот дел од анимираната авантура на „Дизни“, „Снежно кралство“ (Frozen) ќе игра во кината од 24 ноември 2027 година. Идина Мензел, Кристен Бел и Џош Гад на специјален настан во Калифорнија објавија секвенци од филмот, според кој има нови ликови, а се случува и свадба меѓу Ана и Кристоф. Мензел и Бел, кои ги позајмуваат гласовите на Елса и Ана, изведоа нова верзија на песната „Frozen Heart“, додека Гад отпеа љубовна песна за првата ...
Во чест на Денот на македонските рудари, на 28 август во Радовиш ќе се одржи рок-концерт на кој ќе настапат македонските групи „Меморија“ и „Ареа“. Концертот ќе се одржи на паркингот „Орел“, а програмата ќе почне во 21 часот. Први на сцената ќе настапат „Меморија“, чиј настап е предвиден од 21 до 23 часот, по што концерт ќе одржи „Ареа“. Двете групи се меѓу најпопуларните на македонската рок-сцена, со бројни песни кои оставија белег кај ...
Петтото издание на гастрономскиот настан „Вкуси го Охрид-локално“ ќе се одржи денеска (15 август) од 19 часот кај Долна Порта во Охрид, а овојпат во фокусот ќе биде охридската медовина. Посетителите ќе можат да дегустираат медовина, локални производи и традиционални специјалитети, како и да се запознаат со локалните производители и процесот на производство на мед – од пчеларникот до неговата употреба во традиционалниот пијалак. Во програмата ...
Денеска и утре (14 и 15 август) во Битола се одржува првото издание на фестивалот Битолски чалгиски денови, како дел од програмата на Битолското културно лето, Бит фест, во организација на Културно-информативниот центар од Битола. Фестивалот има цел да ја врати чалгијата во автентичниот градски амбиент и да го доближи ова музичко наследство до новите генерации. Програмата започна во Офицерскиот дом, со семинарот „Канон-Чалгиска музика“, под ...
Кросовер артистката Андријана Арлен, велешанка која живее и работи во Шведска, ја најави есенската концертна турнеја „Сребрена ноќ“ (Silver Night) низ Македонија. Турнејата ќе опфати неколку градови. Првиот концерт ќе се одржи во нејзиниот роден Велес на 31 октомври, па следуваат Струмица на 7 ноември и Битола на 12 ноември, а турнејата ќе заврши во Скопје, за каде засега не се соопштени датумот и локацијата на концертот. Арлен ја покани ...
Бугарскиот црноморски град Бургас ќе биде домаќин на Евровизија во 2027. Бугарија првпат се здоби со правото да го организира европското музичко натпреварување благодарение на победата на Дара во Виена во мај. Иако веднаш по нејзината победа беше објавено дека домаќин ќе биде Софија, Европската радиодифузна унија (ЕБУ) сега кажа дека Бургас е избран бидејќи им нуди на „фановите на Евровизија уникатна атмосфера за најголемиот музички настан во ...
Сараевскиот бенд „Црвена јабука“ ќе прослави 40 години постоење со концерт во Охрид на 14 август во Античкиот театар од 20 часот, објави продукцијата „Балкан медиа“. Бендот е основан во 1985 од вокалот и гитарист Дражен Ричл-Зијо и гитаристот и автор на повеќето хитови на групата Златко Арсланагиќ-Злаја. Групата беше дел од музичкото движење Нов примитивизам во 1980-тите. Првиот албум насловен „Црвена јабука“ е снимен во 1986. Во тоа време ...
Кинескиот пијанист Сихенг Сонг вечерва од 21 часот ќе одржи концерт во црквата „Света Софија“ во рамките на Охридско лето. Сонг е роден во Шангај во 1981 и се смета за еден од истакнатите пијанисти на својата генерација. Добитник е на повеќе меѓународни награди. Настапувал во Токио, Сеул, Пекинг, Шангај, Париз, Берлин и Њујорк, како и на познати европски фестивали. Од 2010, Сонг работи и на мултимедијални концертни проекти, во кои класичната ...
„Оејзис“ ќе ја раскаже приказната за своето големо враќање во новиот документарен филм „Don’t Look Back In Anger“, кој ќе содржи снимки од проби, зад сцената и од концертите од повратничката турнеја „Оејзис во живо ’25“. Посебно внимание привлекува најавата дека во филмот ќе бидат прикажани и првите заеднички интервјуа на браќата Лијам и Ноел Галагер по повеќе од 20 години. Документарецот го создаде Стивен Најт, авторот на серијата „Пики ...
Деми Ловато ќе се појави во новиот филм „Камп рок 3“, повторно во улогата на Мичи Торес, ликот кој го играше во оригиналниот филм од 2008 и во продолжението од 2010. Ловато на Инстаграм сподели фотографии од новиот филм и од претходните два и напиша „Мичи засекогаш“. Ловато повторно се сретна со своите колеги од „Камп рок“, Џо Кевин и Ник Џонас, на премиерата во Лос Анџелес. Приказната го следи бендот „Конект 3“, кој останува без предгрупа за ...
Виолинистот Владимир Костов и чембалистката Цветанка Созовска вечерва (11 август) ќе одржат концерт со барокна музика во рамките на 66. Охридско лето. Концертот е во црквата „Света Софија“ од 21 часот. Созовска дипломирала пијано на Факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на Борис Романов. Се усовршувала на Кралскиот конзерваториум во Хаг, каде што специјализирала чембало и барокна музика, а во 2002 магистрирала музика. Повеќе од ...
Компанијата „Мател“ ја претстави новата Барби кукла со која ѝ оддава почит на легендарната пејачка Витни Хјустон, која почина во 2012 на 48 години. Таа им се придружува на ѕвездите како Дејвид Боуви, Дајана Рос, Кајли Миног, Глорија Естефан, Тина Тарнер и Елвис Присли, кои исто така добија свои кукли како дел од серијата „Barbie Signature“. Куклата е облечена како Хјустон од нејзиниот спот за песната „I Wanna Dance With Somebody (Who Loves ...
Првото издание на „Џез-вечери“ во рамките на Охридско лето ќе се одржи од 13 до 16 август, во организација на радиото „Џез ФМ“ и Охридско лето. Програмата ќе се реализира во црквата „Света Софија“ и на сцената Долни Сарај, а ќе има шест концерти со настапи на музичари од САД, Германија, Грција, Гана, Холандија, Велика Британија и Македонија. Програмата ќе биде отворена на 13 август во црквата „Света Софија“ со концертна промоција на албумот ...
Со концертот „Последната роза на летото“, синоќа (9 август) во црквата „Света Софија“ беше одбележана традиционалната Вечер на Европска Унија во рамките на Охридско лето. Настапија ирскиот виолинист Дејвид Тобин, ирскиот пијанист Фингин Колинс и унгарско-ирската флејтистка Јохана Кезеи, кои изведоа дела од Елгар, Рајнеке, Филд, Чајковски и Волас. Посебно место во програмата имаше делото „Фантазија и варијации на тема ‘Последна роза на ...
Младата поп-пејачка Ана Петановска го објави својот прв студиски албум „Само љубов постои“, во издание на хрватската дискографска куќа „Кроација рекордс“. Албумот има десет песни и е достапен на сите дигитални музички платформи. Со дебитантското издание, 23-годишната Петановска го прави својот прв поголем дискографски исчекор кон хрватскиот и регионалниот музички пазар по неколку години фестивалски настапи, снимање песни и соработки со ...
Вечерва (8 август) на охридската плажа Љубаништа, концерт ќе одржи џез-музичарот Владимир Четкар со неговиот бенд. “За добрата забава претходно и потоа ќе се задолжени диџеите Фејс и Чваре, а јас едвај го чекам конвертот”, вели Четкар. Вратите се отвараат во 19 часот, а билетите по цена од 400 денари се достапни онлајн преку TixMK. За публиката е организиран и бродски превоз од градското пристаниште со бродовите „Александрија 1 и 2“ во 19:30 ...
Поп-пејачот Стефан Величковски објави нова песна со наслов „Карта“. Величковски вели дека „Карта“ е летна поп-песна со регетон призвук која зборува за разделбата и заминувањето на саканата личност. Текстот го напиша неговата сопруга, ТВ-водителката Ана Николовска-Величковски. Таа заедно со Стефан е и автор на музиката, додека аранжманот е на Иле Спасев. За песната е снимен и спот, реализиран од „Индастриал медиа“, со која Величковски ...
Црногорскиот кантавтор Сергеј Ќетковиќ викендов ќе одржи два концерта во Македонија. На 8 август ќе пее во Градскиот парк во Дојран, каде што влезот е слободен, а следниот ден е во Античкиот театар во Охрид. Продукцијата „Евентум” како специјални гости ги најави членовите на ВИС „Билјана”. Влезниците за концертот во Охрид се достапни преку продажната мрежа на e-ticket.mk. Црногорскиот кантавтор Сергеј Ќетковиќ викендов ќе одржи два концерта ...
Грчката пијанистка Теодосија Нтоку и италијанскиот виолончелист Масимо Полидори вечерва (6 август) ќе настапат на традиционалната Грчка вечер во рамките на Охридско лето, која се реализира со поддршка на Амбасадата на Грција. Концертот ќе се одржи во црквата „Света Софија“ од 21 часот. Нтоку е една од најистакнатите грчки пијанистки на својата генерација, а „Би-Би-Си мјузик“ ја опишува како уметница со драматични квалитети, емотивна ...
Српскиот виолинист со светска слава Стефан Миленковиќ вчера одржа концерт под свеќи со камерниот оркестар „Профундис“ на 66. Охридско лето. Предворјето на црквата „Света Софија“ беше преполно со публика од повеќе земји, а декорацијата со свеќите направи уникатна и романтична атмосфера и на публиката ѝ понуди несекојдневно аудиовизуелно доживување. „Драго ми е што сум повторно во Охрид. Овде е речиси студено. Доаѓам од Виена, каде што беше 41 ...