Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Слатко по рецепти од бабите зготвија учениците од средното училиште „Коле Неделковски“ во Велес, а учениците од економското училиште „Јовче Тесличков“ направија современото пакување. Настанот се одржа во просторот на поранешното кино „11 Октомври“, односно во „Дворчето“ на Европската куќа во Велес. Традицијата продолжува и со младите генерации. Иако начинот на подготовка се менува, старите рецепти и тајните на готвењето се пренесуваат од ...
Амбасадата на Јапонија организираше мастерклас за јапонска кујна во средното училиште „Коле Нехтенин“ во Штип, наменет за учениците, идни готвачи. Учениците и нивните професори се запознаа со вашоку, традиционалната јапонска култура на исхрана, која се темели на рамнотежа на сезонски состојки, хранливост и визуелна убавина. Вашоку е впишано на листата на нематеријално културно наследство на УНЕСКО. На мастеркласот беа презентирани јапонски ...
Угледниот сајт за патувања „Лонли планет“ ја состави својата традиционална листа на најдобри дестинации за патување во 2027, која се состои од 25 места што мора да се посетат и 25 најдобри искуства во следната година. Хрватскиот град Шибеник (фото) е едно од петте места во Европа што треба да се видат во 2027, заедно со Венето (Италија), Сканер-Фалстебро (Шведска), Леон (Шпанија) и Десау (Германија). Од Северна Америка се избрани Квебек и ...
Настапот на светската диџеј-ѕвезда Дејвид Гета во Скопје, по повод 35 години независност на Македонија, ја потсети модната дизајнерка и професорка Лидија Георгиева на интересна приказна од времето кога живееше и работеше во Париз. Во 2004, тогашната сопруга на Гета, Кати Гета, позната како „кралица на ноќта на париската сцена“, носела креација на Георгиева на Канскиот филмски фестивал. „Настапот на Гета по повод 35 години независна Македонија ...
Дваесетгодишната Срна Шекерова од Скопје го освои второто место, односно титулата прва придружничка, на првото издание на меѓународниот избор за убавина „Мис на светот – нова генерација“, што се одржа во Фрушке Терме, Србија. Шекерова освои уште една титула како претставничка на Македонија откако победи на натпреварот за Мис талент, каде што се претстави со танцова и вокална изведба. Победничка на изборот е претставничката на Конго, а ...
Триесет и третото издание на Моден викенд Скопје ќе се одржи од 30 октомври до 1 ноември во Музејот на современата уметност во Скопје, Галерија 4. Под мотото „Модата сега“, настанот ќе ја истражува модата како современа креативна сила што ги поврзува уметноста, одржливоста, иновацијата и културата. Во тридневната програма се најавени модни ревии, изложби, перформанси, јавни разговори и предавања со учество на дизајнери, уметници и културни ...
Никол Кидман, Дуа Липа и Зендаја беа меѓу бројните светски ѕвезди кои ги следеа ревиите на завршницата на Париската модна недела, каде што модните куќи „Шанел“ и „Луј Витон“ ги претставија своите колекции за пролет/лето 2027. Кидман и Липа беа во првиот ред на ревијата на „Шанел“, заедно со Педро Паскал и Алекса Деми. Кидман на ревијата дојде со ќерка ѝ Фејт Маргарет, а нејзини снимени читања од романот „Орландо“ на Вирџинија Вулф беа дел од ...
Фустан со проѕирни детали од модната куќа „Живанши“, дизајниран од Сара Бартон, е избран за фустан на годината од Модниот музеј во Бат, Велика Британија. Избраниот фустан е дел од трендот на таканаречена „гола мода“, кој во последните години е присутен на модните писти и црвените килими. Според музејот, ваквиот начин на облекување отвора прашања за женската слобода, самодовербата и за односот кон телото. Сара Бартон, која долги години ...
Американската ТВ-ѕвезда Кајли Џенер (29) дебитираше на модната ревија на „Викторијас сикрет“ во Лос Анџелес, носејќи градник украсен со 4.410 природни дијаманти, вреден 50 милиони долари. Џенер беше најголемото изненадување на ревијата, а од публиката ја бодреа нејзиниот партнер, актерот Тимоти Шаламе и мајка ѝ Крис Џенер. Луксузниот градник „Фантази бра“ (Fantasy Bra), кој оригинално го носеше шведската манекенка Елса Хоск во 2018, е ...
Младите модели Лина Настевска и Драган Николов обезбедија пласман во финалето на меѓународниот натпревар „Топ модел Европа“, кое ќе се одржи на 6 декември во Белград. Тие ги освоија гласовите на публиката на балканското полуфинале, кое се одржа во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје. Организаторка на настанот беше модната креаторка Душица Шалева, која работи во Париз и е директорка на „Топ модел Европа“. На модната вечер ...
Со девет авторски колекции, моден перформанс и панел-дискусија, вчера (1 ноември) во Музејот на современата уметност во Скопје заврши 33. издание на Моден викенд Скопје. Завршниот ден започна со панелот „Стереотипите и социјалните медиуми“, посветен на самоизразувањето преку облеката, по што следуваше модниот перформанс „Модни икони- редизајнирани: Носи ја својата приказна“. Ревискиот дел започна со колекциите на пет дизајнери од ...
Дејвид Гета, кој на 8 септември настапи на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје пред 50.000 луѓе, доби уникатна јакна изработена специјално за него од македонскиот дизајнер Сатја Грабулоски и неговото студио „Ес вит а дот“. На ракавите се насликани моменти и симболи поврзани со кариерата на Гета, во комбинација со македонски мотиви. На левиот ракав се монолитот над македонското знаме и датумот на независноста на Македонија, наградата ...
Секоја година, фестивалот Брнинг мен ја претвора пустината во Невада во град наречен Блек Рок Сити. Раздвижената импровизирана метропола се издига од ништо и тие денови е полна со кампери, уникатни автомобили и големи уметнички инсталации. Оваа година, фестивалот беше поштеден од катастрофално време што го погоди во 2025 и 2023 година, но беа забележани три смртни случаи, за кои имаше малку детали. Годинашната уметност беше неверојатна, ...
„Тесла“ ќе го прекине производството на контроверзниот камионет „Сајбертрак“ во својата фабрика во Тексас следната година, вели Илон Маск. Тој не прецизираше дали планира целосно укинување на моделот или ќе го префрли производството на друго место, но рече дека одлуката има за цел да се ослободи простор за поголемо производство на самовозечките автомобили „Сајберкеб“. Главниот инженер на проектот Вес Морил сугерираше дека возилото ќе биде ...
На брегот на Анденес во северна Норвешка се вдлабнува музеј во пејзажот, изгледајќи како Земјината кора да се излупила. Се вика „Кит“, нов центар посветен на китовите, кој треба да биде отворен на 4 јуни 2027. Дизајниран од данската архитектка Дорте Мандруп, мазната линија на покривот на зградата наликува на бран или грпка на кит. Кровот е држен без ниту еден видлив потпорен столб, па просторот ги отсликува морето и небото однадвор. Кровот ќе ...
Во центарот на Тирана, Албанија, ќе се гради необична зграда во облик на облак, која ќе биде издигната над јавен парк на тенки столбови. Проектот наречен „Tirana Fountain Plaza“ е дело на данското архитектонско студио „Бјарке Ингелс груп“ (BIG), кое победи на меѓународен конкурс за уредување на просторот покрај паркот Ринија. Зградата ќе биде висока околу 78 метри, а нејзината препознатлива форма ќе ја создаваат бели кружни елементи ...
Интер и Милан ги открија плановите за нивниот нов стадион „Џенерали“, кој ќе го замени заедничкиот стадион „Сан Сиро“ од сезоната 2031/32. Стадионот, спонзориран од најголемата осигурителна компанија во Италија, ќе има капацитет од 71.500 седишта и се очекува да ги чини двата клуба 1,2 милијарди евра. Работите на новиот стадион треба да започнат во 2028 година, на местото на постоечкиот објект со капацитет од 75.000 гледачи. „Стадионот ...
Документарниот филм „Oasis: Don’t Look Back in Anger“, кој ги следи повратничката турнеја на „Оејзис“ и повторното обединување на браќата Лијам и Ноел Галагер, ќе биде достапен на стриминг-платформата „Дизни+“ од 9 октомври. Во документарецот се вклучени и досега необјавени снимки од заедничко интервју на браќата Галагер, како и целосни концертни изведби на хитовите „Wonderwall“ и „Slide Away“. Браќата Галагер, чиј бурен однос со години беше ...
Единаесетотто издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова почнува на 14 октомври под мотото „На прво светло’, а отворањето е во киното Фросина во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, со новиот филм на Мирослав Терзиќ, „Три недели подоцна“, а во главната онкуренција се 6 филма, додека во селекцијата за дебитанти се 4 први кратки филма на македонски режисери. Годинешен лауреат на Киненова е турскиот режисер Емин Алпер, кој е и ...
Со доделување на наградите и проекција на филмот „Фантази“, словенечко-македонска копродукција во режија на Кукла Кешеровиќ, синоќа (17 октомври) беше затворено 11. издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова. Затворањето беше во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во скопската општина Кисела Вода. Наградата за најдобар долгометражен филм ја освои „Вчера моите очи не заспаа“ во режија на Ракан Мајази од Палестина. Наградата за ...
Режисерката Лидија Мојсовска го сними краткометражниот игран филм „Сѐ што остана беше приказна“, на локации на планината Јабланица, на 1.700 метри надморска височина. Филмот е инспириран од вистински настани и судбини на луѓе од Струшкиот Регион, покрај границата со Албанија, а сценариото е на Мојсовска и Јаков Попоски. Од 27 до 30 септември се снимаше на Лабунишките бачила, Јабланица, Струга и селото Слоештица. Екипата работеше со околу 300 ...
Оскаровката Џулиен Мур ја има главната улога во новата музичка комедија „Дебито“ (The Debut) на актерот и режисер Џеси Ајзенберг, со која се затвори 70. Лондонски филмски фестивал. Мур го пофали сценариото, нарекувајќи го едно од најдобрите што некогаш го прочитала. Мур ја игра Мона Фридман, домаќинка од Њу Џерси, која се пријавува на аудиција за локална театарска претстава. Откако добива улога во мјузиклот, таа сѐ повеќе се внесува во ликот, ...
Холивудската ѕвезда Том Круз ќе ја добие престижната награда за животно дело на Американскиот филмски институт (АФИ), како признание за неговата повеќедецениска кариера и придонесот во филмската индустрија. Шеесет и четиригодишниот актер ќе биде почестен на свечена церемонија на 24 април 2027 во театарот „Долби“ во Лос Анџелес, каде што традиционално се одржува и доделувањето на Оскарите. Круз е една од најголемите холивудски ѕвезди, познат ...
Актерите од популарната серија „Пријатели“, Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиса Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер, одбиле да учествуваат во новиот документарец за нивниот покоен колега Метју Пери, кој почина на 28 октомври 2023 на 54 години. Режисерката Мери Робертсон вели дека ги поканила сите петмина актери да зборуваат за Пери, но тие одлучиле да не учествуваат бидејќи сè уште тагуваат по својот пријател. Документарецот „The One About ...
„Ејч-Би-О“ ќе снима минисерија инспирирана од „Птици“, култниот хорор на Алфред Хичкок, во која главната улога ќе ја игра Сара Снук (фото), објави „Вараети“. Серијата ќе биде заснована врз филмот на Хичкок од 1963 и истоимениот роман на Дафне ди Морие. „Бегајќи од жестока битка за старателство, Мајра Меси (Снук) се враќа дома со својата мала ќерка, тајно истражувајќи го сомнителното исчезнување на пријател од детството. Додека убиецот е на ...
Вуди Харелсон и Метју Меконахи се глумат себеси во новата серија „Браќа“, која ќе има премиера на „Епл ТВ“ на 23 септември. Двете актерски ѕвезди се добри пријатели во приватниот живот, а можеби се и полубраќа. Оваа шпекулација своевремено ја прошири мајката на Меконахи, откривајќи дека имала кратка љубовна врска со таткото на Харелсон, за кого е познато дека бил платен убиец на мафијата. Харелсон и Меконахи ја имаат земено таа идеја како ...
Американската пејачка Сабрина Карпентер и порториканскиот пејач Бед Бани ги освоија првите Еми награди во своите кариери, со што стигнаа на половина пат до статусот ЕГОТ, освојување на Еми, Греми, Оскар и Тони. Бед Бани беше награден за најдобра специјална програма во живо за настапот и продуцентската работа на шоуто на полувремето на 60. Супербоул. Шоуто освои вкупно седум Еми награди. Карпентер го освои првото Еми за специјалното издание на ...
Велшкиот актер Метју Рис испиша историја на 78. доделување на наградите Еми, станувајќи првата личност која освоила две награди за главна улога во една вечер. Рис беше награден за најдобар актер во хумористична серија за „Widow’s Bay“ и во минисерија за „The Beast In Me“. „Ние сме мала, но моќна нација. Ова е неверојатно“, рече тој. Малкумина актери во минатото биле номинирани за најдобар актер во две категории, како Алан Алда, Сели Филд, ...
Јанг Дади ја објави новата песна „Екс Ју“, направена во соработка со продуцентот Андреј Ник, во која гостува познатиот гитарист на сараевскиот рок бенд „Дивље Јагоде“, Сеад Зеле Липовача. Тој го отсвире гитарското соло и се појавува во видеоспотот, во кој главната женска улога ја има моделот Катарина Ивановска. Спотот раскажува хумористична приказна за скопјанец кој се обидува да освои девојка вљубена во југословенскиот рокенрол. За да ѝ се ...
Тимот на „Светот на Биби“ почнува нов детски музички и едукативен серијал „ЈЕЕЈ!“, во кој популарните анимирани ликови Биби и Боби ќе оживеат во реалниот свет. Првата епизода ќе биде премиерно прикажана на јутјуб каналот на „Светот на Биби“ на 26 септември од 19 часот. Во улогата на Биби е Надиа Кирковска, Боби го игра Максим Апостоловски, а дел од екипата се и Марта Конеска и Христијана Матеска. Актерите беа избрани по кастинг на кој за ...