На 4 октомври во „Станица 26“ во Скопје од 20:30 часот концерт ќе одржи тапанарот Михаил Парушев со неговиот бенд наречен „За арно за убаво”. Парушев ќе свири заедно со Зоран Костадиновски на гитара, Јован Цветковиќ на пијано, Иван Бејков на бас, Трајче Велков на труба, Петар Колевски на саксофон и Петар Христов на сопран саксофон. Драган Трајковски е вокал, а Елена Васова е вокал и перкусии. „На концертот ќе има уште неколку гости кои ќе бидат ...
Третото издание на Фестивалот на џез, ворлд и современа музика во Велес ќе има седум програмски дена, распределени од 29 септември до 27 октомври. Фестивалот основан и финансиран од Општина Велес и оваа година ќе има меѓународен карактер, а учесниците доаѓаат од Франција, Германија, Финска, Грција, Австралија и Македонија. На отворањето в недела, поетско-музичко-театарски перформанс ќе имаат Џејмс Вајли од Австралија и Егли Кацики од Грција, кој ...
„Колдплеј“ ќе одржи десет концерти на стадионот „Вембли“ во Лондон следното лето, со што ќе го собори рекордот на Тејлор Свифт и „Тејк дет“. Англискиот бенд првично најави шест концерти, но додаде уште четири датуми во септември поради огромниот интерес за карти. Турнејата во 2025 ќе го следи излегувањето на десеттиот албум „Moon Music“, кој ќе биде објавен на 4 октомври. Покрај „Вембли“, „Колдплеј“ ќе има и два концерта на стадионот во Хул и ...
Македонскиот државен ансамбл за народни игри и песни „Танец“ со успех ја заврши својата концертна турнеја низ регионот, со настапи во Подгорица (Црна Гора), Љубљана (Словенија) и Загреб (Хрватска). „Секоја изведба беше поздравена со громогласни ракоплескања и стоечки овации. Публиката беше почестена со разновиден репертоар кој ги прикажуваше сложените ритмови и моќните изворни гласови кои на автентичен начин ги донесоа македонските напеви од ...
Вечерва (27 септември) пред Културно информативниот центар (КИЦ) ќе се одржи настанот „Звукот на Скопје 2024“. Од 21 часот, концерт ќе одржат „Кулпарк“, Зарина Првасевда (фото) и „Калевала“. Во „Салон 19:19“ од 20 часот ќе има проекција на филмот „Non-Aligned: Scenes from the Labudovic Reels“. Во салите „Империјал I“ и „Империјал II“ и во продажниот салон на КИЦ од 20 часот ќе можат да се разгледаат три изложби: „Портрети од темната комора“ – ...
Англискиот рок бенд „Кјур“ ја објави првата нова песна по 16 години пауза. Насловена „Alone“, таа е најава на долгоочекуваниот нов албум на групата, кој ќе се вика „Songs of a Lost World“ и треба да излезе на 1 ноември. Тоа ќе биде 14. студиски албум во 46-годишното постоење на „Кјур“ и прв по „4:13 Dream“ од 2008. Новиот албум се правеше неколку години. Во 2019, бендот откри дека снимил 19 нови песни, но најавеното излегување на албум за таа ...
На 8 октомври во Скопје почнува снимањето на турско-македонската копродукција „Мала грешка“, во режија на Чејда Ашар од Турција, по сценарио на Гокан Тирјаки. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија со 3,7 милиони денари на конкурсот во 2022 во втор рок. Ова е копродукција на „ПИК продукција“ од Македонија, „Гокан Тријаки продукција“ и „Ротанет“ од Турција. Главната улога ја игра германско-турскиот актер Мехмет Куртулуш, познат по ...
Либанскиот виолинист со ерменско потекло Ара Маликиан ја свиреше „Јовано, Jованке“ пред концертот во Скопје, кој ќе се одржи на 18 октомври во Филхармонијата, во организација на продукцијата „Прагма“. Маликиан во текот на својата кариера имал концерти во 40 држави во светот, меѓу кои и на стадионот „Сантјаго Бернабеу“ во Мадрид. Има снимено 30 албуми за период од 25 години и настапувал со над 40 светски познати музичари, како Стинг, Лондонски ...
Дизајнерот од Либан, Фуад Саркис, кој има соработувано со Џенифер Лопез, ќе биде дел од жирито на изборот на Мис на Македонија за Мис Универзум, што ќе се одржи на 8 октомври во Националната опера и балет. Во жирито ќе бидат и Стефан Пиес, актер кој живее и работи во Лондон, турската актерка со македонско потекло Ебру Дестан и македонскиот пластичен хирург д-р Роберт Стојовски. Девојката која ќе победи на изборот меѓу 20-те финалистки, освен ...
Долгометражниот документарен филм „Време на бетон“ во режија на Игор Иванов на 29 септември ќе се прикаже на 13. Фестивал за филм и архитектура во Прага. Проекцијата е закажана од 14:30 часот во Националната галерија. По проекцијата, предавање ќе одржат кураторите на изложбата „Ниедно чувство не е конечно: Колекција на солидарноста во Скопје”, реализирана во соработка помеѓу Кунстхале во Виена, Националната галерија во Прага и Музејот на ...
Австралиските актери Марго Роби и Џејкоб Елорди ги добија главните улоги во новата филмска адаптација на книжевниот класик „Оркански височини“ на Емили Бронте, што ќе го режира оскаровката Емерелд Фенел. Роби (34) ќе ја игра Кетрин Ерншо, а Елорди (27) ќе биде Хитфлиф и ваквата распределба на улогите наиде на критики на социјалните мрежи, каде што беше опишана како разочарувачка, ужасна и бизарна, имајќи предвид дека главните ликови во романот ...
Извршниот директор на „Мета“, Марк Закерберг, изјави дека корисниците на нејзиниот четбот со вештачка интелигенција ќе можат да изберат гласови на повеќе познати личности. На годишната конференција на компанијата „Конект“, Закерберг откри дека четботот ќе може да зборува како актерите Џуди Денч, Кристен Бел, Оквафина и Киган-Мајкл Ки и борачот Џон Сина. Тој истовремено го претстави првиот работен прототип на очилата со аугментативна реалност ...
Наум Петрески заедно со „Синтезис“ ја отпеа „Ој девојче“, песната која групата оригинално ја има снимено со Тоше Проески. Фолк-пејачот беше еден од гостите на вчерашниот јубилеен концерт на етно составот во Филхармонијата, на кој прослави 30 години постоење. „Едни и единствени, ‘Синтезис’. Ми беше чест“, рече Петрески, кој одлично и во негов стил ја испеа народната песна која многумина ја поврзуваат со Тоше. „Синтезис“ за овие триесет години ...
Патрониот ден на Државното музичко училиште „Сергеј Михајлов“ во Штип ќе се одбележи утре (26 септември) од 17 часот со концерт во училиштето. Освен учениците, оваа година ќе настапат и професорите, како дел од училишната програма за мотивирање на учениците. „Предвидено е концертот да трае еден школски час и ќе биде во дворот на училиштето кој ќе биде простор за публиката. Самиот влез на училиштето ќе биде бина на која ќе настапат нашите ...
На 27 и 28 септември во скопската Општина Гази Баба ќе се одржи третото издание на Хип хоп фест. Настанот почнува во Домот на културата, каде што од 18 до 20 часот ќе има хип-хоп работилница со Кацар (фото). Утредента од 15 часот ќе се одржи работилница за стрип со Тонио Сан, па следува Хип хоп поетри слем од 18 часот. На плоштадот Коцка во Автокоманда од 19 часот ќе има фристајл сесии со Мартикс и Паки и настапи на диџеите Славе и Бугимен. ...
На неколку недели пред премиерата на вториот дел на „Гладијатор“, режисерот Ридли Скот навести дека сака оваа епска драма да стане трилогија. Скот го режираше првиот филм во 2000, кој доби пет Оскари, а сега и продолжението, кој во киносалите ќе игра од 15 ноември. Расел Кроу доби Оскар за најдобра машка улога за првиот филм, а во вториот дел играат Пол Мескал, Педро Паскал и Дензел Вашингтон. Мескал го глуми Лусиус, кој се бори за својот живот ...
Лејди Гага објави дека нејзиниот нов филм „Џокер: Лудило за двајца“, во кој глуми со Хоакин Феникс, ќе биде проследен и со албум. „Арлекин“ ќе излезе на 27 септември, неколку дена пред премиерата на филмот. Ќе има 13 песни, комбинација од обработки снимени за потребите на филмот и нов оригинален материјал. Во филмот, Гага ја глуми Харлин Квинзел, попозната како Харли Квин. Долгоочекуваното продолжение на „Џокер“ од 2019 е во режија на Тод ...
Меѓународниот театарски фестивал Денови на комедија по 27. пат се отвори во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. Признанието „Васил Иљоски“ за особен придонес во комедиографијата оваа година го доби актерот Сашко Коцев, кој кариерата ја започна на сцената на Кумановскиот театар. „За театар се потребни двајца, едниот да игра на сцената, а другиот да гледа, тоа е публиката. Никогаш не би можеле да постоиме без вас. После ова, ...
На 11 и 12 октомври, во Националната опера и балет во Скопје ќе се одржи фестивалот „Песните на Тоше“, на кој ќе настапат пејачи од Македонија и од странство. Организатор на настанот е Марјан Катароски од Прилеп, промотор на македонски таленти во светот, организатор на музички фестивали во Македонија и актуелен директор на Светската асоцијација на фестивали. „Идејата за организирање на овој фестивал долго тлееше во мене и го чекаше вистинското ...
Важни се свесноста и прифаќањето на различните, а не која е родовата припадност на луѓето е една од пораките на кампњата „Во ист ритам“ на Асоцијацијата за здравствена едукација ХЕРА, која ја организира со поддршка на Холандската амбасада во Македонија. „Холандија е убедена дека едно општество може да напредува и да се развива само кога вклучува колку што е можно повеќе различни групи. Како што велиме ние, секој придонесува со нешто единствено и ...
Актерите Атанас Атанасовски и Тино Костадиновски ќе одржат заедничко стендап шоу наречено „(Нат)просечен Македонец“ на 2 ноември во салата „Јане Сандански“ во Скопје. „Ова ќе биде првиот голем стендап одржан во голема сала во Македонија“, велат од „Авалон“, организаторот на настанот. Гостин ќе биде комичарот Стефан Николовски. Влезниците ќе бидат во продажба преку мрежата на ticketx.mk. Атанасовски и Костадиновски се познати како дуото Тино и ...
Седумнаесет бендови и музичари од шест држави ќе ја сочинуваат програмата на 14. издание на фестивалот на нова музика Здраво млади во Скопје. Ќе се одржи низ Младински културен центар на 11 октомври и влезот ќе биде слободен. Куратори на програмата се скопската издавачка куќа „Мртов коњ/Гола планина“ и издавачката куќа „Југофутуризм“ од Ротердам. И додека првите избраа главно домашни имиња, како Димиш, „Вагина корпорација“, „Занаду“ и „Пепи и ...
Големиот музички каталог на Шон Диди Комбс бележи пораст на стримувањето откако тој беше уапсен минатата недела и обвинет за трговија со луѓе, рекетирање, киднапирање и други кривични дела. Слушаноста на музиката на Комбс, издавана под разни имиња како Диди, Паф Деди и Пи Диди, пораснала за 18,3% минатата недела во споредба со една недела пред тоа, објави аналитичката компанија „Луминејт“. „Не сум изненаден од ваквиот пораст. Стримувањето е ...
Еден од водечките европски металкор бендови „Малеволенс“ (Malevolence) е најавен како главна ѕвезда на годинашното издание на фестивалот Востание, што ќе се одржи во Младински културен центар во Скопје на 13 декември. Бендот од англискиот град Шефилд е основан во 2010 година и досега има објавено три албуми. Неговата музика е опишана како мешавина од хардкор, металкор и грув метал. Во Скопје доаѓа по големата летна северноамериканска турнеја со ...
На 5 октомври од 11 до 13 часот, Денис Јанкуловски од Центарот за јавно здравје познат како Денис Космонаутко организира инклузивен настан наречен „Пешачиме за поддршка“. Јанкуловски ги кани сите граѓани да му се придружат на прошетката која ќе започне од споменикот на Гоце Делчев, ќе се движи низ Градскиот парк до хотелот „Александар палас“. Целта на настанот, како што вели тој, е да им се даде поддршка на лицата со атипичен развој. „Можам ...
Мадона беше гостинка на последниот ден од Модната недела во Милано на ревијата на „Долче и Габана“. Поп-ѕвездата седеше во првиот ред заедно со Наоми Кембел и Викторија де Анџелис од групата „Манескин“. Покриена со црн превез, Мадона се обиде кришум да влезе на ревијата на „Долче и Габана“, додека моделите носеа креации во стилот на нејзиниот имиџ од 1990-тите. Моделите беа облечени во корсети со потпис на Доменико Долче и Стефано Габана, со кои ...
Од 23 до 29 септември, во Тетово по 13. пат ќе се одржи Тетовскиот интернационален филмски фестивал ТИФФ ОДА (TIFF ODA). Ќе бидат прикажани 50 краткометражни, документарни, анимирани и играни филмови кои доаѓаат од повеќе земји од речиси сите континенти. Филмовите ќе се натпреваруваат за една од повеќето награди кои ги доделува стручно жири на фестивалот. „Посебно сме горди што на 24 септември ќе се прикаже филмот ‘Живи и здрави’, кој е снимен ...
Оркестарот на Филхармонијата на 26 септември ќе гостува во Дубровник, со концерт на сцената во Кнежев двор. Како солистка ќе настапи хрватската виолинистка Џана Кариман, концертмајстор на Симфонискиот оркестар на Дубровник, а диригент е маестро Борјан Цанев (фото). На програмата се „Медитеранска суита“ од балетот „Дубровачка легенда“ од Љубомир Бранѓолица, Концертот за виолина и оркестар во А-дур од Моцарт и Симфонијата бр. 5 во Б-дур од Франц ...
Фестивалот Макфест годинава ќе се одржи на 25 и 26 октомври во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип. Наскоро ќе биде соопштена деталната програма на песните и пејачите на 39. издание на фестивалот, а уметнички директор е музичарот Роберт Саздов (фото). Дел од тимот е и продуцентот Јован Јованов, кој живее во Канада, а следниот месец треба да дојде во Македонија. Минатата година, Владо Јаневски беше ревијален гостин на фестивалот. Јаневски ...
Низ Америка и ширум светот, сѐ повеќе луѓе патуваат сами. Речиси една третина од оние кои изнајмуваат смештај во САД нудат еднокреветни соби, што е рекордно високо ниво. Во Европа, трендот е уште посилен, со околу 46% од Данците кои одат на одмор сами. Патници кои одат на одмор сами честопати се соочуваат со покачување на цената. Тазе разевдените Американци трошат до 20.000 долари за одмор. Луѓето денес се венчаат подоцна и поретко. Само 37% од ...