„Домаќинство за почетници” на Горан Столевски ја освои наградата Златна мимоза за најдобра режија на Филмскиот фестивал во Херцег Нови. Тој беше дел од натпреварувачката програма за долгометражни играни филмови, а за наградата одлучуваше жирито во состав Лордан Зафрановиќ, Пјер Жалица и Павле Симоновиќ. Златна мимоза е 14. награда за „Домаќинство за почетници“, кој досега е прикажан на повеќе од 70 фестивали и е дистрибуиран во кината во ...

Посетителите видоа шеесетина возила стари над 40 години кои го задржале изгледот од минатиот век. З На 4 септември од 18:30 часот ќе се одржи манифестацијата Ден на семејството, со концерт за поддршка на палијативни пациенти. На 5 септември е настанот „Сите сме исти – инклузија преку културата“, Концертот „Звуците на традицијата“ ќе се одржи на 15 септември, а на 18 септември заеднички концерт ќе имаат Мијата, Даниел Дан, „Брас брадрс“ и „Куку ...

Самостојни изложби на младите уметници Серхат Емрулаи и Наѓа Крачуновиќ ќе се отворат на 5 септември во 20 часот во Музејот на современата уметност во Скопје. Станува збор за добитниците на наградата „Најуспешен автор и дело“, која им беше доделена минатата година на 14. Меѓународно биенале на млади уметници „Будења“. Емрулаи тогаш победи со инсталацијата „Помеѓу“, а Крачуновиќ ја доби наградата за видеоперформансот „Хидра“. Куратори на ...

Симон Трпчески со квинтетот „Македонисимо“ ќе одржи концерт на 6 септември во Делчево, на летната сцена во Градскиот парк од 20 часот. Во квинтетот Александар Краповски свири виолина, Александар Сомов е на виолончело, Хидан Мамудов свири кларинет, саксофон и кавал, а на удиралки е Влатко Нушев, кој е роден во Делчево. Концертот е организација на Општина Делчево во соработка со КултурОп и се одржува во чест на 80-годишнината од ослободувањето на ...

Во Домот на културата „Бранд Петрушев“ во Богданци се отвори изложбата со над 60 графички дела изработени на 17. меѓународна графичка работилница „Софија“. На неа учествуваа 15 студенти од Србија, Хрватска, БиХ и Македонија, кои под менторство на професорката Ива Ќуриќ од Хрватска и со асистенција на Вида Меиќ и Сања Жигиќ од Нови Сад создадоа дела во различни класични графички техники: висок печат, длабок печат, рамен печат и пропустен печат. ...

Том Хенкс ги осудува неодамнешните медицински реклами кои прикажуваат лик сличен на неговиот создаден со вештачка интелигенција без негова согласност. Добитникот на Оскар сподели изјава за јавноста во која ги напаѓа луѓето кои стојат зад рекламите и ги предупредува ги своите 9,5 милиони следбеници на Инстаграм да не се „залажуваат“ со попустите и промоциите кои го користат неговиот имиџ и глас. „Постојат повеќе реклами на Интернет со лажно ...

Весел и динамичен концерт одржа „Суперхикс“ во Охрид, за крај на Охридскиот фестивал на вода, на отворено, спорти езерскиот кеј. Бендот кој годинава прослави 30 години имаше серија настапи низ Македонија за јубилејот, а славеничкиот скопски концерт се одржа во јуни во населбата Кисела вода. На почетокот, публиката од подалеку го следеше настапот на „Суперхикс“, за подоцна да се опушти и да се доближи до сцената. „Ние не сме навикнати на ваков ...

Рокерот Дадо Топиќ од Хрватска втора година по ред го затвори фестивалот „Охрид фест“ со песната „Македонија“ на сцената на „Долни сарај“ и доби награда за својот 60-годишен јубилеј. И минатата година, Топиќ исто така настапи последен со истиот хит кој публиката топло го прифати и доби голем аплуаз на крајот. „Топиќ изрази желба наградата и одбележувањето на јубилејот, да се случи токму на овој фестивал. Му благодариме што ни ја посвети нашата ...

Џорџ Клуни и Бред Пит се враќаат на Филмскиот фестивал во Венеција на светската премиера на филмот „Волци“. Во крими-трилерот во режија на Џон Вотс, двете холивудски ѕвезди глумат ловци на волци кои погрешно се најмени за истата работа за да прикријат злосторство. Филмот, кој не е во конкуренција дебитира за гостите на фестивалот на 1 септември. Иако и двајцата се редовни на фестивалот поединечно, само еднаш поминале на црвениот тепих заедно, во ...

Педесет и една година откако е снимена, „Одисеја“ на српскиот пејач Милош Јовиќ, попознат како Лео Мартин, за песната „Одисеја“, доби награда за безвременска песна на фестивалот „Охрид фест“, чија Интернационална вечер се одржа на 31 август на сцената на Долни Сарај. „Одисеја“ е снимена во 1973, а Лео Мартин кој има 82 години, ја испеа во Охрид и ја прими наградата. „Порано, фестивалите беа поинакви. Со цели оркестри се пееше. Сега се пее на ...

Скопската инди-рок група „Милко се враќа на сцената со новиот сингл „Тажен понеделник” во издание на „Шарла Рекордс“. „Тажен понеделник” е снимена во студио „Алшар“, во периодот мај-јуни 2024. Текстот и музиката се на Сашо Митревски, аранжманот е на „Милко“, продуцент е Ивица Јанкуловски. Покрај Сашо Митревски на гитара и вокал, Филип Поповски свири бас гитара, Стефан Терпини тапани и Владимир Бичковски клавијатури. „Синглот го носи скопскиот ...

Британскиот инженер Том Гринхил предлага бојадисување на надворешноста на прозорците со јогурт како евтино и ниско-енергетско решение за одржување на ладни домови во Велика Британија за време на топлотните бранови. Нанесен со валјак, јогуртот брзо се суши и ја рефлектира светлината и топлината на ист начин како и другите енергетски ефикасни производи за обложување на прозорци. Гринхил признава дека ова може да изгледа како „тотално ексцентрична ...

Групата „Нокаут“ ќе одржи концерт во Свети Николе на 31 август од 23 часот на градскиот плоштад, по 22 години. Концертот е во рамките на манифестацијата „Бела ноќ“. „Има ли некој тука што бил на нашиот последен концерт во Свети Николе, пред цели 22 години? На 31 август ќе се видиме пак, малку постари и поискусни, ама со исто толкава енергија“, велат од бендот. „Нокаут“ минатата година одржа пет концерти во Скопје, во Филхармонијата со Дарко ...

За песната „Ќе ти дарам еден цвет“, Нино Величковски доби наградата за најтрубадурска песна на фестивалот „Охрид фест“, кој започна вчера (30 август) на сцената на Долни Сарај во Охрид. Величковски вели дека за првпат испеал песна која е поблиску до поп музика на фолк вечерта на фестивалот, која беше во знакот на староградската музика. Пејачот кој е познат по настапите со неговите тамбураши низ регионот, вели дека со години се бори против ...

По повеќе од 14 години, Марко Маринковиќ- Слаткаристика и Тони Зен снимија дует. Песната „Милион лета“ на 29 август беше промовирана на Јутјуб и на социјалните мрежи, а спотот го снимија во Охрид. Ова е десетта заедничка песна на хип хоп музичарите кои се и приватно добри пријатели, а на домашната музичка сцена се појавија речиси во исто време. „Песната излезе многу спонтано, ние имаме повеќе идеи и песни, но се одлучивме за оваа сега да излезе. ...

„Јуниверзал“ ја објави првата фотографија од „Jurassic World Rebirth“, седмиот филм од 31-годишната франшиза, во кој во главните улоги ќе бидат Скарлет Јохансон, Џонатан Бејли и двократниот оскаровец Махершала Али. Герет Едвардс е режисер според сценариото на Дејвид Коеп, кој беше автор на оригиналниот филм од 1993. Дејството ќе биде сместено пет години по настаните од „Светот Јура: Надмоќ“ од 2022, кога „екологијата на планетата се покажува во ...

Мориси откри дека неговиот поранешен колега Џони Мар игнорирал богата понуда за обединување на „Смитс“ и светска турнеја во 2025. „Јас реков ‘да‘ на понудата од ‘АЕГ ентертејнмент груп‘, но Мар ја игнорираше“, кажа Мориси. Мар не одговори на овие коментари, но ја отфрли идејата дека „Смитс“ би требало да се реоформи откако тоа го направи „Оејзис“. Иако постоеше само пет години, од 1982 до 1987, „Смитс“ важи за еден од највлијателните британски ...

„Тоде Новачевски беше хитмејкер со секоја испишана нота и стих, композитор на безвремени хитови кои стануваа прифатени од публиката по првото слушање. Во деведесеттите години немаше фестивал во државата каде што тој не учествуваше и од секој заминуваше со награди“, рече водителката Силвана Петрова-Насух на 14. изадние на музичката манифестација „Незаборав“, со која синоќа заврши Битфест. Настанот започна со емитување и превод на големиот хит ...

Анџелина Џоли се расплака откако доби осумминутни стоечки овации по светската премиера на „Марија“ на Венецискиот филмски фестивал, во кој ја глуми грчката оперска дива Марија Калас. Холивудските медиуми велат дека оваа улога би можела да ѝ ја донесе првата номинација за Оскар од 2009. „Чувствував голема привилегија што имав можност да ја запознаам оваа жена и да бидам во нејзината кожа барем на момент“, изјави Џоли, која на црвениот тепих ...

Македонското трио „Мај тир“ (My Tear) го објави новиот сингл „Истото го сакаш“. Песната е најава на неговиот втор студиски албум, кој ќе се појави на дигиталните платформи на 18 септември. На песната гостува Деан Шкартов-Деко од скопската група „Бадмингтонс“, кој свири органа. Албумот е сниман во „Студио 1060“ во Скопје во текот на последните две години, а како заедничко издание ќе го објават „Корпус деликти“ од Македонија, „ЏаЏаЏа рекордс“ од ...

Утре (30 август) кај Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје ќе се одржи традиционалниот еколошки настан „Звуците на зеленото“, во организација на „Пакомак“, а во соработка со Швајцарската амбасада. Од 20:30 часот на две сцени, во паркот зад МКЦ и пред бифето, ќе настапат младата локална група „Моира“, Игор Џамбазов со бендот на Гуру Харе, гостите од Швајцарија „Орфиа“ и диџејот Алекс Нантај. Пред почетокот на музичката програма, во 19 часот ...

Осумдесет и првото издание на Венецискиот филмски фестивал се отвори синоќа со светската премиера на „Битлџус, Битлџус“, продолжението на хорор комедијата на Тим Бартон од 1988 и тоа беше најава на она како ќе изгледа црвениот тепих оваа година. За почеток, во Венеција се појавија Џена Ортега, Винона Рајдер, Мајкл Китон и Моника Белучи, ѕвездите на „Битлџус, Битлџус“, а во следните денови се очекуваат и Бред Пит, Џорџ Клуни, Леди Гага, Хоакин ...

„Смат“, еден од водечките бендови на македонската хард кор/метал сцена, се врати со нова песна по речиси една година пауза. Групата денеска на Јутјуб објави текстуално видео за својата нова песна насловена „Успех нема да ти простат“. Засега нема најава за нов албум, што фановите го чекаат од 2018 година. „Смат“ повремено настапува во Македонија и објавува нови синглови откако пејачот Ѓорѓи Иловски замина во странство. „Успех нема да ти простат“ ...

Брус Спрингстин нема да оди во пензија наскоро. Рок легендата ги увери присутните на концертот во Филаделфија дека „не оди никаде“ и дека планира да продолжи со турнејата во догледна иднина. „Ние сме околу 50 години тука и не се откажуваме. Не правиме проштална турнеја. Зошто збогум кога илјадници луѓе врескајќи го кажуваат твоето име“, ѝ рече Спрингстин на публиката. Спрингстин имаше здравствени проблеми во последно време, што резултираше со ...

Драган Бјелогрлиќ откри дека работи на нов филм за афера од крајот на 1960-тите која ја стресе француската јавност. Тој кажа дека веќе неколку месеци пишува сценарио за филм за неодамна починатата филмска икона Ален Делон и за неговиот однос со Стевица Марковиќ, неговиот бивш телохранител кој беше убиен во мистериозни околности во 1968 година. Овој случај никогаш не е решен. „Тоа е една многу деликатна и контроверзна тема, афера која отишла до ...

Пејачката на традиционална музика Габриела Новевска ќе го одржи својот прв солистички концерт на 10 септември во Националната опера и балет (20 часот). Концертот е насловен „Те кажувајет, Илино моме“, а Новевска премиерно ќе ги испее осумте песни од истоимениот албум и уште неколку нови преработки на македонски традиционални песни. „Иако долги години е препознатлива како вокал на етно составот ‘Монистра’ и е дел од националниот ансамбл ‘Танец’, ...

Повеќе од 30 години откако бил снимен во домашни услови, албумот „Мајчице вештице“ на опскурниот скопски бенд „Некројаготки“ доби нов живот во вид на винилно издание. Плочата ќе биде промовирана вечерва (28 август) од 20 часот во скопскиот бар „Ла Кања“ во Старата чаршија. „Некројаготки“ бил музички проект на Смилен Димитров (гитара, бас гитара, вокал, флејта, харфа), кој подоцна се прослави како член на хип-хоп групата „САФ“ и Филип Митров ...

Од 29 до 31 август на летната сцена на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се одржи 13. издание на Прилеп џез викенд. Фестивалот во 21 часот ќе го отвори квартетот на тромбонистот Филип Стевановски, а по нив ќе настапи составот „Кобалт код јунит“. Втората вечер ќе започне со настапот на триото на Ѓоле Грујовски во 21 часот, па следува квартетот на Никола Бочваров со специјалниот гостин Ристо Вртев од „Архангел“ (фото). На ...

Трејлерот за новиот документарен филм за ѕвездата од „Супермен“, Кристофер Рив, вклучува емотивен момент од животот на неговиот син. „Супермен-приказната за Кристофер Рив“ ја истражува кариерата и активизмот на Рив по несреќата на коњичкиот натпревар во 1995 што го остави парализиран. Актерот почина во 2004 од срцева слабост на 52 години. Во трејлерот, неговиот најстар син Метју е видно трогнат кога споделува спомен од својот татко. „Рековме ...

Националниот џез оркестар ќе одржи концерт на 5 септември во Пациото во Завод и музеј Битола, на кој гостин ќе биде Мартин Ѓаконовски-Шпато, синот на легендарниот композитор Драган Ѓаконовски-Шпато. „Концертот е со наслов ‘Писмо за Реј’ (A Letter to Ray) и е еден вид посвета на еден од највиртуозните контрабасисти на сите времиња Реј Браун и ‘писмо со благодарност’ за неговата трага во џез музиката“, велат од Националниот џез оркестар. Диригент ...

Скопје

11ᴼ/11ᴼ
6.69
54%
1020

Белград

9ᴼ/8ᴼ
4.63
78%
1021

Софија

9ᴼ/8ᴼ
7.72
65%
1019

Сараево

13ᴼ/13ᴼ
7.77
42%
1016

Љубљана

7ᴼ/6ᴼ
1.03
93%
1022

Атина

21ᴼ/18ᴼ
2.57
55%
1014

Тирана

11ᴼ/11ᴼ
1.54
82%
1018

Подгорица

12ᴼ/8ᴼ
3.09
67%
1019
Currency

61.5331

Currency

55.0441

Currency

73.7352

Currency

38.2389

Currency

40.8111

Currency

65.3448

Currency

7.85261

Currency

0.5846

Currency

0.38724

Currency

0.52563

Currency

1.61179

Currency

0.65805

Алуминиум

2 $

Иридиум

149517 $

Кобалт

498 $

Никел

535482 $

Рутениум

14405 $

Калај

32 $

Сребро

1011 $

Злато

85235 $

Бакар

9 $

Паладиум

32025 $

Платина

31791 $

Родиум

152733 $

Цинк

97922 $