Познатата американска соул пејачка Марта Хај ќе настапи на шоуто „Златна бубамара на популарноста“, што ќе се одржи на 26 февруари во салата „Борис Трајковски“ од 20 часот. „‘Златна бубамара на популарноста‘ оваа година ги проширува своите музички хоризонти со настапот на една повеќедеценсика соул-легенда“, велат од радио „Бубамара“. Марта Хај (81) ја нарекуваат соул-божица и е најпозната по 32-годишната соработка со легендарниот Џејмс Браун ...

Факултетот за музичка уметност (ФМУ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје започнува со програми за доживотно учење музика за кандидати над 20 години. Уписите траат до 25 февруари. „Наставата се реализира со врвен универзитетски кадар и нуди висок квалитет во различни области: свирење инструменти, соло пеење, популарни жанрови, диригирање и композиција. Секој учесник добива индивидуален пристап и работи во одлични услови, ...

Хрватските поп-пејачи Нина Бадриќ и Тони Цетински ќе одржат заеднички концерт во Скопје на 28 ноември во салата „Борис Трајковски“, објави продукцијата „Прагма“. Цетински е еден од најпознатите хрватски кантавтори и повеќекратен добитник на наградата Порин. Го сними дуетот „Слатки звуци“ (Dolce Suono) со тенорот Хозе Карерас, што го промовираа на концерт во Загреб во 2007. Како гостин на Мајкл Болтон, тој настапи на концерти во лондонскиот ...

Британскиот бенд „Дјуран Дјуран“ потврди на официјалниот инстаграм профил дека доаѓа во Македонија, но сѐ уште не е објавен точниот датум за концертот. „‘Дјуран Дјуран’ се враќа во Италија ова лето за три специјални настапи во живо. Наскоро ќе бидат објавени повеќе европски датуми, вклучувајќи настапи во Данска, Холандија, Чешка, Унгарија, Бугарија, Македонија, Србија и други“, стои во објавата на бендот на Инстаграм. Неколку часа потоа, ...

„Нокаут“ ќе прослави 30 години на сцената со концерт на 9 мај во салата „Јане Сандански“. Бендот најавува настан со најголемие хитови „Еј Би Си“, „Временска машина“, „Би се викал те сакам“, „Кога ме сакаш ти“, „Лебедот бел“, „Знаеш каде да ма најдеш“ и многу други. „Фасцинантна овална бина, концертен ринг сместен на самиот центар во средината на салата, моќно озвучување, светлосни ефекти и голем ЛЕД-екран сместен на плафонот од сцената за ...

Легендарниот американски џез и фанк тромбонист Фред Весли ќе одржи концерт во Скопје на 28 февруари во клубот „Пјур“ од 21 часот. Со кариера долга повеќе од шест децении, 83-годишниот Весли првично се прослави како тромбонист на Џејмс Браун, а потоа беше дел од легендарниот фанк колектив на Џорџ Клинтон, „Парламент-Фанкаделик“ и од џез оркестарот на Каунт Бејзи. Весли има снимено повеќе од 20 албуми, што самостојни, што со други бендови. Во ...

Повеќе од четири часа траеше заедничкиот концерт на Владо Јаневски и Момчило Бајагиќ-Бајага, вчера (14 февруари) во салата „Борис Трајковски“. Уникатниот спој на двајцата кантавтори со долга кариера ја наполни салата, и добивме два концерта во една вечер. Расположен повеќе за пееење, а помалку а приказни, Владо Јаневски направи одличен старт на вечерта, со хитовите кои станаа евергрини, а меѓу нив и „Евергрин“. „Оваа песна ѝ ја посветуваме на ...

На 5 март од 20 часот, во Центарот за култура во Битола „Битолски оркестар Дива“ ќе го одржи традиционалниот концерт „Тоше, засекогаш во срцата“. Концертот се одржува по осми пат во чест на Тоше Проески, а оркестарот заедно со познати пејачи ги свири најголемите хитови на Тоше. „Убаво е кога имаме некого со кого можеме да се гордееме. Тоше Проески остави многу повеќе од песни. Неговата музика нè следеше низ радости и тешки денови, низ ...

Објавен е деби албумот на битолското акустично дуо „Трето Колено“, насловен „Простор без движење“. „Трето Колено“ е нов проект создаден од Пеце Брада Трајковски, кој е член на „Фолтин“ и на „Моира“ и поетот Дејан Деки Марковски. Албумот е снимен во една сесија во живо, миксан и мастериран е од Ивица Јанкуловски во студиото „Алшар“ во Скопје. Цртежот на корицата е на Зоја, а графичкиот дизајн го изработи Гоце Веселиновски. Изданието излезе на ...

Учениците од Средното хемиско училиште „Димитрие Чуповски“ во Велес собираа отпад изминатиот период и го искористија за модни креации со порака. „Овие модели покажаа дека стилот не мора да ја загадува планетата Земја, туку да биде чекор кон почиста и поодржлива иднина“, кажа професорката Руска Мицева, задолжена за организацијата на настанот. Победник на годинашната „Зелена мода“ е креацијата „Ангел на Викторијас сикрет“, дело на Лора ...

„Не ти стои“ е новата песна на продуцентот Јован Јованов, негов прв соло сингл по 17 години. Оваа песна доаѓа откако Јованов се врати на сцената како пејач, прво со ремиксот на хитот „Магија“ во соработка со Пајак, а потоа и со дуетот „Адреналин“ што го испеа со Елвир Мекиќ. Јованов е комплетен автор на „Не ти стои“ (музика, текст и аранжман). „Среќен сум што по толку години направив песна која се надевам ќе им се допадне на оние што растеа ...

(фото) Публиката уживаше во делови од познатата опера „Кармен“ на Жорж Бизе, теми од филмовите „Чоколадо“, „Аферата на Томас Краун“, „Чудесната судбина на Амели Пулен“ и „Чадорите од Шербур“, шансоната „Под небото на Париз“ и други љубовни песни. „И хармониката може да се скрши како и срцето“, рече на шега шармантниот англиски диригент, откако на францускиот музичар Брут му се расипа хармониката кога требаше да настапи во дует со одличната ...

Две манекенки од Македонија освоија титули на изборот на Мис на Европа 2026, кој се одржа во Бејрут, Либан. Моника Црнокрак е избрана за петта придружничка во конкуренција на 30 девојки од цела Европа, а Нела Јосифовска ја освои титулата Мис најубаво лице. Победничка е претставничката на Русија. Фустанот во кој се претстави Моника Црнокрак беше изработен специјално за овој настан од модната креаторка Наташа Карчева. „Изборот на Мис на Европа, ...

„Една во милион“ е новата балада на Дарко Гелев-Брејк, која ја сними една година и два месеца по неговиот последен сингл „Оваа песна не знаев да ја напишам“. Брејк интензивно ѝ се врати на музиката по неколку години пауза и вели дека заслужни за тоа се добрите песни и добриот тим. „Мојата нова песна е плод на генијална работа и соработка помеѓу Игор Џамбазов, Никола Перевски-Пере, Дарко Димитров и мене. Таа е предвесник на мојот втор албум, ...

„Нетфликс“ објави трејлер за документарната серија „Диносауруси“, чиј извршен продуцент е Стивен Спилберг. Таа доаѓа на стриминг платформата на 6 март. Серијата ќе го „оживее“ праисторискиот свет на досега невиден начин, а четирите епизоди ќе го следат еволуцискиот пат на древните животни со помош на најсовремени визуелни ефекти. Наратор е оскаровецот Морган Фриман. „Оваа серија ќе ја донесе приказната за подемот и падот на диносаурусите: ...

Британската поп-ѕвезда со косовско потекло Рита Ора ќе одржи концерт во Охрид на 1 август, на стадионот „Билјанини извори“, објави продукцијата „Прагма“. Ова ќе биде прво гостување на Ора во Македонија. Рита Ора е пејачка, текстописец и актерка. Родена е во Приштина во 1990, а живее и работи во Лондон. Нејзиниот деби албум „Ора“ излезе во 2012 и се искачи на првото место на топ-листата во Велика Британија. Со трите најголеми хита од албумот, ...

Групата „Нокаут“ ќе настапи на 14. Саем за венчавки во Скопје, кој ќе се одржи од 20 до 22 февруари во хотелот „Александар палас“. Првиот ден е и традиционалната модна ревија на венчални фустани што ќе ги носат познати личности. „Саемот за венчавки повторно ги обединува на едно место најрелевантните професионалци од свадбената индустрија. На изложбен простор од повеќе од 1.500 квадратни метри ќе учествуваат над 50 изложувачи. Посетителите ќе ...

Скопскиот инди-рок бенд „Милко“ го објави својот нов миниалбум насловен „Последен ден“, што е негово прво издание за „Шарла рекордс“. „Последен ден“ е колекција од четири сингла што „Милко“ ги сними во изминатите година и пол, а како гости се појавуваат Хана Корнети и Јоана Ристовска. „Полетно и искрено, со силен авторски печат, ова е можеби едно од најзрелите остварувања на ‘Милко‘, со кое го потврдува својот статус на македонската независна ...

На 19 февруари од 20 часот, Националниот џез оркестар ќе одржи концерт во Националната опера и балет со италијанскиот пијанист и органист Ренато Чико. На концертот ќе диригира маестро Џијан Емин. Ренато Чико е музичар чиј израз се обликувал на њујоршката џез-сцена во 1990-тите. Во тој период, како член на оркестарот на Лајонел Хемптон, настапувал и во култни џез-клубови, како „Блу ноут“ и „Брдленд“. Специјален гостин на вечерта ќе биде Енди ...

Еден од авторите на песните за „К-поп ловци на демони“, Марк Соненблик, изјави дека се работи на продолжението на најгледаниот филм на „Нетфликс“. Само во 2026 година, тој освои Златен глобус и Греми и е номиниран за Оскар за песната „Golden“. Корежисерката Меги Канг претходно рече дека „дефинитивно има уште многу да се направи со ликовите“. „Ќе има цел процес на развој пред да навлеземе длабоко во пишувањето на песните. Музиката ќе произлезе ...

Осумнаесет години откако излезе песната „Опасно“, поп-пејачите Маја Саздановска и Елвир Мекиќ снимија спот за неа. Видеото беше промовирано на јутјуб каналот на „Урбан рекордс“. „Идејата да снимиме спот за песната што ја испеавме пред скоро две децении беше на Иван Јованов-Ивајо и со Маја веднаш се сложивме. Но, бидејќи сакавме да ги вклучиме и фановите, решивме во спотот да учествуваат и тие и да ни испратат свои видеа како ја пеат ...

Хрватскиот поп-рок бенд „Силенте“ првпат ќе одржи концерт во Скопје, на 7 март во Младинскиот културен центар (МКЦ) од 21 часот. Бендот од Дубровник стана популарен во 2013 со неговиот прв сингл „Терца на тишина“ (Terca na tišinu) и албумот „Ловец на чуда“ (Lovac na čudesa). Досега има издадено пет студиски албуми и настапуваше секаде низ регионот. Сите песни на „Силенте“ се напишани од браќата Тибор и Санин Карамехмедовиќ, а во постојаната ...

Ветераните на џипси панк звукот „Култур шок“ се враќаат во Македонија по три години пауза. Американскиот бенд со балкански корени ќе одржи концерт во Младински културен центар во Скопје на 15 април во рамките на турнејата насловена „30 години оптимизам“. Бендот со неа одбележува три децении постоење. Формиран во Сиетл во 1996 од Босанецот Срѓан Јевѓевиќ-Џино, „Култур шок“ комбинира рок, метал и панк со традиционалната музика од овие простори. ...

„Ред хот чили пеперс“ разјаснија дека на креативно ниво немале никаква врска со новиот документарец на „Нетфликс“ за раната фаза на бендот, но се надеваат дека тој ќе предизвика интерес за нивната работа. Како што објави „Нетфликс“ пред нова година, филмот ќе се осврне на почетоците на славната рок група и на влијанието на нејзиниот оригинален гитарист Хилел Словак, кој почина од предозирање со дрога во 1988. Режиран од Бен Фелдман, „Подемот ...

Легендарниот шведски бенд „Краун“ (The Crown) е најавен како хедлајнер на второто издание на метал фестивалот „Скопје фјури“ (Skopje Fury), што ќе се одржи на 19 септември во паркот зад Младинскиот културен центар. Со 36 години кариера (од кои 28 под ова име) и 12 албуми зад себе, „Краун“ тргнува на проштална турнеја, во рамките на која за првпат ќе ја посети и Македонија. Организаторот „Терорвоид“ досега објави пет учесници на фестивалот, од ...

Фестивалот на свежа независна домашна музика „Земјотрес“ во Скопје, чиј организатор порано беше и Мирко Попов, оваа година нема да се одржи. Во објава на социјалните мрежи, организаторите појаснија дека го откажуваат планираното 14. издание поради лошиот однос и тешката состојба во која се наоѓа Младински културен центар, каде што фестивалот се одржуваше досега. Тие додаваат дека врз ваквата одлука влијаела и слабата посетеност на ...

Групата „Љубојна“ ќе одржи концерт на 29 март во Филхармонијата, со кој ќе прослави 25 години кариера, објави продукцијата „Пасворд“. „Еден од водечките музички брендови на Македонија својата музика ја свири страсно, со енергија на рок бенд и тоа во сите нејзини форми: изворна, класична, популарна и експериментална. Ја соопштува преку фантастичната вокална експресија на Вера Милошевска, која заедно со контрабасистот, композитор и продуцент ...

Денеска (5 февруари) од 20 часот, во Филхармонијата ќе се одржи концертот „Ѕвездено арпежо“. Како солистка настапува харфистката од Белгија, Анлин Линартс. Ќе диригира Конрад ван Алфен од Холандија. На репертоарот се дела од Владимир Николов, Концерт за харфа и оркестар „Аранхуез“ од Родриго и Симфонија бр. 5 во Ц-мол, оп. 67 од Бетовен. Линартс е главна харфистка на Виенската филхармонија од 2010, а како солистка настапувала со многу ...

Осум млади домашни бендови ќе го покажат својот талент на фестивалот „Ре:старт“, што ќе се одржи на 6 и 7 февруари во „Лабораториум“ во Скопје. Под мотото „од млади за млади“, фестивалот го организира колективот „Гола планина“, кој во изминатите години се наметна како еден од главните промотори на новата македонска музика. Првиот ден настапуваат „Член 16“, „Малард“, „Корка“ (фото) и „Големата вода“, а следниот ден ќе можат да се слушнат ...

Оскаровката Мерил Стрип ќе ја игра Џони Мичел во претстојниот биографски филм за 82-годишната американска музичарка, кантавторка и уметница во режија на Камерон Кроу, објави „Ролинг стоун“. Кроу, чиј најпознат филм е музичката драма „Almost Famous“, е поврзан со проектот веќе неколку години и во 2023 изјави дека се надева дека пред 2026 ќе излезе филмот. Ања Тејлор Џој се спомнуваше дека ќе ја игра Мичел во младите години. Пред три години, ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
49%
1014
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
61%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
57%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
51%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.75
79%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
0.45
65%
1016
weather icon

Атина

11ᴼ / 9ᴼ
4.12
69%
1011
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
58%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
40%
1013
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 7ᴼ
3.6
81%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
54%
1017
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
87%
1009
Currency

61.6238

Currency

53.1629

Currency

71.3542

Currency

37.4525

Currency

38.7262

Currency

67.692

Currency

7.72202

Currency

0.63227

Currency

0.33549

Currency

0.52487

Currency

1.20167

Currency

0.56757

Сребро

2179.44

Платина

61858.04

Цинк

0.00

Калај

43.91

Бакар

10.65

Паладиум

44753.84

Кобалт

3.86

Алуминиум

3.19

Рутениум

56199.51

Злато

144593.23

Иридиум

258288.78

Родиум

353658.21