Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Поранешниот македонски шампион Работнички официјално ги започна кадровските промени пред пролетниот дел од сезоната, промовирајќи две нови имиња во својот состав. „Романтичарите“ денеска ги претставија Зија Мерџани и Сухељ Мухареми, фудбалери од кои се очекува значаен придонес во борбата за опстанок во Првата лига. Левиот бек Зија Мерџани пристигнува како искусно решение за одбранбената линија. 30-годишниот фудбалер зад себе има богато ...
Прволигашите Башкими и Тиквеш одиграа пријателски натпревар во Куманово, а на кој беа постигнати два гола за триумф на Башкими од 2:0. Погодоците ги постигнаа Хеби Саити и Емануел Аворнијо, со што Башкими беше подобар на овој тест. Двете екипи сега ќе заминат во странство со цел да ја одработат главната фаза од подготовките. Тиквеш оди во Белек, Турција, а пак Башкими во Хрватска. Прволигашите Башкими и Тиквеш одиграа пријателски натпревар ...
Ракометниот клуб Радовиш официјално ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Суперлигата, со јасна цел – опстанок во елитата. Тимот повторно е предводен од старо-новиот тренер Спасе Ѓорѓиев, кој се враќа на клупата во исклучително тешка и предизвикувачка ситуација. Првиот собир беше во СРЦ „25 Мај“ каде беше одработен и првниот тренинг, откако претходно, ракометарите, стручниот штаб и управата на клубот одржаа состанок. ...
Второлигашот Каменица Саса во понеделник ќе ги започне зимските подготовките за вториот дел од сезоната, а како што дознава Спортска Мрежа првата прозивка ќе биде во понеделник на Градскиот стадион во Македонска Каменица. Според нашите информации од тимот има три засилувања – Махир Ајрули кој веќе е нов играч на Шкендија од Арачиново, а заминаа и Милош Спасовски и Глигорче Ефремов, а раководството на клубот од малото рударско гратче води ...
Како што ексклузивно дознава Спортска Мрежа, досегашниот голман на Кожуф, Борче Картов го засилува Охрид. Според нашите информации Охрид и Картов веќе постигнале договор и тој од Гевгелија се сели во градот покрај Охридското Езеро, а овој трансфер кој ексклузивно го најавува Спортска Мрежа, „рибарите“ ќе го потврдат во следните денови. Со веќе стандардниот голман Дамјан Серафимов и пристигањето на Борче Картов, Охрид значително се засилува на ...
Второто коло на Европското првенство донесе сосема различни приказни. Унгарија без многу проблеми ја оправда фаворитската улога и ја победи Полска со убедливи 29-21, додека вистински трилер се одигра на дуелот меѓу Фарски Острови и Швајцарија, кој заврши без победник – 28-28. Фараните беа на чекор до историска победа, имаа сигурна предност во текот на мечот, но Швајцарија со силен финиш успеа да се врати и да обезбеди бод. Сепак, „овчарите“ ...
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров по очекуваниот пораз од Данска во Хернинг со резултат од 36:24, зборуваше за самиот натпревар, за играта и за тоа како е задоволен од прикажаното. „Можам да кажам слободно дека, иако е тешко да се каже кога ќе загубиш, макар и со 12 разлика од Данска, јас сум задоволен од моите момците како се бореа и како се поставија против една од најдобрите, ако не и најдобрата селекција ...
Македонската ракометна репрезентација со пораз го отвори Европското првенство, откако загуби од Данска со резултат од 36:24 во Хернинг. По натпреварот свое видување за натпреварот имаше капитенот Филип Кузмановски. „Честитки до Данска, мислам дека во грч го отворивме овој натпревар, но мислам дека против Португалија и Романија ќе бидеме малку поопуштени, денес играме во грч навистина. Ќе анализираме, како што го кажавме пред ова првенство ...
Македонија со поразот го започна настапот на Европското првенство 2026 откако загубивме на првиот меч од домаќинот Данска со резултат од 36:24. По натпреварот нашиот голман Мартин Томовски даде свое видување за натпреварот. „Без разлика што Данска е најдобра, сепак излеговме на теренот и дадовме максимум. Тие техничките грешки на почетокот не чинеа доста скапо, а тим како Данска знаеше тоа да го казни. Мислам дека овој натпревар може многу да ...
Македонската ракометна репрезентација со пораз го отвори настапот на Европското првенство, откако во првото коло од групата Б беше совладана од домаќинот Данска со 36-24 (17-12). Актуелните шампиони рутински ги освоија бодовите и веднаш се искачија на врвот на табелата. Иако Јуске Боксен Арената беше исполнета до последното место, амбиентот не го следеше интензитетот и значењето на ваков дуел. Македонија влезе храбро во натпреварот и ...
Македонскиот фудбал останува без еден од најталентираните фудбалери од поновата историја. Иван Настевски, попознат во јавноста како македонскиот Меси, ексклузивно за Спортска Мрежа потврди дека става крај на професионалната фудбалска кариера и заминува во фудбалска пензија на 34-годишна возраст. Фудбалер чие име со години беше симбол за огромен талент, но и за пропуштени шанси, Настевски реши да се прости од играта искрено, сурово и без ...
Второлигашот Новаци денес под водство на шефот на стручниот штаб Дарко Крстески ги започна зимските подготовки за вториот дел од сезоната. Тимот кој ја одигра најдобрата есенска полусезона во последната деценија стартува со амбиции за уште подобри резултати, а за таа цел ќе има неколку засилувања. Како што ексклузивно дознава Спортска Мрежа ново засилување е Мартин Пивковски од Детонит Плачковица, клубот овој трансфер ќе го потврди во ...
Првото коло на Европското ракометно првенство донесе вистински спектакл и натпревари со висок ритам и многу голови. Португалија, Словенија и Исланд стартуваа со победи, секоја на свој начин, најавувајќи сериозни амбиции на шампионатот. Во групата Б, Португалија ја оправда фаворитската улога против Романија и славеше со 40-34. Иако Романците имаа добар почеток, „хероите од морето“ брзо воспоставија контрола и уште до паузата создадоа висока ...
Македонската ракометна репрезентација вечерва (20:30 часот) во Хернинг ќе го отвори настапот на Европското првенство со дуел против актуелниот светски и олимписки шампион Данска. „Црвено-жолтите“ влегуваат во уште еден голем шампионат со јасна желба за докажување, иако бројките, историјата и прогнозите не одат во нивна полза. Македонија и Данска досега одиграле осум меѓусебни натпревари на големи турнири и квалификации, а само еднаш нашата ...
Фудбалскиот клуб Шкендија го дозна својот ривал во плеј-оф фазата од УЕФА Конференциската лига, откако денеска во Нион, во седиштето на Европската фудбалска федерација, беше одржана ждрепката за нокаут-рунда. Тетовскиот клуб, според полудиригираниот систем на ждрепка, имаше две можни опции за противник – Лех Познањ од Полска или Самсунспор од Турција, а на крајот ждрепката одлучи „црвено-црните“ да се соочат со турскиот претставник ...
30-годишниот македонски голман Дејан Илиев ја продолжува кариерата во нова средина и официјално потпиша договор со Рапид. До трансферот дојде поради нарушените односи што ги имаше во досегашниот клуб УТА Арад со тренерот Адријан Михалча, поради што Илиев беше приморан да побара нов предизвик во кариерата. Илиев веќе е претставен како нов чувар на мрежата на Рапид, каде што се очекува со своето искуство и квалитет да донесе сигурност во ...
Вечерва Македонија го отвара Европското првенство против домаќинот Данска, меч кој се игра во Хернинг. Данците ќе имаат силна поддршка од трибините, а салата ќе биде исполнета до последното седиште. Селекторот Кирил Лазаров зборуваше во пресрет на првиот дуел од Европското првенство во Хернинг со моќната Данска, која е актуелен светски и олимписки првак. „На првиот натпревар играме против најдобриот тим на светот во последните десет години, ...
Шампионот Шкендија официјално потврди дека Флорент Рамадани и Фитон Адеми нема да бидат дел од клубот во продолжението на шампионатот. По инсистирање на самите фудбалери, раководството на тетовскиот клуб покажа разбирање и им овозможи да побараат нови средини каде што ќе добијат поголема минутажа и простор за игра. Како што соопшти клубот, договорите со двајцата фудбалери се раскинати по заемна согласност. И Рамадани и Адеми во изминатите ...
Ракометниот клуб Вардар продолжува со стратегијата на стабилност и континуитет, откако беше постигнат договор за продолжување на соработката со левото крило Марио Стојановски. Младиот ракометар ќе го носи дресот на „црвено-црните“ и во следните две сезони. Стојановски е производ на вардаровата школа и важи за еден од ракометарите кои трпеливо и сигурно го градеа својот пат до сениорскиот состав. Во изминатиот период тој се наметна како ...
Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ) официјално информираше дека ќе организира лицитација и работен состанок со сите заинтересирани страни за организација на националниот кошаркарски Куп „Благоја Георгиевски – Буштур“ за 2026 година, во машка и во женска конкуренција. Право на учество имаат физички лица, здруженија, акционерски друштва и други правни субјекти кои ќе пројават интерес за преземање на организацијата на овој престижен ...
Македонскиот ракометен клуб Алкалоид испиша уште една значајна страница во својата историја, откако статистиката пред почетокот на Европското првенство 2026 покажа дека токму овој клуб ќе има најмногу свои играчи на континенталниот шампионат во Скандинавија. Вкупно 14 ракометари кои настапуваат за Алкалоид ќе бидат дел од репрезентациите на ЕП, со што македонскиот суперлигаш се најде пред европските гиганти Магдебург, кој испраќа 13 играчи, и ...
ФК Струга Трим Лум официјално потврди дека четворица фудбалери на клубот ќе настапуваат како позајмени во други екипи и во пролетниот дел од сезоната. Станува збор за Јусуф Каба, Хадис Таири, Веби Ислами и Кире Ристевски. Клубот продолжува со стратегијата за развој на своите играчи преку позајмици во домашните натпреварувања. Така, по веќе договорените позајмици на Кире Ристевски, Јусуф Каба и Веби Ислами од стартот на сезоната, на листата ...
Македонските прволигаши Шкендија и Струга Трим Лум со позитивни настапи ги отворија пријателските натпревари во рамки на зимските подготовки, забележувајќи убедливи победи против Брера Струмица, односно Маличи. Шкендија денеска го одигра првиот контролен натпревар во 2026 година и славеше сигурна победа од 3:0 против АП Брера на терените на тренинг-комплексот на ФФМ во Скопје. И покрај заморот од интензивната фаза на подготовки и зголемените ...
Македонскиот репрезентативен дефанзивец Дарко Велковски повеќе не е член на Зрињски Мостар, откако клубот од Босна и Херцеговина официјално објави прекин на соработката. Велковски пристигна во Зрињски во летниот преоден рок како едно од позначајните засилувања, но не успеа да се избори за посериозна улога во тимот. Во есенскиот дел од сезоната настапи на само два официјални натпревари, по што стана јасно дека нема да биде во прв план кај ...
Кога ќе се спомне името Сергеј Турченко веднаш се будат убави моменти од најдобрите времиња на РК Младост кога клубот ги живееше најубавите времиња. Украинецот Сергеј Турченко „гинеше“ за дресот на Младост, а кога ќе се спомени неговото име сите велат бил играч со неверојатен талент, ракометар кој направил многу не само за Младост туку и за македонскиот ракомет, а тој е поранешен македонски репрезентативец. Вечерва иако Украина загуби на ...
Без поголеми изненадувања помина првата натпреварувачка вечер на Европското првенство за селекцијата на Германија. „Панцирите“ во регионалното дерби ја совладаа Австрија со 30-27, во интересен меч до самиот финиш, кога Австријците успеаја да се доближат, но сепак без сили за сензација. Дуелот меѓу Германија и Австрија, беше многу рамноправен, но искуството и дисциплината на германскиот состав се покажаа како клучни. Иако Австријците во ...
Ракометната репрезентација на Норвешка на најдобар можен начин го отвори Европското првенство, запишувајќи убедлива и доминантна победа над Украина од 39-22 (19-11). Во преполната сала во Осло, еден од домаќините на турнирот покажа сила, ширина во ростерот и сериозни амбиции уште од првото коло. Украинците успеаја да парираат само на самиот почеток, но по воведните минути целосната контрола ја презедоа норвешките ракометари. Со агресивна ...
Со рутинско и доминантно издание, ракометната репрезентација на Франција ги оправда епитетите фаворит уште на стартот од Европското првенство. „Триколорите“ ја отворија групата Ц со убедлива победа над Чешка од 42-28 и веднаш се позиционираа на врвот со првите два бода. И покрај тоа што на шампионатот настапуваат без повредениот Недим Ремили, Французите воопшто не дозволија дилеми околу победникот. На паркетот во Осло, избраниците на Гијом ...
Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка започна со очекуван исход во дуелот од групата А, каде што Шпанија ја оправда фаворитската улога и ја совлада Србија со 29-27. Иако српската селекција покажа моменти на борбеност и се обиде да се врати во мечот, „фуријата“ во клучните периоди ја имаше контролата врз резултатот. Шпанците уште од стартот наметнаа висок ритам и со цврста одбрана и расположени голмани брзо создадоа солидна ...
Прволигашот Тиквеш од Кавадарци продолжува со јасна стратегија за развој на сопствен кадар и вложување во младите фудбалери. Во таа насока, младиот БлагојчСтојчев го потпиша својот прв професионален договор со клубот, со важност од една и пол година. Од редовите на Тиквеш истакнуваат дека договорот е резултат на напорната работа на Стојчев во младинските категории, како и на довербата што клубот ја има во неговиот потенцијал. Со континуирана ...