Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Есенскиот шампион Вардар денес „летна“ за Анталија, Турција каде ќе ја реализира главната фаза од подготовките до 3 февруари. На турско тло ќе се одиграат и шест пријателски натпревари, преку кои ќе се проверува формата за пролетниот дел, а во кој Вардар ќе атакува на шампионската титула. Првиот пријателски меч е на 17 јануари против Јаблонец од Чешка, три дена подоцна против Андијон од Узбекистан. На 23 јануари Вардар ќе се тестира со Мотор ...
Ракометарите на МРК Куманово официјално ги започнаа подготовките за вториот дел од сезоната во Машката ракометна Супер лига. Од денес тимот работи под водство на новиот шеф на стручниот штаб, српскиот стратег Александар Радосављевиќ, кој ја имаше својата прва прозивка во Спортската сала при ОУ „Христијан Тодоровски – Карпош“ во Куманово. Токму во оваа сала ќе се одвиваат сите тренинзи во подготвителниот период. Според планот на Радосављевиќ и ...
Македонската ракометна репрезентација со последни проверки во Данска пред почетокот на Европското првенство. Нашата тренинг база од последните подготовки е во Силкеборг, град во близина на Хернинг, каде ќе ги играме натпреварите од групата Б. Средниот бек на Македонија, Марко Митев, вели дека имаат уште неколку за подготовки, фокусот е ставен на Данска, против која го отвараме ЕП, а тој истакна дека ќе го дадат максимумот. „По напорниот пад ...
Македонскиот тренер Душко Кландев од Радовиш доби големо признание во Австрија, откако официјално е именуван за нов шеф на стручниот штаб на Салцбург, а следуваше и неговата официјална промоција. Радовишанецот кој со години живее и работи во Австрија, досега беше активно вклучен во работата со младинските категории. Сега, по долгогодишниот ангажман и довербата од клубот, доби шанса да ја води и сениорската екипа. Во неговата работа ќе му ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 официјално ги стартуваа подготовките за вториот дел од сезоната, како што веќе информираше Спортска Мрежа, со јасна цел – борба до крај за место во плеј-офот на Суперлигата. Екипата ќе тренира во Битола, а во подготовките се планирани и три контролни натпревари против Прилеп и Младост Богданци. Тимот презимува на седмото место со 17 бодови и на последните четири кола од регуларниот дел ќе влезе со реални, ...
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 со работен состанок и првиот тренинг официјално ги започнаа активностите за вториот дел од сезоната во Суперлигата. Тренерот Александар Зарков на првата прозивка ги имаше на располагање речиси сите ракометари од есенскиот дел, со кои ќе се обиде во последните четири кола да избори место во плеј-офот. Подготовките ќе се реализираат во Битола, а тимот секојдневно ќе тренира во спортската сала „Боро ...
Ракометниот клуб Вардар официјално ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, во кој „црвено-црните“ ги очекуваат возбудливи предизвици на домашната и на европската сцена. Под водство на тренерот Иван Чупиќ, вардарци го одработија првиот тренинг во Скопје и го означија стартот на подготвителниот период. Во почетната фаза од подготовките, стручниот штаб е без дел од ракометарите кои се на репрезентативни обврски. Десниот бек Урош ...
Ракометниот суперлигаш Бутел Скопје официјално ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, со јасна цел да обезбеди пласман во разигрувањето за титулата во Супер лигата. Под водство на стратегот Горан Кузманоски, беше одржана првата прозивка, на која се појавија и двете нови засилувања во тимот. Станува збор за левиот бек Христијан Ѓурмешевиќ, младински репрезентативец на Македонија кој пристигнува од Мулти Есенс, како и за пивотот ...
ГРК Охрид ја темпира формата за пролетните предизвици во Врбас, ракометарите работат под полна пареа, а на подготовките се приклучи и хрватскиот репрезентативец Анте Иванковиќ. Здравствениот билтен е одличен, екипата тренира и работи според подготвителниот план на стручниот штаб. Веќе утре Охрид го игра првиот пријателски меч против тимот на Врбас со почеток од 17 часот. ГРК Охрид ја темпира формата за пролетните предизвици во Врбас, ...
Фудбалскиот клуб Победа Валандово, актуелен лидер во Третата лига – Исток и екипа која сезонава чекори кон враќање во Втората македонска фудбалска лига, направи значаен чекор надвор од теренот, официјално промовирајќи ја својата нова клупска веб-страница. Станува збор за модерна и функционална платформа преку која клубот воспоставува директна и транспарентна комуникација со јавноста и навивачите. Особено значајно е тоа што секој донатор на ...
Македонскиот шампион Шкендија договори пет пријателски натпревари преку кои ќе ја проверува формата за пролетниот дел од сезоната, а во кој ќе води трка за одбрана на титулата со лидерот Вардар и Струга Трим Лум. Првиот пријателски меч ќе биде веќе на 15 јануари против Брера Струмица, а потоа тимот заминува за Анталија, каде на турско тло ќе ја темпира формата. Првиот текст на турско тло ќе биде против Олександрија од Украина меч кој ќе се ...
Второлигашот Преспа од Ресен на 21 јануари (среда) ќе ги започне подготовките за пролетниот дел од сезоната, каде тимот кој е повратник во Втората лига ќе се соочи со тешка пролет во трката да фати место во баражот за опстанок. Тимот кој презимува на 14-то место со девет бодови го очекува тешка пролетна полусезона со реални шанси да се фати место за бараж за опстанок. Преспа и во пролетниот дел ќе ја води Неџат Хусеин како шеф на стручниот ...
Прволигашот Пелистер се раздели со двајца играчи – Јорданчо Наумоски и Филип Тодороски повеќе нема да бидат дел од битолскиот тим. Клубот им се заблагодари на двајцата играчи за досегашниот тек од соработката и им посака среќна во понатамошните кариери. Наумоски е играчи од среден ред, а 30-годишникот покрај за Пелистер има настапувано и за Победа, Тиквеш, Металург и 11-ти октомври од каде и ја започна кариерата. 22-годишниот Тодороски исто ...
Второлигашот Брегалница денес ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, а целта на „сините“ е враќање во фудбалската елита на Македонија. Стратегот Влатко Костов денес ги собра сите фудбалери и со првиот тренинг на Градскиот стадион во Штип започнаа подготовките. Во пролетниот дел дресот на Брегалница нема да го носат Хусеин Демири, Дарко Алексовски – Пеле и Еди Мандак. Засега единствено засилување е Бојан Рајков кој е повратник ...
Есенскиот шампион во Третата македонска фудбалска лига, Победа Валандово денес означи старт на зимските подготовките за вториот дел од сезоната, во која непоразениот тим на Истокот ќе сака да го сочува првото место и со тоа да игра бараж за Втора лига. Како што ексклузивно дознава Спортска Мрежа, покрај утврдениот датум за почеток на подготовките, тимот од Валандово има договорени и неколку пријателски натпревари преку кои ќе се проверува ...
Охрид денес ги започна подготовките за пролетниот дел во Втората македонска фудбалска лига, под водство на младиот стратег Ромео Кочоски, кој бележи одлични резултати со „рибарите“. Денес беше одработен првиот тренинг на теренот со вештачка трева при СРЦ „Билјанини Извори“, а како што веќе објави Спортска Мрежа клубот договори и неколку пријателски натпревари. „Рибарите“ ќе ја проверуваат формата со Струга Трим Лум, Новаци и Тетекс, а ќе ...
Беласица и Марио Дебрешлиоски се разделија, дознава ексклузивно Спортска Мрежа, а 23-годишниот прилепчанец кариерата ќе ја продолжи во нова средина, откако веќе истиот стана слободен агент. Дебрешлиоски настапуваше за Беласица од август 2024 година, а во Струмица пристигна од Пелистер. Претходно, низ својата кариера беше дел од Караорман и прилепска Победа од каде и ја започна кариерата. Фактот што Дебрешлиоски од денес е слободен го буди ...
Ракометниот клуб Прилеп и официјално ги започна подготовките за вториот дел од сезоната во македонската Супер лига. Првиот тренинг беше одржан во позитивна атмосфера, со јасен фокус на дисциплина, енергија и максимална посветеност, како најава за предизвиците што следуваат во пролетниот дел од првенството. Подготовките стартуваа во отсуство на шефот на стручниот штаб, Наум Танески, кој во овој период е ангажиран со сениорската репрезентација ...
Кумановскиот прволигаш уште еднаш покажа дека иднината на клубот ја гледа во сопствената школа, откако го потпиша првиот професионален договор со 17-годишниот Бејзад Лимани. Лимани, кој настапува во средниот ред, доаѓа од младинските категории на Башкими и веќе подолго време е дел од системот на клубот. Со своите настапи и посветеност на тренинзите успеа да го привлече вниманието на стручниот штаб, кој одлучи да му даде шанса и во сениорската ...
Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер и официјално го реши тренерското прашање за вториот дел од сезоната, откако довербата му ја додели на добро познато име во битолскиот и македонскиот ракомет – Стевче Алушовски. По оставката на Рубен Гарабаја на почетокот од декември и периодот во кој тимот беше воден од спортскиот директор Звонко Шундовски, раководството на „зелено-белите“ се одлучи за домашен стратег, кој веќе има длабока ...
Второлигашот Шкендија Арачиново објавена дека клубот и капитен Јасир Беќири се разделуваат со взаемна почит, гордост и искрена благодарност за сè што беше направено во изминатиот период. Од враќањето на Шкендија Арачиново од Четвртата лига па сè до денес влезот во Втора лига, Беќири имаше многу повеќе од улогата на фудбалер. Тој беше вистински лидер на теренот, глас во соблекувалната и пример за пожртвуваност и посветеност кон секој соиграч. ...
Хрватскиот репрезентативен пивот Џанфранко Прибетиќ ја сподели својата прва порака по потпишувањето за ГРК Охрид, истакнувајќи дека во новата средина доаѓа со голема мотивација и позитивни очекувања за продолжението од сезоната. 25-годишниот кружен напаѓач, висок 196 сантиметри, кој во Охрид пристигна од најсилната ракометна лига во светот, нагласи дека уште пред доаѓањето слушнал само убави зборови за клубот и градот, што дополнително ја ...
Екипата на Рух Калиш ја забележа првата сезонска победа во полскиот шампионат, откако со 25:32 славеше над Кошалин, во меч од 14. коло. Ова беше соочување на две македонски репрезентативки – Јована Кипријановска која настапува за Рух Калиш и Ивана Арсениевска која го носи дресот на Кошалин. Тимот на Кипријановска на полувреме имаше негатива од 14:11, но со одлично второ полувреме работите на терен се променија. Кипријановска постигна пет ...
Ракометарите на Охрид во Србија ќе ја темпираат формата за вториот дел од Суперлигата, тимот кој го води искусниот стратег Борис Ројевиќ ги стартуваше подготовките, а амбициите на „гладијаторите“ котираат високо! Врбас ќе биде базата, каде тимот од градот покрај Охридското Езеро, ќе се подготвува за пролетните предизвици каде сигурно е дека ќе се атакува на висок пласман во трката за титула. Првиот тест ќе биде против екипата на Врбас кој е ...
Шефот на стручниот штаб на второлигашот Новаци, Дарко Крстески в среда ќе ја има првата прозивка за старт на зимските подготовки, дознава Спортска Мрежа од свои извори. Како што дознаваме ростерот останува ист, раководството на Новаци успеа да ги задржи сите фудбалери од есенскиот дел, но според информациите на Спортска Мрежа, Новаци ќе биде засилен со три до четири играчи сигурно. Првите засилување ќе се промовираат за три до четири дена. Ќе ...
Прволигашот Шкупи и официјално му ја довери тренерската функција на Еркан Мурсели, кој ја презема екипата во еден од најтешките периоди во клупската историја. Чаирчани се наоѓаат на последната позиција на табелата по есенскиот дел од сезоната, со само еден освоен бод, а пред новиот стратег е исклучително тешка задача – враќање на тимот на вистинскиот пат. Новото поглавје за Шкупи започна веднаш, откако Мурсели денеска го одржа и првиот ...
Дефанзивецот Стефан Наумчески е третото засилување на ФК Приштина во текот на јануарскиот преоден рок. 25-годишниот фудбалер пристигнува од редовите на Брера Струмица. Во есенскиот дел од тековната сезона, Наумчески настапи на 15 натпревари, при што постигна 3 погодоци и запиша 1 асистенција. Во својата досегашна кариера, тој има настапувано и за Вардар, со кој ја освои шампионската титула, како и за екипите на Тиквеш, Металург и Победа. ...
Ракометниот клуб ГРК Охрид и официјално го промовираше своето ново засилување за продолжението од сезоната, хрватскиот репрезентативен пивот Џанфранко Прибетиќ, кој потпиша договор со „гладијаторите“ до 2028 година. Станува збор за 25-годишен кружен напаѓач, висок 196 сантиметри, кој во Охрид пристигнува од најсилната ракометна лига во светот. Прибетиќ во досегашната кариера настапуваше за реномирани клубови како Нексе и ТВБ Штутгарт, а зад ...
Прволигашот Башкими 1947 официјално информира дека стручниот штаб е засилен со Тони Богдановски, кој ќе биде кондициски тренер во тимот. Богдановски зад себе има богато и докажано искуство во областа на физичката подготовка, стекнато преку долгогодишна работа со реномирани клубови од домашниот фудбал, меѓу кои Вардар и Металург Скопје, како и други екипи од националниот шампионат. Во текот на својата кариера тој дал значаен придонес во ...
Машката ракометна репрезентација на Романија влегува во завршната фаза од подготовките за Европското првенство 2026 со мешавина од реализам, самодоверба и јасна цел – да биде конкурентна и да се бори за секој натпревар, и покрај тоа што се најде во исклучително тешка група заедно со Данска, Португалија и Македонија. Романците ќе настапат во групата Б во Хернинг (Данска), а првиот натпревар ги очекува на 16 јануари против Португалија, додека ...