Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Македонскиот фудбалер Стојанчо Велинов е слободен играч откако тој не ја продолжи соработката со бугарскиот клуб Несебар. Велинов во Несебар пристигна во редовите на Черноморец Бургас во јануари 2024 година, а претходно, настапуваше за Гостивар, Велешта, Осогово, Охрид, Брегалница, Брера Струмица, за косовскиот тим Трепча, беше дел од Работнички, Ренова, Силекс, Тетекс. 36-годишниот Велинов со Брера Струмица во сезона 2018/2019 го освои Купот ...
Прволигашот ЖФК Тиверија Брера од Струмица во четврток ќе ги започне подготовките за пролетниот дел од Првата женска фудбалска лига. Шефот на стручниот штаб Славе Велков ќе го има првиот собир, првиот состанок, а потоа и првиот тренинг со кој струмичанки ќе ги стартуваат зимските подготовки. Во следниот период ќе бидат закажани и пријателските натпревари преку кои ќе се проверува формата со цел тимот од Струмица максимално подготвен да влезе ...
Кожуф утре ќе ги започне подготовките, како што веќе објави Спортска Мрежа, а тимот е засили со неколку фудбалери, но во следните денови според нашите информации ќе бидат засилен со уште најмалку двајца играчи. Нови фудбалери на Кожуф од Гевгелија како што дознава Спортска Мрежа се Ристе Лембовски, Давор Богевски, Лука Варешаноски, Давид Ивановски и голманот Антонио Шемковски кој е повратник во редовите на Кожуф. Лембовски кој има 21 година ...
Второлигашот Кожуф утре ќе означи почеток на зимските подготовки за вториот дел од сезоната под водство на Иван Варадиновски. Утре штипскиот стратег ќе ја има првата прозивка со која ќе бидат означен почетокот на зимските подготовки. Тренерот ќе го има првиот собир со фудбалерите во 2026 година, по стандардниот состанок и соопштување на планот за подготовки ќе биде одработен и првиот тренинг. Како што ексклузивно дознава Спортска Мрежа тимот ...
Прволигашот ЖФК Истатов во четврток официјално ќе ги започне зимските подготовки за вториот дел од сезоната во Првата женска фудбалска лига. Искусниот стратег и селектор Кирил Изов во четврток ќе ја има првата прозивка и прв собир со фудбалерките за 2026 година, со што ќе биде означен стартот на подготовките за пролетниот дел од шампионатот. Подготовките ќе се реализираат во Пржино, а клубот веќе има договорено неколку пријателски натпревари, ...
Прволигашот Работнички денес ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната каде што тимот од Дебар Маало ќе има тешка задача да го избори опстанокот во елитата. Клубот денес под водство на новиот стратег Муарем Муарем означи почеток на зимските подготовки, кој е четврти тренер сезонава на „романтичарите“. Работнички презимува на претпоследното место на табелата со само седум бодови на своето конто и ќе биде исклучително тешко во ...
Второлигашот Шкендија Арачиново за пролетниот дел ќе биде посилна со Иљаз Чиљафи, кој доаѓа од редовите на Слога Виница. 27-годишникот има драгоцено искуство кое ќе биде важно во остварувањето на пролетните цели на тимот од Арачиново. Низ својата кариера Чиљафи беше дел и од Брегалница, Брера Струмица, Детонит Плачковица, Воска Спорт, Беса од Добри Дол, Тетекс, Гостивар, настапуваше и за Шкендија, Струга Трим Лум, Работнички и Вардар. По ...
Второлигашот Брегалница од Штип остана без искусниот Хусеин Демири, како што дознава Спортска Мрежа, 30-годишниот фудбалер кариерата ќе ја продолжи во нова средина. Демири во Брегалница пристигна летото 2025 година, по шест месеци одлучи кариерата ја продолжи во нова средина. Во Штип дојде од Башкими, каде минатата сезона беше најдобар стрелец. Демири за „сини“ оваа есен постигна четири гола, а низ својата кариера покрај за Брегалница и ...
Второлигашот Осогово од Кочани на 17 јануари ќе ги „запали моторите“ откако шефот на стручниот штаб Крсте Крстев со првата прозивка ќе означи старт на зимските подготовки. „Жетварите“ веќе имаат закажано неколку пријателски натпревари преку кои ќе се „бруси“ формата за пролетниот предизвици каде тимот ќе цели кон директен опстанок во Втората лига. Осогово презимува на осмото место на табелата со 24 бодови и целта ќе биде сезоната да заврши во ...
Второлигашот Беласица зимските подготовки за пролетниот дел ќе ги започне во среда. Шефот на стручниот штаб, Панче Стојанов во среда ќе ја има првата прозивка, првиот собир, состанок со играчите и почеток на подготовките со првиот тренинг. Подготовките ќе се реализираат во Струмица, а ќе бидат одиграни пет до шест пријателски натпревари преку кои ќе се проверува формата. “Подготовките ќе се одвиваат во Струмица. Планирано е одигрување на пет ...
Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со тренерите и кошаркарите од кошаркарскиот клуб „Црн Дрим“, на која се разговараше за актуелната состојба во клубот, спортските амбиции и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат младите спортисти. Средбата помина во позитивна и конструктивна атмосфера, при што беше истакната важноста на спортот како клучен фактор за здрав начин на живот, развој на тимскиот дух и градење на ...
Есенскиот шампион во Втората македонска фудбалска лига, екипата на Охрид, утре ги започнува подготовките за пролетниот дел од сезоната, каде популарните „рибари“ ќе водат борба да го потврдат првото место и како шампионите директно да обезбедат влез во Првата македонска фудбалска лига. Според информациите на Спортска Мрежа, младиот стратег Ромео Кочоски утре ќе го има првиот собир со екипата за 2026 година, а како што дознаваме веќе се ...
Второлигашот Шкендија Арачиново интензивно работи на засилување на играчкиот кадар во пресрет на продолжението од сезоната, со јасна цел да одговори на високите амбиции во Втората македонска фудбалска лига. Од клубот информираат дека раководството е постојано ангажирано во разговори со неколку квалитетни фудбалери, со кои се очекува дополнително да се засили конкуренцијата во тимот. Подготовките за пролетниот дел официјално ќе започнат во ...
Суперлигашите и прволигашите во следните денови треба да ги започнат подготовките за вториот дел од сезоната, но прашање е колку од нив ќе имаат сили да означат старт на подготовките и под какви услови. Најголем проблем се финансиите – некои од клубовите должат и по неколку плати, а поради финансиските проблеми дел од клубовите се одлучија да кратат на плати, да кратат на ростер, да се игра со помлади и домашни играчи. Како што објави 24 ...
Прволигашот Башкими 1947 го официјализираше првото засилување за пролетниот дел од сезоната, ангажирајќи го офанзивецот Фодеј Травали. Гамбискиот фудбалер во редовите на кумановскиот клуб доаѓа од Брера Струмица и ќе биде дел од офанзивната реконструкција што ја спроведува клубот оваа зима. Травали зад себе има богато меѓународно искуство и значајно индивидуално признание, откако минатата сезона беше избран за најкорисен играч во естонското ...
Прволигашот Башкими официјално ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната, испраќајќи јасна порака дека тимот е подготвен со зголемена енергија, мотивација и верба да тргне кон остварување на зацртаните цели во пролетниот дел. Првата фаза ќе се реализира во Куманово, каде што екипата ќе престојува до 23 јануари. Во овој период, стручниот штаб ќе работи на физичката подготвеност, тактичката стабилност и подобрување на тимската ...
Прволигашот Силекс и официјално ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната. Тимот на Александар Васоски првата фаза од зимските подготовки ќе ја одработи во Кратово, каде што беше извршена и прозивката, а на 17 јануари кратовчани се селат во Анталија, каде ќе одиграат неколку контролни натпревари со странски ривали. Засега единствено ново име во ростерот е младиот Матеј Ѓерасов, кој пристигна од Работнички и веќе му се стави на ...
Женскиот ракометен клуб Овче Поле Славјански Универзитет ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата ракометна лига. Тимот есенскиот дел го заврши на делба на второто место со екипата на Ѓорче Петров 2, а во пролетниот дел како што истакнува тренерот Илија Бетувски за Спортска Мрежа нивната цел ќе биде освојување на второто место кое води кон баражот за можен влез во Суперлигата. Прволигашот од Свети Николе успеал да ги ...
Прволигашот Шкупи официјално ги започна зимските подготовки, откако клубот од Чаир најави дека во недела стартува ново поглавје во тековната сезона. Првиот тренинг ќе се одржи на стадионот во Чаир со почеток од 13:00 часот и ќе биде отворен за навивачите, како порака дека клубот сака заедно со публиката да го започне патот кон подобри резултати. Од Шкупи потенцираат дека следи период на сериозна работа, со акцент на поголема транспарентност, ...
Голема „чистка“ прави второлигашот Шкендија од Арачиново, откако тимот официјално се заблагодари на 12 фудбалери за досегашната соработка. Како што веќе објави Спортска Мрежа од клубот заминаа неколку фудбалери, а сега Шкендија Арачиново тоа го потврди и официјално. Се работи за Бујар Иљази, Еркан Шаип, Шуајб Алити, Александар Ѓорѓиески, Бурхан Алији, голманот Баки Алиу, Мергин Дани, Христијан Коцев, Амар Мустафа, Албан Шабани, Омери ...
Еден од најстандардните и најважни фудбалери на Шкендија во изминатите сезони, Клисман Цаке, ја заврши својата епизода во Тетово и кариерата ќе ја продолжи во Русија. Албанскиот дефанзивец официјално е нов член на прволигашот Ахмат Грозни, кој ја активираше откупната клаузула во договорот и на тој начин стави крај на четиригодишната соработка со македонскиот шампион. Од тетовскиот клуб информираат дека трансферот е реализиран со целосна почит ...
Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе одлука да ја повлече номинацијата на македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски за машкото Европско првенство 2026, кое ќе се одржи од 15 јануари до 1 февруари во Данска, Шведска и Норвешка. Со оваа одлука, Македонија од првично планираните два судиски пара, ќе биде претставена само со Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Причината за ваквиот потег на ЕХФ е сомнеж за манипулација на ...
Штипската Брегалница го промовираше Бојан Рајков како прво зимско засилување. Дефанзивецот се враќа во „плаво-белиот“ табор и доаѓа од редовите на прволигашот Силекс. Рајков е фудбалер кој ги покрива сите позиции во одбраната, а во досегашната кариера настапуваше уште за Кит Го Пехчево и Вардар Форино. Во Првата македонска лига има вкупно 86 настапи, сите во дресот на Силекс, со учинок од три гола и осум асистенции. Во есенскиот дел од ...
Поранешниот македонски фудбалски репрезентативец Агим Ибраими е назначен за директор на клубот со најмногу трофеи во Албанија – ФК Партизани. 37-годишниот Ибраими, кој во моментов е член на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија и еден од најблиските соработници на претседателот Масар Омерагиќ, добива значајна управувачка улога во еден од најреномираните клубови во Албанија. Партизани е клуб со богата историја и доминантно ...
Второлигашот Шкендија Арачиново го промовираше петтото зимски засилување во своите редови, откако официјално го претстави Зани Назифи како нов играч. Се работи за 20-годишен фудбалски талент кој ќе биде силен адут на тимот од Арачиново во битката за влез во Првата македонска фудбалска лига. Назифи кој игра како крилен напаѓач кариера ја започна во прилепска Победа, потоа беше дел од Њу Старс и Шкендија Арачиново, заигра и за екс прволигашот ...
Есенскиот првак во Првата македонска фудбалска лига, Вардар, официјално соопшти дека Управата на клубот донела одлука да утврди откупна клаузула во износ од 1.500.000 евра за фудбалерот Роџерс Касим Мато, поради зголемениот интерес од повеќе странски клубови. „ФК Вардар АД ја информира јавноста дека, поради зголемениот интерес од повеќе странски клубови за нашиот фудбалер Рогерс Кассим Мато, Управата на клубот донесе одлука да утврди откупна ...
Ракометарите на Македонија ја совладаа и репрезентацијата на Украина со резултат од 31:26, откако претходно беше совладана и селекцијата на Бахреин, па сега македонската репрезентација ќе се бори за трофеј на „Жолтиот куп“. Македонија денес ќе игра против репрезентацијата на Швајцарија со почеток од 18:30 часот, а со тоа ќе игра за трофеј пред Европското првенство. Овие натпревари служат како последни контроли на нашата репрезентација пред ...
Фудбалерот Кристијан Јордановски после операцијата на коленото и паузата од шест месеци се враќа на фудбалските терени. Кариерата ќе ја продолжи во нова средина, бидејќи 26-годишникот во моментот е слободен агент. Јордановски мина низ успешен процес на рехабилитација и сега е подготвен да му се врати на фудбалот. Низ својата кариера беше дел од Борец, Беласица, Каменица Саса, Слога Виница, Тетекс, радовишка Плачковица, Кит Го од Пехчево, ...
По шест месеци голманот Баки Алиу си замина од редовите на второлигашот Шкендија Арачиново, со што 21-годишникот е слободен и ќе бара нова средина за да ја продолжи кариерата. Алиу во тимот од Арачиново беше претставен во август 2025 година, но соработката траеше само шест месеци. „Ве известувам дека не сум веќе дел од ФК Шкендија Арачиново, им посакувам среќа и успех во натамошното првенство и иднина“, кратко рече Алиу. 21-годишниот голман ...
Од редовите на второлигашот Шкендија од Арачиново замина Бујар Иљази, 25-годишниот фудбалер кој може да игра како лево и десно крило кариерата ќе ја продолжи во нова средина. Тој во Шкендија Арачиново настапуваше од февруари 2024 година и беше еден од стандардни играчи и дел од генерацијата која го врати тимот од Арачиново во Втората македонска фудбалска лига. Се работи за играчи кои во минатото настапуваше и за екипата на Куманово, ...