Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Младиот и талентиран фудбалер Еди Мандак се раздели со Брегалница и кариерата ќе ја продолжи во нова средина. 20-годишникот кој е дете на штипскиот клуб објави дека заминува. Како што истакна заминува од Брегалница по еден важен период од мојата кариера. „Си заминувам од Брегалница по еден важен период од мојата кариера. Им благодарам на клубот, стручниот штаб, соиграчите и навивачите за соработката и поддршката. Стекнав искуство и лекции кои ...
Селекторот на Хрватска, Дагур Сигурдсон, го објави конечниот список на ракометари за претстојното Европско првенство, што ќе се игра од 15 Јануари до 1 Февруари во Данска, Норвешка и Шведска. Од првичниот состав од 22 играчи, Анте Иванковиќ и Патрик Мартиновиќ се преместени на резервниот список и ќе бидат достапни само во случај на дополнителен повик. На крај, Сигурдсон ќе води 20 ракометари – тројца голмани, четири крила, четири пивоти и ...
Романија ќе биде домаќин на Светското првенство за кадетки во 2026 година, откако Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) ѝ ја довери организацијата на уште еден голем настан. Имено, мундијалот за ракометарки до 18 години ќе се одржи во периодот од 29 јули до 9 август, а учество ќе земат вкупно 32 национални селекции. Натпреварите ќе се играат во четири градови – Крајова, Миовени, Питешти и Римнику Валчеа, со што Романија уште еднаш ја ...
Искусниот дефанзивец Виктор Велкоски повеќе не е дел од прволигашот Работнички како што веќе објави Спортска Мрежа и со тоа е слободен агент да бира каде да ја продолжи кариерата. По престојот во тимот од Дебар Маало, двете страни решија да тргнат по различни патишта, а 29-годишниот фудбалер веќе ги разгледува понудите и опциите за нов ангажман. Велкоски во актуелната сезона имаше значајна улога во составот на „романтичарите“. Во првенството ...
Филип Димоски брзо пронајде нова средина по разделбата со прилепска Победа и кариерата ќе ја продолжи во редовите на второлигашот Осогово од Кочани. 26-годишниот фудбалер во Осогово доаѓа во зимскиот преоден рок, со цел да му помогне на тимот во борбата за исполнување на сезонската цел. Прилепчанецот одново ќе го облече дресот на Осогово, откако во неговиот прв престој во Кочани го носеше дресот на Осогово во период од август 2018 до јануари ...
Разделбата меѓу Брегалница и Дарко Алексовски – Пеле доби нова димензија откако искусниот фудбалер јавно се огласи со долга, искрена и жестока изјава, во која без задршка го искажа своето разочарување од односот на матичниот клуб кон него. Како што Спортска Мрежа претходно ексклузивно објави, Брегалница се раздели со Пеле пред стартот на зимските подготовки, а фудбалерот, кој по 17 години се врати во Штип, бил изненаден од ваквата одлука. По ...
Пред почетокот на зимските подготовки второлигашот Брегалница од Штип се раздели со Дарко Алексовски – Пеле, кој во продолжението од сезоната нема да го носи дресот на „сините“, дознава ексклузивно Спортска Мрежа. Разделбата според нашите информации се случила пред околу еден час, кога бил информиран дека клубот повеќе нема да смета на неговите услуги, а фудбалерот бил изненаден за ваквата разделба која доаѓа неочекувано, а како што ни ...
Фудбалерите на Брера Струмица денеска и официјално ги започнаа подготовките за пролетниот дел од шампионатот, со што стартува процесот на темпирање на формата за продолжението на сезоната во Првата лига. Подготовките се планирани да се реализираат во три фази. Првата ќе се одвива во Струмица, каде тимот ќе работи на физичка подготвеност и основни тактички елементи, додека главната фаза е закажана во Грција во периодот од 20 до 31 јануари. ...
Фудбалерите на Пелистер и официјално ги започнаа подготовките за вториот дел од сезоната 2025/26. Со работен состанок и прв тренинг на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, тренерот Милан Стојановски го означи стартот на зимските активности. Подготовките се поделени во две фази. До 17 јануари „зелено-белите“ ќе тренираат во Битола, а потоа експедицијата се сели во Анталија, каде што ќе следуваат двонеделни базични подготовки. Во Турција, ...
Кавадаречки Тиквеш продолжува со стратегијата за развој и промоција на млади фудбалери, откако еден од најперспективните играчи од својот ростер ќе ја продолжи кариерата надвор од границите на Македонија. 19-годишниот Ѓоко Спасов во наредниот период ќе настапува во втората турска лига, каде како позајмен фудбалер ќе го носи дресот на Шерик Спор Футбол од Анталија. Позајмицата ќе му овозможи на младиот крилен напаѓач да стекне драгоцено ...
Македонскиот голман Давид Денковски повеќе не е дел од екипата на Посушје, откако двете страни постигнаа договор за предвремен прекин на соработката. Иако договорот со босанскиот прволигаш беше активен до крајот на сезоната, 25-годишниот чувар на мрежата од Куманово реши шест месеци порано да ја заврши својата авантура во Премиер лигата на БиХ. Ангажманот во Посушје беше прво интернационално искуство во кариерата на Денковски, кој претходно ...
Фудбалерите на Арсими 1973 го одиграа првиот контролен натпревар во рамките на зимските подготовки во Хрватска, каде во Медулин беа поразени од хрватскиот Вуковар со 4-0. Иако конечниот резултат е убедлив во корист на противникот, од таборот на клубот потенцираат дека настапот во првото полувреме бил охрабрувачки. Арсими одигра дисциплинирано и организирано, а првиот дел заврши со минимална негатива од 1-0. Во продолжението, стручниот штаб им ...
Новиот напаѓач на Шкендија, Фахд Нзенгуе, не го крие задоволството од трансферот во тетовскиот клуб и јасно ги истакна причините поради кои се одлучи да ја прифати понудата на актуелниот македонски шампион. Габонскиот офанзивец пристигна како слободен играч по разделбата со Брера Струмица, иако, како што самиот вели, интерес имало и од други клубови. „Секогаш е задоволство да се биде дел од голем тим, со големи играчи, со големи цели. Затоа, ...
Актуелниот македонски шампион Шкендија продолжува со реконструкција на тимот во пресрет на пролетниот дел од сезоната, а дел од промените се и разделбите со Егзон Белица и Камер Ќака. Дефанзивецот Егзон Белица повеќе нема да го носи црвено-црниот дрес, откако клубот и играчот одлучија да ја прекинат соработката по само една полусезона. Белица пристигна во Тетово во летниот преоден рок и во тој период забележа неколку настапи, при што успеа и ...
Нови заминувања од редовите на Беласица, во пролетниот дел дресот на струмичката фудбалска гордост нема да го носат Марио Наумоски, Стефан Секирски и Максим Цониќ, дознава Спортска Мрежа. Тројцата фудбалери во пролетниот дел ќе настапат во нови средини, а ова го отвара прашањето како Беласица ќе се екипира и дали ќе носи соодветни засилувања со цел да ги напаѓа позициите за Прва лига? Претходно како што објави ексклузивно Спортска Мрежа ...
Есенскиот лидер во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Вардар, официјално ги започна подготовките за продолжението од сезоната. „Црвено-црните“ денеска го имаа првиот собир и тренинг во тренинг-центарот „Хиподром“, со што беше означен стартот на зимскиот подготвителен период. Првата фаза од подготовките ќе се одвива во Скопје, а на 13 јануари вардарци заминуваат во Сиде, Турција, каде што ќе престојуваат до 3 февруари. Во Анталија ќе ...
Во интервју за српскиот портал MozzartSport, ракометарот на ГРК Охрид, Дарко Ѓукиќ, зборуваше за претстојното Европско првенство, но дел од разговорот го посвети и на настапите во македонската Супер Лига, при што упати низа пофалби за квалитетот на Лигата и за резултатите што охридскиот тим ги оствари во првата полусезона. Иако фокусот на опширното интервју е насочен кон претстојното Европско првенство, Ѓукиќ, не ја заобиколи темата ...
Струга Трим Лум го официјализираше ангажманот на новото засилување во средниот ред, откако во своите редови го донесе младиот Адриан Зенделовски. Дваесетгодишниот фудбалер пристигнува од шведскиот Олимпик, каде во текот на сезоната забележа 21 настап и постигна пет погодоци, оставајќи солиден впечаток со своите настапи. Зенделовски важи за динамичен играч од средината на теренот, кој може да придонесе и во офанзивата, а во таборот на стружани ...
Фудбалскиот клуб Шкендија продолжува активно да се засилува во зимскиот преоден рок, а најново име во редовите на тетовскиот шампион е габонскиот напаѓач Фахд Нзенгуе. Клубот и официјално ја потврди соработката со 25-годишниот офанзивец, кој по успешно минатите лекарски прегледи стави потпис на договор со важност од две и пол години. Нзенгуе во Шкендија пристигнува од редовите на Брера Струмица, каде што во есенскиот дел од сезоната се ...
Македонската ракометна репрезентација денес пристигна во Винтертур каде ќе ги има последните подготовки за Европското првенство со настапот на „Жолтиот куп“. Ракометарите на селекторот Кирил Лазаров го одработија денешниот прв тренинг во Швајцарија, а веќе утре го играат првиот меч со Бахреин, а за кој меч зборуваше и ракометарот на Еурофарм Пелистер, Жарко Пешевски. Одлична и позитивна атмосфера, утре играме со Бахреин, во петок со Украина и ...
Есенскиот шампион во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Вардар, доби понуда од 350.000 евра за Кассим Рогерс Мато, кој има одлични настапи со Уганда на Африканскиот Куп на Нации, како и во дресот на Вардар. Понудата за фудбалерот на најтрофејниот македонски фудбалски клуб пристигна од екипата на Хартс од Шткоска, но истата од скопскиот тим веднаш е одбиена. „ФК Вардар АД доби понуда за продажба на играчот Кассим Рогерс Мато од ...
Португалската ракометна репрезентација, позната под прекарот „Хероите од морето“, со големи амбиции и високо крената самодоверба доаѓа на Европското првенство 2026, каде што ќе биде директен ривал на Македонија во групната фаза. По историското 4. место на Светското првенство 2025, Португалија веќе не е аутсајдер, туку селекција со јасен идентитет, стабилен систем и сериозна широчина во ростерот. Подготовки без застој: физика, тактика и ...
Португалската репрезентација ќе настапи без голманот на Вардар, Мигел Еспиња Фереира, на претстојното Европско првенство, на кое во групната фаза меѓу противниците ќе ѝ биде и Македонија. Иако селекторот Пауло Переира првично сметаше на неговото искуство — особено по повредата на Диого Рема — одлуката е Еспиња да не биде дел од составот. Причината лежи во фактот што тој сезонава нема забележано ниту еден официјален настап. Неговото место во ...
Фудбалскиот клуб Победа веќе со години се соочува со тешки предизвици и секоја сезона е на работ на опстанок во Втората македонска фудбалска лига. Од ветувања за преземање на клубот од странски бизнисмени, до одбор за спас на клубот, Победа есенскиот дел го заврши во зоната за директно испаѓање во Трета лига, а притоа во пролетниот дел прилепската фудбалска гордост ја очекува сериозни турболенции. Веќе неколку фудбалери заминаа, а клубот ...
По контролниот натпревар со Македонија во кој Хрватска славеше со 26-23, селекторот Дагур Сигурдсон направи промена во составот за претстојното Европско првенство. Поради повредата на левиот бек Леон Љевар, стручниот штаб мораше итно да реагира и да внесе ново решение на таа позиција. Во националниот тим повторно беше повикан ракометарот на Охрид, Анте Иванковиќ. Хрватскиот интернационалец ги мина целосно подготовките во првата фаза и веќе е ...
Голманот Борче Картон зимава ќе менува средина, како што дознава Спортска Мрежа тој ќе замина од второлигашот Кожуф и со тоа кариерата ќе ја продолжи во нова средина. Се работи за искусен голман, кој низ својата кариера покрај за Кожуф, настапуваше и за Беласица, Дојранско Езеро, Љубанци и Вардар. Искуството кое го има Картон кој важи за исклучително стабилен голман кој носи сигурност на својот гол го става на радарот на неколку екипи. Ова ...
Прволигашот Струга Трим Лум официјално го потврди ангажманот на новото засилување за продолжението од сезоната во Првата македонска фудбалска лига, со што клубот дополнително ја засилува конкуренцијата во голманската линија. Новиот член на актуелниот прволигаш е младиот голман Васко Василев, кој во Струга пристигнува од редовите на Работнички. Василев во дресот на скопскиот тим запиша 13 настапи во првенството, при што стекна драгоцено ...
Амбициозниот Охрид продолжува стратегиски да се засилува во борбата за врвот на Супер Лигата, а од летото 2026 година, тимот ќе добие звучно име на голманската позиција — хрватскиот репрезентативец Дино Славиќ. Клубот од Охрид веќе ги финализира преговорите со 34-годишниот чувар на мрежата и се очекува договорот да стапи на сила од новата сезона, со важност до летото 2028 година. Славиќ моментално настапува за францускиот Лимож, а зад себе ...
Вардар ја продолжи соработката со Едиз Спахиу до јуни 2028 година, откако двете страни постигнаа договор за продолжување на верноста. 24-годишникот минатата година во зимскиот преоден рок пристигна од екипата на Тиквеш откако со тимот од Кавадарци ја подигна Куп титулата, а минатата година тоа го стори и со Вардар откако одново го освои Купот на Македонија. Се работи за извонредно брз, експлозивен, интелигентен играч од нападот, од кого ...
Прволигашот Арсими од денеска се сели во Хрватска, каде што ќе ја одработи зимската подготвителна фаза во пресрет на вториот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Тимот од Чегране ќе престојува во Хрватска во период од 10 дена, во кои се планирани и неколку контролни натпревари со реномирани противници. Арсими ќе одигра пријателски средби против Славен Белупо, ХНК Вуковар и НК Приморје, а во најавата стои дека во наредните ...