Фудбалската федерација на Македонија информира дека започнува тотална распродажба со 50% попуст на ФФМ фан шоп производите. Во понудата се вклучени оригинални репрезентативни дресови, тренинг-опрема и други официјални артикли, достапни по значително намалени цени. Распродажбата важи до исцрпување на залихите, а производите може да се набават преку официјалниот ФФМ фан шоп, fanshop.ffm.mk. „Ги повикуваме сите навивачи да ја искористат оваа ...

Кошаркарската федерација на Македонија во Скопје го одржа редовното годишно Собрание. Верификациската комисија утврди дека на седницата на Собранието беа присутни 39. од 45. делегати, претставници од клубови и здруженија и асоцијации со право на глас. На седницата беа донесени одлуки за услогласување на регулативите и нормативите со ФИБА стандардите, како и регулација на актите на Олимпискиот комитет и правните норми на Кошаркарската ...

На заедничкиот, традиционален собир организиран од Судиската комисија на кошаркарски судии и делегати на град Скопје, беа прогласени најдобрите поединци во судиската организација за календарската 2025 година. Главното признание – наградата за најдобар судија на град Скопје за 2025 година – заслужено му припадна на Зоран Митровски, кој со својата конзистентност, професионалност и авторитет на теренот се издвои во изминатата година. Својата ...

Неочекуваниот пораз на шампионот Форца на домашен терен од Мал Ајакс му овозможи на есенскиот шампион плус шест бода по завршувањето на есенската полусезона. Ваквата бодовна залиха и фактот што Проект беше декласиран од Проект во Гевгелија со 6:1 речиси извесно е дека тимот од Јосифово во своите витрини ќе ја врати шампионската титула. Момците на Игор Димов зависат сами од себе – титулата ја имаат во раце и сега од нив зависи дали ќе ја ...

Фудбалскиот клуб Вардар ќе организира комеморативна седница во чест на една од најголемите легенди на македонскиот фудбал, Васил Рингов. Настанот ќе се одржи в недела со почеток од 12:00 часот, во Дијамантската сала на хотел „Хилтон“ во Скопје. Со оваа комеморација, најтрофејниот македонски клуб ќе му оддаде почит на човекот кој со својот талент, голови и харизма остави длабока трага во историјата на Вардар и македонскиот фудбал воопшто. ...

После неочекуваниот пораз на шампионот Форца во последното есенско коло на домашен терен од Астибо, најдобрите играчи решија да се разделат со тимот од Куманово. Клубот на последниот есенски меч настапи без странците, што се поставува прашањата дали со истите е прекината соработката, но дефинитивно тројца искусни играчи си заминаа од клубот – капитенот Таулант Исмаили, голманот Енсар Фера и Еркан Сефери повеќе нема да го носат дресот на ...

Кошаркарките на Гевгелија есенскиот дел во Втората лига го завршија на второто место со 13 бодови, тимот зад себе има фантастична есен со скор од шест победи и еден пораз. Гевгелија доминираше и статистички со најдобар поен разлика од 479 постигнати поени убедливо најмногу. На второто место заврши Гостивар со ефект од пет – два и 12 бодови на своето конто, а пак Струга е трета со 11 бодови, колку што има и штипска Тим Арена која е четврта. ...

Екипата на Гевгелија на импресивен начин го заврши првиот дел од сезоната во Аматерската лига – мажи, освојувајќи го првото место со максимален учинок од седум победи во седум натпревари. Гевгеличани доминираа во сите седум кола и со право влегуваат во продолжението од сезоната како најсериозен кандидат за место кое води во Првата македонска лига. Во последното, 7. коло, лидерот славеше на гостувањето кај Винеам во Виница со резултат 79:72, ...

Во изминатиот период се одржа работен состанок помеѓу раководните претставници на ФИБА Европа и претставници на Македонската кошаркарска федерација, на кој од страна на нашата федерација учествуваа потпретседателот Младен Ѓуроски и генералниот секретар Томче Стојчевски. На состанокот во Минхен, беше истакната високата оценка за досегашната соработка помеѓу ФИБА Европа и Македонската кошаркарска федерација, која беше оценета како успешна и ...

Селекторот на машката кадетска репрезентација на Македонија, Горан Кузманоски, го објави составот за претстојниот собир на младите ракометари. На списокот се најдоа 18 играчи, сите од домашното првенство, кои ќе учествуваат на подготовките од 2 до 5 Јануари. Во текот на собирот во Скопје, кадетите ќе одиграат пријателски двомеч против селекцијата на Црна Гора, што ќе послужи како добра проверка на формата. Двете репрезентации веќе обезбедија ...

По разделбата со српскиот тренер Ален Тупајиќ, раководството на Работнички донесе одлука за нов шеф на стручниот штаб. Клупата на „херојот од Дебар Маало“ од овој момент му е доверена на Муарем Муарем, млад, но веќе докажан македонски стратег, кој во најголемиот дел од есенскиот дел во ПМФЛ го предводеше тимот на Башкими. Назначувањето на 37-годишниот тренер доаѓа во еден од најтешките моменти во поновата историја на Работнички. Клубот се ...

Европската ракометна федерација направи корекција на листата на арбитри за претстојното Европско првенство што ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка. Имено, поради пријавена повреда, чешкиот судиски пар Вацлав Хорачек и Јири Новотни отпадна од листата на арбитри, а нивното место го презедоа Србите- Марко Боричиќ и Дејан Марковиќ. Овој шампионат ќе има историско значење за македонскиот ракомет, бидејќи за првпат две судиски двојки од ...

Македонската машка репрезентација во подготовки за Европското првенство се соочува со нов проблем на позицијата пивот. Поради скршен прст на шутерската рака, Валентин Карасманакис отпадна од комбинација за настап и нема да биде на располагање за континенталниот собир. Како реакција на овој развој на настаните, селекторот Кирил Лазаров експресно направи корекција во составот и упати повик до Никола Маркоски, кој веќе му се приклучи на ...

По завршувањето на најуспешната полусезона во клупската историја, Охрид ја користи зимската пауза со јасна цел — во јуни да ја комплетира сезоната како најуспешна досега. Истите амбиции ги делат раководството, стручниот штаб и ракометарите. Во пролетниот дел од сезоната, тимот го очекуваат сериозни обврски и на домашната сцена и во европските натпреварувања. Подготовките ќе бидат фокусирани во Врбас, каде што Oхрид ќе тренира од 8 до 16 ...

Втората македонска фудбалска лига во иднина би можела да има уште едно кратење, оваа сезона е последна со 16 екипи, бидејќи од следната сезона 2026/2026 второлигашкото друштво ќе брои 14 екипи. Но, како што истакна претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ во новогодишното интервју вели дека се размислува за уште едно кратење на Втората лига. „Убеден сум, оваа првенство се убедив и самиот себеси дека е исправна одлуката за крање на Првата лига од ...

Екипата на Преспа од Ресен влегува во исклучително чувствителен период, откако претседателот на клубот, Зоран Милевски, официјално поднесе оставка по седум години минати на чело на второлигашот. Милевски преку јавно соопштение ја информираше спортската јавност за својата одлука, нагласувајќи дека зад себе остава период исполнет со напорна работа, посветеност и конкретни резултати – од враќањето на Преспа во Втората лига, до значајни ...

Кочани ќе биде домаќин на хуманитарни спортски натпревари со цел поддршка на социјално најзагрозените семејства во градот. Настанот ќе се одржи во недела, на 28 декември 2025 година, во спортската сала „Кочански Ангели“, со почеток од 17:00 часот. Програмата започнува со фудбалски натпревар помеѓу помладите категории на ФК Фудбал Старс и ФК Кочани, по што следува футсал-дуелот меѓу КМФ Фудбал Старс – Аутовелт и КМФ Кеги Моби од Велес, закажан ...

По неколкугодишна пауза, Фудбалската федерација на Македонија повторно ќе ја возобнови традицијата на избор и наградување на најдобрите во домашниот фудбал. Манифестацијата „најдобрите во македонскиот фудбал“ повторно ќе стане дел од календарот на ФФМ и ќе им оддаде признание на оние кои оставиле најсилен печат во претходната годината. Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, информираше дека изборот ќе се однесува на најдобрите остварувања во ...

Фудбалската федерација на Македонија најавува важен чекор кон поголема транспарентност и доверба во судиските одлуки. Од пролетниот дел на сезоната, клубовите ќе добијат можност за директен увид во снимките и анализите од ВАР-собата, со цел подобро разбирање на спорните ситуации. Новината ја соопшти претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, кој истакна дека секој клуб кој ќе смета дека бил оштетен ќе може официјално да поднесе жалба. По ...

Екипата на Работнички влегува во период на сериозни промени, откако клубот се раздели со повеќе фудбалери од актуелниот ростер. „Романтичарите“ очигледно ќе мора да прават темелен ремонт во обид да ја стабилизираат формата и резултатите во продолжението од сезоната. Од Дебар Маало си замина искусниот дефанзивец Виктор Велкоски, кој во пролетниот дел од ПМФЛ настапи на 14 натпревари. Велкоски, кој во клубот пристигна како слободен играч, зад ...

Фудбалскиот клуб Силекс веќе ги повлече првите потези во зимскиот преоден рок, најавувајќи промени во ростерот во пресрет на пролетниот дел од сезоната, во кој кратовчани ќе водат сериозна битка за европските позиции. Клубот официјално се раздели со три фудбалери – двајца странци и еден домашен играч, со што се отвора простор за освежување на тимот во продолжението од шампионатот. Кратово го напушта офанзивецот Алдин Хрвановиќ, кој пристигна ...

Екипата на Големо Коњари е на прагот да ја заврши својата кратка, но значајна епизода во Втората македонска фудбалска лига. Клубот од прилепското село, и покрај големата желба и ентузијазам, реално се соочува со неминовното – преселба во Трета лига по завршувањето на сезоната. Во табеларна смисла, Големо Коњари тешко може да избега од зоната за испаѓање, а и самата управа, стручниот штаб и фудбалерите се свесни за моменталната ситуација. ...

Фудбалскиот сојуз (ФС) Охрид им додели по пет фудбалски топки на своите екипи од Општинската фудбалска лига, а на овој начин Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) директно им помага на клубови кои се натпреваруваат во Општинската фудбалска лига или Четврта лига по ранг на натпреварување. Претседателот на ФС Охрид, Диме Попоски продолжува со заложбите за подобри услови на фудбалските клубови кои се дел од Општинската фудбалска лига, ...

Женските национални тимови на Македонија во младинска конкуренција, забележаа напредок од шест позиции на најновата рејтинг листа која ја креираше ФИБА за крај на календарската 2025 година. Македонија е една од петте земји кои забележале и најголем напредок на листата во онаа европска зона на ФИБА. Крајот на оваа 2025 година, Македонија го дочекува на 37. место во европскиот рејтинг на Светската кошаркарска организација со вкупно 118.8 ...

Македонскиот фудбал денес тагува. На 70-годишна возраст, по кратко боледување, почина Васил Рингов – име што со децении беше синоним за Вардар, за голови со стил и за фудбалери кои не прават компромис со својот карактер. Рингов не беше само врвен стрелец и мајстор со топката. Тој беше фудбалер со став, личност што знаеше да застане исправено и во најтешките моменти, што го препознаа и навивачите на Вардар – „Комитите“, кои со емотивна порака ...

Македонскиот фудбал денес загуби голема легенда. По кратко боледување, на 70-годишна возраст почина Васил Рингов – име што засекогаш ќе остане врежано во историјата на Вардар и македонскиот фудбал. Меѓу првите кои јавно се простија од фудбалскиот великан беа навивачите на Вардар, „Комити“, кои со емотивна порака се поклонија пред ликот и делото на човекот што беше многу повеќе од фудбалер. Васил Рингов беше синоним за Вардар, за ефектни ...

Започнува големата битка на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ – фазата каде следуваат највозбудливите натпревари, фаза каде нема грешка, бидејќи секој пораз значи елиминација, а секоја победа води кон следна фаза и така чекор поблиску до освојување на шампионскиот пехар на „Стојаково 2025“. Патот да се стигне до големото финале нема да биде лесен, бидејќи во овој сегмент се пласирани квалитетни екипи, а тоа за публиката ќе значи добри и ...

Во рамките на 10. коло на Првата македонска лига – мажи, се одиграа неколку возбудливи и значајни натпревари. Охрид – Вардар 83:82 Во крајно неизвесен меч во салата „Билјанини Извори“, охридските кошаркари ја поразија досега непоразената екипа на Вардар со минимални 83:82, забележувајќи 6-та победа сезонава. Финалните минути беа вистинска драма, а домашниот тим покажа голема храброст и карактер за да го добие овој клучен дуел. Младинец – Црн ...

По девет одиграни кола во „Шпаркасе Лајф“ Првата лига-жени, лидерските позиции во статистиката остануваат скоро непроменети. Алексис Пул од Крива Паланка е најдобра поентерка со вкупно 227 поени и просек од 25,2 по натпревар, пред Кајла Томас (Пробаскет) со 20,2 и Маргарита Чипова (Патриот 2016) со 19,6 поени. Во категоријата скокови води Кајла Томас со просек од 13,7 скока по натпревар, следена од Сара Митановска (11,4) и Ивана Кметовска ...

Есенскиот дел кај дел од третолигашите беше навистина турболентен, откако дел од нив се соочија со финансиски проблеми, дел и со проблем да соберат доволно играчи. Во петте региони на Третата македонска фудбалска лига настапуваа и поранешни прволигаш, второлигаши, настапуваа екипи кои играле во Европа, поранешни вицешампиони, но и клубови кои и по првпат се појавија и во третолигашкото друштво. Пред почетокот на сезоната во Трета лига – Југ ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.06
64%
1016
weather icon

Белград

20ᴼ / 18ᴼ
3.13
61%
1013
weather icon

Загреб

18ᴼ / 17ᴼ
2.57
69%
1012
weather icon

Софија

18ᴼ / 16ᴼ
2.06
45%
1017
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
2.98
72%
1014
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 17ᴼ
3.6
59%
1012
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
3.09
45%
1017
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.57
40%
1016
weather icon

Подгорица

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
56%
1016
weather icon

Букурешт

23ᴼ / 20ᴼ
2.06
49%
1013
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 15ᴼ
1.03
84%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
0.51
52%
1017
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9138

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Алуминиум

3.53

Иридиум

253540.09

Паладиум

49351.40

Родиум

319899.93

Кобалт

45.39

Злато

152465.86

Цинк

0.00

Сребро

2534.46

Рутениум

51376.89

Калај

52.70

Платина

66744.95

Бакар

12.46