Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Фотографијата на вечерта доаѓа од соблекувалната на Охрид – ракометарите со победничката порака „Ова е Охрид“ по огромната победа над шампионот Еурофарм Пелистер. „Гладијаторите“ уште еднаш потврдија дека сериозно ќе ја напаѓаат титулата, а салата „Билјанини Извори“ станува место каде бодови тешко се освојуваат – тврдината е одбранета од шампионот! Охрид има сериозен проект со кој започна сериозно да „гази“ во македонскиот ракомет, станува ...
Натпреварот од осмото коло на Првата футсал лига меѓу Клими и Шкупи не се одигра, откако гостинската екипа не допатува во Кавадарци. Овој меч беше закажен да се одигра на 13 декември (сабота) во СЦ „Јасмин“ во Кавадарци со почеток од 20 часот, но тимот на Шкупи не се појави во салата, а ниту пак го најави дека нема да присуствува на мечот. „По чекање од 30 минута гостинската екипа КМФ Шкупи не се појави во салата Јасмин, ниту притоа се најави ...
Ракометарите на Охрид одиграа еден од своите најзрели и најкомплетни натпревари сезонава и заслужено го совладаа актуелниот шампион Еурофарм Пелистер со 29-25 (13-11) во дербито од 17. коло на македонската Суперлига. Во преполната спортска сала „Билјанини Извори“, домашниот тим со дисциплинирана игра, високо темпо и контрола во клучните моменти покажа дека рамноправно припаѓа во самиот врв на домашниот ракомет. Од самиот почеток се наѕираше ...
Во последниот натпревар од првиот дел на сезоната во Пионерската Супер лига, Македонија ЃП ја совлада Брегалница со 4:2 и на пауза заминува како водечка екипа во шампионатот. Гостите од Штип имаа предност од 2:0, но сепак на крајот пионерите на Македонија ЃП направија пресврт и стигнаа до трите бода кои има ја обезбедија првата позиција. Брегалница поведе преку Ванчо Кочубов во 16. минута. Во 34. Антонио Арсов зголеми на 2:0, а во последните ...
Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски си поднесе оставка по серијата од седум последователни порази на кипарскиот прволигаш Етникос Акна, заедно со него исто така го напушта и неговиот стручен штаб и асистентот Милан Илиевски. Како што вели тој оставката е донесена по слабите резултати во првенството и е чин на морална одговорност. Тој им се заблагодари на претседателот за укажаната доверба, на сите ...
Ракометарите на Прилеп се вратија на победничките патеки и со значајни бодови од Струга ја продолжуваат борбата за место меѓу најдобрите во Суперлигата. Во рамки на 17. коло, прилепчани славеа со убедливи 25-33 (14-15) на гостувањето кај Струга и покажаа дека не се откажуваат од плеј-оф амбициите. Средбата во спортскиот центар „Тими“ започна со погодок на Стефан Атанасовски за водство на домаќинот, а во воведните минути се играше израмнето, ...
Македонскиот ракомет испиша уште една значајна страница во својата историја, откако Гордана Ѓорѓеска од Гостивар беше делегат на Европското првенство во ракомет во инвалидски колички – EHF Wheelchair EURO 2025. Со ова Македонија за првпат имаше свој официјален претставник на едно Европско првенство во оваа дисциплина, што претставува големо признание и за Ѓорѓеска лично, но и за македонскиот ракомет во целина. Европското првенство се одржа од ...
Прволигашот Тиверија Брера од Струмица го претстави своето прво зимско засилување – се работи за Никица Трендова. 18-годишната фудбалерка е повратник во редовите на струмичкиот прволигаш бидејќи за Тиверија Брера настапуваше во период од септември 2018 година до февруари 2023 година. Во тој период Трендова настапуваше за кадетската и младинската екипа на Тиверија Брера, а имаше и деби настап за сениорскиот тим. Трендова се враќа во добро ...
Поранешниот прволигаш Овче Поле вечерва на домашен терен со „лото“ победа од 7:1 го декласираше „фенерџијата“ Карадаку во рамки на 8. коло на Втората футсал лига. Со погодоците на Лука Наумов и Аки Мемедалиев домаќинот имаше 2:0 на полувреме, а во вториот дел постигна уште пет гола преку Климент Ѓошев, Икица Јованов, Роберто Андонов и Марио Јанев кој беше двоен стрелец. За гостинскиот тим Зејнула Мустафи беше единствен стрелец, кој постигна ...
По осум одиграни кола во Втората футсал лига и натаму ланскиот прволигаш Железарец останува на врвот со 19 бодови на своето конто, односно има четири повеќе од Каршиака која е втора, но со меч помалку. На третото место е тимот на Црна Река, која лани испадна од елитата со 14 бодови. На дното е Карадаку, единствен тим кој има седум порази од толку натпревари и нема освоено бодови, ниту Овче Поле нема резултати за пофалба, ако тимот од Свети ...
Бранителот на двојната круна, Форца, вечерва со 7:17 славеше висока победа над дебитантот од осмата рунда на Првата футсал лига на гостински терен. Балкан имаше сили само за едно полувреме кога резултатот беше 5:6, а во вториот дел Форца покажа моќ, а пак искусниот Зоран Левески во финишот се „распука“ со серија погодоци. Ибрахим Алији и Џељаљ Мјаку постигнаа по три гола, а пак Јусуф Сулејмани беше стрелец на еден гол. За гостинот Зоран ...
Непоразениот лидер Проект приреди вистинска футсал-лекција и без милост го декласираше Осогово од Крива Паланка со неверојатни 18:0, во рамки на 8. коло од Првата футсал лига. Резултатот делува шокантно, но развојот на натпреварот уште пред почетокот ја навести судбината на гостите. Осогово во Гевгелија пристигна со само пет играчи, без ниту една опција на клупата, што во ваков ритам и квалитет беше јасна најава за тешка вечер. Проект од ...
Арсими е една од најубавите фудбалски приказни во македонскиот клупски фудбал во последните неколку сезони. Клубот кој чекор по чекор напредуваше од Трета лига – Запад, преку Втората лига, денес со право е дел од фудбалската елита и ја живее својата прволигашка приказна. Еден од луѓето кои стојат зад овој континуиран напредок е и Лабинот Муслиу, член на стручниот штаб на Арсими, тренер со јасна визија, модерни идеи и препознатлив фудбалски ...
Вардар ја забележа новата победа во првенството, совладувајќи го Радовиш со 40-26, во натпревар во кој „црвено-црните“ постепено ја градеа предноста и уште на полувреме водеа со 22-13. Иако настапи со комбиниран состав и без неколку стандардни првотимци, Вардар без проблеми ја контролираше играта и постигна дури 40 голови. До 40. минута предноста изнесуваше плус 12, а речиси половина од погодоците ги реализираа Николас Боно и Мигуел Пинто. ...
Утре, со почеток од 18:00 часот, во рамките на 17. коло од ракометната Супер лига, ГРК Охрид ќе го одигра последниот домашен натпревар за оваа година, кога во „Билјанини Извори“ ќе гостува актуелниот шампион- Еурофарм Пелистер. По важната победа на гостувањето кај Тиквеш, охриѓани со полн фокус и нетрпение го очекуваат големиот предизвик. Кружниот напаѓач на Охрид, Иван Тасески, нагласува дека пред тимот е сериозен испит против шампионот, но ...
Ракометарите на Бутел Скопје го надиграа големиот ривал и направија значаен чекор кон плеј-офот. И покрај почетната негатива од 5-2, гостите брзо се консолидираа и до крајот ја контролираа играта, водeјќи и со девет гола предност во еден момент. Филип Николов блесна со четиринаесет погодоци, а Тодор Узунчев додаде пет. Голманот Благојче Трајкоски имаше дванаесет одбрани, додека Александар Стојаноски запре три пенали, обезбедувајќи сигурност ...
Ракометарките на Ѓорче Петров вечерва слават голема победа со која се враќаат на врвот од табелата во Суперлигата, откако со 31:27 го добија Металург Автокоманда во дербито на 12. коло. „Лавиците“ влегуваат во одлична форма надминувајќи ја малата криза со што шампионот избива на челната позиција, но има ист број на бодови како и ривалот од Автокоманда – 21 бод. Мечот беше сосема неизвесен со менување на водството, игра гол за гол и борба за ...
СЕЕ Университи е првиот тим кој го совлада досега непоразениот Железарец, откако вечерва на домашен терен со 4:3 подобар беше тетовскиот тим на воведниот меч од осмото коло на Втората футсал лига. Ланскиот прволигаш го доживеа првиот сезонски пораз, а домашниот тим бележи голема победа и обезбеди три големи бодови. Во првиот дел паднаа четири гола за 2:2 пред паузата – Едис Муртезани во 9. минута го отвори резултатот, а по две минути Петре ...
Откако вчера во Радовиш се одигра последниот меч од 15. коло на Втората лига меѓу Детонит Плачковица и Осогово, официјално се затвори есенската полусезона, а со тоа го имаме и конечниот изглед на табелата. Натпреварот од Радовиш не направи големи промени на табелата, Скопје по поразот останува на петтото место со 29 бодови, а пак Детонит Плачковица напредуваше од една позиција на табелата со тоа што сега радовишани се седми со 26 бодови на ...
Алкалоид ја заокружи календарската година со уверлива претстава пред домашната публика, совладувајќи го тимот на Куманово со убедливи 42-25 во Автокоманда. „Сините“ уште еднаш покажаа зошто оваа сезона се меѓу најсигурните состави во Суперлигата. Од самиот старт избраниците на Кирил Лазаров ја контролираа играта и темпото. Разликата постепено растеше, а до паузата Алкалоид веќе имаше солидни +8 (20-12), што практично го насочи текот на целиот ...
Тимот на Вардар Неготино со победа ја затвара 2025 година откако вечерва пред својата публика го доби убедливи Овче Поле со 43:34 во последниот меч од есенската полусезона во Првата ракометна лига. Домашниот тим од почетокот започна да ја гради разликата од два до три гола, гостинот од Свети Николе се обидуваше да го следи резултатскиот чекор на Вардар Неготино кој беше фаворит на овој меч, но не успеваше во тоа. Првите плус три Вардар ...
Македонија добива уште еден млад фудбалски талент кој ветува блескава иднина. Петар Огнановски, роден во 2014 година во Кочани, своите први фудбалски чекори ги прави во 2024 година – одлучен да го следи сонот кој го носи уште од најрана возраст. Фудбалот му е омилен спорт, а како идоли ги наведува Кристијано Роналдо, Лука Модриќ и Горан Пандев – играчи со огромна работна етика и посветеност, токму онаква каква што и самиот Петар сака да ја ...
Новаци ја затвори есенската полусезона со најдобар учинок во последната деценија – 27 освоени бодови, учинок од осум победи, три ремија и четири порази, како и одлична гол-разлика благодарение на само 11 примени погодоци, а постигнати 25. Тимот под водство на искусниот стратег Дарко Крстески, 54-годишен тренер од Прилеп со богато искуство во Новаци, Караорман, Победа, Пелистер, Тиквеш и 11 Октомври, одигра стабилна и борбена полусезона. Во ...
Екипата на Детонит Плачковица забележа минимална, но голема победа над Скопје од 1:0 со голот на Иван Галевски и на победнички начин ја затвора 2025 година. Победничката фотографија од соблекувалната на радовишани предводени од штипскиот стратег Горан Здравков ја покажува позитивната атмосфера во тимот, кој со освоените три бода ќе презими како седми на табелата. Позитивно расположение, полна соблекувална и максимална енергија – така со ...
Детонит Плачковица со голот на Иван Галецки денес славеше против Скопје во последното коло од 15. рунда во Втората лига, со што официјално се затвори есенската полусезона. Галевси беше единствениот стрелец кој му донесе три бода на својот тим во натпревар во кој Скопје започна послабо, но во вториот дел настапи многу поагресивно и борбено. И двете екипи имаа свои шанси, но Детонит Плачковица беше тој што на крајот ги прослави трите бода. Со ...
Во недела, со почеток во 18:00 часот, ГРК Охрид ќе го пречека шампионот Еурофарм Пелистер, во рамките на 17. коло од ракометната Супер лига. Се очекува тешка, неизвесна и возбудлива средба, а тренерот на охриѓани- Борис Ројевиќ, за Спортска Мрежа го најави дербито. Притоа, нагласува дека краткото време за подготовка не ја намалува посветеноста на тимот да се даде максимум пред домашната публика. Тој, исто така, истакнува дека противникот е ...
Второлигашот Шкендија од Арачиново има јасна цел и визија – влез во Првата македонска фудбалска лига. Тимот кој го води Љупчо Марковски – Калц одигра одлична сезона и заврши на второто место со бод помалку од лидерот Охрид. Тимот од Арачиново собра 35 бодови, а пак „рибарите“ имаат 36 бодови по 15 одиграни кола во есенската полусезона. Шкендија Арачиново минатата сезона заврши на првото место во Трета лига – Север, а во баражот го доби ...
Второлигашот Шкендија Арачиново најавува дека ќе биде најактивен на трансфер пазарот – вечерва беше промовиран Антонио Столевски како нов голман на тимот кој го води Љупчо Марковски – Калц. Се работи за искусен голман кој треба да донесе дополнителна стабилност на голот на Шкендија Арачиново, а доаѓа од редовите на второлигашот Слога Виница, каде Столевски донесе стабилност на голот и тимот се врати во Втората лига. Низ својата кариера ...
Шкендија продолжува да ја пишува својата најуспешна европска сезона. Македонскиот шампион одигра блескаво и пред полни трибини во Скопје го совлада фаворизираниот Слован Братислава со убедливи 2-0, резултат со кој тетовчани остануваат во трката за пласман во нокаут-фазата на Конференциската лига. Тетовскиот тим уште од првиот свиреж покажа дека не се плаши од реномето на противникот. Агресивниот пристап брзо даде резултат – по изведен корнер ...
Во дербито од дното на две екипи кои жилаво се борат за опстанок поуспешна беше екипата на Струга која го доби „фенерџијата“ Радовиш со „инфарктен финиш“ од 24:26 во последниот меч од 16. коло на Суперлигата. Радовиш останува и натаму да сонува за своите бодови иако вечерва одигра мотивирано, борбено со желба конечно да ја израдува својата публика, голманот Славјан Паунов беше одличен на голот, но сепак стружани на крајот слават важна победа ...