Деветтото коло во Шпаркасе Лајф Првата лига – жени донесе спектакуларни натпревари, убедливи победи на фаворитите и еден резултат што ќе се памети долго. Кошаркарките на Вардар испишаа историја, поставувајќи клупски рекорд по бројот на постигнати поени во сениорска конкуренција, а капитенката Елена Тасевска блесна со трипл-дабл учинок. Вардар – Патриот 2016 136:35 Скопскиот тим одигра натпревар за аналите, совладувајќи го младинскиот состав ...

Успешната полусезона на ГРК Охрид носи јасен печат на стабилност, жар, желба и амбиција, а резултатите само ја потврдуваат насоката во која се движи клубот. Со Борис Ројевиќ на тренерската клупа, охриѓани уште летово ја најавија својата победничка ориентација, освојувајќи ги трофеите на турнирот во Струга, како и на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“, а дополнителна тежина на настапите им дадоа и домашните победи над Еурофарм Пелистер и ...

Последното есенско коло го донесе најголемото изненадување досега во Првата футсал лига – актуелниот шампион Форца доживеа шокантен пораз од Мал Ајакс, резултат што сериозно ги искомплицира амбициите на тимот од Куманово во битката за одбрана на титулата. Неочекуваниот кикс на Форца широко ги отвори вратите за есенскиот лидер КМФ Проект, кој сега има јасна шанса уште посериозно да го нападне шампионскиот трофеј. Тимот од Јосифово од овој ...

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ на програмата ќе бидат четири натпревари, два кај јуниорите, а два кај сениорите. Во 18 часот меч од генерација 2010/2011 каде Mild Home Store ќе игра со Маркет Го-Да Чонов Микро, а од 18:30 часот окер Фурка ќе игра со Уни Глобал генерација 2012/2013. Кај сениорите во 19 часот Кафе Бар Проект на мегдан со Џокер од Фурка, а пак во 19:45 часот Дим Метал од Неготино ќе ги одмери силите со ...

Вечерва Мал Ајакс забележа голема победа над шампионот Форца среде Куманово во последниот меч од есенската полусезона на Првта футсал лига, откако штипскиот тим славеше со 5:6. Голема заслуга за овој голем триумф на Мал Ајакс има и голманот Филип Гигов, кој беше вистински „пантер“ на својот гол и имаше фантастични интервенции во клучни моменти од натпреварот што доведе до овој голем триумф. 21-годишниот голман за Спортска Мрежа истакна дека ...

Јувентус Серава забележа триумф во голеадата со тимот на Балкан откако славеше со 11:9 во меч од последното есенско коло на Првата футсал лига. Натпреварот го одбележа Ибрахим Алији кој постигнува голови како ракометар, а во мрежата на Јувентус постигна неверојатни седум гола. Балкан загуби преку пресврт откако на полувреме имаше предност од 5:6, а во вториот дел домаќинот беше подобар и славеше со конечни 11:9. За домашниот тим Фуркан Шабани ...

Вечерва тимот на Кратово славеше голема победа над ССК Скопје на крилата на Ѓорѓи Ивановски со резултат од 7:3 во рамки на 9. коло на Втората футсал лига. Ивановски вечерва во салата „Софија Петровска“ во Пробиштип постигна неверојатни шест гола, а еден гол беше дело на Горан Арсовски кој погоди во 30. минута. За скопскиот тим во првиот дел погоди Лучијано Ибраимов во 19. минута, а во вториот дел двоен стрелец беше Реџеп Бислим. Во првиот дел ...

Неверојатен херојски триумф запиша Мал Ајакс – победа која беше далеку од очекувана, откако штипскиот тим вечерва среде Куманово го „тресна на земја“ бранителот на двојната круна, тимот на Форца со резултат од 5:6 во рамки на последното есенско коло. Форца беше повеќе од апсолутен меч – но вечерва во составот ги немаше странците, а овој пораз само ги става на уште потешка мисијата за одбрана на шампионската титула. Дека Форца се соочуваше со ...

Неверојатен херојски триумф запиша Астибо – победа која беше далеку од очекувана, откако штипскиот тим вечерва среде Куманово го „тресна на земја“ бранителот на двојната круна, тимот на Форца со резултат од 5:6 во рамки на последното есенско коло. Форца беше повеќе од апсолутен меч – но вечерва во составот ги немаше странците, а овој пораз само ги става на уште потешка мисијата за одбрана на шампионската титула. Дека Форца се соочуваше со ...

Еурофарм Пелистер 2 се врати на победнички патеки и со сигурна партија пред својата публика го совлада составот на Пролет 62 со 32-25, останувајќи во игра за пласман во плеј-офот на ракометната Суперлига. Младите битолчани уште од стартот наметнаа висок ритам и брзо стекнаа предност од 5:1, со што јасно ставија до знаење дека бодовите ќе ги бараат само на своја страна. Гостите од Скопје накратко се вратија во игра и намалија на 7:4, но тоа ...

Ракометниот шампион на Македонија, Еурофарм Пелистер, ќе добие дополнителна финансиска поддршка во износ од седум милиони денари, средства кои треба да донесат нова стабилност и свежина во клубот пред продолжението на сезоната. Одлуката е донесена по предлог на советничката група на владејачката партија, во координација со градоначалникот на Општина Битола. Општината, која поседува 25 проценти од акциите во клубот, заедно со мнозинскиот ...

Започнуваат промените во ростерите на клубовите од Првата македонска фудбалска лига, веќе има двајца интернационални од Босна и Херцеговина кои заминаа и кариерите ќе ги продолжат во нова средина – се работи за фудбалери на новите прволигаш Арсими и Башкими. Од тимот на Арсими си замина стоперот Амер Дрљевиќ, 31-годишниот фудбалер ќе има нов клуб во неговата кариера, а тој во македонскиот прволигаш пристигна од редовите на босанскиот Игман ...

Македонското судење доби значајно признание на европско ниво, откако УЕФА ја финализираше најновата листа на арбитри кои од 2026 година ќе добијат можност да делат правда на меѓународната сцена. По спроведените семинари, едукации и проценки, двајца македонски судии ја добија довербата на УЕФА и ќе бидат дел од елитното европско судиско семејство. Во фудбалската конкуренција, нов носител на УЕФА значка е Стојанче Трпчевски, судија со ...

Македонскиот ракомет има многу тивки херои, а една од нив без сомнение е Гордана Ѓорѓеска – првата жена делегат од Македонија со ЕХФ значка за ракомет на песок, но и првиот македонски делегат за ракомет во инвалидски колички. Магистер по кривично право, поранешен ракометен судија и претседател на клуб, денес таа ја претставува Македонија на највисоката европска сцена. Во интервју за Спортска Мрежа, Ѓорѓеска зборува за љубовта кон ракометот, ...

Вечерва продолжуваат возбудувањата на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ откако петок беше слободен ден на турнирот. Програмата нуди четири натпревари, стандардно два кај јуниорите и два кај сениорите. Вечерата како и вообичаено се отвара во 18 часот со мечот во генерација 2010/2011 каде Mild Home Store ќе се соочи со Бригата 12, а пак половина час подоцна МК Гевгелија оди на мегдан со Џоко Чона Гевгелија. Кај сениорите предизвик ќе има ...

Актуелниот првак во ПМФЛ Шкендија, есенскиот дел од сезоната го заврши на третата позиција на табелата, со заостанување од шест бодови од првото место на Вардар, и пет од втората позиција на Струга ТЛ. Тренерот на тетовските „црвено-црни“ Јетон Беќири смета дека неговиот тим требало да има 3-4 бодови повеќе, односно да биде поблиску до водечките два тима Вардар и Струга ТЛ, но и дека европската есен и настапите во групата во Лигата на ...

Во периодот од 10 до 12 декември 2025 година, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) во соработка со одделот за развој на фудбал на УЕФА организираше тродневна посета со цел оценка на реализираните проекти во рамки на шесте области предвидени со УЕФА Грасрут активностите. Во рамките на посетата, беа оценети активностите, беа дадени повратни информации од вклучените учесници, како и од страна на УЕФА, со цел анализа на достигнувањата на ...

Историскиот пласман на Шкендија во елиминациската фаза од Конференциската лига на УЕФА не помина незабележано. Македонскиот шампион доби официјални честитки од Фудбалската федерација на Македонија и од претседателот Масар Омерагиќ, кои го истакнаа значењето на овој успех за македонскиот клупски фудбал. Од ФФМ потенцираат дека настапите на Шкендија на европската сцена претставуваат силна промоција на македонскиот фудбал и потврда дека ...

Есенскиот дел од сезоната Силекс го заврши на четвртото место со 31 бод од 16 натпревари, и со биланс од 10 победи, едно реми и пет порази. Кратовскиот тим минатата сезона заврши на вицешампионската позиција, а оваа приоритет ќе биде излез во Европа. Шефот на стручниот штаб Александар Васоски е во целина задоволен од пролетниот дел, иако жали за бодовите од два натпревари – против АП Брера кога од 1:3, на крајот мечот заврши нерешено, и ...

Настапите на Шкендија во европските натпреварувања оваа сезона донесоа не само спортска афирмација, туку и сериозен финансиски бенефит за тетовскиот клуб. Пласманот во плеј-оф фазата од Конференциската лига на УЕФА значи дека македонскиот шампион веќе обезбеди вкупен приход од околу шест милиони евра. Клубот од Тетово во европската авантура влезе со значајни приходи уште во претходните рунди, а настапот во плеј-офот дополнително ја зголеми ...

Македонскиот шампион Шкендија испиша златни страници во клупската историја, откако и покрај минималниот пораз од АЕК Ларнака (1-0) на гостински терен, обезбеди пласман во плеј-оф фазата од Конференциската лига на УЕФА и европска пролет – нешто што досега не му успеало на ниту еден македонски клуб. Тетовскиот тим го одигра натпреварот со јасна цел и дисциплиниран пристап, знаејќи дека судбината не зависи само од овој дуел. Шкендија настапи ...

Со сигурна и доминантна игра, Куманово ја совлада Струга со убедливи 32-19 и на најдобар можен начин ја затвори 2025 година. Ова е третата победа за кумановскиот тим сезонава во Супер лигата. Дуелот беше неизвесен само во воведните дваесетина минути, по што домаќините ја презедоа контролата и на паузата заминаа со предност од 15-10. Во продолжението, Борјан Цековски со серија голови ја донесе првата двоцифрена разлика (21-11), по што ...

Екипата на Башкими ги крои плановите за пролетниот дел од сезоната. Тренерот Баже Јанакиевски е дециден дека со соодветни засилувања и подготовки, кумановскиот состав ќе обезбеди опстанок во елитата и ќе прикаже фудбал по вкус на публиката. Фудбалскиот клуб Башкими го заокружи првиот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига на средината на табелата. Со биланс од 6 победи, 4 нерешени резултати и 6 порази, кумановци, кои по долга ...

Екипата на Тиквеш на крајот од првиот дел на сезоната може да се окарактеризира како позитивна. Со оглед на тоа како почна прволигашот од Кавадарци, резултатите на крајот може да добијат позитивна оценка. Со смената на тренерското место на кое по заминувањето на Ѓорѓи Мојсов пристигна Борче Христов, работите тргнаа во позитивна насока. Осмото место и осумнаесетте бода на контото ветуваат добра стартна позиција за напролет, барем што се ...

Со цел континуирано унапредување на условите за тренинг и натпревари во футсал конкуренција, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) реализираше донација на ПУМА фудбалски топки за сите екипи кои се натпреваруваат во Првата и Втората футсал лига. Со оваа донација се опфатени вкупно 21 клуб, при што секоја екипа доби по 12 ПУМА фудбалски топки, наменети за тренажниот процес и официјалните натпревари. Иницијативата претставува конкретна и ...

Со 13 победи во 16 натпревари, фудбалерите на Струга Трим Лум имаа речиси совршена есен. На табелата се веднаш зад лидерот Вардар, со само бод заостанување, и сигурно дека напролет ќе ја продолжат трката за шампионската титула. Тренерот Бледи Шкемби е задоволен од постигнатото и изразува благодарност до сите кои го поддржувале тимот во овој период. Шкемби несомнено е еден од најуспешните тренери што ја воделе Струга Трим Лум, а со резултатите ...

Охрид како на тренинг натпревар рутински славеше над „фенерџијата“ Радовиш со убедливи 14:37 (7:15) и со тоа победнички ја затвори успешната 2025 година. „Гладијаторите“ воопшто и не се испотија, а тимот го водеше помошникот Наум Бабачев, во отсуство на српскиот стратег Борис Ројевиќ кој остана во Охрид. Во комбиниран тим без многу сила и напор Охрид победнички се враќа дома, а Радовиш ќе презими на дното од табелата со многу прашалници како ...

Синоќа на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ беа одиграни четири натпревари. Кај јуниорите во генерација 2016/2017 екипата на Жила Стојаково со 7:0 го декласираше тимот на МК Гевгелија. Во вториот меч од генерација 2012/2013 Џокер Фурка со Џоко Чона Гевгелија заврши исто така со „лото“ победа од 7:0. Кај сениорите Баламов Компани со 114 го декласираше тимот на Електор Петар, а пак Кафе Бар Проект со 3:0 го доби Десива Транспорт. Вечерва ...

Младинските академии на ФК Вардар и ФК Бутел 2017 постигнаа договор за идна соработка, со цел унапредување на развојот на младинскиот фудбал и создавање подобри услови за напредок на младите фудбалери. Со овој договор, двете страни воспоставуваат партнерски односи кои ќе овозможат меѓусебна размена на играчи, спортски знаења и практики, како и заедничка работа во насока на откривање, развој и промоција на млади фудбалски таленти. ФК Бутел ...

Вечерашната програма на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ нуди четири натпревари од кои два кај јуниорите, а пак два кај сениорите. Вечерта се отвара со натпреварот кај јуниорите од генерација 2012/2013 од 18 часот меѓу Дојранско Езеро и Mild Home Store, а пак половина час подоцна во генерација 2010/2011 ќе се соочат Фавела Бојс против Маркет Го-Да Чонов Микро. Кај сениорите во 19 часот Клик од Гевгелија оди на мегдан со Илинден 2007 од ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
77%
1017
weather icon

Белград

18ᴼ / 16ᴼ
3.6
67%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 15ᴼ
2.57
74%
1013
weather icon

Софија

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
82%
1018
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
0.87
82%
1015
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
4.63
57%
1014
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
46%
1018
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.03
48%
1017
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.54
63%
1016
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 17ᴼ
4.12
58%
1015
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.03
85%
1014
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
0.0
63%
1018
Currency

61.6417

Currency

52.4626

Currency

71.2993

Currency

37.9534

Currency

38.4775

Currency

67.3564

Currency

7.70223

Currency

0.70181

Currency

0.33535

Currency

0.52518

Currency

1.15978

Currency

0.55488

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Рутениум

51376.89

Иридиум

253540.09

Платина

66744.95

Алуминиум

3.53

Злато

152465.86

Калај

52.70

Бакар

12.46

Паладиум

49351.40

Сребро

2534.46

Родиум

319899.93