Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
ГРК Охрид на 9 јануари ќе ги започне зимските подготовки за вториот дел од сезоната во Суперлигата, додека пак тимот главната фаза ќе ја реализира во Србија. Охриѓани ќе престојуваат вкупно 10 дена надвор од Македонија, со јасна цел – подготвено да го дочекаат продолжението од Суперлигата. Од 9 до 16 јануари, тимот ќе биде сместен во Врбас, каде што покрај тренажниот процес ќе одигра и контролен пријателски натпревар. На 13 јануари 2026 ...
Кошаркарскиот клуб Баерн Минхен официјално го промовираше македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ. По заминувањето на Спенсер Динвиди, германскиот шампион реагираше брзо и го доведе 27-годишниот комбо-бек со богато евролигашко искуство. Димитријевиќ летово од Олимпија Милано се пресели во Зенит Санкт Петербург, но сега повторно се враќа на највисокото европско ниво. МВП на ВТБ лигата за 2024 година потпиша договор со Баерн до крајот ...
Уште едно во низата заминувања од шампионот Форца, откако Берат Рамадани потврди дека заминува од кумановскиот прволигаш и со тоа кариерата ќе ја продолжи во новата средина. 30-годишниот Рамадани во Форца пристигна во септември 2023 година и со клубот од Куманово двапати ја освојуваше двојната Круна, а пристигна од редовите на Арбен Бајрами. Претходно, искусниот играч настапуваше и за Шкупи и Јувентус Серава во Првата футсал лига на ...
Актуелниот македонски шампион, Шкендија, денес ги започна зимските подготовки за пролетната полусезона, во кој Шкендија ќе се натпреварува на три фронта – домашното првенство, Купот и за првпат во својата историја со предизвици и во европската пролет, по пласманот во плеј-офот на УЕФА Конференциската лига. Првите денови се наменети за медицински прегледи, по што екипата ќе премине со работа со по две тренинг-сесии дневно. Еден контролен ...
Прволигашот Тиквеш од Кавадарци вечерва излезе со соопштение со кое се демантираа дека е прекината соработката на одредени фудбалери. Од клубот посочуваат дека демантираат објава на македонски медиум, во која како што посочуваат од Тиквеш било наведено дека е прекината соработката на одредени фудбалери. „Демант, ГФК Тиквеш ја демантира објавата на редакцијата gol.mk, во која е наведено дека е прекината соработката на одредени фудбалери со ...
Младиот стратег Мартин Алаѓозовски на 9 јануари ја закажа првата ждрепка и првиот собир на прволигашот Брера Струмица со што ќе започнат подготовките за пролетната полусезона. Ќе има промени во ростерот на струмичкиот прволигаш, од тимот заминаа Фахд Нзенгуе, Фодеј Травали, Хаџи Драме и Мануел Куестас кој беше на позајмица од Вардар. Според информациите на Спортска Мрежа се водат интензивни преговори за засилувања кои во следниот период ќе ...
Прволигашот Башкими на 10 јануари официјално ќе започне подготовките за пролетниот дел од сезоната. Првата фаза од подготовките ќе се реализира во Куманово, каде што екипата ќе престојува до 23 јануари, а главната фаза ќе се реализира од 23 јануари до 4 февруари во Хрватска. На хрватско тло целта ќе биде подигнување на физичкото, тактичкото и организациското ниво на екипата, со цел што поквалитетни настапи во продолжението од сезоната и ...
Прволигашот Струга Трим Лум денеска официјално ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига. По завршувањето на зимската пауза, фудбалерите се собраа на Градскиот стадион во Струга, каде што го одржаа првиот тренинг во 2026 година под водство на тренерот Бледи Шкемби. Собирот беше закажан за 13:00 часот, а на него се појавија сите фудбалери кои во изминатиот период ги искористија своите одмори. Стручниот ...
Македонската машка кадетска репрезентација ја заокружи контролната серија со уште една сигурна победа против Црна Гора, славејќи со 31-24 во вториот пријателски натпревар. По убедливиот вчерашен триумф со 15 гола разлика, избраниците на селекторот Горан Кузманоски и овојпат го контролираа резултатот во најголемиот дел од дуелот, иако противникот даде посериозен отпор. Дуелот започна со водство од 6-2 за нашите кадети, но гостите успеаја да се ...
Иако имаше важечки договор до јуни, грузискиот репрезентативец- Теимураз Орјоникидзе, повеќе нема да биде дел од составот на Охрид во продолжението од сезоната. Поради повредата што ја заработи на репрезентативен настап минатиот мај, левиот бек не успеа да се врати целосно во натпреварувачки ритам и нема да може да му биде на располагање на тренерот Борис Ројевиќ. Во консултација со клубот, беше донесена одлука двете страни спогодбено да се ...
Босанскиот интернационалец Алдин Хрвановиќ кој го напушти Силекс, кариерата ја продолжи во Радник Бјелина. Напаѓачот за Силекс во Првата македонска фудбалска лига одигра 15 натпревари, а на кои постигна три гола. Во македонскиот Куп, сега веќе екс фудбалерот на Силекс одигра два натпревари и постигна три гола, додека пак во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, за тимот од Кратово настапи на двата натпревари и постигна еден гол. ...
Прволигашот Тиквеш од Кавадарци формата за пролетниот дел од сезоната ќе ја темпира во Белек, Турција. Шефот на стручниот штаб Борче Христов ја закажа прозивката за 9. јануари, кога Тиквеш официјално ќе ги „запали“ моторите за старт на подготовките за пролетниот дел од сезоната. Формата ќе се проверува преку пријателски натпревари кои ќе се одиграат на турски тло, а каде тимот од Кавадарци ќе престојува во период од 17 до 31 јануари, по што ...
Вардар продолжува да ги задржува играчите во своите редови, откако потпиша договор со Димитар Тодоровски до јули 2028 година. Задоволни од прикажаното во досегашните настапи, начинот на работа, дисциплината, упорноста, желбата за успех на овој млад играч, ФК Вардар АД гледа блескава иднина на Димитар Тодоровски во црвено-црното семејство. На заедничко задоволство извршниот директор на ФК Вардар АД, Миленко Неделковски, и играчот за врска ...
Актуелниот шампион на Македонија, Шкендија, се засили со Дрилон Ислами, е работи за 25-годишен дефанзивен играч за врска. Ислами до неодамна беше дел од романскиот Клуж, но сега се договори со тетовскиот тим и веднаш се стави на располагање на тимот кој го води Јетон Беќири. Исмаили беше блиску до трансфер во косовскиот шампион Балкани, но тој договор не се реализира, па Исмаили пристигна во Шкендија. Низ својата кариера беше дел од ...
Есенскиот шампион во Втората лига, тимот на Охрид за пролетната полусезона во која ќе води битка за влез во Прва лига се засили со Давор Серафимов. Станува збор за 20-годишен фудбалер кој настапува на бековски позиции, а меѓу „рибарите“ доаѓа од редовите на прволигашот Шкупи. Низ својата кариерата покрај за Шкупи има настапувано и за Вардар и Металург. Новиот „рибар“ е младински репрезентативец на Македонија со околу 20 настапи. Претходно, ...
Играчот од среден ред Метин Ќерими ќе има нов клуб за вториот дел од сезоната, откако како што дознава Спортска Мрежа 23-годишникот сака да го промени клубот и да има нов предизвик во својата кариера. Тој во Вардар Неготино пристигна на почетокот од актуелната сезона од редовите на прилепска Победа, а по шест месеци Ќерими би можел да продолжи во нив клуб. Во досегашниот тек од неговата кариера, тој покрај за тимот од Неготино и Прилеп, ...
Македонската ракометна репрезентативка Јована Кипријановска имаше одлично деби за новиот клуб Рух Калиш во полскиот шампионат, откако на првиот меч за новиот клуб Кипријановска беше прогласена за најкорисен играч на натпреварот (МВП). Сепак, нејзиниот тим загуби од Галичанка Лвов со резултат од 29:33, а Кирпијановска имаше фантастично деби која покрај наградата МВП постигна и осум гола за нејзиниот нов тим. Во следното коло Рух Калиш ќе бара ...
Кошаркарската федерација на Македонија сподели информации за вториот преоден рок за сезона 2025/2026, Односно термините за преоден рок во сениорските лиги, преоден рок во сите младински лиги, како и дополнителни информации и информациите за двојната лиценца. Во продолжение комплетното соопштение од федерацијата. Кошаркарската федерација на Македонија сподели информации за вториот преоден рок за сезона 2025/2026, Односно термините за ...
Бојан Спиркоски ќе има нов клуб во својата кариера, откако одлучи да се раздели со Беласица, откако во второлигашот од Струмица помина шест месеци односно настапуваше во есенската полусезона. 30-годишниот Спиркоски може да покрие повеќе позиции во нападот, како и во офанзивниот дел од средниот ред. Во Беласица пристигна од редовите на битолски Пелистер, а претходно во неговата богата кариера беше дел и од Победа, Силекс, Велешта, 11-ти ...
Искусниот централен дефанзивец Оливер Христов е слободен играч, откако се раздели со второлигашот Детонит Плачковица, па со тоа 29-годишникот кариерата ќе ја продолжи во нова средина. Христов остави длабока трага во радовишкиот фудбал откако за Детонит Плачковица настапуваше во два наврати, првиот пат во период од август 2022 до февруари 2023, а потоа и од август 2023 година во втор негов престој во овој клуб од Радовиш. Претходно, Христов за ...
Второлигашот Шкендија Арачиново го претстави своето четвртото зимско засилување, се работи за Сухејб Рушити, кој доаѓа од редовите на Слога Виница. Дефанзивниот играч од средниот ред ќе биде големо освежување во тимот на Љупчо Марковски – Калц, а притоа и ќе претставува големо засилување. Низ својата кариера 25-годишникот беше дел и од Детонит Плачковица, Гостивар, Скопје, Вардар Форино, Шкупи и Металург. Претходно, како што веќе објави ...
Давид Велковски си замина од Детонит Плачковица, 25-годишникот реши да ја продолжи кариерата во нова средина. Радовишкиот второлигаш остана без десниот бек, кој пристигна од редовите на Вардар во февруари 2025 година, а по една година двете страни се разделуваат. Фудбалерот од Свети Николе покрај за второлигашот Детонит Плачковица и Вардар, настапуваше и за Брегалница, а првите фудбалски чекори ги направи во Овче Поле. Велковски го потврди ...
Поранешниот капитен на македонската репрезентација до 21 година, Иван Николов и данскиот суперлигаш Сондерјиске, спогодбено се договорија да ја прекинат соработката. Од клубот потврдија дека се разделиле со Николов, кој веќе е слободен играч и кариерата ќе ја продолжи во нова средина. Николов две ипол години помина во редовите на данскиот тим, а во пролетниот дел од минатата сезона штипјанецот беше на позајмица во во данскиот второлигаш ...
Охриѓанецот Александар Ѓорѓиески кариерата ќе ја продолжи во нова средина, откако се раздели со второлигашот Шкендија Арачиново, клуб за која настапуваше од февруари 2025 година, дознава ексклузивно Спортска Мрежа. 25-годишникот во тимот од Арачиново пристигна од Кожуф, тогаш Шкендија беше третолигаш, стана шампион во Трета лига – Север, постигна и погодок во баражот за влез во Втора лига, но по една година Ѓорѓиески се одлучи за промена. Низ ...
Во билтенот број 13 на Кошаркарската федерација на Македонија за Првата лига група А и група Б се забележани неколку парични казни кои ги заработија клубовите. За разлика од групата А каде паричните казни се помали, во групата Б паричните казни се повисоки, а се однесува за натпреварите од последното есенско коло во Првата кошаркарска лига односно 11-тата рунда. Одлуки во билтенот за групата А на Првата лига: Во групата А фокусот кога ќе се ...
Николче Шаркоски не е повеќе фудбалер на Кожуф, откако искусниот играч одлучи да се раздели со второлигашот од Гевгелија, ексклузивно дознава Спортска Мрежа. 31-годишниот прилепчанец само шест месеци помина во тимот од Гевгелија, а во Кожуф пристигна од редовите на скопски Вардар. Сепак, искусниот фудбалер ќе има нов предизвик во својата кариера, а како што дознава Спортска Мрежа, Шаркоски останува во македонскиот фудбал. Низ својата кариера ...
Македонските судии уживаат доверба кај Европската ракометна федерација, која ги одреди Исмаил Металари и Ненад Николовски да делат правда во дерби натпревар од 9. коло на Лигата на шампионите во женска конкуренција. Македонските судии ќе ја делат правдата на мечот меѓу Мец и европскиот првак Ѓер. Ова е дерби од групата на А – Ѓер е лидер со максимални 16 бодови има осум од осум, а пак Мец е втор со 14 бодови и учинок од седум победи и еден ...
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди официјалните лица за натпреварите од 9. коло во женската Лигата на шампионите, при што македонската судиска двојка Силвана Карбеска и Марија Илиева доби ново значајно меѓународно признание. Карбеска и Илиева ќе ја делат правдата на дуелот меѓу хрватскиот шампион Подравка и францускиот вицепрвак Брест Бретањ, натпревар кој е дел од елитното европско натпреварување. За делегат на средбата е ...
Голманскиот репрезентативец на Македонија, Столе Димитриевски нема да си замине од Валенсија, ќе остане меѓу „лилјаците“, но ќе застане и меѓу стативите!? Неочекувани работи се случија по повредата на првиот голман на Валенсија, Хулен Агирезабала кој заработи незгодна повреда на мечот со Селта, а според коментарот на тренерот Карлос Корберан, истакна дека повредата на голманот Агирезабала делува сериозно. Ваквите околности отвараат простор ...
Македонскиот прволигаш Шкупи е најслабиот тим во Европа, откако Вулверхемптон со 3:0 го доби Вест Хем и со тоа стигна само до првата сезонска победа во Премиер лигата и тоа дури во 20. коло. Екипата на Вулверхемптон има учинок од една победа, три ремија и 16 порази, а на своето конто шест бодови. Сега тимот на Шкупи го имам приматот на „најслаб тим“ во Европа, откако се наоѓа на дното со едно реми и 15 порази од шеснаесет кола. Во друштвото ...