Младиот македонски тенисер Андреј Темов имаше извонреден настап на меѓународниот турнир “Дубровник Дуб Боул”, играјќи во категоријата до 13 години, каде што стигна до полуфиналето. Таму беше поразен од првиот носител и победник на турнирот, Јухен Лиу од Кина, со 2-0 во сетови (6-2, 6-3). На патот до полуфиналето, Темов елиминираше реномирани противници – прво го совлада третиот носител Јернер Мариншек од Словенија со 2-0 (6-4, 7-6(2)), а ...

Лука Модриќ денес ја посети официјалната продавница на Милан, а илјадници навивачи се собраа да го поздрават хрватскиот фудбалер. Модриќ кој потпиша договор со италијанскиот клуб од Серија А, изјави дека планира да освојува трофеи и понатака, а навивачите со вистинско воодушевување го пречекаа на првото официјално претставување пред нив. Погледнете дел од денешната атмосфера во Милано. Modrić mania in Milan as he’s set to arrive at the club ...

Фудбалскиот клуб Сандерленд вчера објави дека ќе обезбеди бесплатни сезонски билети за сите лојални навивачи над 85 години, кои барем три сезони по ред поседувале сезонски билети. Доколку некој од тие навивачи веќе платил сезонски билет за новата сезона, парите ќе им бидат вратени. Овој потег доаѓа како реткост во денешно време на модерен фудбал, кога повеќето клубови гледаат да добијат финансиска добивка од сите билети, наместо да ги задржат ...

Откако пред само неколку дена беше објавено дека и официјално згаснува англискиот фудбалски клуб Моркам, кој со себе носеше историја од дури 105 години, сега навивачите и персоналот се во обид да го спасат својот клуб. Приказната за згаснувањето на уште еден историски тим, под влијанието на лошо финансиско менаџирање од страна на сопствениците, ја погоди фудбалската јавност, но и ја разбуди пасијата на навивачите чиј клуб е неизоставен дел од ...

Навивачката група на ФК Вардар, Лојал Фанс, најави дека овој петок ќе одбележи 26 години постоење за време на дербито на нивниот клуб против битолски ФК Пелистер, на Градскиот стадион во Скопје. Прославата која била планирана за јубилејот минатата година, морала да биде одложена поради забрана за присуство на трибините, па навивачите решија оваа година да го прослават 26 роденден, токму во храмот на скопскиот фудбал. Со натпреварите во петок ...

Фудбалскиот свет со нетрпение ги очекува номинациите за “Златната топка”, а “France Football” денес ја отвори играта објавувајќи ја листата на кандидати за престижната Копа награда, признание за најдобар светски фудбалер под 21 година. На листата се наоѓаат десет од најголемите млади таленти во светот, а битката за трофејот се очекува да биде пожестока од кога било. Оваа награда, именувана по легендарниот француски фудбалер Рејмонд Копа, во ...

Клубот со убедливо најкреативниот маркетинг-тим во Англија, Барнли, повторно удри. Повратникот во Премиер лигата го официјализираше своето ново засилување, искусниот голман Мартин Дубравка, со уште едно урнебесно видео инспирирано од холивудските класици. Овојпат, тие го претставија 36-годишниот Словак со сцена од култниот акционен филм “Point Break” (1991) со Кијану Ривс, каде што бандата на ограбувачи носи маски од поранешни американски ...

По бројните критики за организацијата на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) во Скопје, со свој остар и директен коментар се огласи тренерот на олимпиецот Дарио Ивановски, Игор Јакимовски. Како директен учесник и на ЛОИ Париз 2024 и на ЕМОФ Скопје 2025, тој направи брутално искрена споредба помеѓу двата настана, со цел да ја прикаже, како што вели, вистинската слика. Вистината за Париз: Картонски кревети, заразена Сена и медали без ...

Од почетокот на сезоната почнаа да кружат многу гласини за несогласувањата во Маранело, а меѓу другото често беше спомнувана и можноста францускиот менаџер на тимот, Фред Васер, да си замине на крајот на сезоната после завршувањето на договорот. Сега од Ферари потврдија дека потпишале нов повеќегодишен договор со Васер, истакнувајќи дека сакаат стабилност пред новите регулации кои треба да стапат на сила од идната сезона. Фред се приклучи на ...

Возачот на Ферари, Шарл Леклер, успеа да ја обезбеди пол-позицијата на вчерашните квалификации, поставувајќи подобро време од двата болида на Мекларен, кои покажуваат вистинска доминација оваа сезона. И самиот Леклер после квалификациите изјави дека не знае како се случило тоа да дојде до првото место, како и дека “во овој случај ништо повеќе на разбира од Формула 1”. Но, она што му го обезбеди местото во првиот ред за денешната трка беше ...

Рожер Федерер е еден од најлегендарните играчи кои излегле на тенискиот терен низ богатата историја. Неговото место меѓу најдобрите е проткаено низ бројните историски мечеви кој тој ги одигра на големите турнири, каде остави наследство кое ќе се памети уште долго. Во новата реклама, брендот за луксузни часовници “Ролекс” објави видео во кое се собрани едни од неговите најлегендарни моменти на тениските терени… Погледнете го видеото и ...

Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ принудно се откажаа од турнирот “National Bank Open” во Торонто, поради повредите со кои се здобија за време на Вимблдон. Двајцата тенисери изјавија дека мора да си дадат време за заздравување од ситните повреди, но ќе се вратат на време на терените за турнирот во Синсинати. Британецот Џек Дрејпер исто така се откажа од турнирот во Торонто. “На Вимблдон се здобив со мала повреда на рамото и иако не е ништо ...

Оваа година УС Опен го сменија форматот за мешаните тениски двојки, а 25 двојки се пријавиле за натпреварувањето кое треба да се одигра на 19 и 20 август. Новиот формат веќе ги подели тениските кругови. Од оваа година, 50% од пријавите за мешани двојки се базираат на ранкингот во сингл, со цел да се привлечат ѕвезди како Јаник Синер и Ига Швјонтек. Турнирот ќе се одржи на 19 и 20 август, а вкупниот награден фонд е рекордни 1 милион долари. ...

Јаник Синер, италијанскиот тенисер и еден од најголемите таленти на денешницата, повторно го вработи својот поранешен кондиционен тренер Умберто Ферара – потег кој веднаш предизвика реакции во тениската јавност. Одлуката доаѓа неколку месеци по контроверзниот допинг инцидент, кога Ферара беше отпуштен откако се откри дека тој набавил крема што содржела забранета супстанца (клотебол), која индиректно заврши на телото на Синер преку ...

Стефанос Циципас минува низ кошмарна сезона, а неговите одлуки само ја отежнуваат ситуацијата. Некогашниот топ 3 играч, сега е тенисер кој рутински доживува рани елиминации, а финалињата на Грен слем турнирите се далечно минато. Очигледно е дека Циципас знаеше дека му е потребна промена. Затоа го ангажираше легендарниот Горан Иванишевиќ. Сепак, по само два турнира и, како што изгледа, поради малку “груба љубов” од страна на Хрватот, Циципас ...

Бугарскиот тенисер Григор Димитров ја потврди веста која љубителите на тенисот ја претчувствуваа, а тоа е дека тој нема да настапи на претстојниот УС Опен. Повредата на градната мускулатура, што ја заработи за време на драматичниот дуел против светскиот рекет број 1, Јаник Синер на Вимблдон, сè уште не е целосно санирана. Димитров пружи импресивна партија против фаворитот, освои два сета и беше во мртва трка во третиот, но болката го принуди ...

Кратката, но бурна соработка помеѓу Стефанос Циципас и Горан Иванишевиќ заврши, но ехото од разделбата и понатаму одекнува во тенискиот свет. По само два месеца заедничка работа, грчкиот тенисер го нарече поранешниот тренер на Ѓоковиќ “тиранин” и “диктатор”, обвинувајќи го за прекрути методи и премногу интензивни тренинзи. Во интервју за хрватската телевизија, Иванишевиќ се осврна на изјавите и ги нарече “извадени од контекст”. “Сè што реков, ...

Да се потсетиме на УС Опен 2016. Тогаш Стен Вавринка го изненади светот, освојувајќи ја својата трета Грен слем титула по епското финале против Новак Ѓоковиќ. Ова беше уште една победа за Швајцарецот во големите финалиња, продолжувајќи ја неговата неверојатна серија по триумфите на Ролан Гарос во 2015 и Австралија Опен во 2014 година. Со тој успех, Вавринка се израмни со Енди Мареј по бројот на Грен слем титули. Во тоа време, Мареј беше дел ...

Популарното списание “GQ” направи одлична фотосесија и интервју со српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ покрај брегот на Котор во Црна Гора. Во интервјуто тој зборуваше за односот кон исхраната, контраверзниот турнир во Австралија за време на КОВИД кризата и плановите за иднината во тенисот. “Кога станува збор за исхраната, јас сум многу религиозен. Сакам намирниците да бидат чисти и свежо подготвени. Не сакам да истражувам многу кога е храната ...

Накратко, пред да стигнеме до последниот коменатар, да се осврнеме како започна целата оваа тениска драма. Хрватскиот тенисер кој сега има тренерска кариера, Горан Иванишевиќ, беше долги години тренер на Новак Ѓоковиќ. Неодамна, тој стана тренер на грчкиот тенисер Стефанос Циципас и иако оваа соработка заврши за помалку од два месеци, донесе драма што не би се очекувала ни од долгогодишно тренирање. Во целата сага се замеша и тренерот Патрик ...

Пред точно една година на денешен ден, 4 август, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои златниот медал на Олимпијадата во Париз, со што стана првиот тенисер во историјата кој успеал да ги освои сите големи тениски титули. Покрај бројните трофеи во Гренд Слем турнири, самиот Ноле во повеќе наврати имаше изјавено дека Олимпиското злато му претставувало сон, бидејќи играл не само за себе, туку и за својата држава. Колку само му значеше победата ...

Српскиот тениски ас објави дека нема да настапи на турнирот во Синсинати кој официјално ќе започне утре и ќе трае до 18 август. Следниот голем турнир на кој се очекува да настапи Новак Ѓоковиќ е УС Опен, а најверојатно ова е стратешки потег за зачувување на неговата форма и фокусирање на турнирот во САД. Најверојатно со оглед на тоа што Ноле има 38 години, тој понатака ќе се фокусира само на настапите на големите турнири, па не се очекува ...

Турнирот на “Шестте кралеви” (Six Kings Slam) е ревијален тениски турнир во Саудиска Арабија, кој е закажан од 15 до 19 октомври оваа година. Овој турнир е желба на Шеикот, а наградите се навистина примамливи, па најдобрите тенисери си делат премија од 6 милиони долари, што е два пати повеќе од наградата на победникот на било кој Гренд слем турнир. Минатата година на турнирот настапија и Рафаел Надал и Данил Медведев, а оваа година се ...

Со својата прва победа на АТП Мастерс 1000 турнир, Американецот Бен Шелтон го достигна своето најдобро рангирање на листата на најдобри тенисери и се искачи на шесттото место, каде претходно се наоѓаше српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Шелтон на турнирот во Канада успеа да го совлада Карен Качанов со победа во три сета, што претставува негов личен најдобар резултат, откако претходно доаѓаше до четврт-финалињата на Мастерс турнирите. 22 ...

РК Алкалоид продолжува со засилувањата за новата сезона. Улфар Пал Монси Тордарсон, еден од најпродуктивните ракометари од минатата сезона во ЕХФ Европската лига, од денес е нов член на “синиот” табор. 25-годишниот Исланѓанец доаѓа од редовите на Валур, клуб со кој блескаше на европската сцена и се истакна како еден од најдобрите стрелци. За Тордарсон, трансферот во Скопје ќе биде прво интернационално искуство, откако претходно настапуваше и ...

Стојанче Стоилов, капитенот, лидерот и симболот на најголемите успеси на РК Вардар, го напушта клубот по 14 години верност. Оваа вест, која одекна како гром во македонската спортска јавност, не е резултат на взаемен договор, туку последица на, како што многумина го нарекуваат, срамен и понижувачки потег на раководството на клубот. Човекот кој го остави срцето на терен за “црвено-црните” беше принуден да си замине. Причината за раздорот: ...

По заминувањето на Раул Алонсо од клупата на Еурофарм Пелистер, потег кој ги изненади сите со оглед на успешната сезона со освоен шампионат и важечкиот договор кој Шпанецот го имаше со клубот, сега на негово место доаѓа уште еден Шпанец. Станува збор за Рубен Гарабаја Аренас, кој со Пелистер потпиша договор за идната сезона, со можност за продолжување и во наредните години доколку и двете страни се задоволни од соработката. 46 годишниот ...

Вчерашниот ден помина со возбудливи настани и спортови од сите категории на Европскиот младински Олимписки фестивал во Скопје. Македонските спортисти најголем успех постигнаа во кошарката 3х3 кога ја совладаа силната Германија, но подоцна вечерта изгубија од Литванија во тесен натпревар со резултат 17:19. Нивните колеги од големиот терен не успеаја да стигнат до првата победа за Македонија во кошарка, откако тесно беа поразени од Летонците со ...

РК Алкалоид продолжува со засилувањата за новата сезона, а едно од најзвучните имиња кои му се приклучија на тимот е српскиот репрезентативец Урош Борзаш. Бекот, кој важи за играч со силен шут и искуство од натпреварувања на високо ниво, веќе ги започна подготовките со новите соиграчи во Автокоманда. “Убаво и добредојдено се чувствувам во Алкалоид. Уште од стартот сите ме прифатија, атмосферата е тимска и позитивна. Условите за работа се ...

Уште едно легендарно крило на Рајн-Некар Левен заминува во пензија. По Уве Генсхајмер, и десното крило Патрик Гроцки објави дека сезоната 2025/2026 ќе биде неговата последна, по цели 19 години поминати во дресот на “лавовите”. По завршувањето на кариерата, тој ќе му се придружи на својот поранешен соиграч Генсхајмер во менаџментот на клубот. 19 години верност: “Лавовите се мојот дом” Во својата емотивна изјава, Гроцки ја објасни својата ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
76%
998
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
8.75
61%
997
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
92%
996
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
6.17
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.79
100%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
98%
996
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
5.36
84%
1001
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
58%
997
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
71%
999
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
6.17
91%
1003
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
6.69
88%
998
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
62%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Бакар

12.12

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.09

Рутениум

45750.51

Цинк

3.29

Паладиум

55781.55

Калај

48.78

Платина

83354.78

Злато

157561.16

Сребро

2733.78

Иридиум

221848.72

Родиум

339994.14