Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Тренерот на Челси, Енцо Мареска, на денешната прес-конференција пред стартот на Премиер лигата, одговори меѓу другото и на коментарите на тренерот на Ливерпул, Арне Слот. Имено, Мареска беше запрашан што мисли за коментарот на Слот, кој изјави дека “Челси требало да ја освојат титулата минатата година”. “Тоа го кажал Слот за нас за минатата сезона? Веќе кажав, не обрнувам внимание што зборуваат другите за нас. Исто така, лесно е да се ...
Шкендија во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите изгуби од Карабах, со што европскиот пат го продолжува со плеј-офот за Лига Европа, каде ќе игра со бугарскиот Лудогорец. Откако синоќа беа завршени и останатите натпревари од третото коло, сега се познати сите парови и распоредот за плеј-оф натпреварите. Шкендија прва ќе ги пречека Бугарите во Скопје на 21 август, а реваншот ќе се игра една недела подоцна на гости во Разград. ...
Денес во Кавадарци со дуелот помеѓу Вардар и Тиквеш ќе стартува второто коло од Првата македонска фудбалска лига. Домаќинот вели дека има огромна почит кон денешниот противник, но сепак веруваат во своите амбиции да одат на победа. Голманот на Тиквеш, Христијан Стевковски, кој беше одличен во првиот натпревар против Работнички, за веб страната на ФФМ ги кажа своите очекувања од денешниот дуел. “Вардар е една од најквалитетните екипи во ...
После само неколку дена од фантастичното деби на Димитар Данев во дресот на Вардар на мечот против Пелистер, денес младиот играч и соиграчите ќе бидат пред нов предизвик со гостувањето во Кавадарци. Данев, кој беше прогласен за најдобар играч во првото коло од Македонската фудбалска лига, сега за веб страната на ФФМ изјави дека победата ќе мора да ја заработат на терен. “Секако дека нè очекува тежок дуел. Сепак, Вардар е клуб кој секогаш и ...
Интернетот е убаво место, затоа што понекогаш ќе налетате на видео кое не сте знаеле дека постои, а ги вклучува двајцата најлегендарни фудбалери на сите времиња. Имено, во емисијата “La Noche del 10”, аргентинско ТВ шоу кое го водеше Марадона, гостин беше Пеле, па и покрај историјата на нивното ривалство на терените, тие одиграа една “пријателска”, покажувајќи дека имаат взаемна почит. На денешен ден, 15 август, 2005 година, Диего Марадона ...
Барселона ја започнува новата сезона во Ла Лига со натпреварот против Мајорка во сабота вечер. Но, Ханси Флик ќе мора да го подготви тимот со кој располага, откако поголемиот дел од претсезонските подготовки помина во знакот на регистрацијата на новите играчи. Во меѓувреме, “Mundo Deportivo” известува дека ѕвездата на Барселона, Роберт Левандовски со сигурност ќе биде изоставен од гостувањето во Мајорка овој викенд. Полскиот фудбалер се ...
Вчерашното финале на Суперкупот донесе вистински пресврт, кога Тотенхем од водство од 2:0, успеа да прими два брзи голови во последните минути од натпреварот против ПСЖ, за на крајот да изгуби на пенали. Играчот кој го постигна првиот гол за “Спарс”, беше и еден од трагичарите кои во пенал рулетот не успеа да постигне погодок. Денес, тој им се извини на навивачите преку социјалните мрежи, но и се заблагодари на соиграчите. “Скршен сум поради ...
Во моментов дресот од новиот клуб на јужнокорејскиот фудбалер Хеунг-Мин Сон во Лос Анџелес е најпродаван спортски дрес во светот. Американскиот консумеризам не е ништо ново, но изненадувачки е фактот што продажбата на дресот на Сони, ја надмина онаа на Меси и Леброн. Откако пред неколку дена беше објавено дека продажбата предизвикала пад на веб продавницата на ЛАФЦ, вчера беше објавено дека дури и 3ХЛ дресовите што биле останати како последни ...
Легендата на германскиот фудбал, Томас Милер, реши да ја продолжи својата кариера во МЛС лигата, па ова лето се пресели од Баерн Минхен во канадскиот клуб Ванкувер Вајткепс. Но, иако во европа сме навикнати на пречек на новите фудбалери од страна на официјалните лица на клубот, навивачите и можеби спонзорите, според традициите во Ванкувер, Милер беше пречекан од страна на поглаварот Вејн Спероу (yəχʷyaχʷələq) од индијанското племе Мусквам. ...
Јаник Синер е првиот полуфиналист на турнирот во Синсинати, откако вечерва го совлада противникот Феликс Оже-Алијасим со 2:0. Канаѓанецот успеа да му земе само два гема во вториот сет на светскиот тенисер број еден, па конечниот резултат во сетови беше 6-0, 6-2, со што Синер експресно дојде до полуфиналето. Синер со ова е поблиску до одбраната на титулата од лани, а уште еден импресивен податок е што ова беше 25 последователна победа за него ...
Со натпреварот помеѓу Ливерпул и Бормунт започнува новата сезона на Премиер лигата утре, па многу љубители на фудбалот ќе го дочекаат денот кој го чекаа цело лето. Шампионите од минатата сезона Ливерпул, ќе ја имаат честа да го одиграат првиот натпревар на Енфилд, после тешкото лето со тагување за нивниот соиграч Диого Жота. Според известувањето од лигата, сите натпревари од првото коло ќе започнат со оддавање почит на прерано загинатиот ...
Можеби најголемата трансфер драма ова лето се одвива во Њукасл со нивниот напаѓач Александер Исак. И додека ситуацијата од ден во ден станува сè покомлексна во најмала рака, тренерот на Њукасл во најновото интервју изјави дека клубот “едноставно ќе мора да научи да игра без него”. Последните информации се дека Исак не тренира со тимот на Њукасл, а сè поизвесно е дека нема да се појави ниту на првиот официјален натпревар од сезоната во Премиер ...
“Меси е најдобриот според мене” – сигурно не се зборовите кои навивачите на Реал Мадрид сакаат да ги слушнат, особено не од нивен играч, но токму тоа се случи на првата прес конференција која Мастантуоно ја имаше како нов играч на клубот. Имено, младиот Аргентинец Франко Мастантуоно денес беше претставен како нов играч на Реал Мадрид, по што тој имаше прес-конференција пред новинарите. На прашањето кој според него е најдобриот фудбалер на ...
Како што редовните читатели на Спортска Станица веќе можеа да забележат, една од нашите најголеми пасии се секако спортските стадиони низ светот. Па, еве уште една статија посветена на храмовите на фудбалот, овојпат од градот кој, според нас, е веројатно најдобриот град во светот кога станува збор за фудбал – Буенос Аирес. Покрај уникатните стадиони, она што го прави овој град посебен е самата атмосфера која ја создаваат навивачите, преполни ...
Македонската одбојкарска репрезентација вчера изгуби со 3:0 во Грција, по што остана само една шанса за трето последователно учество на Европските првенства, а тоа е победата над Грузија на домашен терен во недела. Одобојкарите веруваат дека можат да остварат победа дома, но побараа поддршка од навивачите на трибините во спортскиот центар “Борис Трајковски”. За таа цел, федерацијата објави дека влезот ќе биде бесплатен, па очекуваат во недела ...
Тимот од северот договорил уште еден трансфер пред истекот на летниот трансфер прозорец. Имено, Њукасл Јунајтед и Астон Вила постигнаа договор за трансфер на англискиот репрезентативец до 21 година, Џејкоб Ремзи. “Црно-белите” ќе платат 39 милиони фунти веднаш, плус дополнителни 5 милиони во бонуси кои се потешки за остварување. Ремзи ќе патува во североисточна Англија во четврток за да ги заврши медицинските прегледи, а договорот со играчот ...
Несомнено е дека каталонскиот гигант Барселона е глобален бренд, а нивното влијание го потврдија и со дигиталното присуство и фановите на социјалните мрежи. Денес клубот објави дека официјално достигнале 23.8 милиони следбеници на платформата “YouTube”, со што ги надминаа брендовите како ФИФА и НБА, станувајќи број еден спортски клуб. Минатиот јануари, Барса стана првиот спортски клуб кој успеа да ја помине бројката од неверојатни 20 милиони ...
Шпанскиот стратег и тренер на ПСЖ, Луис Енрике, имаше само пофални зборови за играта на противникот од вчерашното финале во Суперкупот на УЕФА. Тој после натпреварот изјави дека Тотенхем одиграле одличен меч и дека ако победеле тоа ќе било сосема заслужено. “Тотенхем одиграа одличен натпревар и беа посилни од нас… Не знам дали резултатот на крајот е фер, но тоа е фудбалот”, искрен беше Енрике. “Првите 80 минути од натпреварот не мислев дека ...
Усман Дембеле е на чекор поблиску до освојување на Златната топка, откако синоќа со својот клуб го освои трофејот во Суперкупот на УЕФА, после трилер натпревар кој на крајот Французите го добија на пенали. Со својот учинок во клучните моменти, Дембеле беше избран за играч на натпреварот, со што многумина сметаат дека тој веќе со сигурност ќе ја освои и престижната титула Златна топка. Оваа сезона беше одлична за ПСЖ, а на патот кон освојување ...
Најдобрата светска тенисерка, Арина Сабаленка, успеа без проблеми да ја помине противничката Џесика Бузас Манеиро. Сабаленка ја совлада Шпањолката со резултат 2-0 или 6-1, 7-5 во сетови за остварување на 50-та победа оваа сезона. Во другите натпревари од осминафиналињата во женска конкуренција, Елена Рубакина во тежок меч успеа да ја совлада Американката Медисон Кис со 6(3)-7(7), 6-4, 6-2 во сетови. И Ана Калинскаја имаше пред себе вистински ...
Најголемите фаворити за освојување на трофејот на турнирот во Синсинати, Јаник Синер и Карлос Алкараз, успешно ги поминаа осминафиналните мечеви и се пласираа во четвртфиналето на турнирот. Јаник Синер мораше да почека да заврши прекинот поради поројниот дожд за да дојде до победата над Адријан Манарино, кој на крајот го победи со 6-4, 7(7)-6(4) во сетови. Шпанецот Алкараз помина полесно против Италијанецот Лука Нарди, кого го совлада со ...
Пред самиот старт на новата сезона од Премиер лигата, на новиот играч во Сандерленд, Гранит Џака, му беше дадена честа да ја носи капитенската лента. Искусниот швајцарски репрезентативец, кој има 137 настапи за националниот тим каде ја носи лентата од 2020 година, претходно беше капитен на Борусија Менхенгладбах и Арсенал, а во неколку наврати го предводеше и Бајер Леверкузен во историскиот период на клубот. 32-годишниот Џака не ја криеше ...
Челси ќе одвои дел од бонусите што играчите ги добија за освојувањето на Светското клупско првенство, како финансиска донација за семејството на трагично починатите Диого Жота и неговиот брат Андре Силва. Лондонскиот клуб во јули стана шампион на новоформираниот проширен турнир на ФИФА, совладувајќи го ПСЖ со 3-0 во финалето на Метлајф стадионот во Њу Џерси. Освојувањето на титулата им донесе околу 114,6 милиони долари (84,4 милиони фунти). ...
По повод денешната победа на ПСЖ на европскиот Суперкуп, се огласија и од англискиот клуб Челси, кои на социјалните мрежи објавија фотографија со трофејот од Светското клупско првенство. “На денешен ден, пред точно еден месец, ние ги победивме ПСЖ на Светското клупско првенство”, стои во објавата, алудирајќи на тоа дека тие се најдобриот клуб во светот. #OnThisDay exactly one month ago, Chelsea beat PSG in the Club World Cup final! 🔵🏆 ...
Откако денешниот натпревар на Суперкупот беше отворен со пораката “Стоп за убивањето деца, стоп за убивањето цивили”, УЕФА на доделувањето на медалите настапи со уште еден смел чекор. Имено, на церемонијата на доделување на медалите учествуваа и две деца бегалци од Палестина, кои стоеја покрај претседателот на УЕФА Александер Чеферин, на покана на Фондацијата за деца на УЕФА. Овој потег на УЕФА е еден од најдиректните и најхрабрите досега, со ...
После целата сага околу повредата на голманот Марк-Андре тер Штеген и неговиот однос со каталонскиот клуб, тензиите стивнаа откако тој прифати да го потпише медицинскиот извештај и се обрати пред навивачите на Гампер купот. Сега Барселона и официјално излезе со соопштение дека Ла Лига потврдила дека неговата повреда ги исполнува критериумите за долготрајна повреда, со што тие ќе можат веднаш да продолжат со регистрација на новиот голман Жоан ...
На денешниот ден од турнирот во Синсинати, сега за сега единствен победник во машката конкуренција е Данецот Холгер Руне, кој службено го доби мечот откако неговиот противник Франсес Тијафо се повреди и мораше да се повлече од натпреварот на резулат 6-4, 3-1 во корист на Руне. Другите два натпревари во кои играат Јаник Синер против Адријан Манарино, како и Бен Шелтон против Баутиста мораа да бидат одложени поради поројниот дожд, но се очекува ...
ПСЖ го освоија Суперкупот на УЕФА, откако вечерва на пенали успеаја да го совладаат Тотенхем во трилер натпревар во кој до последните минути од регуларниот дел изгледаше дека францускиот гигант ќе замине дома поразен. Откако Тотенхем ги изненадија Французите во првиот дел со голот на Мики Ван де Вен во 39-та минута, надежите на Англичаните дополнително се зголемија кога новиот капитен Кристијан Ромеро успеа на самиот старт од второто ...
Гостински пост на Дејан Михајловиќ Вал Гардена, сместена во срцето на италијанските Доломити, е вистински рај за љубителите на активниот туризам во летниот период. За време на нашата посета, фокусот беше ставен на три дена исполнети со адреналински возења на планински велосипеди, додека останатите денови беа посветени на порелаксирани планинарења со спектакуларни глетки. Сепак, она што навистина остави силен впечаток беше МТБ аспектот на ...
Македонската кошаркарска репрезентација е елиминирана од претквалификациите за Светскиот куп 2027, откако по вторпат на идентичен, болен начин загуби од Романија, овојпат на гостински терен со резултат 79:66. Натпреварот во Орадеа беше трагична реприза на оној во Куманово. Нашите кошаркари одиграа одлично второ полувреме, успеаја да стопат двоцифрена негатива и на само три минути до крајот дојдое на само три поени разлика (69:66). И токму ...