Ракометарите на РК Алкалоид вчера заминаа во Маврово, каде во претстојните денови ќе ја подготвуваат својата форма за претстојната сезона. “Играчите одлично работеле и за време на паузата, па дојдоа подготвени и мотивирани, а истото важи и за новите засилувања. Работиме посветено, секој ден носи напредок и генерално сум многу задоволен”, истакна кондицискиот тренер Петар Баснарков. Во Маврово тренерот Кире Лазаров ги има на располагање сите ...

Новото засилување на ракометниот клуб Алкалоид, Михаил Аларов, во интервју за веб страната на клубот, раскажа за како се вклопил во новата средина, но и за тоа што очекува од сезоната. “Работиме доста напорно, имаме доволно време да ја темпираме формата според желбите на тренерот Лазаров и добро да се спремиме за тешката сезона, која сигурно ќе биде највозбудливата досега. Ќе имаме и тежок противник во Европа, но ние како играчи даваме ...

Арпад Штербик, еден од најголемите ракометни голмани на сите времиња, човекот што го носеше Вардар до европскиот трон и пишуваше историја со секој тим каде што настапуваше, сега останува без клуб. Веспрем, еден од најбогатите ракометни проекти во Европа, денес официјално ја потврди разделбата со Штербик по седум години соработка. Иако последниве пет години тој не беше на терен туку зад него, како тренер на голманите, влијанието на Штербик ...

Ракометарот на РК Алкалоид е дел од подготовките на клубот пред претстојната сезона. По минатогодишниот успех, во кој Дамјан одигра значителна улога, за оваа сезона вели дека се подготвуваат на највисоко ниво. Митев беше еден од играчите кои одиграа огромна улога во европските успеси на клубот, а оваа година очекува уште поголеми предизвици. “Подготовките течат на највисоко ниво. Задоволен сум многу од екипата, имаме добра хемија, се бориме ...

Големи проблеми за данскиот ракометен гигант Алборг пред самиот почеток на новата сезона. Клубот се соочи со неочекуван удар откако беше потврдено дека првиот голман и легенда на светскиот ракомет, Никлас Ландин, ќе мора да оди на итна операција на коленото. Според клубот, Ландин ќе биде надвор од теренот најмалку шест до осум недели. Повредата доаѓа во најлошиот можен момент. Ландин почувствувал болка во коленото на почетокот на неделата, а ...

На претпоследниот натпреварувачки ден од Европскиот Младински Олимписки Фестивал, македонските надежи во колективните спортови се бореа храбро, иако резултатите не беа на нивна страна. И додека европските атлетски ѕвезди рушеа лични и национални рекорди, нашите репрезентации продолжија да го носат националниот дрес со гордост и посветеност до самиот крај. Колективните спортови: Порази во битките за пласман, но не и во духот Во борбите за ...

Македонската машка јуниорска кошаркарска репрезентација денеска го започнува настапот на Европското првенство до 18 години во Дивизија А, кое од 26 јули до 3 август се одржува во Белград. Избраниците на селекторот Горан Андреевски ќе ги бранат боите на Македонија против европски кошаркарски сили како Литванија, Грција и Србија, во групата “Ц”. Ова е единствена македонска репрезентација што ова лето настапува во највисокото европско друштво ...

Никола Јокиќ во неколку наврати има изјавено дека игра кошарка затоа што тоа му е работата, па не покажува премногу емоции дури ни кога освојува титули. За разлика од НБА, пасијата и љубовта на Јокиќ се коњите, па погледнете ја разликата во неговите емоции кога победува неговиот коњ, наспроти освојувањето на шампионатот во најсилната кошаркарска лига. An emotional Nikola Jokic reacts after watching his horse win pic.twitter.com/JUqd6z5X7T — ...

Викендов заврши Европскиот младински Олимписки фестивал кој за прв пат се одржа во Македонија, а Скопје и Куманово беа домаќини на скоро 4 илјади млади спортисти. И како по обичај, јавноста најпрво не ни знаеше дека таков голем спортски настан ќе биде организиран кај нас, а откако дозна – почнаа да пристигнуваат критиките. Водата била топла, храната била малку, салите биле празни… Па, решивме да ја дадеме и нашата перспектива на целиот ...

Кошаркарската федерација на Македонија денес ги објави термините од претквалификациските натпревари за Светското првенство 2027 година. На големиот празник-Илинден, на 2. август, со почеток во 20:00 часот, во спортската сала во Куманово, машката сениорска репрезентација на Македонија за противник во првото коло од натпреварите во групата “Е” ја има селекцијата на Романија. После успешните подготовки и двата контролни натпревари со Швајцарија, ...

Селекцијата која на Светското првенство 2023 ја фасцинираше кошаркарската јавност и стигна до сребро, сега е посилна, помотивирана и подготвена на Евробаскетот 2025 да тргне по златото. Светислав Пешиќ, еден од најтрофејните европски тренери и селектор кој одамна знае како се освојуваат титули, го објави поширокиот список на Србија за континенталниот шампионат кој од 27 август до 14 септември ќе се игра во Летонија, Полска, Финска и Кипар. ...

Иако е еден од најдобрите кошаркари во НБА и несомнено најдобриот словенечки играч, Лука Дончиќ никогаш не изгледаше баш како врвна атлета што се однесува до физичкиот изглед. Сега, тоа се промени, а Дончиќ за “Men’s Health” даде интервју во кое објасни дека решил да го подигне нивото на неговата игра, а трансформацијата започнала од кујната. Со помош на нутриционистот Луција Алмендрос, со кој соработува изминативе две години, тој работел на ...

По завршувањето на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) во Скопје, претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, во гостувањето во подкастот на Стефан Лазаров, даде своја детална анализа за организацијата, предизвиците и придобивките од најголемиот спортски настан некогаш одржан во нашата земја. Гордост и бројки: “Настан што ги надмина и Медитеранските игри” Димевски го оцени фестивалот како врв на неговата ...

По неколку години во кои беа на чекор до најголемите титули, кошаркарската репрезентација на Србија со сите свои ѕвезди се собра да ги започне подготовките за Евробаскетот 2025, со една единствена цел, конечно да го освои златниот медал. Со имиња како Никола Јокиќ и Богдан Богдановиќ во тимот, целата нација повторно сонува за враќање на врвот. Играчите не се кријат: “Време е за титула!” За разлика од многу други репрезентации, српските ...

Најсилната кошаркарска лига во светот, популарната НБА, денес објави дека почнувајќи од 2026 година, ќе игра дел од своите регуларни натпревари на европско тло. Во план е да се одиграат шест натпревари во текот на наредните три години, почнувајќи со Лондон и Берлин во 2026 година, по што ќе следуваат Манчестер и Париз во 2027 година, а ќе завршат повторно со Берлин и Париз во 2028 година. Ова ќе биде прв пат во историјата на Лигата да ...

Од сензационалната размена во февруари до оваа сабота, шокот околу доаѓањето на Лука Дончиќ во Лос Анџелес Лејкерс сè уште одекнува низ НБА светот. Но веќе нема место за сомнеж: Дончиќ останува во жолто-виолетовиот дрес. Лејкерс денес објавија дека словенечкиот кошаркар потпишал нов договор во траење од три години, вреден 165 милиони долари, а веста ја потврди и самиот кошаркар. Овој потег го поставува Дончиќ како долгогодишно лице на ...

Македонската кошаркарска репрезентација го започна настапот во втората фаза од претквалификациите за Светското првенство 2027 со пораз на домашен терен. Во реновираната сала во Куманово, избраниците на Марјан Илиевски беа поразени од Романија со 72:80, по меч исполнет со бројни пресврти, но и блесоци на индивидуална класа. Првата четвртина донесе изедначена игра и резултатско надигрување. По стартното водство на Романците (12:7), Македонија ...

Видно беше разочарувањето во македонскиот табор после изгубениот меч од Романија, а своето разочарување од пропуштената шанса не го криеше ниту селекторот Марјан Илиевски на прес-конференцијата после натпреварот кој се одигра во Куманово. “Искрено жалам за поразот бидејќи во две минути се реши овој меч. Постојано беше егал, он потоа за краток период, со една две загубени топки и промашени отворени шутеви, мечот се сврте во полза на гостите. ...

Македонскиот повратник во репрезентацијата, Џејкоб Вајли потпиша едногодишен договор со литванскиот клуб Ритас. Вајли, кој повторно одигра одличен меч за нашата репрезентација, се одлучил за овој трансфер поради понудените услови во Литванија, наспроти заинтересираните клубови од Шпанија. “Морам да кажам дека имав и други понуди, пред се од екипи од Шпанија. Но, се одлучив на онаа која дојде од мојата менаџерска агенција која ме води во една ...

Грчкиот тим АЕК Атина го прави еден од најинтересните и најризичните експерименти на летниот трансфер-пазар. Клубот состави напад од четири звучни имиња кои некогаш играа во најголемите европски клубови, но чии кариери во последните години се во голем пад. Напаѓачката линија, составена од Лука Јовиќ (поранешен играч на Реал Мадрид), Антони Марсијал (поранешен играч на Манчестер Јунајтед), Ерик Ламела (поранешен играч на Тотенхем) и ...

Изминатиов период можевме да го видиме претставувањето на новите дресови на многу светски клубови, а со денешниот старт на Првата македонска фудбалска лига, време е да ги видиме и дресовите во кои ќе истрчаат фудбалерите на македонските клубови оваа сезона. Вчера на официјалната страна на ФФМ беа објавени сите дресови во кои ќе настапат 12-те клубови на МФЛ. За жал, за повеќето од клубовите не можевме да најдеме убави фотографии од новите ...

Во потег кој ја враќа вербата во спортските вредности, најтрофејниот македонски клуб, Вардар, ѝ оддаде огромна почит на својата најголема легенда. Андон Дончевски, иконата на “црвено-црните” и првиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, е едногласно прогласен за почесен претседател на клубот. Оваа историска одлука, донесена на предлог на неизвршниот директор Мартин Гелев, е повеќе од само функција – таа е исправување на една ...

Во пресрет на новата натпреварувачка сезона во македонскиот фудбал, Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Хелсиншкиот комитет за човекови права започнаа заедничка кампања под мотото “Игра без говор на омраза”. Целта на оваа иницијатива е да се подигне свеста кај сите актери во фудбалот, од играчите на теренот до навивачите на трибините, за потребата од фер-плеј, почит и елиминирање на говорот на омраза од спортските настани. “Спортот ...

Лоши вести за Барселона на само една недела пред почетокот на новата сезона во Ла Лига. Клубот и официјално потврди дека најдобриот стрелец, Роберт Левандовски, заработил повреда на задната ложа на левата нога и неговиот настап на првиот натпревар против Мајорка е под голем знак прашалник. Ова е огромен удар за тимот на новиот тренер Ханси Флик, кој ќе мора да бара алтернативни решенија во нападот во клучен момент од сезоната. Што точно се ...

На денешен ден, пред точно 100 години, заврши една од најголемите и најлегендарните турнеи во историјата на фудбалот. Во 1925 година, уругвајскиот клуб Насионал ја заврши својата историска европска авантура, во која одигра серија натпревари против најголемите европски клубови и репрезентации, привлекувајќи неверојатни 800.000 гледачи на трибините. Она што ја прави оваа приказна уште пофасцинантна е начинот на кој тие беа претставувани низ ...

Вардар со моќна игра и четири погодоци го освои вечното дерби против Пелистер, славејќи со убедливи 4:1 на Градскиот стадион во Скопје. Новата сезона само што започна, а “црвено-црните” испратија порака дека имаат сериозни амбиции. Дуелот започна со претпазлив ритам, но домашните први покренаа сериозна акција за постигнување на погодок. Во најсериозната шанса од првиот дел, младиот репрезентативец Димитар Данев излезе сам пред Јовчевски, но ...

Голманот на Барселона, Марк-Андре тер Штеген, денес за прв пат се огласи во јавноста после целата драма околу непотпишувањето на медицинските извештаи, со што го спречи својот клуб да ослободи дел од неговата плата за регистрација на новите играчи. Очигледно работите се решиле зад затворени врати, бидејќи тој во изјавата напиша дека периодов бил тежок за него и првичните изјави дека ќе отсуствува три месеци биле по консултации со медицински ...

Новиот 10 годишен договор меѓу спортскиот бренд Адидас и актуелниот шампион од Премиер лигата, Ливерпул, очигледно е одлично прифатен од страна на навивачите, кои побрзаа да ги купат новите дресови од оваа соработка. Новите звучни имиња како Флоријан Вирц, кој сега за сега е најскап трансфер летово, дополнително ја зголемија побарувачката на дресови пред претстојната сезона, па во првата недела неговиот дрес е најпродаван на официјалната веб ...

Пеп Гвардиола се огласи денес во однос на повредата на Родри, а според најновите информации, фудбалерот на Манчестер Сити ќе мора да отстуствува од терените најмалку до средината на септември. “Родри се чувствува подобро, но имаше голема повреда во последниот меч против Ал Хилал и во претходните пет или шест недели. Тој веќе тренира, но очекуваме да се врати во целост после интернационалната пауза”, изјави Гвардиола. “Се надеваме дека во ...

Вчера и официјално беше најавено дека тренинзите на Манчестер Јунајтед ќе се префрлат во новиот тренинг центар, чија реконструкција беше официјално завршена. Тренинг центарот Карингтон бил завршен во предвидените рокови и буџети, а неговата реконструкција чинела 50 милиони фунти. “Карингтон, кој е дом на нашите фудбалски клубови како Манчестер Јунајтед, е направен според визијата на Сер Алекс од 2000 година”, изјави во видеото Омар Берада, ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
76%
998
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
8.75
61%
997
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
92%
996
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
6.17
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.79
100%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
98%
996
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
5.36
84%
1001
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
58%
997
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
71%
999
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
6.17
91%
1003
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
6.69
88%
998
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
62%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2733.78

Калај

48.78

Иридиум

221848.72

Паладиум

55781.55

Кобалт

64.04

Злато

157561.16

Алуминиум

3.09

Родиум

339994.14

Платина

83354.78

Рутениум

45750.51

Цинк

3.29

Бакар

12.12