Според пишувањето на поголемиот дел од спортските новинари за трансфери, Алехандро Гарначо најверојатно ќе успее ова лето да се пресели во Челси. “Сините” веќе влегле во напредни преговори со Манчестер Јунајтед, а веќе се разговара за деталите на договорот и цената на трансферот, откако претходно Гарначо и самиот изјавил дека “или ќе оди во Челси, или не оди никаде”. Во јавноста се зборува дека трансферот би бил меѓу 30 и 50 милиони фунти, а ...

Во светот на МотоГП, каде секоја милисекунда е клучна, а маркетингот движи милиони, Дукати постигна нешто навистина големо. Патриција Кианети, директорката за глобален маркетинг на Дукати, неодамна за “Марка” откри дека доаѓањето на Марк Маркез во нивните редови е потег кој ги надминува сите спортски очекувања. Таа дури го спореди со ангажманот на легендарниот Валентино Роси, тврдејќи дека Маркез носи далеку поголема вредност за брендот. Како ...

Во потег кој најавува смирување на тензиите и обединување на сите вардарци, раководството на ФК Вардар и навивачката група “Комити” постигнаа договор за драстично намалување на цените на билетите за Јужната трибина за сите домашни натпревари во сезоната 2025/26. Оваа одлука доаѓа по барање на навивачката група, со цел да се овозможи масовна поддршка за клубот во борбата за шампионската титула. “Јужна – место за сите Вардарци” Според ...

Р’ржењето на моторите и адреналинот од брзината наскоро ќе го освојат Холивуд! Во ексклузивно соопштение, “Deadline” открива дека нов филм за светот на МотоГП е во продукција, а главната улога му припадна на ѕвездата Тимоти Шаламе. Но, ова не е само уште еден филм за трки. Филмот, насловен “High Side”, го режира реномираниот Џејмс Менголд, човек кој веќе докажа дека знае како да ја пренесе магијата на мотоспортот на големото платно со ...

Ланецот за вегански бургери, “Нит Бургер”, кој е поддржан од Формула 1 шампионот Луис Хамилтон и холивудската ѕвезда Леонардо Ди Каприо, објави дека ќе замине во ликвидација. “Нит Бургер” ја затвориле и последната локација во Британија во Април, а после лошото работење во изминативе неколку години, сега и официјално компанијата се затвора. Ова доаѓа само неколку дена откако Хамилтон промовираше нов производ за неговиот бренд за производство ...

Фудбалската асоцијација на Шпанија одобри натпреварот од Ла Лига, помеѓу Виљареал и Барселона да се одигра во Мајами, САД. Мечот кој е закажан за 20 декември, ќе се одигра за прв пат надвор од шпанската територија, а се чека уште на одобрувањето на УЕФА за официјално да биде потврден овој историски потег на Ла Лига. Ваквиот потег најверојатно е мотивиран од скорешната иницијатива за популаризација на спортот во Америка, а за европските лиги ...

Со интересно футуристичко видео, денес беше објавен новиот играч на Атлетико Мадрид. Џакомо Распадори потпиша договор со клубот од Ла Лига до 2030 година, по трансферот вреден 26 милиони евра од италијанскиот шампион Наполи. Италијанскиот репрезентативец е одлично засилување на сите напаѓачки позиции. Тој својата кариера ја започнал во Сасуоло академијата во 2009 година, а неговото деби со првиот тим дошло десет години подоцна во мечот против ...

На социјалните мрежи на Златна топка на 9 август му го честитаа роденденот на Лука Модриќ иако вистинскиот датум на роденденот е еден месец подоцна, на 9 септември. Но, и покрај пропустот во датите, хрватската фудбалска легенда се заблагодари на честитките и им врати во коментар под објавата за роденденот. “Идниот месец ми е, но во секој случај ви благодарам”, искоментира Модриќ, покажувајќи уште еднаш дека има класа дури и кога станува збор ...

Откако беа исклучени од Лига Европа, место што според клубот си го заслужија чесно со победата во ФА Купот, тие поднесоа официјална жалба за одлуката на УЕФА. Меѓутоа, денес жалбата им беше официјално одбиена, со што тие дефинитивно ќе бидат префрлени во Конференциската лига, а нивното место во Лига Европа ќе го преземат Нотингем Форест. Веста доаѓа само еден ден откако Кристал Палас го победија Ливерпул на пенали за да го освојат трофејот во ...

Според ексклузивната објава на спортскиот новинар за трансфери, Фрабрицио Романо, Евертон веќе се согласиле за трансферот на Џек Грилиш од Манчестер Сити. Играчот ќе замине во новиот клуб на позајмица, а планот е сите медицински прегледи да бидат завршени во текот на наредните 24 часа. Минатата година Грилиш не постигна особени резултати во Сити, по што клубот се одлучи на негов трансфер ова лето. Играчот кој своевремено вредеше 100 милиони ...

Уште неколку денови нè делат од стартот на Премиер лигата, но и од почетокот на пасијата на многу љубители на спортот, почетокот на Фантази Премиер лигата. По тој повод, Мо Салах реагираше на веста дека тој е еден од најскапите играчи во старот од новата сезона: “Халанд треба да е највисоко рангиран, Исак треба да е повисоко рангиран од мене. Не крило како мене”. Салах е познат љубител на Фантази играта, но вели дека не треба да биде толку ...

Дарвин Нуњез го започна новото поглавје од својата кариера во Саудиска Арабија, кога истрча на теренот во дресот за Ал Хилал за време на неговото деби за клубот. Но, тој не заборави и официјално да се прости од својот претходен клуб, со кого ја освои шампионската титула во Премиер лигата и беше миленик на публиката. “Ти благодарам, Ливерпул. После три години, време е за збогум. Со себе ќе ги понесам сите безбројни моменти кои ќе живеат со ...

Иако Матс Хамелс веќе се пензионираше од својата фудбалска кариера, тој вчера имаше можност да се збогува со навивачите на еден емотивен и убав начин. Борусија Дортумунд го поканија 36 годишниот играч да игра на пријателскиот натпревар против тимот на Јувентус, за играчот да има збогување со фудбалот какво што заслужува. Одличен гест и убав момент од германскиот гигант. Погледнете дел од убавата атмосфера. ♾️ L E G E N D E ♾️ ...

Во потег кој ја покажува моќта на навивачите во германскиот фудбал, раководството на Баерн Минхен одлучи значително да го измени својот контроверзен спонзорски договор со Руанда. По месеци на жестоки протести од страна на навивачите и обвинувања за “спортско перење на пари” (sportswashing), клубот објави дека го редефинира партнерството и дека брендирањето “Visit Rwanda” ќе биде намалено. Сепак, ова не е целосен раскин на соработката, туку, ...

Додека навивачите на Манчестер Јунајтед се подготвуваат за првиот домашен натпревар од сезоната против Арсенал, атмосферата е далеку од оптимистичка. И покрај тоа што клубот потроши речиси 250 милиони фунти на нови засилувања и отвори нов, ултра-модерен тренинг-центар, најверните навивачи најавуваат масовни протести, овојпат насочени директно кон новиот ко-сопственик, Сер Џим Ретклиф. Оваа поделеност ја отвора главната дилема: Дали Ретклиф е ...

Францускиот шампион ПСЖ вчера го претстави својот нов голман Лукас Шавалие, кој пристигна од францускиот Лил, во трансфер вреден 40 милиони евра, а со дополнителните бонуси би достигнал вредност од околу 55 милиони евра. “Јас сум дете кое го остварува својот сон. Уште од кога бев мал, посакував да играм на највисоко ниво”, изјави младиот голман. Со неговото пристигнување во ПСЖ судбината на Џанлуиџи Донарума станува сè понеизвесна, откако ова ...

После гласините на почетокот на летото дека фудбалерот на Ливерпул, Дарвин Нуњез ќе биде продаден во овој трансфер прозорец, сега и официјално тој беше претставен како нов играч на саудискиот Ал Хилал. Ал Хилал синоќа на социјалните мрежи објавија дека “пантерот” и официјално го потпишал три годишниот договор со клубот, вреден 53 милиони евра плус дополнителни бонуси. 𝑳𝒂 𝒑𝒂𝒏𝒕𝒆𝒓𝒂 is Blue 🐅💙pic.twitter.com/FqJtwuv3nC — AlHilal Saudi ...

Формула 1 се подготвува за нова, револуционерна ера. Од сезоната 2026 стапуваат на сила целосно нови правила за моторите, што предизвика вистински “земјотрес” на пазарот и доведе до големи промени и нови, возбудливи партнерства. Доаѓаат нови гиганти како Ауди и Кадилак, некои тимови ги менуваат своите долгогодишни партнери, а некои, како Ред Бул, тргнуваат по сопствен пат. Ова се промените што ќе го дефинираат спортот во наредната деценија. ...

Светот на фудбалот изгуби еден од своите херои. Сулејман ал-Обеид, познат како “палестинскиот Пеле”, беше убиен на 41-годишна возраст. Неговата смрт не е само загуба за палестинскиот спорт, туку и трагична приказна за еден талент кој сонувал и давал надеж на безброј деца, дури и во најмрачните времиња. Кој беше Сулејман ал-Обеид? Роден во Газа, Сулејман ал-Обеид беше еден од најсветлите ѕвезди во историјата на палестинскиот фудбал. Во текот ...

Дами и господа, историја! Конечно, видовме “совршен хет-трик” во женскиот фудбал. Проблемот? Сите три гола беа во погрешна мрежа. Новозеланѓанката Микејла Мур успеа да го направи невозможното и за само 36 минути постигна три автогола – еден со десна, еден со лева и еден со глава. “Ова е всушност импресивно”, “Кому му е потребен напаѓач кога имаш ваков таен агент во одбраната?”, беа само дел од коментарите на социјалните мрежи. Други, пак, се ...

На средината од младинскиот Олимписки фестивал кој се одржува за прв пат во Македонија, вчерашниот ден беше исполнет со многу спорт, медали и успеси на младите спортисти. Таеквондо Македонската таеквондистка Душица Бреслиева го заврши настапот на ЕМОФ со две убави победи и храбра борба во четвртфиналето. Бреслиева прво ја совлада Норвежанката Матеа Јакобсен со 2-0, а потоа и Украинката Анастасија Хаиворонска со 2-1. Во борбата за полуфинале ...

По доминацијата на Кол де ла Лоз, Тадеј Погачар е сè поблиску до својата четврта титула на Тур де Франс. Но, како што се приближува крајот, Словенецот не крие дека му е преку глава од тринеделниот хаос. “Има моменти кога си велам – зошто уште сум тука? Предолго е, броиш километри до Париз и само сакаш да заврши”, изјави Погачар по 18-та етапа. “Сакам да правам и други убави работи во животот”. Но, и покрај тоа што е изморен, не заборава да го ...

Во срцето на кањонот Матка, под мирната површина на езерото и меѓу карпите што ги чуваат тајните на природата, тлее една од најдлабоките и највозбудливите авантури во Европа – подводната пештера Врело. Од 30 јуни до 6 јули 2025, токму тука се одвиваше експедицијата “Врело 2025”, потфат кој уште еднаш го покажа предизвикот, опасноста и магијата што ја крие оваа пештера. Предводени од домаќинот СНК Врело, експедицијата обедини елитни ...

Легендарниот хрватски скијач Ивица Костелиќ не само што воодушевуваше со своите спортски подвизи, туку сега на своите деца им ја пренесува и суштината на она што спортот го нуди: љубовта кон предизвикот, природата и храброста. Неговото скокање од карпите на Одисеевата пештера со синот не е само момент на чист адреналин, туку и вистинска животна лекција. Додека некогаш Ивица и Јаница Костелиќ на островот Мљет се подготвуваа за олимписки ...

Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ) во Скопје заврши, но дебатата во јавноста допрва започнува. Како реакција на бројните критики за организацијата, со долг и емотивен статус се огласи познатиот спортски работник Игор МС Јакимовски, кој понуди своја, поинаква перспектива на настаните. Неговата објава предизвика лавина од коментари и ја подели јавноста, отворајќи жестока дискусија. Ставот на Јакимовски: “Сами си ја срамевме ...

Во потег кој го спојува светот на спортот, музиката, модата и филмот, adidas Originals ја претстави својата најнова глобална кампања, посветена на една од најпрепознатливите патики на сите времиња – Superstar. Под името “Superstar: The Original”, кампањата е моќна ода на оригиналноста и на сите оние кои ги поместувале границите и создавале култура. За да ја раскаже оваа приказна, Adidas собра тим од вистински културни икони од различни ...

На денешен ден пред 63 години, 5 август 1962, Охрид го запиша своето име во светската спортска историја, станувајќи домаќин на првото Светско првенство во маратонско пливање на слатки води. Се пливаше 34 километри, од рибарското Пештани, преку реката Црн Дрим и Струга, до целта пред хотелот “Палас” во срцето на Охрид. Тоа подвиг кој ја тестираше издржливоста, волјата и срцето. Но, токму од срцето на Охрид дојде и најголемата приказна на денот ...

Во спортскиот центар “Борис Трајковски” денеска стартува 49-то издание на меѓународниот меморијален турнир “Бранко Хаџииљоски – Чајка”, турнир кој одамна ја надмина улогата на обичен спортски настан и стана традиција што се негува со спортска и човечка чест. Организиран од Одбојкарската федерација на Македонија и семејството Хаџииљоски, меморијалот годинава повторно ќе биде сцена за нашиот машки сениорски национален тим, кој ќе го користи ...

Со новиот договор на Ремко Евенепул за гигантот Ред Бул, тој се искачи значително на светската листа на велосипедисти кои заработуваат најмногу. Евенепул го потпиша еден од најголемите договори во историјата на велосипедизмот, откако се пресели во “Ред Бул Бора Хансгрое” од “Судал Квикстеп”. Наводно, вредноста на договорот се проценува на 8 милиони евра, со што тој ќе стане вториот најскап велосипедист после Словенецот Тадеј Погачар. Според ...

Македонските младински репрезентативци до 16 години славеа со 2:0 во контролниот меч што го одиграа денес на “Билјанини извори” во Охрид. Стефан Ристиќ и Лука Спироски беа стрелци на головите за македонската репрезентацијата. Нашата младинска селекција одигра одличен натпревар и сосема заслужено оствари сигурна победа против албанската селекција, која претходно ја совлада силната Швајцарија. За два дена повторно ќе се сретнат двете млади ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
76%
998
weather icon

Белград

11ᴼ / 10ᴼ
8.75
61%
997
weather icon

Загреб

5ᴼ / 4ᴼ
3.09
92%
996
weather icon

Софија

4ᴼ / 4ᴼ
6.17
87%
1000
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.79
100%
1002
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
98%
996
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
5.36
84%
1001
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
58%
997
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
3.6
71%
999
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
6.17
91%
1003
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
6.69
88%
998
weather icon

Истанбул

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
62%
1005
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Цинк

3.29

Родиум

339994.14

Алуминиум

3.09

Паладиум

55781.55

Злато

157561.16

Иридиум

221848.72

Рутениум

45750.51

Калај

48.78

Сребро

2733.78

Бакар

12.12

Кобалт

64.04

Платина

83354.78