Белград
11ᴼ /
11ᴼ
Германската модна блогерка открива како да носите колоритни модни комбинации во зима и во пресрет на пролетта, таа својот личен стил и во тмурните денови го разведрува со јаки бои како зелена, сина, жолта, виолетова и црвена. Леони светли нијанси носеше и за време на неодамна одржаната Њујоршка модна недела, како на пример жолт капут, црвен фустан, сино сако и чанти во разни бои. Своите модни комбинации ги објавува на Интаграм профилот, да ...
Младата и талентирана актерка и пејачка Зендаја која важи и за модерна модна икона, се појавува во пролетната кампања на италијанската модна куќа Валентино, чие заштнитно лице е од пред две години. Во видео и фотокампањата за пролет-лето 2022 наречена Rendez-Vous, осмислена од креативниот директор на куќата Пјерпаоло Пичоли, таа позира во студиото на Ворнер Брос во Лос Анџелес, облечена во вибрантни комбинации во интензивни нијанси на магента, ...
Модните недели и уличната мода ги развиваат модните трендови кои се сега актуелни и ќе важат целата оваа година, прикажувајќи облека и додатоци кои ќе ги носиме во 2022. Се враќаат карго панталоните, сѐ уште носиме штеповани јакни, но сега со ромбоидни штепови, една колекција на Версаче ги најави чевлите со висока платформа, актуелни ќе бидат и плисираните мини здолништа и изрезите на облеката. ЈАКНИ СО ШТЕПОВИ View this post on Instagram A ...
„Немам намера повеќе да се кријам“, вели Линда Евангелиста за People Една од најпознатите супермоделки, ултра популарна во 90-тите, минатата година откри дека се повлекла од јавоста после козметичкиот третман CoolSculpting, кој бил неуспешен и „бруталноја обезличил“. Таа со години се криеше и ги избегнуваше камерите, но сега екслузивно за магазинот People одлучи да ја сподели својата приказна и да за првпат да се ...
Модниот бренд Манго е доста популарен кај нас, после повеќе години на домашниот пазар се нудеше само женската колекција, од неодамна брендот ги носи машката и детската колекција. За модерните мажи и момци за претстојниот период предлага колекција која е спој на традиционална машка облека и современи трендови во спортски дух. Спакувана во кампањата наречена Neutral Goodies, во колекцијата забележуваме класични и модерни стилови со доза на ...
Познатата супермоделка Наоми Кембел (51) ја открива својата мајчинска страна во мартовскиот број на британски Vogue и со својата ќерка позира на насловната страница на познатото модно списание. Иако не го открива нејзиното лице, како ни деталите за нејзиното раѓање, Наоми сепак изјави „Не е посвоена, таа е мое дете“. Таа одбива понатамошна расправа на оваа тема, само признава дека во тајност го држела патот до мајчинството, дека ...
Секоја компанија има свои правила на деловен дрескод, ама некои принципи се универзални – никако длабоко деколте, задолжително избегнувајте тенки прерамки, мини здолништата не се за канцелариска работа, а жените на високи позиции не треба да носат проѕирни ткаенини и кроеви кои го отцртуваат телото. Вашето деколте никогаш не треба да биде пониско од 10 сантиметри во однос на клучната коска Блузите без ракави треба сепак да бидат до ...
Одговори на најчесто поставуваните прашања во врска со алтернативите без чад. Дознајте повеќе за испарувачите, електронските цигари и производите што не согоруваат 1. Дали алтернативите без чад се различни од цигарите? Алтернативите без чад не го согоруваат тутунот, што значи дека доколку се научно поткрепени и регулирани со соодветен стандард, тие се подобра алтернатива од продолжување на пушењето цигари. Она што е важно е дека не се без ...
Во светот на шминката црвениот кармин е она што малиот црн фустан е во модата – совршен за секоја пригода и одговара со секаква облека. А козметичките куќи лансираат нијанси на црвена која ќе одговара на сечиј тен. Црвениот кармин е секси и е соодветен за вечерно излегување со партнерот, но во исто време зрачи моќ и самодоверба и може да се носи и во канцеларија. Тој на жената ѝ овозможува со минимален напор да постигне максимален ефект ...
Секоја година, во првиот месец најчесто одмораме од “новогодишната еуфорија”, уживајќи во зимската атмосфера и комфорот, но вториот, најкраток месец од годината, е сѐ повеќе популарен за потсетување и посветување на грижа кон себеси, исто колку и кон саканите. Месец февруари е очигледно месец на специјални нешта, а февруарското искуство во Ист Гејт Мол се очекува да биде и повеќе од специјално. Новиот месечен календар на активности ...
Модниот бренд H&M ја претставува Studio колекцијата за пролет-лето 2022 наречена Press Play („Стисни плеј“), инспирирана од Gen-Z музичките музи кои имаат необичен стил со истакнат личен печат. Колекцијата се базира на неконвенционалната мода од 1980-тите и 1990-тите години. Со моќна палета на бои, електрични фузија принтови, како и елегантни додатоци, колекцијата носи целосна инспирација за облека инспирирана од ...
Модернизирани верзии на малиот црн фустан, враќање на мини здолништето и модели со изрези и гол грб се некои од трендовите во пролетната колекција на модниот бренд Манго. Дополнително во колекција за пролет-лето 2022 се претставени класичен мантил како константа во пролента мода, елегантни панталони, добро скроени сакоа и костими, волуменозна бомбер јакна, базични парчиња како фармерки и кошули, а од боите забележавме црна, беж и маслинесто ...
Вежбањето денес стана неизбежен дел од секојдневниот животен ритам на многумина. Ваквата специфична активност се разбира условува посебен изглед, однесување и употреба на специјлна фитнес облека. Следниве неколку совети може би можеле да ви помогнат да се избегнат можните непожелни ситуации, а со тоа да ви го направат вежбањето и фитнесот многу попријатно. Избегнувајте памучна облека Иако на прва памукот се гледа како совршена опција за ...
Над 40% од посетите на дерматолози се поврзани со сува кожа. Може да се појави било каде на телото, но најчесто се засегнати рацете, стапалата, колената, лактите и лицето, бидејќи овие области почестo се изложени на надворешни фактори кои можат да ја влошат нивната состојба (како студеното време). Сува кожа има и на лицето. Сувата кожа може да ја чувствуваме затегната и груба. Кога кожата на телото е многу сува и дехидрирана, таа може да ...
Од необичната модна визија на Скапарели до Шарлот Казираги која што ја отвори ревијата на Шанел качена на коњ, одата на рачна изработна на Диор и прославата на женската форма на Валентино, Париската недела на висока мода ги претстави колекции на haute couture за пролет-лето 2022. Видеата од ревиите најдобро ги илустрираат раскошните модни креации со предзнак висока мода. еве еден видео прелед. VALENTINO DIOR SCHIAPARELLI CHANEL ELIE SAAB ...
Модната куќа Версаче ја објави рекламната кампања за сезоната пролет-лето 2022, во која главни ѕвезди се сестрите манекенки Бела и Џиџи Хадид. Донатела Версаче, креативната директорка на брендот, исто така се појаува на некои од фотографиите, а како заштитно лице фигурира и пејачката ѕвезда Малума. View this post on Instagram A post shared by Bella (@bellahadid) -Сакам оваа кампања да биде топла прегратка на глобалната Версаче фамилија на ...
Анксиозноста претставува природна реакција на вашето тело на стрес, која се манифестира на различни начини. На пример, едно лице може да доживее чувство на немир во стомакот, друго лице може да има напади на паника, кошмари или пак црни мисли. Анксиозноста се третира со когнитивна бихевиорална терапија, одредени лекови како антидепресиви и седативи, но постојат и неколку начини каде самите можете по природен пат да си помогнете во борбата ...
Страдивариус го освежува својот визуелен идентитет. Со креирање на фонт специјално за брендот, логото се здоби со помодерен, попрефинет и индивидуален идентитет. Имиџот со кој што е креиран Stradivarius во 1994 година претрпе промени, но тој отсекогаш бил верен на своето женско и трансформациско јадро. Новото лого и фонт на Stradivarius ја претставуваат таа модернизирана женственост за која брендот силно се залага, овој пат се појавуваат со ...
Колку пати сте добиле желба за патување, само и единствено да одите на шопинг и да купувате по привилегирани цени? Ковид пандемијата покрај патувањата, ни ги ограничи и можностите за квалитетно пазарување по одлични и ниски цени! Но сега, не мора да патувате за да купите нешто со ВИСТИНСКИ ПОПУСТ и РЕАЛНО НИСКИ ЦЕНИ. Кога зборот Outlet навистина значи најдобар шопинг со ПОПУСТИ до -70%. Да попуст до цели -70% на сè! И тоа на локација во ...
Во првиот месец од годината, Ист Гејт Мол, како шопинг престолнина и најголем шопинг центар од европски ранг во регионот, се фокусираше уште повеќе на безбедноста и уживањето на посетителите. Главното мото на Ист Гејт Мол е пораката – „Ти си центар“ и истата продолжува да биде дел од секоја планирана активност и одлука на центарот. Реализираната јануарска програма, беше исполнета со богата месечна содржина за сите генерации. ...
Популарниот шпански бренд Манго во своите колекции редовно нуди модни парчиња кои ги задоволуваат правилата за деловно облекување, во моменталната понуда, во делот наречен Office Looks, ќе најдете неколку есенцијални парчиња за во канцеларија. Класична кошула, добро скроено сако, мантил, тенко плетена блуза, сако од букле, панталони со фалти, се некои од есенцијалните облеки за деловен стил. Има и соодветни обувки како мокасини, чевли со ...
Македонската компанија Сара Фешн започнува со огромна акција за понежниот пол. Во оваа aкција, ширум државата, на сите продажни места на Сара Фешн и онлајн на sarafashion.club ве очекуваат огромни попусти и голем избор на градници. - Не се само празниците за дарување. Ние на нашите лојални купувачи сакаме да им подариме до сега најголеми попусти на градници во рамки на акцијата Bra Days. Од 31 ви јануари до 13ти февруари за секој купен градник, ...
Одговорот на прашањето што е здрава исхрана се крие во пирамидата на исхрана, каде сликовито е објаснето што подразбира правилната исхрана. Во неа се претставени видовите храна чие консумирање е пожелно, потребната количината, периодот кога и на кој начин. Пирамидата за исхрана е позната и како нутриционистичка пирамида, бидејќи со нејзината структура и градација се сложуваат нутриционистите ширум светот, кои плановите за исхрана за пациентите ...
Како место каде го доживувате најдоброто и најмодерно шопинг искуство, Ист Гејт Мол ви препорачува неколку совети и комбинации за сите трендсетери и љубители на модата, како и да ви помогне во изборот на наредното парче облека што го разигра и збогати вашиот гардеробер и стил. Комбинација на несекојдневни бои Сина и кафеава Комбинацијата на сина и кафеава е прилично популарна. Денешните инфлуенсери, сепак, ги стилизираат своите комбинации на ...
Откако се појави во 2015 година, машкиот мирис Sauvage наиде на извонреден успех. Неговиот виор на свежина го освои целиот свет и се чини како ништо да не може да го спречи. Тоа е приказна за феноменот Dior кој во 2021 година стана најпродаваниот парфем во светот, помеѓу машките и женски парфеми заедно. Сосема невидено досега во историјата на парфемите, прво место за машки мирис. Неговата врвна позиција доаѓа од фактот дека во 2021 година се ...
На ревијата на новата колекција на висока мода на Шанел, еден момент беше претставен како омаж на неодамна починатиот француски актер Гаспар Улиел, кога во крајниот изглед од колекцијата – венчалниот фустан, манекенката наместо бел бидермаер, во рацете држеше букет од тегет камелии. Гаспар, кој на 19 јануари годинава загина при несреќа на скијање, со години беше заштитно лице на шанеловиот парфем Bleu de Chanel. Впечатлив беше и ...
Разиграни дезени во ретро дух, геометриски линии, окер нијанси и живописни тонови во комбинација со основни бои се само дел од елементите за опишување на новата пролетна колекција на Зара. Инсприрацијата е модата од 1970-тите, но реализирани со модерен тон. Во колекцијата има комплети, мини здолништа, фустани и панталони со шари, кои понекогаш се спојуваат со еднобојни парчиња. Доминираат портокаловата и розовтаа боја, а сите креации можат да ...
Колку и да се трудите да бидете умерени, но и да внимавате на исхраната и алкохолот, скоро сите за време на празниците се опуштаме малку повеќе и здравите животни навики ги ставаме во листата на новогодишни желби и одлуки за кои ветуваме дека ќе ги исполниме по завршетокот на празниците. Навистина, не е воопшто лесно да се откажеме од празничната трпеза, како и од бројните традиционални солени и слатки деликатеси, но тоа што сигурно може да се ...
Француската модна икона и авангардниот визионер Манфред Тјери Муглер почина вчера, 23 јануари, на 73-годишна возраст. Причината за смртта на овој дизајнер кој беше единствена и посебна појава во светот на модата, не е откриена. Кариерата ја почна во 70-тите години од минатиот век, беше препознатлив по спојот на футуризам, ретро силуета и camp естетика. Во 90-тите беше на врвот на својата слава, особено откако во 1992 година ги облече ...
Покрај волнените капути, бундите од вештачко крзно и волуменозните јакни, кожувите со крзно ја надополнија листата на модерна горна облека оваа сезона. Меѓу најактуелните модели се класичните авијатичарски јакни поставени со крзно, позајмени од гардеробата на пилотите, но тренд се и долгите капути и кратките јакни со крзно. Со ретро нота, овие јакни со двостран дизајн – брусена кожа однадвор, овнатре целосно со крзно, добро ќе ве згрејат ...