Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот телефонски разговарал со унгарскиот премиер Виктор Орбан за да го придобие во поддршката за членство на Украина во Европската Унија, јави синоќа „Блумберг“, повикувајќи се на извори запознаени со разговорот. Разговорот уследил по средбата во Белата куќа меѓу Трамп и европските лидери, на која присуствуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Европските претставници го замолиле ...
Во 65 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 1, 10, 13, 14, 28, 31 и 35. Добивка со седум погодоци немаше, а имаше една шестка вредна 452.790,00 денари. Фондот за седумка во следното коло изнесува 44.314.000 денари. Шестоцифрениот џокер број беше: 8, 1, 8, 6, 6, 5. Добивка со шест погодоци немаше, а имаше две петки секоја од нив вредна по 33.838,50 денари. Очекуваниот фонд за добивка со шест погодоци на џокерот во следното коло е 2.376.000 ...
Општината Новаци се наоѓа на надморска височина од 580 метри. Климата на подрачјето на општината е умерено-континентална, со одредени специфичности – според температурните вредности е континентална, а според врнежите е до извесен степен медитеранска. Жешките лета во средините во кои живееме не тераат да побараме ладовина, а мариовскиот регион во Општина Новаци има планиска клима, додека по течението на Црна Река се чувствува влијанието на ...
На 26-ти август е следната седница на Советот на Општина Битола, а материјалите кои ќе се разгледуават на неа, почнаа по комисиите. Извештаите за работа во претходната и плановите за следната убебна година се најдоа на седница на Комисијата за јавни дејности. Во денешниот прилог за дел од училиштата и во скоро сите нив имаат намалување на бројот на ученици. Во училиштето „Александар Турунџев“ во Кукуречани за новата година помал број на ученици. ...
Индустриското користење на DEM кодови со отворен код и научните достигнувања потребни за следната генерација на DEM симулација на проблеми од голем обем. ова е една од темите за кои денеска и утре реномирани научници разговараат во битола. Универзиетот Св. Климент Охридски е домаќин на научници и истражувачи, членови на европската COST акција. И ова соработка на Универзитетот е во насока кон развој на научно-истражувачкиот капацитет на укло и ...
Почетокот на првиот уписен рок минува без проблеми. На факултетите кои се дел од униврзитот Св. Климент Охридски се пријавуваат кандидати и заинтересирани, а ќе ја имаат можноста своите документи – пријавувањето да го реализираат до 27 овој месец. Од УКЛО пак порачуваат „Битола е вистински избор за сигурна иднина – со европски можности преку COLOURS Алијансата. Денеска е првиот ден од пријавувањето по конкурсот за упис на студенти во академската ...
Јавното претпријате „Стрежево“ Битола ги повикува сите водокорисници на рационално и наменско користење на водата, со цел да обезбедиме доволни количини за сите култури и непречено наводнување до крајот на сезоната. „Се забранува самостојно пуштање на делнични цевководи од страна на граѓани, бидејќи тоа претставува сериозен ризик за појава на штети и може да предизвика прекин во водоснабдувањето за останатите корисници. Апелираме на одговорно ...
Американскиот претседател Доналд Трамп му телефонираше на рускиот претседател Владимир Путин за да започне со подготовки за средба лице в лице меѓу Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски по еден ден вонредни состаноци во Белата куќа на 18 август, како дел од напорите за завршување на војната во Украина, пишува Радиот Слободна Европа. Трамп рече дека му се јавил на Путин за да разговара за можна средба со Зеленски откако го угостил ...
Матурантите и сите заинтересирани своето високо образование да го стекнат на еден од факултетските единици на универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола утре го продолжуваат процесот на аплицирање на конкурсот што универзитетот го објави пред месец и половина. Уписите на УКЛО започнуваат со промоција на значајни научни резултати – одобрени научни проекти од Министерството за образование и наука, за што денеска во ректоратот имаше прес ...
На 18.08.2025 во 13:09 часот случена е сообраќајна незгода на патот АЗ Битола- Ресен кај м.в.Слечиште помеѓу патничко возило „мерцедес“ со странски ознаки управувано од 52 годишен битолчанец со место на живеење во Германија, кој починал на лице место и возило „опел“ со охридски ознаки во кое биле две лица на возраст од 20 години, двајцата од Охрид. Едно од двете лица од возилото „опел“ починало во Клиничка Болница Битола, информира портпаролката ...
Во текот на викендот блогерот Фин од Германија на покана од НП „Пелистер“ направиил прошетка по најстариот национален парк во државава и од тоа направил видео со свој коментар. Од јавната установа објаснија дека поканата за блогеорт ја направиле како еден од сегментите за сопствена туристичка промоција. Дека блогерите и влогерите го освоија своето место под сонцето за туристичката промоција низ светот показател е и последниот пример со нп ...
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков ја посети Општина Демир Хисар, каде што оствари средба со градоначалникот Никола Најдовски и ги посети институциите од областа на културата што го обликуваат културниот живот во овој регион. Во рамките на посетата, министерот ја разгледа меморијалната поставка посветена на великанот на македонската книжевност, Петре М. Андреевски, во неговото родно село Слоештица. Тој посочи дека состојбата на ...
Денес се изврши асфалтирање на локалниот пат за село Буково, во должина од 600 метри како реализација на договорот од проектот „ Доградба на коловоз на локален пат за село Буково Општина Битола“, информираат од Општина Битола. Асфалтирањето е на првиот слој на десниот дел на коловозот, а во претходната фаза извршена е стабилизација на банкината и вградени се префабрикувани бетонски каналети за одводнување на коловозот. Проширувањето на патот е ...
Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,43%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 11.08.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,00 ...
По виртуелниот состанок на „Коалицијата на подготвените“, имаше повеќе изјави од европските лидери кои учествуваа во разговорите насочени кон заштита на мировниот договор за Украина. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, на европските лидери им порача во случај да нема прекин на огнот во Украина, Европската Унија и САД мора да го зголемат притисокот врз Русија. Финскиот претседател Александар Стуб рече дека „постои силен консензус ...
Преку новата песна на Чкембарите, „Битолска Крв (Ко вчера да беше)” повторно оживува силната врска меѓу музиката, градот и навивачкиот дух . Песната ја опишува приказната на Чкембарите, од нивното формирање во 1985 година, па се до денес. Во неа се сплетени спомени, случки и емоции кои остануваат засекогаш впишани во душата на Битола. Текстот е на Коки и Дакун, музика и аранжман: Горан Мицевски Кус, вокал: Марјан Ѓакoвски. „Битолска Крв” не е ...
Младиот македонски пејач , Филип Стојковски ја препеа безвременската „Зајди, зајди“. Иако се смета за една од најтешките песни отпеани на македонски јазик и не секој пејач може соодветно да ја отпее, сепак, со својот автентичен глас и силна интерпретација Филип ја донесе во вистинско светло. – Често ми ја бараат оваа песна на моите настапи, особено кога со бендот настапуваме надвор од границите на нашата земја и секогаш ми е задоволство да ја ...
Јавното претпријатие „Водовод“ Битола со уште еден апел до сите корисници на рационално користење на водата за пиење. „Водата е драгоцен ресурс особено во услови на зголемена потрошувачка и високи температури. Апелираме да се избегнува непотребно трошење (наводнување, полнење базени, миење тротоари и возила со питка вода). Секое прекумерно и нерегуларно користење ќе биде предмет на строги санкции согласно законските прописи. Да ја чуваме водата ...
Претседателката на Советот на Општина Битола, Габриела Илиевска утрово соопшти дека влегува во трката за градоначалник на Битола, како независен кандидат и со тоа како што вели, ги расчистува сите шпекулации. „Поубава, почиста, непартиска, независна Битола. Да ме поддржите за независен кандидат за градоначалник и да се приклучите кон фронт против 30 и кусур годишното запоставување на градот. Или сите заедно против партиското уништување на Битола ...
Недела навечер во 19:00 започна 129 седница на Државната изборна комисија на која се најде и правилникот за собирање на потписи за учество на независните на локалните избори. Членот на комисијата Александар Даштевски предложи да се донесе Правилник за регулирање на постапката за собирање потписи за поднесување на кандидатски листи поднесени од група избирачи и начинот на определување на нотарите, со кој независните кандидати за градоначалници ...
Вторник на 19 август започнуваат уписите за нови студенти на битолскиот универзитет и ќе траат до 27 август. Во меѓувреме кандидатите имаа можност да се пријавите електронски, преку интернет врската upisi.uklo.edu.mk, односно преку регистрација на iKnow системот. За додипломските студии, на УКЛО има места за 2318 нови студенти. Од нив 1.199 се во државна квота, останатите 675 и 444 се наменети за кофинансирање и вонредни студии. Заинтересираните ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре ќе отпатува за Вашингтон на разговори со американскиот претседател Доналд Трамп, објави Зеленски на Телеграм по телефонски разговор со Трамп. Зеленски рече дека претходно телчефонски разговарал со Трамп повеќе од час и половина, откако американскиот претседател се сретна со рускиот лидер Владимир Путин во Алјаска. „Во понеделник ќе разговараме за сите детали во врска со завршувањето на убиствата и ...
Српската жандармерија синоќа употреби втор ден по ред солзавец во обид да растера демонстранти во центарот на Белград, јави агенцијата МИА. Пиротехнички средства беа употребени од страна на поддржувачи на СНС и на демонстрантите по што реагираше жандармеријата. Дел од протестите во Белград се одржува на улицата пред ГШ и Владата на Србија. Бројни полициски сили спречија спојување на големи групи од Нов Белград и од центарот на српскиот главен ...
Собранието денеска не ги донесе измените и дополнувањата на Изборниот законик со кои требаше да се регулира колкав процент потписи од вкупниот број избирачи запишани во изводот на Избирачкиот список на изборната единица (ИЕ) треба да соберат независните кандидати за учество на локалните избори. Измените и дополнувањата добија поддршка од мнозинството пратеници, но не и по гласањето по Бадентер, каде 18 пратеници беа против предлогот. Наместо ...
Во Битола во 14:00 часот беа измерени 31 стспен. Попладнево облачно и ветровите време. До крајот на денот променливо облачно со услови за изолирана појава на умерена нестабилност со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утре променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот украински колега Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин ќе одржат состанок за да се обидат да постигнат прекин на огнот и да ја прекинат војната во Украина. Трамп на прес конференција по средбата со рускиот шеф на државата Путин нагласи дека имале многу продуктивен состанок. „Верувам дека имавме многу продуктивен состанок. Имаше многу, многу точки за кои се согласивме… ...
Денес и во текот на утрешниот ден две екипи на ЈКП „Водовод“ Битола работат на крајната фаза од проектот Битола-Логоварди-Поешево. Како што велат од јавното претпријатие со овој проект граѓаните од овај регион ќе добијат комплетно нова водоводна мрежа од 6 км полиетилен со нови приклучоци и дека овие активности се со цел подобрување на квалитетот и сигурноста на водоснабдувањето за сите корисници. Од „Водовод“ се надеваат за разбирање и ...
За утре во 11:00 часот е закажана седница на Собранието е единствена точка на дневен ред Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка. Предлагачи се група пратеници, а едната од измените се електронските медиуми при што во членот 2 став 1 по точка 26 се додава нова точка 26-а која гласи: „Електронски медиуми (интернет портали)“ се онлајн медиуми – интернет портали кои се регистрирани во Регистарот на ...
„Долго време науката беше маргинализирана во Македонија. Инаку факултетите се наставно-научни установи и Универзитетот со тоа. Значи колку што има настава има и наука. И фондот на часови кај наставниците, соработници или професори ги распределил помеѓу настава и наука и тоа оптоварувањето е нешто приближно. Така што научната компонента исто толку е значајна колку и наставната“ вели проф. д-р Игор Неделковски ректор на битолскиот универзитет ...
Авионот со американскиот претседател Доналд Трамп слета во воена база во Алјаска на долгоочекуваниот самит со рускиот колега Владимир Путин, на кој се очекува да изврши притисок за прекин на војната на Москва во Украина. Руските државни медиуми јавија дека рускиот претседател Владимир Путин пристигнал на Алјаска на средба со неговиот американски колега Доналд Трамп. Претседателите на Русија, Владимир Путин и на САД, Доналд Трамп, се ракуваа ...