Белград
10ᴼ /
9ᴼ
Ставањето вон сила Упатството на ДИК од 2024 за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите согласно Изборниот законик според премирот Христијан Мицкоски не го нарушува изборниот процес за локалните избори, а Државната изборна комисија има законска обврска да донесе ново. Какво ќе биде тоа, рече, зависи од самата Комисија. Одговарајќи на новинарско прашање што по ставањето во сила на Упатството и дали може ...
Шумски пожари утрово се активни на островите Закинтос и Кефалонија, како и во близина на градот Воница во западниот дел на Грција, а од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за евакуација на населените места што се во близина на огнените јазици, јави дописничката на МИА од Атина. На Закинтос ситуацијата е особено тешка, евакуирани беа две села во јужниот дел на островот, а интервенираат 20 пожарникари со девет возила, два авиони и ...
Во далечната 1961 година е формирана Вишата техничка школа со машински и електротехнички отсек, во 1972 година е формиран до денес единствен отсек за сообраќај и танспорт, во 1977 година Вишата техничка станува Технички Факултет. Извесен период се реализираат и студии по земјоделско-прехранвено машинство и студии по железнички и воздушен сообраќај, а во 1992 година се воведуваат студиите по графичко инженерство. Во 1996 година започнуваат со ...
Државната изборна комисија на седница усвои заклучок вон сила да се стави Упатството на ДИК од 2024 за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите согласно Изборниот законик, поради одлуката на Уставниот суд со која се укинати членови 61 и 62 од Изборниот законик каде што е предвиден број/процент на потписи за предлагање листи на група избирачи. И почнаа нејаснотиите и кај независните, иако претседателот на ...
Постојана, покриена летна сцена не е само идеја, тоа е неопходност за културниот, социјалниот и економскиот раст на градот, вели Тамара Гарческа, од младината на ЛДП. „Битола е културен град, а инфраструктурата за одржување на неговиот културен дух никогаш не е доста. Градскиот парк е идеален за ваква летна сцена. Комфорен, организиран амбиент што ќе овозможи почести концерти и манифестации, поттикнувајќи ја енергичната културна сцена. На ...
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,06%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 04.08.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 74,50 ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време на претрес во Демир Хисар, констатираше непрофесионално и неетично однесување на началник во ОВР Демир Хисар. За лицето е покрената дисциплинска постапка. Во соопштението на полицијата се вели дека со цел целосна непристрасност и објективност на истрагата, наведениот началник ќе биде ...
Земјотрес со интензитет од 6,1 степени ја погоди западна Турција, соопшти турската агенција за управување со катастрофи, а локалните медиуми објавија дека потресот бил почувствуван во неколку области во државата. Едно лице загина, а 29 лица се повредени. Осумдесет и едногодишен маж почина откако беше извлечен жив од урнатините на станбена зграда во Сундерга, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја. Вложени се сите напори да се ...
Од губиток на близок, финансиски проблеми, почеток на нов живот и многу други промени и шокови во животот на човекот се манифестираат различни когнитивни и физиолошки проблеми. Стресот е физичка, физиолошка и психолошка реакција на дразба која ве изместува од востановената рамнотежа. И многумина се обиделе да се борат против стресот. Кинезите еве смислил со цуцли за возрасни да ја ублажат анксиозноста, несоницата, тапоста којашто се манифестира ...
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, изјави дека се утврдува датум кога украинскиот претседател Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин би можеле да седнат на преговарачка маса и да разговараат за завршување на војната, пишува агенијата МИА. Венс изјави дека нема да биде „продуктивно“ таков состанок да се одржи пред двајцата лидери да се сретнат со американскиот претседател Доналд Трамп, објави Фокс њуз. Тој додаде дека САД ќе ...
Зборувајќи на прес конференција дека СДСМ повторно ќе го поднесе Законот за минимална плата од 500 евра, оти, како што рече Иливески ги слушаат и почитуваат работниците, потпретседателот на партијата кажа дека Владата била слепа за ситуацијата во која се наоѓаат илјадници работници, кои едвај го минуваат месецот. „Затоа, СДСМ јавно ја изразува својата целосна поддршка на Синдикатите за зголемување на минималната плата на 500 евра! Ова не е само ...
Државната изборна комисија на седница усвои заклучок вон сила да се стави Упатството на ДИК од 2024 за регулирање на постапката за собирање потписи и начинот на определување на нотарите согласно Изборниот законик. Како што рече претседателот на ДИК Борис Кондарко, тоа упатство за регулирање на постапката за собирање потписи се става вон сила поради одлуката на Уставниот суд со која се укинати членови 61 и 62 од Изборниот законик каде што е ...
Преседателот на Собранието Африм Гаши, денеска ги распиша локалните избори, што ќе се одржат на 19 октомври. Со распишувањето на изборите, почнуваат да течат роковите за спроведување на изборните дејствија, согласно Изборниот законик и според календарот што треба да го донесе Државната изборна комисија. Првиот круг за избор на градоначалници и членови на советите на 80 општини и на градот Скопје ќе се одржи на 19 октомври. Вториот круг од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со својот руски колега Владимир Путин на 15 август во Алјаска за да преговара за прекин на војната во Украина, пишува агенцијата МИА. Вашингтон и Москва бараат договор за ставање крај на војната во Украина и консолидирање на руската контрола врз територијата заземена за време на руската инвазија на земјата, јави Блумберг њуз. Американските и руските претставници работат на договор што ги опфаќа ...
„Заложник на неодговорноста“, вака се обраќа советникот и координатор на ВМРО ДПМНЕ, Бојан Бојкоски откако и по трет пат не поминаа европските 1 милион евра, пари од Европската инвестициона банка, согласно одлуката од 2023 година, каде за општина Битола предвидени се 1 милиони евра за водоводна и канализациона инфраструктура, а што е проект преку Министерството за животна средина за сите општини во Македонија. На последната седница на Советот ...
Споменикот на познатиот македонски војвода Александар Турунџев денес од општинскиот двор беше пренесен и поставен на постаментот на новиот кружен тек кај Ат-пазар. Во наредните денови ќе се изведуваат завршни работи на постаментот, како и хортикултурно уредување на околниот простор. Работите се планира да завршат до 30 август, кога се одбележуваат 120 години од смртта на војводата. Одлуката за подигнување на споменикот беше донесена во 2015 ...
Факултетот за информатички и комуникациски технологии обезбедува континуирано образование на високостручен кадар оспособен компетентно да решава проблеми и да им излегува во пресрет на предизвиците на новото време, односно континуирано образование на стручни и претприемчиви индивидуи од областа на информатиката и новите технологии, кои ќе бидат конкурентни на државно и меѓународно ниво, преку висококвалитени студиски програми од научните полиња ...
Високо под ѕведите на 2.218 мнв на 09.08.2025 љубителите на планината, природата и театарската уметност ќе имаат ретка можност 26-тата изведба на претставата “Ноќта кога ја убив месечината” да ја проследат на Големо Езеро, Пелистер. Вечерта на небото над Големо Езеро ќе имаме егзактно полна месечина и актерите ќе настапат на природна сцена, велат од Националниот парк „Пелистер“, која заедно со театарот, камерниот оркестар и со подршка на Општина ...
Во 62 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви: 6, 13, 17, 18, 28, 29 и 30. Добивка со седум погодоци немаше, а имаше две шестки, секоја од нив вредна по 208.372,50 денари. Фондот за седумка во следното коло изнесува 42.743.000 денари. Шестоцифрениот број на џокерот е 9, 1, 6, 1, 5, 2. Добивка со шест погодоци немаше, а имаше една петка вредна 66.567,00 денари. Очекуваниот фонд за добивка со шест погодоци во следното коло за џокерот е ...
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола постигна еден од своите најзначајни истражувачки успеси во последниве години. На јавниот конкурс од Министерството за образование и наука за финансирање научно – истражувачки проекти, на УКЛО му се одобрени пет проекти, со што се најде на второто место меѓу државните универзитети, научните институти и МАНУ, веднаш зад УКИМ, информираат од битолскиот универзитет. Одобрените проекти покриваат клучни ...
Со цел спречување на непрописното паркирање, општина Солун од вчера воведе блокатори на тркала што ќе се поставуваат на автомобили паркирани недозволено на местата наменети за постојани жители, на рампите за лица со попреченост и во деловите за товарење и истовар, јави дописничката на МИА од Атина. Блокаторите ги поставува општинската полиција, а од општина Солун соопштија дека мерката била неопходна „со цел да се стави крај на феноменот што е ...
„Вечерва заедно го одбележавме почетокот на една нова и силна приказна за Општина Новаци. Вашето присуство, поддршка и доверба ми даваат уште поголема мотивација да работам чесно и посветено за сите нас“, рече во своето обраќање актуелниот градоначалник на Новаци, Стевановски, кој воедно е номиниран од партијата за изборната трка за уште градоначалнички мандат. Пред четири години, ми ја дадовте честа и одговорноста да ја водам нашата општина. ...
Правото побарува доживотно учење, вклучувајќи постојано образование, компјутерски вештини, комуникациски стратегии, етика, правосуден испит. И се ова во интерес на правдата. Основна цел на студиските програми на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ е продлабочување, проширување и подигање на нивото на студентските знаења кон квалитетни правници во реалноста. Студиската програма по правни студии за прв циклус академски ...
Во Битола заврши обуката на сезонските пожарникари, кои беа избрани на јавниот повик, објавен во рамките на мерката 6.2 Јавни работи за заштита и превенција од пожари и оплеменување на животната средина на локално ниво (пошумување), која е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2025 година, усвоен од Владата на Република Македонија, соопштија од Општина Битола. Проектот кој вклучува ...
Бројни верници синоќа се упатија кон манастирот „Св. Ана“ високо над единственото населено место во националниот парк Пелистер. Традицијата налага патот до овој манастир да се изоди пеш, особено затоа што до него се стигнува по стрмна патека. Па така, автомобилите и сите други превозни средства синоќа мораше да бидат оставени во центарот на селото. Мора да се мине скоро цело село, а по околу и половина час пешачење во југозападен правец, на ...
Во Актуел на Тера телевизија денеска разговараме со Драганчо Саботковски, актуелен градоначалник на Општина Могила и од партијата ВМРО ДПМНЕ номиниран за кандидат за уште еден градоначалнички мандат. Вели дека е задоволни од сработеното во Могила во изминатите скоро четири години и дека Могила продолжува по патот на успехот. Вели дека со она што е сработено се покажа дека тоа не беа само ветувања, туку конкретни дела што го менуваат животот во ...
Сè со цел спречување на растот на цените на училишниот прибор пред почетокот на учебната 2025/2026 година и заштита на животниот стандард на граѓаните, како дел од кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе, се грижиме”, Владата на 100-тата седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените на училишниот прибор од најмалку 10% во трговија на големо и најмалку 15% во трговија на мало, се вели во соопштението од Владата. Со оваа ...
Американскиот претседател Доналд Трамп планира да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на почетокот од следната недела, објави денеска „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на два неименувани извора, пишува агенцијата МИА. Потоа, Трамп треба да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, а за тоа биле информирани европските лидери кои учествувале во телефонскиот разговор меѓу Трамп и Зеленски. Трамп претходно денеска објави дека ...
Започна обуката на преку 360 лица пожарникари кои се јавија на огласот на владата. обуката е дизјанирана врз основа на програма донесена од Дирекцијата за заштита и спасување и ќе трае два дена. Преку 360 лица се дел од кусата обука за основни знаења за противпожарна заштита што започна денеска во противпожарните единици на територијата на државата. Се работи за невработени лица кои се пријавија на огласот на Владата и Агенцијата за вработвување ...
Факултетот за безбедност е единица на Универзитетот св. КЛимент Охридски и годинава во три академски програми е подготвен да прими 270 нови студенти. Во тек е конкурсот за упис во прва година на битолскиот универзитет, пријавувањето може да се направи електронски, сега, а меѓу 19 и 27 август факултетуите ќе бидат отворени за прием на документите на тие кои се пријавиле електронски. Современиот начин на живот носи со себе разни предизвици, закани ...