Белград
9ᴼ /
9ᴼ
„Левица“ на есенските локални избори ќе излезе со свој кандидат за градоначалник на Битола. Тоа нема да биде ниту еден од двајцата советнции во Советот на Општина Битола, Велевски или Трајковски, туку друго лице, рече во интервју за Актуел на Тера, Горан Велевски, локален лидер на „Левица“ во Битола и советник во битолскиот Совет. „Кандидат кој досега е надвор од сите партиски примероци како овие истрошени ликови на еден начин, така што ќе имаме ...
Во намерата кон развој на планинрскиот туризам и екотуризам, НП „Пелистер“ продолжува со уредување на местата богати по своето природно но и културно-историско наследство. Пристапните патишта кон црковните објекти во едно од населените места во националниот парк беа предмет на уредување деновиве. „Вработените од ЈУНП „Пелистер“ заеднички со локалното население од селото Маловишта ја уредија и втората патека која води до манастирот „Света Ана“ – ...
Локалните избори ќе се распишат до крајниот датум, во првата половина на август за да се остави простор да се пополнат испразнетите места на Народниот правобранител и на претседател на ДКСК, изјави денеска претседателот на Собранието Африм Гаши. Во тој контекст, одговарајќи на новинарските прашања, се осврна и на јавните огласи, што ги распишува Собранието, за избор на нов Народен правобранител и на претседател на Државната комисија за ...
Дали тоа што беше трка за освојување на вселената во времето на студената војна се повторува сега со Вештачката интелигенција. Трамп со свој потпис ги тргна поголемиот број забрани за експериментирање со способностите на вештачката интелигенвија, Кина разви семејство на роботи и андроиди и ги претставува надградени и проширени на секој саем. На конференцијата и саемот што започна на 26 јули а завршија пред два дена се виде прогресот, политиката ...
Во Министерството за животна средина и просторно планирање, денес се потпишаа договорите за техничка и финансиска поддршка во рамките на проектот: „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во Северна Македонија”, кој се реализира во соработка помеѓу Владата на Република Северна Македонија, застапувана од Министерството за животна средина и просторно планирање и Владата на Швајцарската Конфедерација, застапувана од Државниот секретаријат за ...
Заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојкоски и секретарот на општината Борче Димитровски, денес организираа прием на гостите и учесници на фестивалот „Илинденски денови”. Гостите од Мексико, Грузија, Хрватска, Полска, Индонезија и Швајцарија, ги пренесоа своите прекрасни искуства од учеството на 55 издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови”, заблагодарувајќи се на гостопримството, прекрасната ...
Синоќа на плоштадот во Могила се одржа промоцијата на кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ, Драганчо Саботковски за уште еден градоначалнички мандат на Општина Могила. Во присуство и на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајковски, колеги градоначалници, пратеници, советници, директори, ветерани, жени и млади во ВМРО-ДПМНЕ, жители на општина Могила, Саботковски кажа дека во изминатите години заедно поминале многу и предизвици и ...
55-то издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“ влегува во својата завршница. Вечерва е свеченото затворање и доделување на признанија и награди. Ќе бидат соопштени најдобрите групи и ансамбли, а потоа ќе следи и вечерта на интернационална музика и игра. Настанот е на платото на Офицерски дом Битола, со почеток во 20:00 часот. Во текот на денот според програмата на фестивалот ќе има и свечен прием кај ...
Францускиот претседател Емануел Макрон го критикуваше трговскиот договор што го постигнаа Европската унија и САД. „За да бидете слободни, мора да се уплашите. Не се плашевме доволно“, изјавил тој пред министри, пренесуваат француски дипломати. Иако договорот нуди поголема „видливост“ за француските компании, Макрон рече дека тоа е само прв чекор и оти преговорите за него ќе продолжат. „Сега е поважно од кога било да се забрза европската агенда ...
Од вкупно 74 сообраќајни несреќи со потешки последици на подрачје на СВР Битола во месец мај и јуни 2025 година, во 23 учествуваат мотоциклисти, стои во соопштението на полицијата. СВР Битола апелира до мотоциклистите и до лицата кои управуваат електрични тротинети, но и до останатите учесници во сообраќајот, максимално да ги почитуваат законските прописи, особено обврската за задолжително користење заштитен шлем (кацига), како за возачот така и ...
Центарот во бело. Вака го насловивме овој прилог, а се однесува на белата боја, односно бележењето на печачките премини, кои беа избледени. Видето е направено вчера на крстосницата кај Безистенот, односно кај Борово. Нешто после 9:30 овде екипите на битолски „Паркинзи“ веќе ја имаа завршено работата. Исто така и улицата која води кон крстосницата кај „Стара болница“ беше во нивниот план за бележење, односно белеење на пешачките премини. Тие ...
Пријавувањето за упис на еден од факултетите кои се дел од Уиниверзитетот св. Климент Охридски е во тек, заинтересираните може електронски да се пријавуваат, а потоа во периодот од 9 до 27 август да ги поднесат своите документи. Така функционираат сите 11 универзитетски единици , така функционира и Високата медицинска школа во Битола. Лица, ученици кои положиле државна или меѓународна матура, со завршено четиригодишно средно образование во ...
Летните одмори овозможуваат посетата на други земји да се искористи за анализа на пазарот – не оној големиот од берзите туку оној по супермаркетите. Цените на прехранбените производи покажуваат значителни разлики низ европските градови – дури и помеѓу оние во истата земја. „Индексот на прехранбени производи“ на Deutsche bank ги открива најевтините и најскапите кошнички за купување. Неделното купување храна е неизбежен трошок за сите нас, но ...
На улицата „8 ми Септември“ се изведува асфалтирањето со втор слој асфалт, во должина од околу 800 метри, од левата коловозна лента, соопштија од Општина Битола. Градоначалникот Тони Коњановски, советникот Бојан Бојкоски и дел од општинската администрација задолжена за реализацијата на проектот, извршија увид во завршната фаза од асфалтирањето на терен. Со завршувањето на комплетниот слој од асфалтирањето на оваа делница, во наредните денови ...
Општина Новаци беше домаќин на караванот на „Илинденски денови 2025“, кој донесе вистинска фолклорна и културна магија под отворено небо. Со традиционални песни, игри и танци, сцената во Новаци ја раздвижија МГА „Везилка“ – Новаци, Ансамблот од Мексико, Ансамблот од Грузија, и Ансамблот од Индонезија. „Публиката уживаше во богатата музичка и играорна програма, каде културите се споија во едно заедничко славење на традицијата, пријателството и ...
Земјотрес со јачина од 8,7 степени го потресе рускиот полуостров Камчатка, а издадено е предупредување за цунами за целиот Курилски остров во Сахалинската област. Според првичните податоци од Главната дирекција на руското Министерство за вонредни ситуации во Сахалинската област, земјотресот со јачина од 7,9 степени е регистриран во 10:30 часот по локално време во Тихиот Океан, 360,9 км североисточно од Северо-Курилск. Подоцна, огранокот на ...
Конкурсот за упис на студенти на универзитетот Св. Климент Охридски е објавен. 2.318 студенти може да станат бруцоши на сите 11 универзитетски единици -1.199 се во државна квота. Лоциран во срцето на Охрид, бисерот на Балканот, Факултетот за Туризам и угостителство овозможува оптимална комбинација на кариерен развој и исполнет студентски живот. Ако се воодушевувате од секоја гастрономска креација, немате проблем на сите прашања од различни ...
Летниот училишен распуст Општина Битола го користи за санирање, реновирање, реконструирање на градските училишта, во тек се работи во средното општинско училиште „таки даскало“ , се менуваат вратите и електричната инсталација. На еден месец пред почетокот на новата учебна година, во општинското средно училиште „Таки Даскало“, активно се работи на подобрување на условите во училиштето. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и ...
ЛДП не отстапува од отворените листи за избори, оти со нив нема да може лидерот да одлучува кој ќе биде на добитно, а кој на недобитно место и гласачите ќе можат да гласаат за квалитетни кандидати, вели претседателот на битолската ЛДП, Димитар Кузмановски кој рече дека на есенските локани избори во Битола ќе настапат самостојно со свој кандидат за градоначалник и листа за советници. Што се однесува на програмата вели дека подготвуваат остварлива ...
Државниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ е во процес на темелна реконструкција и се очекува на почетокот на следната календарска година објектот да биде целосно обновен, модерен и енергетски ефикасен, кажа министерката за образование Весна Јаневска за време на денешниот увид во градежните работи заедно со премиерот Христијан Мицкоски. „Оваа активност е дел од проектот за енергетски ефикасна обнова на 9 државни студентски домови во ...
Oд Папата, преку Том Круз, Тејлор Свифт, до Доналд Трамп – никој не беше пропуштен во создавањетро на друга – вештачки генерирана слика од нив. Тоа што некогаш претставуваше шега сега е опасност за секое лице, глас и стас. Па развиениот свет бара законско регулирање на однесувањето на програмерите за и вештачката интелигенција да не крши закон. Данска можеби е на прагот да го направи тоа. „Сите нации следат и доколку Данска успее очекувајте бран ...
Официјален почеток на изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Општина Битола е насловот на денешното соопштение од Општина Битола, во кое информираат дека денеска во општината беше одржан состанок, со кој се означи почетокот на реализацијата на проектот за изградба на пречистителната станица за отпадни води. Понатаму во соопштението се вели дека во присуство на претставници на Министерството за животна средина, Министерството ...
Во рамките на 55-то издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, се одржа промоцијата на книгата „Етнокореолошки аспекти на фестивалските сцени“ од м-р Љупка Стефановска. Од фестивалот велат дека ова капитално дело ја разгледува сценската фолклорна практика низ призма на етнокореологијата – како наука која го истражува движењето, играта и кореографијата како културни и идентитетски носители. Стефановска, како ...
Од битолски „Водовод“ информираат дека поради изведувањето на нова водоводна линија во Логоварди и Поешево, со цел да се исклучи можноста за настанување дефекти на овој дел од водоводната мрежа, водоснабдувањето ќе биде редуцирано за корисниците од овие населени места. Во текот на оваа работна недела, почнувајќи од денеска 29.07.2025 (вторник), па сè до 31.07.2025 (четврток), водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 07:00 до 16:00 ...
Во Општина Новаци градоначалникот Стевче Стевановски одржа итен координативен состанок со претставници од Центарот за управување со кризи (ЦУК), Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Територијалната противпожарна единица Битола, ЈП Национални шуми, Полициската станица Новаци и стручната служба на Општината, поради активниот шумски пожар во атарот на село Градешница, кој претставува сериозна закана по животот, имотот и околната природа, ...
Јорго Огненовски, претседателот на партијата „Демократи“ соопшти дека на есенските локални избори со кандидатура за градоначалник на Битола, ќе му се спротивстави на актуелниот и повторно номиниран од партијата кандидат Тони Коњановски за уште еден градоначалнички мандат и на номинираниот кандидат на СДСМ, Методија Куновски. Исто таа кажа Огненовски дека размислуаат и за советничка листа со која ќе се обидат да освојат места во идниот состав на ...
Се уреди просторот околу „Цапарски вир“ или како што го нарекуваат жителите на Цапари – „Вистински вир“. Просторот е уреен со заеднички сили на жителите и вработените од НП „Пелистер“. Во пресрет на големиот христијански празник Св.Петка, вработените од ЈУНП Пелистер во соработка со месното население од село Цапари, на задоволство на сите верници и љубители на природата во изминатите три дена и покрај високите температури активно работеа на ...
Битолската Клиничка Болница доби и го стави во функција нов рентген апарат – дигитално парче технологија што многу помага во навремената дијагностија, а со тоа и во успешноста на лекувањето. До медиумите испратија соопштение. „Со цел значајно унапредување на здравствените услуги и подобрување на дијагностичките капацитети, во Клиничката болница во Битола е инсталиран нов, современ дигитален РТГ апарат – Fujifilm Smart X, набавен со поддршка на ...
Пуштен е во употреба затворениот базен во скопската општина Кисела Вода, а до крајот на летото, како што рече премиерот Христијан Мицкоски ќе се завршат уште четири. Тој во присуство на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски и министерот за спорт, Борко Ристовски, кажа и дека многу е важно сето она што е почнато да се заврши. „Да не ги оставиме работите да бидат споменици на едно време, колку и тоа да ни се допаѓало или не допаѓало во ...
Летото и високите температуро го зголемуваат ризикот од појава на цревни инфекции, кои се пренесуваат преку храна и вода. Оттука, Институтот за јавно здравје направи неколку упатства за граѓаните за успешна превенција на болести кои се пренесуваат преку храна и вода. Навремената превенција, правилната термичка обработка и чување на храната, како и употребата на безбедна вода, се клучни за намалување на ризикот од овие заболувања. Заболувањата ...