Белград
9ᴼ /
9ᴼ
На синоќешното свечено обраќање на „Фстивалот на жетвата“ во Општина Новаци, министерот за земјоделие Цветан Трипуновски, рече дека настанот е симбол на нивната визија за силна земјоделска држава и истиот го поддржува Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Општина Новаци. „Нашата цел е јасна, наместо да увезуваме, да избираме домашни земјоделски производи и преработки од истите. Од Новаци ги повикав сите ...
СДСМ вчера попладне објави нови 16 кандидати за градоначалници. Како што на прес конференцијата соопшти претседателот на партијата Венко Филипче, потпретседателката Каја Шукова е кандидат за градоначалник на Град Скопје. Кандидат за градоначалник на Битола ќе биде претседателот на општинската организација, Методија Куновски, за кој досега во партиските кулоари се споменуваше дека тој ќе биде носителот на советничката листа на СДСМ за идниот ...
Австралиската влада соопшти дека испорачала тенкови „М1А1 Абрамс“ на Украина како дел од пакетот од 245 милиони австралиски долари (над 137 милиони евра) за да и помогне на земјата да се одбрани од Русија. Австралија, еден од најголемите донатори на Украина надвор од НАТО, испорачува помош, муниција и опрема откако Москва ја нападна соседната земја во февруари 2022 година. Украина веќе ги доби повеќето од 49-те тенкови обезбедени од Австралија, ...
Конструктивниот предлог и притисокот на Либерално-демократската партија вроди со плод, вели потпретседателот на ЛДП, Валентин Груевски кој посочи дека Гувернерот на Народната банка ја слушна и ја поддржа иницијативата на ЛДП за намалување на банкарските провизии и донесе одлука за намалување на трошоците на банките кон НБРМ. Сега на ред се банките да го следат чекорот на гувернерот и да ги намалат високите трошоци кон граѓаните. „ЛДП минатата ...
Пред советниците на последната седница се најде и одлуката за давање овластување на градоначалникот на Битола да потпише договор за финансиска поддршка со одбојкарскиот клуб „Пелистер“ Битола. Претходно оваа точка беше и на комисиски расправи. Советникот Корлевски кажа дека за ова имало три проблеми, освен финансискиот, го спомена и просторниот. Бојкоски кажа дека финансискиот товар кој што го презема општината е 2 милиони денари за ...
Владата на Република Македонија го продолжи рокот за пријавување на јавниот повик за ангажирање на 400 пожарникари низ државата до 23 јули (среда), со цел да им се даде шанса на што поголем број заинтересирани граѓани да аплицираат, соопштија од Општина Битола. Мерката е дел од Планот за вработување 2025 и претставува прв крупен чекор за системско решавање на долгогодишниот недостиг од кадар во противпожарните единици. Станува збор за најголем ...
Скопјани деновиве се соочуваат со се поголем проблем – трошат вода наголемо, па скопското јавно претрпијатие се закани со потребата од рестрикција. Битолчани засега го немаат овој проблем, но штедењето вода како да е составен дел само од градското живеење. Битолчани за разлика од скопјани се внимателни кон водата как природен ресурс, но и кон услугата што ЈКП Водовод нуди – довод на питка вода во секое домаќинство. Сепак и во општина Битола има ...
На 16.07.2025 во 15.30 часот во село Жван, демирхисарско, полициски службеници од ОВР Демир Хисар лишиле од слобода три лица, двајца на возраст од 26 и еден од 47 години сите од Република Романија, поради сомнение за сторено кривично дело „измама”, казниво по член 247 од Кривичниот законик. Имено, тие во село Слоештица, демирхисарко, довеле во заблуда неколку жители и им продале наводно брендирани предмети за домаќинство, кои пак за возврат им ...
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Игор Јанушев, го потпишаа договорот со кој Општина Битола ќе добие прочистувачи на воздух за јавните објекти на територијата на општината. Како што соопштија од Општина Битола прочистувачите ќе бидат наменети за објекти од областа на образованието – основни и средни училишта и објекти во кои се згрижуваат деца од предучилишна возраст – ...
Преку 90 проценти е реализирано од она што го ветивме на локалните избори во 2021 година, вели во интервју за Актуел на Тера, градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски кој додава дека од преостанатото остануваат уште некои проекти кои се во тек на реализација или ќе се реализираат во овој, заради административни причини. Стевановски зборува и за тоа дека кога го презеде раководењето на општината затекнал лоша финансиска состојба, општината ...
35 години од основањето на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола. По тој повод претседателот на општинскиот комитет Пеце Милевски вели дека овој јубилеј го посветуваат на заедништвото во продолжувањето на битката на Битола, за уште една голема победа. „Овој триесет и петгодишен јубилеј на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола го посветуваме на заедништвото во продолжување на битката за Битола, на уште една голема победа и потврда дека политиката мора да се темели на интересите и ...
Во Владата денеска се потпишани договорите со општините кои аплицираа и беа избрани на вториот повик за финансирање на инфраструктурни проекти. Потпишани се договори во вредност од околу 14 милијарди денари кои со средствата од првиот повик изнесуваат вкупно околу 20 милијарди денари со кои се финансираат вкупно 1.200 проекти. Од оптшината соопштија дека Општина Битола е лидер по бројот на потпишани договори, вкупно 65 по вториот јавен повик од ...
“За мене неоспорен е фактот дека ние сме Македонци, дека нашиот идентитет е македонски, дека говориме македонски јазик и дека треба да ја развиваме македонската култура”, вели претседателката на ЛДП, Моника Зајкова во интервју за Сител телевизија. „Во Брисел веќе сите настани се преведуваат на македонски јазик. Ние треба да се стремиме кон тоа нашиот јазик да е во официјалните јазици, бидејќи и во преговарачката рамка е признат како македонски ...
Противпожарната единица на Битола вечерва во 21:10 часот примила повик зa запалена шума помеѓу Лавци и Смолево, при што замнинала и интервенирала со 4 возила и 15 пожарникари. Како што соопштуваат од противпожарната едниница пожарот е локализиран и е под целосна контрола, а екипите на ТТПЕ Битола остануваат на терен. Инаку пожарот можеше да се забележи и од другиот крај на градот. Според Центарот за управување со кризи пожарот бил на шума и ...
По битолски кажано нема шо не му помина на Коњановски во Советот. Ребалсот за кој се создаде дилема ќе помини или не, како и секогаш, но сега изборите ја подгреваа тензијата, па викендов овие од десната страна имаа многу ангажмани, зборува за проектите и што ќе се изгуби ако не се изгласа ребалансот. И дојде тој историски ден, како што го кажа Коњановски, ребаласот помина, односно беше изгласан со 17 гласови „за“, против беа од СДСМ, а воздржани ...
Во насока на засилена контрола, брза реакција и проактивна заштита на животната средина и јавниот интерес, Општинскиот инспекторат при Општина Битола од вчера започна со дежурства на терен, надвор од редовното работно време. Целта е јасна: доследна борба против секоја форма на нерегуларно и незаконско однесување на целата територија на општината, велат од Општина Битола. Понатаму во соопштението се вели дека веќе при првото дежурство беа ...
На 14 јули, на официјалната страница на американската влада за јавни набавки, беше објавен тендерот за втората фаза на реализација на новата противпожарна зграда, односно јавната набавка за финалното доопремување на објектот, преку грантот од Министерството за одбрана на САД, соопштија од Општина Битола. До 13 август, ќе се собираат понудите, по што ќе започне реализацијата на втората фаза од проектот, со што новата противпожарна зграда ќе ...
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Според метео картата на Управата за хидрометеоролошки работи нестабилна облачност во западните, северните ...
По повод премиерата на претставата „Рибарски караници“ во режија на Јован Ристовски, која ќе биде изведена до Ротинското езеро, Битолскиот театар со поддршка од Општина Битола, започна со реконструкција на патот кој води до езерото, туристичка атракција на која за прв пат ќе се одигра театарска претстава. Од битолскиот театар велат дека ова е уште еден доказ дека театарот го менува светот. „Театарот не е професија, театарот е начин на живот. ...
Сирија ја осуди „опасната ескалација на тензиите“ од страна на Израел откако израелските сили го бомбардираа генералниот штаб на сириската армија и област во близина на претседателската палата во Дамаск и јужна Сирија. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, ги осуди израелските воздушни напади врз Сирија. Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави дека САД се загрижени поради нападите на Израел врз Сирија, додавајќи дека ...
Министерството за здравство попладнево преку соопштение соопшти дека најостро го осудува секој облик на коруптивно однесување во здравствениот систем. Во врска со случајот во ЈЗУ Клиничка болница „Др. Трифун Пановски” – Битола, каде што денес медицинско лице е затекнато при примање поткуп, Министерството веднаш иницира постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, согласно законските процедури. Реакцијата на Министерството е брза, ...
„Денес за утре“ е слоган и мото на најновото издание на фестивалот на народни песни и игри „Илинденски денови“- Битола – како аманет кој потсетува и поттикнува на собирање и пренесување на знаење за сопствениот народ и неговата култура во секој нејзин сегмент и облик. Годинава се навршуваат 55 години од постоењето на фестивалот по кој се препознава Битола. Програмата – стокмена, организаторот – возбуден. „Илинденски денови“ не е само ...
Сезона пролет-лето. Не зборуваме за модатата, туку за една случајност како во Советот на Општина Битола баш тогаш заглавуваат пари од Европа. 2023-то лето господово проблемот беа европските пари за велосипедските патеки и тие останаа тема до пред некое време, кога и по неколку обиди Советот на даде зелено светло, па Општината ги започна со свои, односно пари на граѓаните. Сега оваа пролет-лето како да ни се повторуваат нештата. Повторно ...
На седницата на Комисијата за спорт и млади, советникот и координатор на СДСМ, Петар Николовски остро реагираше на процедурата околу дневниот ред. Причина, како што рече доцна биле известени за една од точките која се најде на дневниот ред и бараше повлекување. После скоро четири минути кавга, односно расправија со претседателот на комисијата Зоран Петковски, координаторот на СДСМ, сепак гласаше за како што претходно рече спортниот дневен ред, ...
Од битолски „Водовод“ информираат дека поради работните активности кои што се спроведуваат од страна на фирмата изведувач „БВ Инженеринг“, со прекинато водоснабдување се повеќе населени места. Со цел да им се излезе во пресрет на граѓаните, денес ќе биде поставена цистерна со питка вода, која ќе биде достапна на локацијата кај Стрежевска населба од 11:00 часот. Очекувањата се дека во попладневните часови, ќе се нормализира водознабдувањето. ...
Поради зачестените појави на девијантно однесување на поединци на територијата на општина Битола, како и сè побројните евидентирани прекршоци во областа на градежништвото, сообраќајот, услужните дејности, јавната чистота, несовесното постапување со јавните добра, за кои што постојано се поднесуваат пријави од граѓаните, Општина Битола донесе одлука – Секторот Општински инспекторат да биде целосно активен на терен и вон утврденото работно време, ...
На почетокот на месецот на барање на граѓанин направивме прилог во новиот пазар. Јавен, општински, со кој стопанисува ЈП Пазари. И денеска пазарџиите не упатија сами да видиме, не беа расположени за разговор пред микрофон. Нашата проверка продолжи на истите места како и пред две недели. Скалите кои водат од паркингот во објектот, освен на основата – ќе ја употребам фразата на пазарциите – видете сами. Контејнерите чисти, освен металната корпа ...
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски вчера откако беше изгласан ребалансот на буџетот на Општина Битола, преку својот фејзбук профил упати јавна благодарност до сите советници кои застанаа зад, како што вели, напредокот. И додава дека следуваат конкретни инвестиции во образованието, спортот, урбаниот развој и квалитетот на живот во Битола. Образование и спорт: Изградба на 3 типски спортски сали во: ОУ „Стив Наумов“ ОУ „Тодор Ангелевски“ ОУ ...
Како што веќе информиравме на онколошкото одделение во Клиничката болница во Битола доаѓаат специјалисти од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија од Скопје, кои тука веќе вршат прегледи за пациетните од овој регион. Од Клиничката болница Битола информираат дека овој петок на 18.07 2025 година прегледите ќе ги врши Д-р Симонида Црвенкова, а следниот петок на 25.07.2025 година прегледи ќе врши д-р Ленче Костадинова. Ова е врз ...
Ребалансот на буџетот изгласан со 17 гласови „за“, против беа од СДСМ, а воздржани од Поинаку. По ова советничката група на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата со заедничка фотографија, соопштија дека Советот го изгласа ребалансот, а координаторот на советничката група Бојан Бојкоски упати јавна благодарност до сите советници кои застанаа зад напредокот. Велат дека следуваат конкретни инвестиции во образованието, спортот, урбаниот развој и квалитетот на ...