Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Реката Драгор е крвотокот на Битола. Така се вели за сите реки кои минуваат низ градови и населени места. Во неа последниот период се помалку вода. Времето е жешко, климатските промени го даваат својот негативен ефект врз животната средина. И битката против тоа е тешка, долгорочна, а ефектите не се чувствуваат веднаш, а некои велат дека е и задоцнета. Но, она што зависи од факторот човек, тоа барем може да се среди. Ова е делот од реката Драгор ...
По првично објавените 19 имиња на кандидати за градоначалници, вечерва СДСМ објави уште 11 имиња со кои СДСМ ќе ја бара довербата на граѓаните на локалните избори за градоначалници. Битола не е и во овој втор бран. На нашето прашање кога се очекува СДСМ да донесе одлука со кој ќе настапува во Битола на локалните избори и кога се очекува тоа да биде соопштено, потпретседателот на партијата Методија Илиевски рече дека на некој од наредните извршни ...
Македонската , а Битолска музичка група „ГРОМ“ вечерва одржува концерт. Не е обичен, одбележуваат 45 години од своето професионално постоење. Концертот ќе се одржи воХераклеја, започнува од 21 часот, и, како посебен гостин го имаат Ален Славица, познатиот хрватски пејач. Денеска се одржа најавната прес конференција, а поддршка за вчерашниот концерт добија и директно од градоначалникот Тони Коњановски. Иако од време на време фановите им се ...
Димитар Кузмановски претседателот на битолските либерал-демократи зборува за заложбата на ЛДП за отворени листи на изборите. На прашањето што се отворени листи и зошто се важни за гласачот, Кузмановски објаснува дека на тој начин гласачот гласа за личност од листата, а не само за партијата, потоа дека кандидатите одговараат пред тебе, не пред партискиот шеф. Според него в Додава дека време е да се отворат листите и како што вели, шансите за ...
Стојанче Ангелов, в.д. директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), вчера потпиша договор за ангажман на двата пензионирани пилота за противпожарнита авиони „ер трактор“, Стоје Арсовски и Васко Михалчев. Со ова авионите на ДЗС ќе бидат оперативни за противпожарно дејство за гаснење на опасните пожари на отворено во нашата држава, Република Македонија. Инаку, вториот авион на ДЗС се очекува за кратко време да биде вратен од редовниот ...
Општина Битола беше домаќин на работната средба со претставниците на консултантскиот тим од проектот „Понатамошна поддршка за имплементација на реформите во секторот за води”, на која учествуваа раководните лица на битолските јавни претпријатија „Водовод“, „Нискоградба“, ЈП „Стрежево“, како и претставници на општина Новаци. Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски присуствуваше на средбата, на која раководителот на тимот, Ад Санен, ...
Во врска со проблемот на станарите на ул. „Климент Охридски” бр.19, за кој во текот на вчерашниот ден беше информирана јавноста, Општина Битола веднаш презеде активности во рамките на своите надлежности, преку секторот општински инспекторат. Веднаш после објавата, прибавени се информации по службена должност од управителот на зградата, при што управителот ја извести општината дека, сопственикот на станот, кој починал, сеуште нема законски ...
Општина Битола беше домаќин на работната средба со претставниците на консултантскиот тим од проектот „Понатамошна поддршка за имплементација на реформите во секторот за води”, на која учествуваа раководните лица на битолските јавни претпријатија „Водовод“, „Нискоградба“, ЈП „Стрежево“, како и претставници на општина Новаци. Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски присуствуваше на средбата, на која раководителот на тимот, Ад Санен, ...
Искрени честитки по повод Денот на независноста на Соединетите Американски Држави 4-ти Јули и посака градоначалникот на Битола, на американската амбасадорка Анџела Агелер. „На покана на Амбасадорката на САД, Н.Е. Ангела П. Агелер, имав чест да присуствував на приемот по повод 249-годишнината од независноста на Соединетите Американски Држави – 4 Јули и 30 години од воспоставувањето на билатерални односи помеѓу Македонија и САД. Нека и следните ...
Од Центарот за управување со кризи информираат дека вчера имаше вкупно 20 пожари на отворен простор, од кои активни се 2, а изгаснати се 18 пожари. Од активните е и тој во Општина Прилеп, односно кај селото Бешиште (приземен во квалитетна мешана шума), додека кракот кај селото Градешница, во Општина Новаци е под контрола. Другиот активен пожар е во Општина Валандово кај селата Грчиште – село Марвинци и Општина Богданци во селот Паљурци – село ...
Во 51 коло на Лото7 извлечени беа следните броеви 3, 7, 12, 16, 25, 29 и 36. Добивка со седум погодоци немаше, а имаше четири шестки, секоја од нив вредна по 110.255,25 денари. Фондот за седумка за следното коло на Лото7 изнесува 37.616.000 денари. На џокерот извлечени беа следните броеви: 6, 7, 8, 5, 6, 5. Добивка со шест погодоци немаше, а имаше една петка вредна 94.089,00 денари. Очекуваниот фонд за добивка со шест погодоци во следното коло ...
Со објавување на три отворени повици наменети за различни чинители од областа на туризмот, во Ресен во рамките на програмата „ЕУ за Преспа“ беше означен почеток на активностите од проектот за одржлив туризам со најава за низа активности. Интервенциите ќе се реализираат до јуни 2027 години и ќе бидат во висина до 1 милион долари. Отворените повици ќе се фокусираат на обуки и менторство за управување со сместувачки капацитети, развој на одржливи ...
Вчера беше второто пријавување од првиот уписен рок и за средните училишта во Битола и информиравме за шесте општински училишта, а денеска за седмото, односно државното музичко училиште. За наредната учебна година во државното музичко училиште во Битола според конкурсот предвидени се места за 68 ученици, во два класа. Едниот клас изведувачи, а другиот музичар теоретичар и традициски играч-пејач, насока што прв пат е воведена во ова училиште. И ...
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски ги сефтоса новите велосипедски патеки, патеки за кое имаше многу кавги во Советот, а и сега поделени мислења и таму и меѓу граѓаните. Станаа дежурна тема, а јавноста будно ја следи. И на позитивните и на негативните коментари, Коњановсски одговори со видео каде во 3 минути 40 секудни, кажа дека оди на работа. Неговото излегување од дома, па натолу по „Партизанска“ на кај Широк сокак. Кај музејот ќе ...
Медиумите, телевизиите како најсигурен извор на информации често знаат да ги засмеат граѓаните. Денес Тера во Нова Битола праша, дали новиот пазар е по европски стандарди ? И зборовите и изразот на лицето на госпоѓата од соседниот штанд исто говорат. На повикот за снимање, мораше да снимиме се. Секој што не одговори во камера ни посочи каде има најмногу смет. Каде, како никогаш да не било исчистено. Па видовме – густиот сообраќај се случува до ...
Ова се видео инсерти од седницатa на работното тело за новата урбана опрема. Не е редовна или вонредна седница на Советот па и седењето на советниците е кој каде сака. Правило нема. Но, бидејки на оваа седница на ова работно тело имаше и советници и од власта и од опозицијата, очекувањата беа дека тие ќе си седат на страната каде што им се местата. СДСМ и Поинаку лево, а ВМРО ДПМНЕ десно гледано од претседавачкото место. Советниците од СДСМ ...
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, ширум ги отвора вратите за упис на нови студенти во учебната 2025/2026 година на прв, втор и трет циклус студии. Конкурсите се објавени и достапни на веб-страницата на УКЛО и на веб-страниците на единиците на Универзитетот. За додипломските студии, на УКЛО има места за 2404 нови студенти. Од нив 1.199 се во државна квота, останатите 675 и 444 се наменети за кофинансирање и вонредни студии. ...
Во Скопје денеска ќе се одржи лидерскиот самит на Европската Унија и Западен Балкан посветен на Планот за раст. На самитот чиј домаќин е премиерот Христијан Мицкоски, учествуваат еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос и лидерите од Западен Балкан, како и министри, високи претставници од Европската унија, регионални организации и меѓународни институции. „Вечерва имав чест да сум домаќин на лидерите на државите од ...
Од Центарот за управување со кризи информираат дека до 10:00 часот на територијата на државата се евидентирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои 2 се активни, 1 пожар е локализиран, а 9 се изгаснати. Активен е пожарот помеќу с. Бешиште и с. Градешница каде гори сува трева и мешана шума, а е на територијата на двете општини Прилеп и Новаци, а другиот активен пожар е во општината Шуто Оризари каде гори дива депонија. Фото: Илустрација ...
Силен топлотен бран ја зафати јужна Европа, поттикнувајќи ги властите да издадат предупредувања за здравје и шумски пожари, бидејќи се очекува температурите повторно да се зголемат. Франција, Италија, Португалија и Шпанија со денови се борат со жешка топлина, при што температурите достигнуваат 44 степени Целзиусови на некои места. Првиот голем топлотен бран во летото ги поттикна властите во земјите долж северниот медитерански брег да издадат ...
Со почетокот на јули започнува и забраната за движење низ македонските шуми. забраната се воведува поради зголемен ризик од шумски пожари. И Националниот парк „Пелистер“ ја воведува, но, сите кои имаат обврски потребно е да пополнат посебен формулар којшто е објавен на официјалните интернет страници на паркот. Поголемата опасност од шумски пожари од 1 јули до 31 авгус го запира сето движње на човекот низ македонските шуми. Од ЈП Национални шуми ...
Полуматурантите кои на првото пријавување во јуни не се запишаа во средно образование за учебната 2025/2026, денеска имаат втора можност за упис, на второто електронско пријавување овој месец. Потребната документација до училиштата ќе се доставува утре, а ранг-листата на запишани ученици ќе биде објавена в среда (2 јули) до 12 часот. По првото пријавување, за денешното второ пријавување слободни места има во пет од шесте средни општински ...
Српската заедница во Битола викендов го одбележа српскиот национален и религиозен празник Видовден. Положија свежо цвеќе на српскит гробишта и традиционалниот излет во Буковски Манастир. Свеќа за починатите и за сите кои укажуваат почит кон оставштината на српските војници од косовската битка во 1389 година. Српоската заедница и годинава ја испочитува и однегува традицијата – се одбележа важниот националнен, етнички и религиозен празник ...
Македонските либерал- демократи со две резолуции со кои се потврдува визијата на европските либерали за Обединета Европа. Претседателката на ЛДП Моника Зајкова, викендов во Хелсинки на Советот на АЛДЕ (Асоцијација на Либерали и демократи на Европа), со 78 претставници во Европскиот парламент и 5 еврокомесари, предложи две резолуции кои беа усвоени од европските пријатели. Првата резолуција се однесуваше на пристапот на Македонија до Европскиот ...
Од денеска се пушта за сообраќај експресниот пат делница Фариш – Дреново, како дел од експресниот пат Градско – Фариш. Инвестицијата е вредна 44, 7 милиони евра и како што истакна вицепремиерот Николоски, ова била втората најтешка делница за работа, после автопатот Кичево-Охрид. Од денеска жителите на цела Пелагонија, Тиквешкиот регион и сите други граѓани ќе можат да возат по побезбеден, поквалитетен и побрз патен правец. Во продолжение ...
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 2,30%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 27.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,50 ...
Партијата на пензионерите ја напушта досегашната коалиција со СДСМ. На претстојните локални избори се очекува да настапи како дел од коалицијата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, јавуваат медиумите. Според претседателот на партијата, Илија Николовски одлуката е донесена на барање на членството, бидејќи 90 отсто од нив се изјасниле дека сакаат да соработуваат со актуелната власт. Николовски пак во изјава за „Телевизија 24“ вели дека Партијата на ...
Полуматурантите кои на првото пријавување во јуни не се запишаа во средно образование за учебната 2025/2026, денеска имаат втора можност за упис, на второто електронско пријавување овој месец. Потребната документација до училиштата ќе се доставува утре, а ранг-листата на запишани ученици ќе биде објавена в среда (2 јули) до 12 часот. Според податоците на Министерството за образование и наука собрани од училиштата, за второто јунско пријавување ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не планира да ја продолжи 90-дневната пауза за воведување царини за повеќето земји по 9 јули, кога истекува рокот за преговори што го одреди. Тој нагласи дека неговата администрација ќе ги извести земјите дека трговските казни ќе стапат во сила доколку не биде постигнат договор. Трамп за „Фокс Њуз“ изјави дека известувањата за воведување царини на земјите со кои нема да се постигне ...
Претседателот на СДСМ Венко Филипче, во Берлин во рамки на Конгресот на германската Социјалдемократска партија (СПД), оствари средба со актуелниот вицеканцелар на Германија и сојузен министер за финансии, Ларс Клингбајл, кој воедно е и ко-претседател на СПД. На средбата, претседателот Филипче изрази благодарност до вицеканцеларот Клингбајл, за континуираната и силна поддршката на СПД за евроинтеграцискиот процес на Македонија, посочувајќи дека ...