Белград
8ᴼ /
7ᴼ
Доживотна казна затвор им беше изречена денеска на обвинетите Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се товареше дека давал информации за движењето на неговата ќерка, е ослободен од обвинение, објави МИА. Судот одлучи мерката притвор спрема обвинетите осудени за доживотен затвор да се продолжи до правосилноста на пресудата, додека, ...
Доживотна казна затвор им беше изречена денеска на обвинетите Љупчо Палевски, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, кој се товареше дека давал информации за движењето на неговата ќерка, е ослободен од обвинение, објави МИА. Судот одлучи мерката притвор спрема обвинетите осудени за доживотен затвор да се продолжи до правосилноста на пресудата, додека, ...
Музејската поставка е капитален проект на битолскиот Завод и Музеј, поддржан од министерството за култура. Синоќа свечено отворена, со специјално осветлување, односно како што вели директорот Николовски визуелен ефект привлечен за сите. „Тоа е делот каде што е поместен делот на историја, делот на етнологија, градски костими и градска соба. Тие простории се финансирани дел од Европската унија, со ИПА проектот и вечерва на наше задоволство, а се ...
Општина Новаци, како рурална општина во срцето на Пелагонија, континуирано вложува во санирање и пробивање на полските патишта со цел да обезбеди подобар пристап до земјоделските површини и да го олесни секојдневниот живот на своите жители, вели градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски. Како што информира градоначалникот, деновиве оваа активност се спроведуваше во селата Живојно, Гермијан и Бач. „На овај начин, Општина Новаци демонстрира ...
Колку првооделенци се запишаа во Битола, е прашање кое во поново време често се поставува, а е индикатор дали наталитетот се намалува или зголемува, остануваме тука или се иселуваме. Уписите за првооделенците завршија и бројки велат дека во следната учебна година 2025/2026 година, односно од наесен во битолските училишта ќе имаме 548 првачиња. Ова е бројка на запишани првачиња до 15 јуни. Најмногу првачиња има во основното училлиште „Св. ...
Од ЕСМ веќе кажаа дека Термоелектраната Битола 2 е успешно синхронизиран со електроенергетскиот систем вчера во 18:24 часот. Термоблокот веќе испорачува електрична енергија според потребите на Универзалниот снабдувач ЕВН Хоум. И додаваат дека ова, како што велат брзо оспособување на Блокот е резултат на натчовечкиот напор и посветеност на вработените во комбинатот, кои работеа неуморно за да го вратат во функција во најкус можен рок. Сега поради ...
Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола повторно е рангиран на ранг-листа на Times Higher Education (THE) Impact Rankings 2025. Минатата година УКЛО беше првиот македонски универзитет рангиран на оваа престижна ранг листа и како што велат сега, се радуваат што оваа година се придружија уште два македонски универзитети. Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола беше евалуиран во пет од вкупно седумнаесетте Цели за одржлив развој (SDGs), ...
Премиерот Христијан Мицкоски синоќа пред платото на Владата се обрати на настан по повод одбележување на првата годишнина од изборот на Владата. „Измина една цела година, на предизвици, на тешка, посветена и макотрпна работа. Во секој еден ден од овие изминати 365 дена, не заборавивме во ниту еден момент од каде доаѓаме, и со каква чест располагаме, и каква одговорност имаме да не ги разочараме македонските граѓани. Секој почеток е тежок. Секој ...
Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, ја посети новата детска градинка, сместена во објектот на поранешниот Дом за доенчиња и мали деца, која се очекува да започне со работа во септември оваа година, соопштија од Општина Битола. Објектот е целосно реконструиран со средства обезбедени од Министерството за социјална политика, демографија и млади и Општина Битола. Во моментот, се врши негово опремување со соодветен мебел и опрема – ...
Според американскиот претседател Доналд Трамп, треба да започне прекин на огнот меѓу Израел и Иран. Веќе 24 часа по почетокот на етапниот прекин на огнот, војната треба да биде завршена, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл. Прекинот на огнот треба да стапи во сила за околу шест часа, штом двете страни ги завршат тековните операции, напиша Трамп вчера околу 18:00 часот. Прекинот на огнот треба да важи од 6 часот утринава. Како што ...
Катарските сили пресретнаа ирански ракетен напад врз главната американска воена база на негова територија и изјавија дека може да одговорат на ист начин. Експлозии одекнаа над Доха во нападот што следеше по американските напади врз иранските нуклеарни постројки во текот на викендот. Ракетите ја таргетираа воздухопловната база Ал Удеид, најголемиот американски воен објект на Блискиот Исток, во она што Министерството за надворешни работи на Катар ...
Од РЕК Битола попладнево соопштија дека денеска во 18:18 часот Блокот 2 е синхронизиран на електроенергетската мрежа. „По неколкудневните напори за санација на ормарот за електро управување на Блок 2 кој беше опожарен на 18.06.25 денеска по пуштачките операции Блок 2 е синхронизиран на електродистрибутивна мрежа во 18:18 часот“ велат од РЕК Битола. Изминатите неколку дена ниту еден од блоковите во комбинатото не работеа, а пред два дена беше ...
Mалопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,00%. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.06.2025 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 77,50 ...
Ова е фотографија од 8 април оваа година кога, како што тогаш соопшти битолската СДСМ, победи одговорноста, разрешени се управните и надзорните одбори во јавните претпријатијата. Дали ова е последната заедничка фотографија со советничката Трајковска, која е од партијата ДОМ, партија која денеска соопшти дека ја напушта коалицијата со СДСМ. Анастасија Трајковска е од ДОМ и на последните локални избори нејзината партијата беше во коалиција со ...
Уште неколку недели Коњановски ќе треба да почека за да дознае кој ќе му биде противкандидат од најголемата опозициска партија СДСМ. Ако се суди по вчерашната изјава на Филипче, тоа ќе биде во првата половина на јули. Од овој регион, СДСМ во првиот бран ги објави кандидатите и за Ресен, Крушево, Новаци и Могила, но не и за Битола, како што не објавија и за голем дел од поголемите општини во Македонија, бидејки процедурите се уште траеле. Во ...
Општина Новаци донираше за кабинетот за практична настава во Средното медицинско училиште д-р Јован Калаузи, а по тој повод градоначалникот Стевче Стевановски го посети училиштетот, односно опремата и кабинетот за практична настава. Со донацијата го опремивме со современа опрема која содржи терапевтски маси, рачни динамометри и други уреди кои ќе им обезбедат на учениците практично искуство на професионално ниво а на некој начин инвестираме во ...
Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите. Особено топло се очекува од среда до петок кога дневната температура насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе достигне до 40°C. Во петок попладне и во вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, а пад на температурата за неколку степени се очекува за време на ...
Секоја чест на актерската изведба на Венко Филипче – само што народот не аплаудира, туку превртува очи, велат од ВМРО ДПМНЕ, по вчерашната партиска трибина на СДСМ. „Кога ќе се појави тој, сите веднаш се потсетуваат на изгорените животи во модуларните болници, на кинеските вакцини платени а неснабдени, како и на милионските тендери поделени во 4 очи со неговите пријатели од политиката. Човекот кој ја водеше најсрамната здравствена политика во ...
Централниот одбор на ДОМ (Демократска обнова на Македонија) на седницата која ја одржа на 21 јуни 2025 година, како што стои во соопштенеито на партијата донесе три важни одлуки кои ја поставуваат идната политичка насока што води кон вредносна доследност, отвореност и одговорност. Од партијата во соопштението велат дека со чувство на обврска кон сите граѓани и граѓанки кои веруваат во зелена, праведна, демократска и европска иднина на ...
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Маријано Гроси, ќе свика вонреден состанок на Одборот на гувернери на МААЕ денеска во седиштето на агенцијата во ОН во Виена поради „вонредната ситуација“ во Иран „по најновите напади врз нуклеарните објекти“, се вели на веб-страницата на организацијата. Генералниот директор рече дека иранските регулаторни власти ја информирале МААЕ дека нема зголемување на нивоата ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на трибината „Македонија понижена – Една година Влада“ рече дека СДСМ не е иста со ВМРО-ДПМНЕ. Оваа борба не е само за власт, туку за вредности, вистина и еднаквост. „Сакам да им се обратам на оние кои велат „сите се исти“ или „во СДСМ нема промена“. Не сме исти. Не се исти оние кои вртат глава кога ќе се пожалите на тешка живеачка и оние кои понудија решенија за повисоки плати и пониски цени. Не се исти оние ...
Неколку часа откако американските стратешки бомбардери Б-2 нападнаа нуклеарни објекти во Иран, Иранската револуционерна гарда изутринава истрела ракети кон Израел, објави ДПА, а пренесува МИА. Сирени за воздушен напад се огласија во Израел рано утринава, објавија израелските вооружени сили во „Телеграм“. Околу 30 ракети беа употребени во новиот воздушен напад врз Иран против Израел, објави иранското државно радио. Најмалку 11 лица се повредени ...
По прес конференцијата на СДСМ за како што рече Илиевски хаваријата во РЕК Битола, од битолската ВМРО ДПМНЕ возвратија со реакција во која велат дека СДСМ продолжува да манипулира со граѓаните. „Вие, господо од СДС и по страшната пропаст која ве снајде продолжувате исто – манипулирате со граѓаните, ја одрекувате вистината. Правите се да ја избегнете одговорноста, иако тоа е невозможно. Правите се да ја исперете совеста, што ја немате. Залудни се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа „Truth Social“ дека САД извршиле „многу успешен напад“ врз три нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи го и Фордо. „Го завршивме нашиот многу успешен напад врз трите нуклеарни постројки во Иран, вклучувајќи ги Фордо, Натанз и Исфахан“, напиша Трамп. „Сите авиони сега се надвор од иранскиот воздушен простор. Цел товар БОМБИ беше фрлен на главната локација, Фордо. Сите ...
Во врска со како што велат од ЕСМ, континуираните дрски и лажни обвинувања од СДСМ – уништувачите на македонскиот енергетски систем, ја информираат јавноста дека Техно Коп Плус ДООЕЛ Битола е избрана за компанија за технолошко чистење, откако ги исполнила сите наведени критериуми по јавниот повик. „Овој понудувач, понудил за 30% пониска цена од досегашната договорна. Иако одлуката е донесена, договорот сè уште не е потпишан поради тековната ...
Методија Илиевски, советник во битолскиот Совет и еден од потпретседателите на СДСМ од пред комбинатот рече дека РЕК Битола веќе неколку дена е во колапс заради, како што вели, криминалните зделки и тендери на ВМРО-ДПМНЕ. „Она што се случува во РЕК Битола не е никаква саботажа, туку корупција од епски размер и местење на тендери за неспособни партиски фирми. Тоа е саботажа врз државата и системот од страна на ДПМНЕ. Суштината на скандалот е ...
Воениот судир меѓу Иран и Израел доведе до нагло зголемување на цената на нафтата, што ја истакнува важноста на регионот во глобалното снабдување со енергија. Ризикот од прекин на Ормускиот Теснец, критична транзитна рута за нафта, предизвикува значителна вознемиреност на финансиските пазари. Вака коментира колумнистот Роберт Рапиер на специјалниот портал „Оilprice“ по најновиот воен конфликт што ја диктира цената. Од 13 јуни до вчера, за само 7 ...
Се одржа јавна расправа за реформскиот пакет закони за дигитална трансформација, а тој паќет ги содржи предлог законот за електронските комуникации, предлог законот за безбедност на мрежни и информациски системи, како и предлог законите за изменување и дополнување на законот за архивски материјал и архивска дејност и на законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги. Експерти од областа и засегнати страни ги ...
На локалните избори во 2021 година, бројот на регистрирани гласачи, односно електоратот бил 82.054. На гласање излегле 43.975 гласачи или 53.59%. Ова е за гласањето на првиот круг. Во вторио круг излезноста била повисока 57.95%. Ова се податоците за изборите за градоначалник. За кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата гласале 19.571 или 44.50%, за кандидатот на СДСМ и коалицијата гласале 17.926 гласачи или 40.76% проценти. Движењето „Одлучно за ...
Поради влошувањето на безбедносната состојба во регионот на Блискиот Исток, бројни меѓународни авиокомпании ги откажаа или суспендираа летовите до Израел, Иран, Ирак, Јордан, Либан и Сирија, а некои компании најавија промени во користењето на воздушниот простор во овие земји, пишува МИА. Израелските превозници, вклучувајќи ги „Ел Ал“, „Сундор“ и „Израер“, ги суспендираа закажаните летови до крајот на јуни, со ограничена достапност за јули. Во ...