Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Познатата актерка Мишел Фајфер (67) иако одамна е во седмата деценија, со својот изглед воодушевува на секој чекор. На последното појавување ги маѓепсала присутните со лежерно модно издание, но многу повеќе се зборувало за нејзиното убаво лице. Познато е дека Мишел изгледа младолико, но со голо око на нејзиното лице не се забележуваат естетски зафати и речиси е невозможно да утврдите дали и што точно направила на себе. Според зборовите на ...
Модерен дизајнерски детаљ може да предизвика сериозни проблеми при сообраќајни несреќи, како што покажува оваа драматична снимка. Снимката што последниве денови се шири на социјалните мрежи прикажува драматично спасување на тројца патници од запалена електрична лимузина. Станува збор за моделот „Dongfeng eπ007“, а несреќата, како што потврди производителот, се случила уште на 19 март минатата година во кинеската покраина Јунан, пишува ...
Како и многу пати дотогаш, Ерик скролал низ сајтот што редовно го користел за гледање порнографија. Неколку секунди по почетокот на едно видео, се вкочанил. Сфатил дека парот што го гледа му изгледа познат. Тоа биле тој и неговата девојка. Имено, во 2023 година поминале ноќ во хотел во Шенжен, на југот од Кина, несвесни дека не биле сами. Некој ги снимил и ја објавил снимката на интернет – без нивно знаење и дозвола. Нивните најинтимни ...
Круната на француската царица Евгенија е значително оштетена откако крадците, во бегство, ја испуштиле за време на провалата во музејот Лувр во октомври минатата година. Од музејот велат дека нејзината целосна реставрација е можна. Кражбата на музејскиот накит е проценета на 88 милиони евра. Музејот ги објави првите фотографии од круната по кражбата, наведувајќи дека таа е значително деформирана откако крадците се обиделе да ја извадат низ ...
Американскиот претседател Доналд Трамп објави видео со теорија на заговор за избори на Truth Social, прикажувајќи го поранешниот претседател Барак Обама и неговата сопруга Мишел како мајмуни, предизвикувајќи остра осуда од истакнати демократи. Кон крајот на едноминутното видео, Обама се прикажани со нивните лица надредени на телата на мајмуните околу една секунда. Притоа, видеото ги повторува лажните тврдења дека компанијата за броење гласови ...
Доколку барате едноставен и вкусен оброк што ќе ја воодушеви целата фамилија, овие запечени палачинки полнети со мелено месо се совршен избор. Сочното мелено месо во ароматичен сос, покриено со стопен кашкавал, го прави овој оброк вистинско уживање за целото семејство. Полнетите палачинки се идеални за ручек или вечера, а лесно можете да ги подготвите и однапред и да ги запечете непосредно пред сервирање. Потребни состојки: - 2 главици кромид ...
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи главната расправа за предметот против Раде Трајковски – Штекли и останатите обвинети за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. На денешното рочиште беа презентирани материјални докази, вклучувајќи записници за претрес, потврди за привремено одземени предмети и форензички вештачења за пронајдени наркотични супстанци и биолошки траги. Пред судот беа изведени докази ...
Долго откако ќе помине летото, многумина не се откажуваат од свежите домати во салати, сендвичи или сосови. Сепак, ретко се прашуваме какви домати всушност купуваме во продавниците надвор од сезоната. Во текот на зимските месеци на рафтовите може да се најдат различни видови – од чери домати, преку класични средни и крупни домати, до шарени сорти. Останува прашањето колку таквите домати навистина можат да се мерат со летните, но и какви ...
Шпанија испиша медицинска историја со првата трансплантација на лице од донатор кој пред асистирана смрт одлучил некому да му подари нова шанса за живот. Болница во Барселона во понеделник соопшти дека е извршена пионерска трансплантација на лице во која донаторот, првпат во светот, го понудил своето лице за донација пред да биде подложен на постапка на асистирано умирање. Сложената операција вклучувала трансплантација на композитно ткиво од ...
Генерал полковник Владимир Алексеев, висок офицер во руската воена разузнавачка служба, беше критично ранет во обид за атентат во Москва утрово. Нападот се случил во станбена зграда на улицата Волоколамска од страна на неидентификуван напаѓач, објавува „Киев пост“. Според руските државни медиуми, започната е истрага за обидот за убиство на висок функционер во одбраната. Истражителите потврдија дека Алексеев бил застрелан повеќе пати и ...
Изгледот на овој аеродром го проектирала компанијата „Zaha Hadid Architects“ од Велика Британија, а во состав со нивната естетика станува збор за впечатлива футуристичка структура. На почетокот на јануари годинава во гратчето Бишофт во Етиопија беше поставен камен темелник за најголемиот аеродром во Африка или барем она што треба да стане – најголем аеродром на вториот најголем континент во светот. Меѓународниот аеродром во Бишофт е ...
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и дека тие разговараат за прекинување на војната на Русија против Украина. Во интервју за RT, телевизиска мрежа финансирана од руската влада, Лавров рече: „Нема да го кријам тоа, ние сме во контакт со некои европски лидери. Тие се јавуваат и бараат овие разговори да останат тајни. Некои дури доаѓаат и тука. И така тие ...
Мајкл Смит од Северна Каролина „заработил повеќе од 10 милиони долари благодарение на запрепастувачка измама што ја откриле федералните власти: користел вештачка интелигенција за масовно создавање и дистрибуција на лажни песни. Според обвинението, Смит произведувал стотици илјади нумери во различни жанрови – од поп и рок до електронска музика – кои звучеле доволно убедливо за лаиците и алгоритмите на стриминг-сервисите лесно да поверуваат ...
Рафет Мемишовски, човекот што се закануваше со убиства на протестите, синоќа се извини за заканите преку видео на социјалните мрежи. Кажа дека бил изнервиран бидејќи полицијата го земала возилото на братучед му, бидејќи немал возачка дозвола. Тој на протест се закани со тепачки и убиства поради одземањето на возилата на тие што ќе возат без возачка дозвола. Мемишовски вели дека направил грешка и дека тоа нема да се повтори. – Се извинувам ...
Интернетот денес е неисцрпен извор на совети за здравје, но меѓу корисните препораки неретко се појавуваат и неосновани, па дури и потенцијално штетни тврдења. Еден од поновите трендови кој брзо се прошири на социјалните мрежи е пиењето маслиново масло на празен стомак – практика што ја промовираат и познати личности како Кејт Хадсон, повикувајќи се на древни медитерански обичаи. Застапниците тврдат дека голтка масло наутро ја поттикнува ...
Експертот за долговечност, Ден Бутнер, со децении ги проучува таканаречените сини зони, деловите од светот каде што живеат најголем процент на луѓе над 100 години. Врз основа на ова истражување, тој издвоил една храна што ја смета за неопходна во исхраната на долговечните луѓе. Бутнер, кој редовно одговара на прашања за сопствената исхрана и животните навики обликувани од неговото истражување, објаснил зошто решил да се откаже од месото, а ...
Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин, соопшти вчера норвешката полиција. Истрагата е покрената откако беа објавени нови документи што откриваат комуникации меѓу Јагланд и Епстин, пренесува ДВ. Пал Лоесет, раководител на норвешката единица за економски криминал Оекокрим, рече дека постојат легитимни ...
Според Глобалното истражување за ментално здравје од 2024 година, Велика Британија е втората најнесреќна земја во светот, а Узбекистан е на првото место. Извештајот „Ментална состојба на светот“ покажува дека поголемото богатство и економскиот развој не гарантираат подобра ментална состојба. Единствената земја што доби полош резултат од Велика Британија е Узбекистан, поранешна советска република во Централна Азија. Британскиот јутјубер Вендал ...
„Google“ развива AI „Gemini“ кој ќе може да ја преземе контролата над вашиот телефон, извршувајќи задачи како нарачување храна и закажување превоз. Иако автоматизира многу процеси, корисниците и понатаму ќе имаат целосна контрола и одговорност за неговите активности. „Google“ подготвува нов „Gemini“, кој наскоро би можел да го преземе вашиот „Android“ телефон, управувајќи со задачи како отворање апликации, нарачување храна или закажување ...
Во свиоците на планините Хиндукуш во Пакистан, во една од најнепристапните и најбезвластни области во светот, од падината на ридот зјае огромна, избраздена јама. Под зимското сонце таа блеска како рана во земјата, на само околу 16 километри од границата со Авганистан. Од тој кратер – рудникот за бакар „Muhammad Khel“ – минатата година биле ископани околу 22 илјади тони бакар, вреден стотици милиони долари, по што бил испратен во Кина, земја ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, денес изјави дека верува оти „веројатно ќе одам во рајот“. „Навистина мислам дека ќе стигнам таму. Не сум совршен кандидат, но направив многу добро за совршени луѓе“, рече Трамп за време на говорот на Молитвениот појадок во хотелот „Вашингтон Хилтон“, објави CNN. На настан на кој присуствуваа неколку членови на Претставничкиот дом и Сенатот, Трамп рече дека „сè уште се шегува“ за своето „патување во рајот“. ...
Големата полициска акција поврзана со заплената на пет тони марихуана во соседна Србија продолжува и денеска во Скопје. Како што пренесе „360 степени“ десетина комби-возила, пет-шест камиони и полициски возила попладнево влегле во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција. Местото е под силно полициско обезбедување и пристап до таму не е можен. Во врска со акцијата, која е насочена кон ...
Пејачката со албанско потекло, Бебе Реџа, уште минатата година „кренала прашина“ на социјалните мрежи кога побарала од обожавателите помош околу изборот на партнер и идниот татко на нејзиното дете. За време на доделувањето на Греми наградите, кое традиционално се одржува во Лос Анџелес, Бебе Реџа повторно го привлекла вниманието. Имено во снимката што ја објавил фотографот Кевин Вонг, пејачката открила каков е нејзиниот емотивен статус во ...
Деветгодишно момче се здобило со тешки повреди откако испробало еден од најновите трендови од социјалните мрежи, предупредуваат лекарите и експертите за безбедност на децата. Калеб Чабола се подготвувал за училиште на 20 јануари, кога се обидел да ја загрее својата желатинеста играчка „NeeDoh Nice Cube“ во микробранова печка, пренесе „People“. Мајката го слушнала вресокот Тој сакал играчката да стане помека и полесна за обликување, а на ...
Ако сакате мачки, ова е идеална можност за вас. Грчкиот остров Сирос бара волонтери во засолниште за мачки, а за возврат нуди бесплатно сместување. Одбраните кандидати ќе мора да се обврзат на пет часа работа дневно, пет дена во неделата, со директна грижа за мачките, а за возврат ќе добијат бесплатно сместување, платени режиски трошоци и појадок. Задачите на волонтерите во засолништето на островот Сирос вклучуваат чистење, хранење, ...
Британецот Алекс Јанг на кого во 2025 година му била ампутирана ногата, си направил протеза користејќи делови купени преку интернет. Јанг за „GB News“ изјавил дека протетичката нога ја склопил за околу 120 евра, користејќи делови купени преку платформите Амазон и иБеј, откако му било кажано дека специјализирана протетичка нога за трчање би чинела и до 35.000 фунти (околу 40.600 евра). Тој навел дека минатата година останал без десната нога ...
Силна бура ја парализираше Далмација, брановите беа високи колку трикатна зграда, дури осум метри, улиците беа поплавени, луѓето беа во неверување. Според хрватските медиуми, најголемите проблеми биле предизвикани од комбинација од бурни ветрови и изразен низок воздушен притисок, што предизвикало екстремна циклонска плима. Бранови високи до осум метри биле измерени во близина на Палагружа, додека во близина на Молунт достигнале седум метри. ...
„Лас Вегас е град како ниеден друг, со својот култен Стрип кој се гордее со мега-хотели, раздвижени казина и неверојатна забава што трае 24 часа дневно. Неонските светла ја претвораат ноќта во ден, а сè изгледа како филмска сценографија“, напиша патописната новинарка Ејми Џоунс, која за првпат во животот го посети Лас Вегас и за „Mirror“ ги сподели своите впечатоци. Таа призна дека еден детаљ целосно ја изненадил, бидејќи бил далеку од она ...
Кинескиот производител на хуманоидни роботи, „Унитри“ (Unitree), постигна голем напредок во автономното движење на роботи, испраќајќи го својот Г1 (G1) робот во екстремно снежно подрачје на Алтај во Синџијанг. Роботот автономно помина над 130.000 чекори на температури до -47,4 степени Целзиусови, цртајќи амблем на Зимските олимписки игри на ледот, на површина долга 186 метри и широка 100 метри, пишува „Хуманоидс дејли“. За да го заштитат од ...
Владата го прифати барањето на УПОЗ но не во целост, но важно е дека се прифати да се исплаќаат додатоците на плати за работниците во државната управа и правосудството, изјави претседателот на синдикатот Трпе Деановски по денешната средба со премиерот Христијан Мицкоски и владини претставници. – Како што најавуваме минатата година, ќе бидат на неколку години, на 3 рати, по 8 проценти за жал, не по 10. Пак ќе повторам за жал, не ги добивме ...