Белград
6ᴼ /
5ᴼ
Кошаркарите на Индијана поведоа со 2-0 во серијата од финалето на Источната конференција против Њујорк Никс. Пејсерсите славеа и во вториот натпревар во „Медисон Сквер Гарден“, овој пат без продолженија, со резултат 114:109. Најефикасен актер на натпреварот беше Паскал Сиакам со 39 поени за 33 минути и висока, погоди 15 од 23 обиди од поле. Мајлс Тарнер го следеше со 16, додека Тајрис Халибартон (5/16) имаше слаба шутерска вечер, и покрај ова ...
Арне Слот, тренерот на Ливерпул, му одговори на Деко, спортскиот директор на Барселона, откако тој јавно изрази интерес за Луис Дијаз. Крилниот напаѓач на „црвените“ е едно од потенцијалните засилувања на каталонскиот клуб во преодниот рок. Деко во изјава за шпанските медиуми рече дека Барселона е заинтересирана за Луис Дијаз и Маркус Рашфорд. „Ни се допаѓа Луис (Дијаз), ни се допаѓа (Маркус) Рашфорд и ни се допаѓаат други играчи. Кога одиме ...
Еден од најбараните играчи во Европа, Флоријан Вирц, е блиску до преселба во Ливерпул, објави германскиот „Скај Спортс“. Се зборуваше дека може да оди во Баерн или во Манчестер сити, но неговиот траснфер на „Енфилд“ практично е завршен. Наводно, најдобриот играч на Баер Леверкузен му реклол „да“ на актуелниот шампион на Англија откако разговарал со менаџерот Арне Слот. Сега е ред на клубот, Ливерпул треба да испрати понуда до Леверкузен, а ...
Фудбалерот на Наполи, Скот Мектомини, е прогласен за најдобар играч во Серија А во сезоната 2024/25. Мектомини беше стрелец и во победата над Каљари (2:0), со која Наполи ја обезбеди четвртата титула во италијанското првенство, втора во последните три сезони. Шкотланѓанецот постигна 12 гола и имаше шест асистенции на 34 натпревари во италијанското првенство оваа сезона. Тој е член на Наполи од минатото лето, кога пристигна од Манчестер ...
Фудбалерите на Наполи се шампиони на Серија А за сезоната 2024/25. Тимот на Антонио Конте го освои Скудетото по втор пат во последните три години, откако во последното коло го победи Каљари со 2:0. Ова е четврта титула за клубот од Неапол во историјата, а речиси половина милион навивачи сакаа да го имаат своето место на стадионот „Диего Армандо Марадона“, чии капаситет е 10 пати помал. ¡NAPOLI CAMPEÓN DE LA SERIE A! pic.twitter.com/HhY7LlIWkB ...
Лука Модриќ (39) сè уште не откри каде ќе ја продолжи кариерата, откако објави дека го напушта Реал Мадрид, но шпанските медиуми веќе нудат неочекувано сценарио. Според „Дифенса Централ“, Модриќ ќе остане во Мадрид и дека кариерата ќе ја продолжи во Хетафе. Според овој извор, заедно со Модриќ во мадридското предградие би пристигнал уште еден симбол на Реал, Раул Гонзалес, кој би го заменил Хосе Бордалас на тренерската позиција. Главната ...
Фудбалерите на Наполи ја освоија титулата во Серија А. Наполи ја задржа предноста од еден бод во однос на Интер, откако во последното коло го победи Каљари со 2:0, а сега веќе поранешниот шампион со истиот резултат победи во Комо. Наполи ја освои четвртата титула во клупската историја, втора во последните три сезони. Наполи мораше да победи и тоа го направи со головите на двете големи засилувања, Скот Мектомини и Ромелу Лукаку. ...
Монако ќе му биде противник на Фенербахче во борбата за титулата во кошаркарската Евролига. Монако, во второто полуфинале на завшрниот турнир во Абу Даби, го победи Олимпијакос 78:68 (17:17, 18:15, 22:19, 21:17). Олимпијакос тимот со најдобар резултат во регуларниот дел од сезоната, не успеа да стигне до финалето. Ниту еднаш во историјата на Евролигата, откако се игра во овој формат со завршен турнир, од 2016/2017 година, најдобриот тим од ...
Ваљадолид испадна од Примера, но неговите навивачи денес слават. Клубот објави дека Роналдо Назарио повеќе не е сопственик. „Претседателот на Управниот одбор и мнозински сопственик на Ваљадолид, Роналдо Луис Назарио де Лима, објавува дека потпишал договор за продажба на поголемиот дел од акциите на инвестициска група од Северна Америка, која е поддржана од фонд од Европа“, се вели во соопштението за медиумите на Ваљадолид. Навивачите во ...
Новак Ѓоковиќ избори пласман во своето 143-то финале на АТП турнирите и во сабота ќе игра против Хуберт Хуркач за својата 100-та титула. Во полуфиналето на АТП турнирот од серијата 250, во Женева, Ѓоковиќ го победи Камерон Нори во три сета. Мечот траеше два часа и 30 минути, а Новак победи со резултат 6:4, 6:7, 6:1. Ѓоковиќ релативно лесно мина низ првиот сет, во вториот, успеа да се врати по водството на противникот 1:4 и 2:5 избори ...
Првиот човек на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, повторно имаше „шоу“, овојпат на завршниот турнир во Абу Даби. Јанакопулос, познат по својот жесток темперамент и човек што нема добар однос со челниците на Евролигата и судиите, тоа го покажа на полувремето. Кога судиите се упатија кон соблекувалната, Јанакопулос стана и почна да им вика, по што влезе на теренот и продолжи вербално да ги напаѓа. Потоа тој ги нападнал и водечките луѓе на ...
Кошаркарите на Фенербахче в недела ќе се борат за втората титула во Евролигата во клупската историја. Во првото полуфинале на завршниот турнир во Абу Даби, Фенербахче го победи се уште актуелниот првак Панатинаикос со 82:76 (22:14, 16:19, 17:15, 27:28). Играчите на Фенербахче одиграа тактички зрел натпревар, имаа предност во текот на целиот натпревар, ПАО имаше предност само на стартот 0:2 и 3:5) и ги имаа Девон Хол и ветеранот Ерик Мекалум. ...
Поранешниот репрезентативец на Македонија, Аријан Адеми, наскоро треба да го напушти Динамо Загреб. Откако се врати во Динамо на крајот од летото 2023 година по краток престој во Кина, Адеми сега е повторно пред заминување од „Максимир“. Причината за неговото заминување е недостатокот на минутажа во тековната сезона, во која, по правило, тој беше играч кој влегуваше од клупата. Оваа сезона, настапи во 26 натпревари за Динамо, но одигра само ...
Еуфорија се чувствува на секој чекор во Неапол, тимот на Антонио Конте, вечерва може да ја освои титулата во Серија А. Малку им треба на Наполитанците да се „запалат“, тие веќе почнаа да ја слават титулата, ако ја освојат, тоа ќе им биде втора во три сезони, по исходот од бурното претпоследно коло. Наполи одигра скромни 0:0 во Парма, но првиот ривал Интер исто така одигра нерешено, со Лацио (2:2), а редоследот на табелата остана непроменет ...
Дефанзивецот Родриго де Соуза Прадо, познат во фудбалскиот свет како Родригао, пристигна во Црвена звезда. Бразилскиот фудбалер потпиша двегодишен договор во просториите на клубот и го одбра дресот со број пет. „Многу ми е мило што ќе имам можност да играм европски натпревари, тимот ја освои титулата и оваа сезона, а Црвена звезда веќе еднаш беше шампион на Европа, Мотивиран, заедно со соиграчте да продолжиме да редиме успеси“, рече Родригао. ...
Манчестер јунајтед имаше шанса но не успеа да ја спаси сезоната. Во средата, Јунајтед доживеа пораз од Тотенхем (0:1) во финалето во Лига Европа. Тотенхем го освои трофејот и избори пласман во Лигата на шампионите, а Јунајтед ја комплетира најлошата сезона во последните 50 години. Ремонт и тоа целосен. Ова му претсоти на Манчестер јунајтед во летниот преоден рок. Наводно сите, со исклучок на капитенот Бруно Фернандеш, сите се на продажба. ...
Извор/ rkalkaloid.mk Еден натревар, 60 минути го делат РК Алкалоид од трофејот во Европскиот куп. В недела, Алкалоид ќе го пречека АЕК во финалниот реванш. Натпреварот ракометарите на Алкалоид ќе го запопнат со предност од четири гола, минатата недела во Атина го добија првиот натпревар со 29:25. „Сакам да се заблагодарам за поддршката во текот на целата сезона на овој европски пат. Стигнавме до финале кое е многу значајно за нашиот клуб, но и ...
Реал Мадрид и тренерот на тимот, Карло Анчелоти, го официјализираа крајот на повеќе од плодната четиригодишна соработка. Италијанскиот стратег ја напушта клупата на „Кралскиот клуб“ откако освои два трофеи во сезона која, на крајот, кога ќе се повлече линијата, сепак беше неуспешна за Мадрид. Анчелоти ги донесе трофеите од Европскиот Суперкуп и Интерконтиненталниот куп во сезоната 2024/2025. Сепак, неговиот биланс во два мандата на клупата на ...
Во пресрет на завршниот турнир во Евролигата, новинарот на „Спортандо“, Алесандро Маџи, објави дека следната сезона во елитното натпреваруање ќе учествуваат 20 екипи. Клучениот состанок на челниците на Евролигата се одржа во Абу Даби пред почетокот на Фајналфорот во кој учествуваат Панатинаикос, Фенербахче, Олимпијакос и Монако, а неговите заклучоци најавуваат значајни промени за следната сезона на најсилното клупско кошаркарско натпреварување ...
Вечерва во Абу Даби, актуелниот шампион Панатинаикос и трите предизвикувачи во Олимпијакос, Фенербахче и Монако ја започнуваат битката за најголемиот трофеј во европската кошарка. Завршниот турнир во Евролигата ќе го отворат Панатинаикос и Фенербахче во 17:00 часот, а три часа подоцна ќе играат Олимпијакос и Монако. Во величествената сала со 18.000 седишта, во петок и недела, четири екипи ќе одлучат кој ќе биде шампион, а Панатинаикос ќе се ...
Лео Меси е при крајот на својата фудбалска кариера. Според многумина тој е еден од најдобрите играчи во историјата на оваа игра. Меси стана професионалец во 2004 година кога дебитираше за Барселона и оттогаш освои рекордни осум „Златни топки“ и четири титули во Лигата на шампионите, со Аргентина два пати ја освои Копа Америка, а во 2022 година го освои и Светското првенство. Тој успеа да постигне 91 гол во 2012 година, најмногу голови ...
Дефанзивецот на Севилја Кике Салас (23) се најде во центарот на истрагата под сомнение за поврзаност со нелегално обложување. Според шпанските медиуми, вклучувајќи ги „Марка“ и порталот „Ел Конфиденсијал“, Салас на своите пријатели им давал информации врз кои ги базирале своите облози, вклучувајќи и совети да се обложуваат на неговите настапи. „Ел Конфиденсијал“ објави пораки на „WhatsApp“ кои наводно потврдуваат дека Салас им препорачувал на ...
Спортскиот директор на Барселона, Деко, изјави дека луѓето од клубот им се „допаѓаат“ Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед и Луис Дијаз од Ливерпул. Шпанските медиуми оваа недела објавија дека Дијаз би можел да се пресели во Барселона, а Рашфорд се надеваше на трансфер во каталонскиот клуб во јануари, мно замина на позајмица во Астон Вила. Нема индикации дека Ливерпул воопшти размислува да отвори преговори за Дијаз, кој има уште две години од ...
Ерик тен Хаг најверојатно ќе го замени Чаби Алонсо на клупата на Баер Леверкузен. Според германските медиуми, челниците на „фармацевтите“ се во завршни преговори со холандскиот стручњакт, со кого ќе биде потпишан петгодишен договор. Поранешниот тренер на Ајакс и Манчестер јунајтед се најде во центарот на вниманието откако Комо одби три понуди за Сеск Фабрегас. Според германските медиуми, Руди Фелер имал голема заслуга за преговорите со Тен ...
Фудбалерот на Тотенхем, Кристијан Ромеро, е прогласен за најдобар играч во Лига Европа оваа сезона, објавено е на веб-страницата на натпреварувањето. Ромеро одигра седум натпревари во Лига Европа оваа сезона, запиша една асистенција и имаше 91 процент точни додавања. „Тој беше најдобриот играч во финалето против Манчестер јунајтед, доминантен од почеток до крај. Ромеро играше исклучително добро во нокаут фазата од натпреварувањето“, се вели на ...
Оклахома го одбрани домашниот терен од Минесота, во првите два натпревари од финалната серија на Западот. Тандер, вториот меч го добија со 118:103. Освен три пати, домашната екипа цело време имаше предност. Минесота последен пат водеше со 37:36 на почетокот од втората четвртина, а остатокот од натпреварот го помина во апсолутна контрола над Оклахома. Домашните имаа „само“ осум поени предност (58:50) на полувремето, но потоа го засилија ритамот ...
Фудбалерот на Барселона, Рафиња, го продолжи договорот со каталонскиот клуб до 2028 година. „ФК Барселона и Рафиња постигнаа договор за продолжување на неговиот договор, кој го обврзува со клубот до 30 јуни 2028 година“, се вели во соопштението. Рафиња ја започна својата кариера во Европа во Виторија Гимараеш, а потоа играше за Спортинг Лисабон, Рен и Лидс, во јули 2022 година пристигна во Барселона. 28-годишникот доби вистинска награда од ...
НБА лигата ги објави играчите кои го најдоа своето место во првата и втората дефанзивна петорка минатата сезона. Најдобрите дефанзивни петорки во НБА (сезона 2024/25): Прва петорка: : Еван Мобли (Кливленд Кавалирс) Дрејмонд Грин (Голден Стејт Вориорс) Дајсон Даниелс (Атланта Хокс) Лугуенц Дорт (Оклахома Сити Тандер) Амин Томпсон (Хјустон Рокетс) Втора петорка: Тумани Камара (Портланд Трејл Блејзерс) Руди Гобер (Минесота Тимбервулвс) Џерен ...
Новак Ѓоковиќ со победа над Матео Арналди го прослави 38. роденден. На турнирот во Женава, АТП 250, Ѓоковиќ го победи младиот Италијанец со 6:4, 6:4. Ѓоковиќ кој во Женева се обидува да ја освои 100. титула во кариерата, избори пласман во своето 194. АТП полуфинале. Ѓоковиќ му се одмазди на Арналди за неодамнешниот пораз на Мастерсот во Мадрид, откако одигра спектакуларен тенис во втората половина од вториот сет. Играчите беа мошне сигурни во ...
Привремениот тренер на Денвер Нагетс, Дејвид Аделман, ќе ја продолжи соработката со франшизата од Колорадо. Според добро информираниот Шемс Чаранија, во Денвер сакаат да го задржат Аделман, кој го презеде тимот непосредно пред плејофот. Синот на легендарниот Рик Аделман ја доби довербата на раководството по отпуштањето на Мајкл Малоун. Неговата работа очигледно им се допаднала на челниците на клубот, кои решиле да го ангажираат како постојан ...