Кинескиот гигант меѓу интернет пребарувачите, Baidu, одлучи да нарача серија нови чипови со вештачка интелигенција од домашниот производител Huawei. Во потег што некои го сметаат за пресвртница во светот на технологијата, со оглед на тоа што поради политички притисок од САД се работи за вртење кон локални решенија, Baidu нарача 1.600 чипови од Huawei. Станува збор за чипови од серијата Ascend 910B, а вредноста на целата нарачка е околу 61 милион ...

Компанијата MediaTek го претстави чипсетот Dimensity 9300, кој ќе пристигне во следниот бран на премиум Android телефони од Кина. Dimensity 9300 треба да биде главниот конкурент на моќниот процесор Qualcomm Snapdragon 8 Gen 3, кој беше лансиран порано. MediaTek Dimensity 9300 е создаден на третата генерација на 4nm+ процес на TSMC и се одликува со дизајн со сите големи јадра на процесорот. The @MediaTek Dimensity 9300 is official, and it’s ...

Кинескиот технолошки гигант Alibaba објави дека по само шест месеци, го надградил својот модел за вештачка интелигенција (AI) Tony Qianwen и објави веб-пакет на модели со вештачка интелигенција специфични за разни области. Alibaba вели дека Tony Cianwen 2.0 има „стотици милијарди“ параметри, репер што се користи за мерење на силата на моделите со вештачка интелигенција, пренесува Reuters. Според овој индикатор, Tony Cianwen 2.0 е еден од ...

Корисниците на телефоните Google Pixel 6 се чувствуваа непријатно кога системското ажурирање на Android 14 им го заклучи пристапот до внатрешната меморија на уредот. Проблемот првенствено ги погоди оние кои имаат вклучени повеќе профили, а по зголемениот број на извештаи, Google ја призна грешката и потврди дека работи на поправка. Компанијата објави закрпа на одреден број корисници, со напомена дека во следните денови би требало да биде ...

Руските власти издадоа потерница по Енди Стоун, портпаролот на Фејсбук и Инстаграм платформите на Мета, без да прецизираат за што го товарат Стоун, објавија руските медиуми. Агенцијата ТАСС наведува дека руското Министерство за внатрешни работи отворило кривична истрага против Стоун, но не откри детали од истрагата, ниту обвиненијата против Стоун, пренесува Ројтерс. Главните социјални платформи на Мета, Фејсбук и Инстаграм, беа забранети во ...

Веќе слушнавме гласини дека Galaxy S24 Ultra на Samsung ќе има титаниумско куќиште, исто како и iPhone 15 Pro и iPhone 15 Pro Max. Новите информации од родната земја на Самсунг, Јужна Кореја, го потврдуваат тоа. Според неименувани извори, S24 Ultra ќе биде првиот телефон на Samsung што ќе има титаниумско куќиште. Во зависност од тоа како ова е прифатено меѓу корисниците, компанијата може да го прошири и на други модели. Слушнавме нешто слично и ...

Пристигна серијата Honor 100, во обид на кинескиот производител да ги „помрси конците“ со водечките телефони. Honor 100 е првиот телефон што го има неодамна претставениот чипсет Snapdragon 7 Gen 3, а тука е и Honor 100 Pro. Двата телефони имаат полнење од 100 W и RF чип C1 за подобар сигнал. Honor 100 има 6,7-инчен OLED екран со резолуција од 1220p и скенер за отпечатоци под панелот. Новиот чипсет на Qualcomm има процесор со едно јадро ...

Производителите често ги предупредуваат корисниците да се држат настрана од купување од неофицијални продавници. Сепак, излегува дека дури и кога ќе нарачате нешто од официјална продавница на Apple, не ви е гарантирано дека ќе го добиете. Така, еден корисник на Reddit, во објава што се граничи со реалноста, напиша дека го нарачал iPhone 15 Pro директно од веб-страницата на Apple UK. Се чинеше, сè помина без проблеми: тој ги доби деталите за ...

Google ја подготви промената за корисниците на WhatsApp Android. Пораките на WhatsApp на Android што ги складирате наскоро ќе се вбројат во вкупната меморија што ја имате на располагање на вашата сметка на Google. Како што објави Google на својот блог, оваа промена ќе се применува за корисниците на WhatsApp Beta од декември, а потоа ќе стигне до сите на почетокот на следната година. Ако одлучите да овозможите „резерви“ на WhatsApp (т.е. резервна ...

Официјално е објавено дека добиваме филм за Zelda, но тоа би можело да има неочекувани последици за главниот лик. Додека фановите од една страна чекаат да видат како ќе изгледа филмот, од друга се загрижени дека Линк на големото платно би можел засекогаш да ја промени франшизата. Еден од важните делови на личноста на Линк е тоа што тој речиси и да нема дијалог во видео игрите. Тој е вистински пример за „тивок“ протагонист, па филм базиран на ...

Компанијата Iridium, која беше партнер на Qualcomm во креирањето на програмата Snapdragon Satellite, сега има слобода да соработува со други производители на чипови. Во јануари оваа година, Qualcomm го објави Snapdragon Satellite – проект кој имаше за цел да им овозможи на корисниците на Android да испраќаат текстуални пораки преку сателит кога немаат пристап до телефонската услуга. Ова требаше да биде одговорот на Qualcomm за итна SOS функција ...

Претходно оваа година, Илон Маск и понуди на Википедија милијарда долари доколку го промени името во Дикипедија. Откако Илон Маск го презеде Твитер пред повеќе од една година, многумина ги критикуваа многуте потези на новиот сопственик. Од масовни отпуштања, во кои беа вклучени и вработени за модерирање на содржината, до промена на името од Twitter во X. Иако Маск веројатно не е загрижен за негативниот став на јавноста, многу потешко му било што ...

Корисниците на Apple iPhone сочинуваат речиси половина од корисниците на екосистемот Xiaomi IoT, покажуваат податоците на кинеската компанија. Како што изјави Xiaomi на конференцијата за еколошки партнери, дури 45% од корисниците на iPhone во екосистемот поседуваат повеќе од пет паметни уреди на Xiaomi. Вкупно, повеќе од 13 милиони луѓе имаат повеќе од пет уреди на платформата Xiaomi IoT. За време на конференцијата, Xiaomi официјално го ...

YouTube на своите Premium корисници им носи неколку нови алатки за играње, иако сè уште не е со полн капацитет затоа што е во експериментална фаза. Како што е наведено во официјалната објава на блогот на YouTube, компанијата започна со тестирање на нови функции за членовите на Premium, вклучително и способност за разговор користејќи вештачка интелигенција интегрирана во платформата. Како што е наведено, вештачката интелигенција може да одговара ...

Платформата за видео игри Steam работи на нова функција која треба да им даде на корисниците поголема приватност. Според инсајдер на Twitter, Steam развива опција која ќе ви овозможи да означите игра како „приватна“. На овој начин, ќе можете да го скриете она што го играте од вашите пријатели – иако моментално е можно да бидете офлајн, сепак тоа не го решава целосно проблемот со приватноста, бидејќи сè уште останува трага од вашата игра. Steam ...

Google Maps добива неколку нови ажурирања, вклучително и едно дизајнирано да ви помогне да правите планови со пријателите. Новата „социјална“ функција е дизајнирана да ви овозможи да го префрлите планирањето од групен разговор на Google Maps. Ќе можете полесно да ја споделувате вашата локација, да планирате излети со пријателите и да гласате за групни активности. Исто така, ќе биде можно да се создаде „список за соработка“, за да можете да ...

Процесорите се загреваат побрзо со секоја нова генерација, но една студија може да помогне да се реши овој проблем. Научниците од Универзитетот во Калифорнија во Лос Анџелес преку истражување покажаа дека термалните транзистори кои насочуваат топлина би можеле да бидат корисни кога станува збор за борба против прегревање на процесорите во иднина. Овие термални транзистори, како што се нарекуваат, сè уште се во експериментална фаза, но во суштина ...

Поротата на американскиот суд го прогласи „Google“ за виновен за сексуална дискриминација и побарала компанијата да и плати 1,1 милион долари на извршната директорка на „Google Cloud“ Улку Роу. Нејзината тужба наведува дека „Google“ давал поголеми плати на помалку искусни машки групи и дека подоцна одбил да ја унапреди во знак на одмазда за нејзината жалба, како интерна, така и подоцна на суд. „Bloomberg“ пренесува дека поротата пресудила дека ...

Huawei беше во центарот на вниманието за неодамна објавениот телефон Mate 60 Pro 5G, особено затоа што мораа да направат различни акробации за да ги заобиколат санкциите. Денес се чини дека компанијата има проблеми со понудата и побарувачката. Одлуката да се воведе систем за претходна нарачка за Huawei Mate 60 Pro произлезе од неможноста да се задоволи растечката побарувачка. Ова, според експертите, беше стратешки потег да се купи време за да се ...

Apple iPhone 15 Pro Max чини малку повеќе за производство од минатогодишниот модел, а на тоа влијае новиот чипсет, титаниумско куќиште и новите камери. Аналитичката компанија Counterpoint Research објави извештај во кој ги наведува цените на компонентите во производството на моделот iPhone 15 Pro Max. Споменатиот телефон на пазарот се продава по цена од 1199 долари. За основниот модел со 256 GB простор за складирање, A17 процесор и нова телефото ...

Во иднина, вештачката интелигенција (AI) може да им помогне на луѓето да ги запрат климатските промени, но нејзината работа истовремено троши огромна количина на енергија, предупредуваат експертите. „Алатките за вештачка интелигенција трошат многу електрична енергија, а трендот само расте“, изјави за дпа Ралф Хербрих, директор на Институтот Хасо-Платнер во Потсдам. Тој, исто така, води истражувачки оддел со фокус на вештачката интелигенција и ...

Компанијата OpenAI го објави својот најнов јазичен модел, кој може да поддржува подолги прашања и ќе биде поевтин за програмерите. За време на својата прва конференција за развивачи, OpenAI го покажа GPT-4 Turbo. Тоа е најновата верзија на компанијата на моделот на јазикот Ai, кој го напојува четботот ChatGPT. Најновиот модел е способен да прифаќа многу подолги записи од претходните верзии – до 300 страници текст, во споредба со сегашните 50. ...

Новите гласини сугерираат дека iPhone 16 ќе се потпира само на Face ID за верификација. Со објавувањето на моделот iPhone X, Apple се откажа од поддршката за Touch ID. Оттогаш постојано се шушка дека популарната технологија ќе се враќа со секоја најава за нов модел на iPhone. Се очекуваше компанијата од Купертино конечно да го врати Touch ID во рамките на серијата iPhone 16, но новите информации сугерираат дека тоа сепак нема да се случи. ...

Повеќе документи беа откриени во антимонополското судење со кое се соочува Google – овој пат се дознава дека тие понудиле на Epic Games 147 милиони долари за да го добијат Fortnite на Play Store. Epic Games е една од многуте компании кои го тужеа Google, а судењето официјално започна дури во септември. Она што стана јасно е дека Google понуди стотици милиони, потенцијално милијарди долари во готовина за да ги поттикне програмерите да ги ставаат ...

Илон Маск потврди на интерен состанок дека X ќе се претвори во апликација за запознавање, дел од целокупната трансформација на платформата во „апликација за секого“. Платформата X (порано позната како Твитер) наскоро добива нови функции, кои ќе ѝ овозможат да понуди потечно искуство на запознавање и дружење со други луѓе, како што навестува сопственикот Илон Маск. Одлуката X да се претвори во апликација за запознавање е дел од целокупниот план ...

Како дел од бета ажурирањето на WhatsApp, популарната апликација за пораки продолжува да добива нови функции преку периодични ажурирања. Фокусот овојпат е на подобри методи за верификација. Најновата бета верзија на WhatsApp за iOS додава поддршка за најавување на сметка преку е-пошта. Новото ажурирање на WhatsApp Бета за iOS неодамна се појави во бета програмата, како што беше забележано од WABetaInfo. По слична верзија за Android, новото бета ...

Забраната за таргетирани реклами за Фејсбук и Инстаграм е повторно продолжена, само неколку месеци откако во јули стапи на сила привремената забрана на Норвешката управа за заштита на податоците (ДПА). Сега ирската Комисија за заштита на податоци (DPC) ќе ја забрани обработката на личните податоци за насочени реклами, а ефектите ќе се почувствуваат низ Европската економска област (ЕЕА), вклучувајќи ги земјите од ЕУ и Исланд, Лихтенштајн и ...

PlayStation 5 беше објавен пред три години, а Sony истакнува дека има голем број на игри за актуелната конзола. Компанијата Sony ја започнува својата претпразнична кампања, уверувајќи ги играчите дека има повеќе од 2.500 игри за PlayStation 5. Според компанијата, тоа е најдобрата постава на игри во историјата на PlayStation. Новата промотивна кампања има ознака „Feel it now“, а Sony има големи ветувања за гејмерите. Како изгледа сето тоа ...

Јужнокорејскиот портал ET News објави дека Apple подготвува подобрени батерии за своите модели на iPhone кои ќе се појават во 2025 година. Apple веќе некое време работи на сопствена технологија за батерии, која би можела да се појави кај моделите на iPhone за околу две години. Порталот ET News, повикувајќи се на извори запознаени со предметот, сугерира дека компанијата од Купертино експериментира со руднички материјали кои ќе бидат ...

На социјалните мрежи малку по малку наидуваме на некаков скриншот од порака која не испаднала како што треба, а главен виновник за тоа е најчесто автокорекцијата. Додека во раните денови автокоректот беше речиси бескорисен, денес работите се малку поинакви. Сепак, ситуацијата е сè уште далеку од идеална, па честопати се наоѓаме фатени кога телефонот ќе „коригира“ збор во нешто што не ни ни имавме намера да го кажеме. На крајот само се нервираме, ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
0.51
93%
1017
weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
3.61
66%
1011
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
5.66
66%
1007
weather icon

Софија

7ᴼ / 3ᴼ
3.09
71%
1016
weather icon

Сараево

10ᴼ / 10ᴼ
0.82
77%
1014
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 8ᴼ
1.54
96%
1006
weather icon

Атина

15ᴼ / 12ᴼ
0.89
86%
1018
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
82%
1018
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.57
88%
1017
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 5ᴼ
2.57
75%
1014
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
4.63
89%
1006
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1018
Currency

61.525

Currency

59.6829

Currency

73.6174

Currency

36.9658

Currency

41.5006

Currency

65.4434

Currency

8.14329

Currency

0.57938

Currency

0.37789

Currency

0.52539

Currency

1.68889

Currency

0.69538

Алуминиум

2 $

Иридиум

135048 $

Кобалт

466 $

Никел

486125 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

967 $

Злато

85545 $

Бакар

8 $

Паладиум

29453 $

Платина

31161 $

Цинк

91437 $