Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим шорт“, ќе се одржи од 5 до 9 август во Струга. Главната програма на фестивалот ќе се одржи во Паркот на поезијата, додека останатите настани се распределени во ЕУ хаус Струга, мезе-бар „Кингстон“ и кафе-бар „Дуќан“. „Оваа година не славиме само јубилеј. Ги славиме сите капки слеани во ова наше езеро – секој автор, секој филм, секој гледач, секој волонтер. Ниту една приказна не се ...
– Нашите ученици се чувари на македонскиот идентитет, нашите најголеми и најискрени амбасадори во светот и продолжувачи на делата на Конески, Мисирков, Миладиновци, Рацин, А. Поповски, Петре М. Андреевски, Горан Стефановски… вели Ивана Брезовец, професорка која ja изведува наставата по предметот Македонски јазик и култура во Хрватска Со ученици од сите краеви на Хрватска – Загреб, Осијек, Задар, Риека, Дуго Село и Света Недела во преубавиот ...
– Во уметноста нема брзи победи. Секоја сериозна кариера се гради со години, а понекогаш и со децении. Најтешко е кога доаѓате од мала земја во која уметникот често мора сам да биде и автор, и организатор, и менаџер, и промотор. Меѓународната кариера бара многу повеќе од талент – бара истрајност, континуирана работа и постојано присуство на меѓународната сцена. Имало и одбивања, и разочарувања, но секое од нив ме мотивирало да работам уште ...
Рој Кин, поранешниот капитен на Манчестер Јунајтед, остро ги критикуваше оставките на Паоло Малдини и Леонардо, нарекувајќи ги нивните постапки детски. „Воопшто не ми се допаѓа тоа. Тоа е детско однесување. Не напуштате проект само затоа што не сте го добиле тренерот што го посакувавте. Фудбалот не функционира така“, рече Кин. Само за потцетување, Малдини и Леонардо ја напуштија Италијанската фудбалска федерација (FIGC) само 16 дена откако ги ...
Русија планира да произведе три нови вакцини против рак, изјави за „Спутник“ Александар Гинзбург, академик на Руската академија на науките и научен директор на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“. – Во иднина планираме да произведуваме вакцини против рак на мочен меур, рак на белите дробови на мали клетки и колоректален рак – објасни тој. Во април, првиот пациент прими персонализирана вакцина за ...
Воедно има и многу наши сограѓани кои ја подржуваат Карлеуша. Велат, дека “Јеца отсекогаш ја сака Македонија. Зборувала сè најдобро за нашата земјата…“, “Македонците ја обожаваат Карлеуша, така да во Скопје и во другите градови не треба да има никакви забрани за нејзините концерти“… Балканската поп-дива, Јелена Карлеуша, по подолга пауза се врати на музичката сцена со три нови песни и три нови спота кои веднаш се искачија на самиот врв на ...
Активноста во преработувачката индустрија во еврозоната продолжи да расте во јули, а производството достигна највисоко ниво во речиси четири и пол години. Сепак, побарувачката останува слаба, што ја доведува во прашање одржливоста на закрепнувањето, покажува денеска објавениот извештај на агенцијата „Ес-ен-пи глоубал“. Вредноста на индексот на менаџери за набавка (PMI) за преработувачката индустрија во еврозоната, кој го објавува „Ес-ен-пи ...
Новите увозни царини што ги воведе администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, за 60 трговски партнери се најдоа на удар на судска постапка откако 25 американски сојузни држави поднесоа тужба пред Федералниот суд за меѓународна трговија во Њујорк. Тужителите, претежно држави предводени од демократите, сметаат дека Белата куќа незаконски вовела нови, сеопфатни царини, повикувајќи се на борбата против присилната работа во ...
Со успешното спроведување на активностите предвидени за првата фаза од проектот за воведување на стандардот ISO 20022, Народната банка продолжува со модернизацијата на националната платежна инфраструктура. Проектот претставува значаен чекор кон усогласување на домашниот платен систем со современите европски стандарди и создавање предуслови за поефикасни, посигурни и поквалитетни платежни услуги. Во текот на јули 2026 година, Народната банка, ...
Охридскиот аеродром „Свети апостол Павле“, управуван од ТАВ Македонија, во јули го забележа најуспешниот месец во својата историја, со рекордни 52.544 патници и 443 реализирани лета. Во споредба со јули 2025 година, патничкиот сообраќај е зголемен за 41,2 проценти, а бројот на летови за 34,7 проценти. На 26 јули бил регистриран и најфреквентниот ден во историјата на аеродромот, со 2.988 патници, додека на 20 јули биле реализирани рекордни 22 ...
Македонија е меѓу европските земји со најголем раст на минималната плата во 2026 година, но и покрај зголемувањето, земјата и натаму останува при дното според висината на минималните примања, покажуваат најновите податоци на „Евростат“. Од јануари до јули 2026 година, минималната плата во Македонија е зголемена за 6,9 проценти, што е најголем раст меѓу 29. набљудувани европски земји. Поголем раст е забележан само во истата категорија со ...
Интересот за купување станови во Охрид не стивнува и покрај рекордните цени. Туристичкиот центар станува една од најатрактивните дестинации за инвестирање во недвижности, а освен домашни купувачи, сè поголем број станови купуваат и странски државјани. Истовремено, статистиката покажува дека градежната активност е во подем, а Охрид се наметнува како втор најактивен град во државата по бројот на новоодобрени станови. Во најатрактивните делови ...
Поранешниот главен аналитичар во јапонското Министерство за надворешни работи, Масару Сато, изјави дека додека германската автомобилска индустрија поминува низ длабока криза, Берлин сè повеќе се свртува кон воено производство и подготовки за можен конфликт со Русија. Германија постепено ја напушта својата зависност од автомобилската индустрија и ги насочува економските и човечките ресурси кон воено производство, изјави поранешниот главен ...
Општина Центар информира дека во кругот на градинката „Кочо Рацин” се отстранува стариот потпорен ѕид и на негово место се гради нов со должина од 37,26 метри и висина од 3,6 метри. – Изградбата на ѕидот се изведува по сите важечки стандарди, со посебно внимание на квалитетот на материјалот и техничката изведба. Проектот е вреден 5.992.394,00 денари и ќе биде целосно завршен во рок од еден месец. Со оваа инвестиција, Општина Центар продолжува ...
Општина Аеродром ја почна реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Капчев 22“. Од Општината соопштија дека реконструкцијата ќе се изведува според постојната состојба, во должина од 221 метар, при што ќе се асфалтира површина од 838 квадратни метри. – Паралелно ќе се реконструира и дел од улицата „Божин Николов“, во должина од 268 метри, со вкупна асфалтна површина од 994 квадратни метри – информираат од локалната самоуправа. Оттаму додаваат дека по ...
Општина Карпош продолжува со реализација на мерката за субвенционирање на млади лица за теоретска и практична обука за полагање возачка дозвола Б-категорија. Од Општината велат дека досега биле поднесени 264 барања. Притоа, 16 млади лица целосно ја завршиле постапката, а биле исплатени 3.445.048 денари. Зa реализација на мерката се обезбедени вкупно 5.000.000 денари. Јавниот повик е отворен до крајот на 2026 година, односно до исцрпување на ...
Општина Ѓорче Петров започнува реализација на еден од најзначајните и најиновативните проекти во областа на обновливите извори на енергија. Станува збор за првиот проект од ваков вид во Македонија, кој ќе се реализира преку модел на јавно-приватно партнерство. Во рамки на проектот, на сите седум општински основни училишта ќе бидат поставени фотоволтаични системи. Проектот ќе се реализира без дополнителен финансиски товар за општинскиот буџет, ...
Според професорката на Архитектонскиот факултет, Дивна Пенчиќ, со право се стравува од одлуката само „нека се гради”, без да се има увид во тоа што ќе се предизвика и кои ќе бидат последиците. – Веќе пет години се чека сообраќајната студија за да се постават решенијата за новиот Генерален урбанистички план (ГУП) на Скопје и, секако, неговата изработка, со кои требаше да се ревидира сообраќајното решение на Скопје, кое, патем, е одамна ...
Жештините не попуштаат, а Македонија влезе во период на екстремно високи температури, кои на места ќе надминуваат и 40 степени. Последиците веќе се чувствуваат и на терен – од Итната медицинска помош велат дека дневно примаат повеќе од 200 повици, а се зголемил и бројот на интервенции поради колапси, топлотни удари и влошена здравствена состојба кај граѓаните. Надлежните предупредуваат дека во овој период сонцето може сериозно да го загрози ...
– Обезбедете сенка и не изложувајте ги животните на директно сонце. Никогаш не оставајте животно во паркирано возило, ниту „само за неколку минути“. Температурата во затворен автомобил достигнува опасни вредности за многу кратко време – нагласуваат од „Анима мунди“ Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ предупредува дека со топлотниот бран, екстремно високите температури претставуваат сериозен ризик за животните. Оттаму велат дека ...
Oд 6 до 8 август 2026 година, во срцето на Националниот парк „Пелистер“, во живописното село Маловиште, ќе се одржат традиционалните празнични чествувања посветени на света Ана и света Петка. Во текот на трите празнични дена, верниците, жителите и бројните посетители ќе имаат можност да присуствуваат на свечените богослужби во манастирот „Св. Ана“ и во црквата „Св. Петка“, со што ќе се продолжи вековната традиција на заедничка молитва, ...
Националниот парк „Шар Планина“ доби донација на противпожарна опрема од Владата, преку Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), која ќе придонесе за поефикасна превенција и првичен одговор при пожари на отворен простор. – Опремата, која вклучува противпожарни метли и грбни прскалки за гасење пожари, ќе биде ставена во функција на нашата ренџерска служба и ќе претставува значајна поддршка во заштитата на шумите, пасиштата и природните ...
Украинскиот пијанист Вадим Холоденко, кој има репутација на еден од музички најдраматичните и технички најнадарените изведувачи на новата генерација пијанисти, вчеравечер имаше пијано-рецитал во црквата „Света Софија“ како дел од програмата на фестивалот „Охридско лето“. Неговите настапи се препознаени по техничката прецизност, динамичните интерпретации и внимателното градење на музичката драматургија. Во досегашната кариера настапувал како ...
Капачите на една плажа на Сицилија останале во шок кога брановите почнале да исфрлаат на брегот торби полни со пари. Само за неколку моменти, плажата се претворила во хаос кога луѓето се втурнале во морето обидувајќи се да дојдат до парите што пловеле покрај брегот. Италијанските власти брзо интервенирале, а истрагата отвора бројни прашања за потеклото на речиси 700.000 евра пронајдени во морето. Необичниот настан се случил на 28 јули во ...
Лажните објави на социјалните мрежи дека границата меѓу Мароко и шпанската енклава Сеута е отворена, предизвикаа еден од најголемите миграциски бранови меѓу двете земји во последните години, при што околу 60.000 луѓе пристигнаа на шпанска територија за само неколку дена. Најмалку 83 лица загинаа во стампедото, за време на опасното пливање и обидите за преминување на тесен бранобран – 72 на шпанската страна од границата и 11 на мароканската ...
Црногорскиот поп-пејач Сергеј Ќетковиќ, и покрај тоа што ужива голема популарност, повторно ќе ја освојува македонската публика. По успешниот минатогодишен концерт во Скопје, во Македонската филхармонија, овој пат, тој со своите хитови ќе се јави од балканскиот Ерусалим, од Охрид, на 9 август. Местото на настанот е култниот Антички театар. Концертот е во рамките на неговата актуелна балканска турнеја насловена како „Live tour 2026“. Добра ...
Популарната балканска поп-пејачка, сè уште згодната, 76-годишната Неда Украден, која и ова лето, судејќи според последните информации, ќе пее во Македонија на познатиот „Охрид-фест 2026“, а на кој пред три години се закити со наградата „Хит на деценијата“, овој пат испрати многу емотивна семејна порака до сите нас:– Среќен роденден на најдобриот зет! Ти благодарам што не само што си најдобриот татко на три деца, моите внуци и сопруг на мојата ...
Двајца државјани на Македонија се прогласени за „персона нон грата“ од страна на Министерството за внатрешни работи на Албанија, поради сомневања дека извршиле активности на штета на албанската држава, објавува „Топ ченел“. Одлуката е донесена по предлог на антитерористичката единица на државната полиција, а подоцна е потврдена и од Министерството за внатрешни работи. Лицата прогласени за „нон грата“ се Валон Бељан, познат и како Ваљон Бела, ...
Високите температури можат да влијаат и на организмот и на дејството на лековите, зголемувајќи го ризикот од дехидратација, вртоглавица, несвестица и други несакани ефекти. Посебно внимателни треба да бидат лицата кои земаат диуретици, лекови за висок крвен притисок, антидепресиви и други психијатриски лекови, како и пациентите со срцеви заболувања, астма, дијабетес или бубрежни болести. Знаци на дехидратација се силна жед, главоболка, замор, ...
Од полноќ стапуваат во сила новите цени на горивата. Дизелот поскапува за 1 денар по литар, додека бензините поевтинуваат за 2 денари. Според најновата одлука, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ ќе се продава по цена од 99,5 денари за литар. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 91 денар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 93 денари по литар. Во одлуката е применет намален износ на акцизата од 2 денари по литар за бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како ...