Политиките за привлекување нови авиокомпании и за отворање нови авиолинии веќе даваат конкретни резултати, а македонските аеродроми бележат историски рекорди во однос на бројот на патници и на реализирани летови, порача вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, нагласувајќи дека растот на авиосообраќајот е силен показател за развојот на туризмот, бизнисот и на целокупната економија. Во телевизиско гостување, Николоски ...

Министерот за спорт, Борко Ристовски, заедно со премиерот Христијан Mицкоски, присуствуваа на промоцијата на новото натпреварувачко возило на најуспешниот македонски автомобилист, Игор Стефановски-Иџе, со кое тој ќе настапува во претстојната натпреварувачка сезона. Настанот, кој се одржа на Водно, означи почеток на едно ново поглавје во кариерата на македонскиот автомобилист кој со години е синоним за врвни резултати, професионализам и ...

Медиумите што важат за блиски до таборот на италијанскиот калчогигант Милан открија дека е можно португалскиот интернационалец Рафаел Леао да остане на „Сан Сиро“ доколку заинтересираниот клуб не понуди 60 мил. евра за неговото обесштетување. Моментално, единствени два клуба што покажуваат интерес за крилниот напаѓач се турските суперлигаши Фенербахче и Галатсарај. ИЗДВОЕНИ Гостиварци две недели без вода – кој ќе ја плати сметката?! Тирана ги ...

Легендарниот Клеј Томпсон би можел да ја продолжи кариерата во Лос Анџелес Лејкерс, пренесува „Атлетик“. Според информациите, искусниот шутер е блиску до разделба со Далас и наскоро би можел да стане слободен агент. Лејкерс важи за главен фаворит за неговиот потпис, а дополнителен мотив за Томпсон е тоа што дел од детството го поминал во Лос Анџелес, каде што и денес има дом. Томпсон има уште една година од договорот вреден 17,4 милиони ...

Новата сезона во Евролигата започнува на 24 септември, а објавена е и првата официјална прогноза за пласманот на сите 20 екипи. Според предвидувањата, главен фаворит за европската круна е Панатинаикос, кој летово го врати легендарниот Жељко Обрадовиќ на тренерската клупа. Грчкиот великан дополнително се засили со Силваин Франциско, Мустафа Фал, Гершон Јабуселе, Исак Бонга и Бранку Бадио, па српскиот стратег ќе ја брка својата десетта титула ...

Еден од најдобрите кошаркари на денешницата, Србинот Никола Јокиќ, е на чекор до најголемиот договор во историјата на НБА, но намерно одлучи да не потпише за продолжување на соработката со Денвер ова лето. Причината е едноставна: доколку почека до следната година, ќе може да добие договор вреден дури 359,5 милиони долари. Според НБА финансискиот експерт Боби Маркс, Јокиќ во 2027 година ќе има право на рекордно продолжување на договорот, со ...

Пред неполн месец, пејачот Стефан Величковски, поранешната македонска ѕвезда од шоуто „Ѕвездите на Гранд“ ја освои публиката со нежната балада „Имам сè“, а сега, како што вети, еве го, со новата песна. Овој пат, песната е вистински летна, разиграна, весела, полна со ритам и со срцепарателни стихови, кои ја опишуваат емоцијата на разделбата, кога едниот заминува со карта во еден правец в џеб во некој друг свет. Само копнежот ја „сече“ душата ...

Буџетските приходи во првите седум месеци од годината се реализираат согласно со планот и бележат раст во споредба со истиот период лани, додека расходите се исплаќаат според предвидената динамика, информираат од Министерството за финансии. Според податоците за реализација на буџетот заклучно со 31 јули 2026 година, вкупните приходи достигнале 204,553 милијарди денари, што претставува 53,9 отсто од планираното и раст од 9,3 проценти во однос ...

Македонска берза АД Скопје ја започна иницијативата „Август – месец на подготовки за пазарот на капитал“, наменета за домашните компании кои бараат нови начини за финансирање на растот и развојот. Во рамки на иницијативата е изготвен „Водич за трансформација и раст на бизнисите“, кој на едноставен начин ги објаснува можностите што ги нуди пазарот на капитал – од издавање акции и корпоративни обврзници до подготовка за котација на берза и ...

Државата, општините и бизнисот мора заеднички да ги активираат развојните потенцијали. Поголемата соработка меѓу локалната самоуправа и приватниот сектор, привлекувањето инвестиции и развојот на туризмот беа главни теми на средбата меѓу претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, и градоначалникот на Општина Чучер Сандево, Зоран Бајовски. На состанокот беше истакната потребата од создавање подобри услови за ...

Долготрајните високи температури и намалените водостои на големите европски реки веќе се одразуваат врз енергетските системи во регионот. Намаленото производство од хидроелектраните, ограничувањата кај дел од нуклеарните централи и зголемената потрошувачка поради разладување создадоа дополнителен притисок врз пазарите на електрична енергија. Проблемите се чувствуваат и во соседството. Унгарската нуклеарна централа „Пакш“ за малку избегна ...

Eкипите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ во текот на јули подигнале и транспортирале 15.735 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје. -Отстранети се и 2.360 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад, како и органски отпад паднат на јавните и сообраќајните површини во сите скопски општини како резултат од невремето што на 21 јули го зафати градот Скопје. Најголемо количество отпад од ...

Комуналната и градежната инспекција на Општина Карпош продолжува со спроведување на вонредни инспекциски надзори, особено во вечерните часови. Од Општината информираат дека нивните инспекциски служби извршиле теренска контрола на урбаната опрема поставена пред угостителските објекти и локали на територијата на Општина Карпош. При контролите биле констатирани неправилности кај неколку угостителски објекти. – Притоа, изречена е една глоба за ...

Рекордно ниското ниво на водата на Дунав, освен што ги загрозува флората, фауната и пловидбата, па дури и се заканува со енергетска криза во Европа, ги открива и неговите долго криени тајни. Кога водата се повлече на најниското ниво досега, на површина излегоа работи кои досега не беа видливи со голо око. Нискиот водостој на Дунав, каков што не паметат жителите на српското село Прахово, на границата со Романија, откри сцена што била скриена ...

Албанските власти на 10 години им забранија влез на македонските државјани Валон Бела и Бекир Халими, повикувајќи се на безбедносни проценки и консултации со тамошните служби, но до овој момент македонските институции велат дека не добиле официјално известување за одлуката и не располагаат со конкретни информации за случајот. Албанскиот министер за внатрешни работи Бесфорт Ламалари во емисијата „Тирана лајф“ на телевизијата АБЦ-њуз изјави ...

Повеќе од две недели по избувнувањето на кризата со загадената вода, Гостивар сè уште живее со рестрикции. Водата и натаму не е дозволена за пиење и за готвење, дел од повисоките населби се соочуваат и со слаб притисок, а институциите најавуваат дека во наредните денови ќе се знае дали ќе биде укината забраната. Во меѓувреме, се отвора и прашањето дали граѓаните ќе плаќаат сметки за вода што не смееле да ја користат, но и кој ќе понесе ...

Со доделувањето на наградите и со проекцијата на македонскиот филм „Диџеј Ахмет“ на режисерот Георги М. Унковски заврши седмото издание на „Галичник филм фестивал“. Гран-при освои либанскиот филм „Што ако бомбардираат овде вечерва“, а за најдобар игран краткометражен филм е прогласен кинескиот „Жигосување“. Во текот на четирите фестивалски дена, Галичник беше домаќин на филмски автори, гости и љубители на филмот од земјава и од странство, кои ...

Камерниот оркестар „Профундис“, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, на 6 август, со почеток од 21 часот, ќе настапи во предворјето на црквата „Св. Софија“ во Охрид, заедно со светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ, во рамки на програмата на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“. Во магичниот амбиент на „Св. Софија“, под отворено небо и во светлината на илјадници свеќи, публиката ќе има можност да доживее уникатен ...

„Македоника литера“ неодамна ја објави дебитантската поетска книга „Далечни вистини“ на Ениса Мирто. Ениса Мирто (1987, Скудриње) е родена во Македонија, а живее во Тревизо, Италија. Растејќи во прекрасните рекански рустикални предели, уште од најрана возраст ги впива вредностите на семејството, трудољубивоста и почитта кон културното наследство. Нејзиното лирско творештво е одраз на нејзиниот животен пат кој е спој на традицијата и ...

Град Скопје и Општина Гази Баба ги известуваат граѓаните дека утре, во периодот од 8:00 до 16:00 часот, ЈП „ЖРСМ Инфраструктура“ – Скопје ќе работи на санација на патниот премин на улицата „Перо Наков“, во непосредна близина на железничката станица Маџари. – Во текот на изведувањето на работите, сообраќајот на улицата „Перо Наков“, на делот каде што се наоѓа патниот премин (преминот преку пругите), ќе биде целосно во прекин – соопштија ...

Општина Аеродром продолжува со реализација на проектите насочени кон унапредување на јавниот простор и подобрување на условите за живот на своите жители. Во паркот покрај булеварот „Февруарски поход“ почна изградбата на ново современо детско игралиште, кое е едно од вкупно десетте нови што ќе бидат изградени на различни локации во Општината. Од Општината информираат дека новото игралиште ќе биде опремено со современи и безбедни реквизити, ќе ...

Општина Карпош на почетокот од новата учебна година ќе ги пречека најмладите ученици, кои годинава првпат ќе седнат во училишните клупи, обезбедувајќи им ранче и основен училиштен прибор. Оваа активност се реализира согласно со годишната програма на Одделението за образование, за која од буџетот на Општина Карпош се издвоени 1.000.000 денари. По повод почетокот на учебната година, градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, ќе ги ...

Општина Центар информира дека во ООУ „11 Октомври“ се финализира уредувањето на новиот простор наменет за библиотека медијатека. Учениците од септември ќе имаат современа библиотека, место каде што ќе можат да го поминуваат своето слободно време, да позајмуваат книги, да читаат и да разменуваат идеи. Освен книги, енциклопедии, прирачници и речници, во библиотеката ќе бидат достапни и дневни весници, списанија и публикации, а просторот ќе биде ...

Од Град Скопје велат дека во моментов се реализираат активностите поврзани со поставување вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација во населбата Ново Лисиче. – По завршувањето на поставувањето на целокупната вертикална и хоризонтална сигнализација, ЈП „Градски паркинг“ ќе пристапи кон реализација на проектот за организирање стационарен сообраќај на јавните површини наменети за паркирање, согласно со одобрениот сообраќаен проект и по ...

Потрагата по „трајно и одржливо решение“ за ЕУ отвори обвинувања за тајни преговори Нема тајни преговори, ниту отстапки од националните интереси, идентитетот, јазикот и историјата, а разговорите со Европската Унија и меѓународните партнери се водат транспарентно, реагираа од МНР, отфрлајќи ги како невистинити тврдењата на СДСМ дека Владата веќе договорила прифаќање на францускиот предлог. Од Министерството уверуваат дека евроинтеграциите ...

Целта на оваа герила акција беше да се поттикне поголема јавна свест за одговорното управување со отпадот, да се охрабрат позитивните навики кај граѓаните и да се истакне дека секој поединец има важна улога во создавањето почиста, поуредена и позелена Битола Во рамките на активностите за подигање на јавната свест за заштита на животната средина во Битола, Здружението за меѓународна младинска соработка „Интерактив“ – Битола реализираше герила ...

Се намалува бројот на случаи со стомачни тегоби во градската болница. Директорот Емри Бајрами вели за весникот ВЕЧЕР дека сите новозаболени се со лесни симптоми, а едно дете е задржано на ден-два и наскоро ќе биде пуштено на домашно лекување. Тој ја потврди информацијата дека се затворени операционите сали во болницата поради неможност за стерилизација на медицинската опрема и на инструментите. – Дека се затворени салите, ги информиравме и во ...

Уште еден хуман гест од нашите иселеници во Швајцарија денеска беше реализиран како поддршка за Територијалната противпожарна единица – Струга. Сограѓанинот, Ќендрим Кала, кој работи во Општина Урдорф во Швајцарија и воедно е доброволен пожарникар во противпожарната единица на истата општина, донираше 41 комплет професионална заштитна опрема отпорна на пожар, покажувајќи солидарност и поддршка кон своите колеги во родниот град. ...

На 12 и 13 септември ќе се одржи „Најк мото биг рејс“, настан што ќе ги обедини љубителите на АТВ-спортот, адреналинот и културното наследство. Трките ќе се возат во непосредна близина на античкиот локалитет Стоби – еден од најзначајните археолошки локалитети во земјава, препознатлив по своите римски мозаици, амфитеатарот и богатата историја. Организаторите најавуваат дека покрај натпреварувачкиот дух, настанот ќе понуди и уникатен амбиент во ...

Како општествено одговорна компанија на која здравјето и квалитетот на животот на нашите сограѓани од цела Македонија ни се приоритет пред профитот, со индигнација ги отфрламе безочните манипулации на опозицискиот СДСМ, реагира компанијата Кожувчанка, која денеска беше прозвана од СДСМ дека прави профит врз грбот на граѓаните од Гостивар. „Во име на вистината тврдиме дека учествувавме на јавниот повик на службите на Владата, за набавка на ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
2.87
19%
1011
weather icon

Белград

37ᴼ / 37ᴼ
0.89
34%
1012
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
0.5
23%
1012
weather icon

Софија

32ᴼ / 32ᴼ
4.43
26%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.18
25%
1012
weather icon

Љубљана

37ᴼ / 36ᴼ
1.79
26%
1013
weather icon

Атина

35ᴼ / 33ᴼ
4.47
36%
1010
weather icon

Тирана

36ᴼ / 36ᴼ
3.44
23%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
6.32
30%
1011
weather icon

Букурешт

36ᴼ / 34ᴼ
4.47
33%
1013
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 38ᴼ
1.79
20%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 30ᴼ
5.56
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Паладиум

43499.96

Рутениум

53852.50

Алуминиум

3.25

Иридиум

252383.36

Сребро

1994.05

Платина

56135.20

Калај

56.46

Родиум

274085.11

Бакар

13.51

Цинк

0.00

Злато

136962.18

Кобалт

56.29